Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Позиција

ИМА ЛИ МОДЕРЕН НАЦИОНАЛИЗАМ?

Проф. Стефан Влахов-Мицов


Со една поранешна колешка од "Софискиот универзитет", неодамна разговаравме за бугарскиот национализам. Таа ме убедуваше дека има разлика меѓу традиционалниот национализам и модерните негови форми, а јас бев на став дека во тој случај е валидна поговорката "Волкот го менува влакното, но не и табиетот". За секој случај, решив да ги проверам разликите во бугарската варијанта на "Википедија". И еве што прочитав. Национализмот бил "идеологија, која ја истакнува надмоќта на една (сопствената) нација над другите нации и/или политика, која има цел таа нација во стварноста да се наложи над нив."

Со такво значење "национализмот" е "лош збор" - и кај нас најчесто се употребува. Во споредба со него, модерниот национализам "се употребува за таква државна политика, која има цел да ги почитува интересите и правата на различните етнички, религиозни и други групи во рамките на една држава; го бара балансот меѓу утврдувањето на националната самобитност и правото на секоја заедница - преку демократското законодавство и општествената практика на реални и на меѓусебни компромиси. За да биде успешен тој модел, сите групи имаат еднакви можности да учествуваат во владеењето, економијата и во културата. Врз основа на таква дејствувачка еднаквост, на местото на дотогашното групно сознание тие го развиваат националното сознание. Таквата политика ги исклучува крвопролевањата и насилствата како средства за разрешување на никнатите внатрешни противречности". Во определницата за национализам се зборува за превласта на една нација над друга, но ништо не се спомнува за структурата на самата нација. Обратно, определницата за таканаречен. модерен национализам не се занимава со меѓусебните односи на нациите, туку со нивната хомогеност. Практично, двете определници се дополнуваат. Единствената "разлика" е дека при национализам било користено насилство, а при неговиот модерен собрат, етничките, религиозните и другите групи треба доброволно да се откажат од своето сознание. Таа доброволност е од ист вид како "доброволноста" со која етничките Турци во Бугарија пред четврт век се трансформираа во Бугари. Со други зборови, целта на модерниот национализам е иста како на традиционалниот национализам. Или, како што рекол народот, "Не по вратот, ами по шијата". Модерниот национализам шпекулира со човечките права така што ги спротивставува на групните етнички или религиозни права. Според неговата логика, на пример, Турците, Ромите, Македонците, Ерменците и другите етнички заедници во Бугарија имале исти права како индивидуи со етничките Бугари и затоа требало да се откажат од своите малцински права и да го развиваат бугарското национално сознание. Таквата логика е разбирлива при градењето на американската нација, во која учествуваа различни етноси, но никој од нив нема претензија да биде стожер на таа нација. Таквата логика би имала место и доколку беше изградена балканска нација од сите етнички заедници на Балканот. Само што бугарските "модерни" националисти бараат етносите што ја населуваат државата Бугарија да се откажат од специфичната етничка посебност. Тоа значи да се откажат од своите традиции, јазик, култура, обичаи или пак да ги подарат на бугарската нација. На ист начин на кој македонските песни и обичаи во денешна Пиринска Македонија се нарекуваат бугарски. Истовремено, етничките Бугари (или тие кои се нарекуваат така) не треба да се откажат од ништо. Тие, практично, само ги придобиваат туѓите етноси со нивната култура, уметност и традиции. И тоа придобиено туѓо наследство им дава основа да го бараат туѓото наследство и надвор од државните граници. Оттаму и бугарските претензии спрема Република Македонија, Грција, Албанија, Србија, Романија. Значи, Бугарите сакаат да ги асимилираат балканските и другите етнички малцинства на својата територија за да создадат една бугарска нација, а потоа да бараат свои национални малцинства во другите балкански држави. Тоа значи дека таканаречениот модерен национализам е поопасен од традиционалниот, зашто шпекулира со изрази како "демократија", "рамноправност", "човечки права".

Освен неприродното делење на традиционален и на модерен национализам, бугарските партии и медиуми ги користат и класификациите "градивен (конструктивен) национализам" и "агресивен (деструктивен) национализам". Според Каракачановското ВМРО, првиот тип национализам ги вклучува патриотизмот, родољубието, заштитата на националниот идентитет, државноста и демократијата. Агресивниот национализам, пак, бил патриотарски и ксенофобичен, расистички и шовинистички. И тука разликите се само формални и вербални, а освен тоа определбите се внатрешно противречни. Родољубие, на пример, значи почит кон својот род и тоа е својствено на секој нормален човек. Да си ги сакаш родителите и предците е едно, а сосема друго е да допуштиш некому да ја сака државата која не го признава неговиот етнички идентитет. Или пак љубовта кон својот род да ја трансформираш во љубов кон туѓ национален идентитет. Оттука и глупостите во критиките дека некој бил "родоотстапник" зашто не ја уважувал нацијата. А може ли да биде "национален предавник" човек, кој не се чувствува дел од таа нација? Турлитавата во определбите на градивниот и на агресивниот национализам е очигледна во Програмата на Каракачановци. Што сакаат тие? - Да се забранат етничките партии, да се одземе регистрацијата на ОМО "Илинден" - Пирин, борба против религиозните вероисповеди, кои се различни од православието. Притоа, драстични се и изразните средства: "Ќе ги исчистиме", "Ќе ги ликвидираме", "Ќе ги уништиме" итн. Тоа целосно одговара на агресивниот национализам што Каракачановци формално го одрекуваат. Бидејќи нема разлика меѓу традиционалниот и модерниот национализам, така по ништо не се разликуваат градивниот и агресивниот национализам. Национализмот е само еден, какви било определби да се стават пред него, како и да биде маскиран. Дали едно општество е шовинистичко по својата суштина зависи од тоа колку самото тоа се чувствува како еднонационално или пак како мултинационално и мултикултурно. Во првата категорија се Грција и Бугарија, каде национализмот е државна идеологија и политика. Во другата категорија се државите како Република Македонија. Не е чудно што денешната ЕУ ја поддржува Грција против Македонија, ако се имаат предвид изјавите на Меркел и Саркози за пропаѓањето на мултиетничките процеси во нивните земји. Ако во Германија и во Франција има таков крах, причината е во националистичката суштина на германското и на француското општество. Факт е дека во Западна Европа фашизмот и ксенофобијата достигнаа врв, што претставува закана за распаѓање на целата Унија. Не смееме да заборавиме дека Првата светска војна почна од Балканот, а фашистичката и комунистичката идеологија тука најдоа свои најголеми приврзаници. Од историјата знаеме дека двете екстремни идеологии наоѓаат почва во општества кои се во длабока криза. Кризите на Балканот се поради сиромаштијата и погрешните развојни патишта. Односно, поради некритичкото следење на западноевропските модели и најмногу на тој за националното прашање. Балканизацијата на нашиот полуостров, на што толку многу ни забележуваат однадвор, е по вина на Западна Европа. Таа причина е наметната (преку директно мешање) и индиректна, но за последново причината е во податливоста на балканските општества. Зашто никој не може да ти наметне модел за следење, доколку ти не сакаш да го примиш. Во исклучително проникливата своја книга "Безрбетна Шпанија", пишувана меѓу двете светски војни од минатиот век, Хозе Ортега-и-Гасет ги посочува симптомите на длабоката криза во едно општество. Според авторот, тие се појавуваат во односите меѓу народните маси и малцинствата што ги раководат. Се сеќавате ли на заклучокот на Ленин, дека револуциите доаѓаат кога народот не сака да живее по старо, а властите не можат да управуваат како дотогаш? Хозе Ортега-и-Гасет го тврди спротивното: "Кога масата одбива да биде маса - то ест да го следи водечкото малцинство, - нацијата се распаѓа, општеството се расцепува и настапува социјален хаос, период на безрбетност". За да се стаса дотаму, според авторот, причината е и во владејачкото малцинство, кое почнало да се изродува. Така се брише границата меѓу доброто и лошото. "И навистина, отсуството на најдобрите е причина за слепилото, кое со векови не им дозволувало на масите, народот, да ги разликуваат добрите од лошите и затоа, кога во нашата земја се појави некој надарен човек, масата не знае за што да го искористи и брза да го уништи". Имам чувство дека кога авторот ја пишувал својата книга, освен Шпанија, ги имал предвид и балканските држави. Да ја земеме како пример Бугарија. Во неа ерозијата на нацијата оди уште побрзо, зашто е создадена вештачки, а недовербата меѓу масите и владетелите секогаш била голема. Таа недоверба се потсилува од неколку неуспешни војни во 20 век, кои пак се резултат на националистичка егзалтација. Бугарското општество останува шовинизирано во својата суштина, но и внатрешно рането и дезориентирано, се фрла од фашизам во комунизам и обратно, ги мрази своите политичари и истовремено чека некој месија меѓу нив, ги мрази соседните држави, ги мрази другите етноси на својата територија, се мрази дури и себеси. Ги мрази и големите сили, а истовремено им се умилкува, го бара "Големиот брат", незадоволен од него го сменува и, пак, мрази. Затоа бугарскиот национализам е изрод - плашлив и жесток, вештачки и подол истовремено.

Активностите на партијата "Атака" се красноречива илустрација на таа извртеност. Лидерот Сидеров редовно прави провокации, дури и на прославите на Левски и на Ботев, предизвика скандал во Батак, при прогласувањето за светци на погубените во 1876 година, го брка од земјата американскиот амбасадор, но војува и против Светиот синод, неговите луѓе предизвикаа крвави тепачки и пред софиската џамија. Дали кон такви брутални слики го турка неговата професија на фотограф, или неговата богословска подготовка се изроди во духовна шизофренија? Нападот врз насобраните муслимани на петочна молитва во центарот на Софија и запалувањето на нивното молитвено ќилимче, може да ја потпали цела Бугарија. Воопшто не се зачудив кога меѓу вандалите на Сидеров ја видов Спаска Митрова. Таа личност две години по цел свет се жалеше дека била тормозена од македонските власти, а потоа, заради курентни интереси ги смени партиите ГЕРБ и ВМРО на Каракачанов за да пристапи во "Атака". На тие што ја критикуваа заради нејзиното пребојосување, Митрова им одговори: "Е, па нели сме си Бугари?". Да, по менталитет, Спаска си е чиста Бугарка, како што и Бај Гањо е чист Бугарин. Впрочем, во март годинава, во трите последни броја весникот "Вера" понуди 80 определници за "типичен Бугарин". Еве некои од нив: Сакате да земете што и да е, "штом е џабе"; Тврдите дека секој што не е согласен со вашето мислење треба "да си оди во Турција"; Убеден сте дека "Бугарите се најумни во светот"; Убеден сте дека "нема поубава жена од Бугарката"; Сметате дека "единствено во Бугарија природата е уникатна", итн. Со учеството во акцијата на "Атака", Митрова покажа дека најпосле си го најде вистинското место. Бог да не чува од професионални патриоти и од професионални Бугари.

(Авторот е универзитетски професор)

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Ръководството на ОМО „Илинден" - ПИРИН и редколегията на в. „Народна воля" честитят 70-годишния юбилей на Димитър Иванов от Шумен - активен деец на партията и кореспондент на вестника, като му пожелават много здраве, вярност към македонската кауза и увереност в нашата победа!
Втора годишна конференција

ДО СИТЕ МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ И АСОЦИАЦИИ

Предмет: Покана за учество на Втората годишна конференција на иселеничките организации во Република Македонија

Почитувани,
Ми претставува особена чест и задоволство да ве поканам да земете учество на Втората годишна конференција на иселеничките организации, што ќе се одржи на 20 и 21 јули 2011 година во Клубот на пратеници, Скопје, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија

Дневен ред на Конференцијата:
1. Зачувување и негување на македонскиот јазик преку говорење на јазикот во семејствата
2. Зачувување на македонската култура од страна на иселеничките организации преку реализирани проекти, предлози и сугестии за наредниот период
3. Државјанство на Република Македонија - значење
4. Избирачко право
5. Значењето на пописите во земјите во кои живеат иселениците од Македонија за утврдување на поточен број на иселеници од Македонија
6. Унапредување на врските со иселеничките организации преку директни контакти на членовите на организациите со Агенцијата за иселеништво, преку постојните средства за комуникација.
7. Иселенички совет - известување на Привремениот иселенички совет за превземените активности
Молиме присуството на претставниците од Вашата организација да го потврдите во Агенцијата за иселеништво најдоцна до 30 јуни 2011 година, на:

е-маил: info@minisel.gov.mk
тел ++ 389 2 3 118 633
факс ++ 389 2 3 118 549

Директор: Васил Наумов

(Преземено од МИМ, 15.06.2011 г.)

Македонија пее

ВАРДАРЕ, ПИРИН, ЕГЕЈ КАЈ ТИ Е

Мили чеда на мајка разделени
тешка рана на срце,
ај на гради,
Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е.

Мајко! Македонијо!
Ајде не плачи,
ден ќе дојде ќе ги гушнеш
Пирин, Планини,
Мајко Македонијо
ајде запеј ти,
ден ќе дојде ќе те носат
води егејски.

Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е.

Солзи течат мајчински македонски,
тешки како што ни се е еј векови.
Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е.

Мајко! Македонијо!
Ајде не плачи,
ден ќе дојде ќе ги гушнеш
Пирин, Планини,
Мајко Македонијо
ајде запеј ти,
ден ќе дојде ќе те носат
води егејски.

Мајко! Македонијо!


ВОЗОТ БРАЌА ТРГНУВА

Возот браќа тргнува
право за Германија
стари мајки остануват
дробни деца да чуват.

Со либето одиме
пари да спечалиме
пари да спечалиме
куќа да направиме.

Таму ќе не пречекаат
нашите верни другари
ергените ќе пеат
женетите ќе плачат.


Поезија

ПРЕМЪЛЧАВАНЕ

От бездната на времето изгряло
като усмивка на безсмъртно цвете,
пътува македонското начало
с протегнати ръце към вековете.

И както на света му е известно,
съдбата му остана несразима -
не затова ли хищно и нечестно
коварството ридае, че го има.

И чужда красота изпепелило,
то много химни на смъртта е пяло,
когато македонска кръв е пило
и хляб от македонска пот е яло.

За да разкъсат робските окови,
когато Македония ги вика,
най-свидните й рожби са готови
главите си да сложат на дръвника.

Убиваха ги български злодеи,
убиваха - и в майчини утроби,
за да създава ужасът лакеи
и подли инквизитори на роби.

Съдба от мъченичество и слава,
народ - достоен с врагове да спори,
когато наглостта ги премълчава,
историята почва да говори. -

Поизбърши си, мащехо, сълзите
и погледни вината си в лицето –
кой на кого забоде нож в гърдите
и после му отхапа от сърцето?

Залутана по кървавите дири,
напразни са усилията твои
от хищници, тирани и вампири
да сътвориш съвременни герои!

Герои не се раждат от палачи!
А жертвите, които си затрила,
да премълчиш, Българийо, не значи,
че живият живот си умъртвила!

Лицето на страха сега е друго,
но за да може пак да ни убива,
то повече прилича на влечуго,
което зад привидност се прикрива.

На всеки, който при мираж се връща,
за да й връчи смъртната присъда,
безсмъртна Македония отвръща: -
Но аз съм аз! И винаги ще бъда!

При участ от разпятия и слава
и като вечна истина голяма,
не българската злоба ще решава
дали ни има и дали ни няма!


ФЕНИКС

На Никола Вапцаров

Когато феникс трябва да умира,
а няма кой безумството да спре,
единственото право да избира
е правото достойно да умре.

Когато гръм сърцето му разпръсне,
че не изплакало сълза на роб,
съдбата го орисва да възкръсне
от свойта пепел и от своя гроб!

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting