Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Голем успех во насока на рушење на бариерите

ГРЦИЈА ГО ПОДДРЖА ПЕЧАТЕЊЕТО НА ПРВИОТ МАКЕДОНСКО-ГРЧКИ РЕЧНИК

(Преземено од МИМ)


Атина индиректно го признава постоењето на македонскиот јазик со тоа што го поддржа и помогна печатењето на првиот Македонско–грчки речник. Речникот кој ќе биде промовиран на 22 јуни во Брисел , а ќе се печати во Солун, го финансира Centar Maurits Coppieters, фондација на Европската Слободна Алијанса, чии членови се и грчки европратеници.
Toa се пари од Европскиот парламент кои ги добива политичката фондација СМС, што значи и Грција учествува во финанисирањето. Утре кога тие ќе кажат дека македонскиот јазик не постои, ќе можеме да им го покажеме речникот чие печатење тие го помагаат, што значи го признаваат и современиот македонски јазик, вели Јана Бачева, координатор на подмладокот на Европската Слободна Алијанса.
Речникот е надополнување на првиот том Грчко - македонски речник кој беше издаден пред две години. Неговата промоција во Атина беше прекината откако во салата упаднаа грчките неонацисти. За да се избегнат инциденти овој пак иницијаторите на речникот: Домот на Македонската Култура од Лерин во соработка со партијата на Македонците "Виножито", одлучиле промоцијата да биде во Европскиот Парламент во Брисел.
Покрај сите грчки европратеници, поканет е премиерот Папандреу кој деновиве ќе престојува во Брисел. Од "Виножито" коментираат доколку кој било од грчките официјални претставници се појави на настанот, тоа ќе биде голем успех во насока на рушење на бариерите поставени од грчката држава.
На промоцијата ќе биде актуализирано и прашањето на македонското малцинство и уште еднаш ќе се повика Грција да ги почитува малцинските права. Во контекст на промоцијата на речникот ќе биде организирана и дебата на тема: "Мостови на дијалог" на која обраќање ќе имаат повеќе европски парламентарци.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Ръководството на ОМО „Илинден" - ПИРИН и редколегията на в. „Народна воля" честитят 70-годишния юбилей на Димитър Иванов от Шумен - активен деец на партията и кореспондент на вестника, като му пожелават много здраве, вярност към македонската кауза и увереност в нашата победа!
Втора годишна конференција

ДО СИТЕ МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ И АСОЦИАЦИИ

Предмет: Покана за учество на Втората годишна конференција на иселеничките организации во Република Македонија

Почитувани,
Ми претставува особена чест и задоволство да ве поканам да земете учество на Втората годишна конференција на иселеничките организации, што ќе се одржи на 20 и 21 јули 2011 година во Клубот на пратеници, Скопје, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија

Дневен ред на Конференцијата:
1. Зачувување и негување на македонскиот јазик преку говорење на јазикот во семејствата
2. Зачувување на македонската култура од страна на иселеничките организации преку реализирани проекти, предлози и сугестии за наредниот период
3. Државјанство на Република Македонија - значење
4. Избирачко право
5. Значењето на пописите во земјите во кои живеат иселениците од Македонија за утврдување на поточен број на иселеници од Македонија
6. Унапредување на врските со иселеничките организации преку директни контакти на членовите на организациите со Агенцијата за иселеништво, преку постојните средства за комуникација.
7. Иселенички совет - известување на Привремениот иселенички совет за превземените активности
Молиме присуството на претставниците од Вашата организација да го потврдите во Агенцијата за иселеништво најдоцна до 30 јуни 2011 година, на:

е-маил: info@minisel.gov.mk
тел ++ 389 2 3 118 633
факс ++ 389 2 3 118 549

Директор: Васил Наумов

(Преземено од МИМ, 15.06.2011 г.)

Македонија пее

ВАРДАРЕ, ПИРИН, ЕГЕЈ КАЈ ТИ Е

Мили чеда на мајка разделени
тешка рана на срце,
ај на гради,
Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е.

Мајко! Македонијо!
Ајде не плачи,
ден ќе дојде ќе ги гушнеш
Пирин, Планини,
Мајко Македонијо
ајде запеј ти,
ден ќе дојде ќе те носат
води егејски.

Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е.

Солзи течат мајчински македонски,
тешки како што ни се е еј векови.
Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е.

Мајко! Македонијо!
Ајде не плачи,
ден ќе дојде ќе ги гушнеш
Пирин, Планини,
Мајко Македонијо
ајде запеј ти,
ден ќе дојде ќе те носат
води егејски.

Мајко! Македонијо!


ВОЗОТ БРАЌА ТРГНУВА

Возот браќа тргнува
право за Германија
стари мајки остануват
дробни деца да чуват.

Со либето одиме
пари да спечалиме
пари да спечалиме
куќа да направиме.

Таму ќе не пречекаат
нашите верни другари
ергените ќе пеат
женетите ќе плачат.


Поезија

ПРЕМЪЛЧАВАНЕ

От бездната на времето изгряло
като усмивка на безсмъртно цвете,
пътува македонското начало
с протегнати ръце към вековете.

И както на света му е известно,
съдбата му остана несразима -
не затова ли хищно и нечестно
коварството ридае, че го има.

И чужда красота изпепелило,
то много химни на смъртта е пяло,
когато македонска кръв е пило
и хляб от македонска пот е яло.

За да разкъсат робските окови,
когато Македония ги вика,
най-свидните й рожби са готови
главите си да сложат на дръвника.

Убиваха ги български злодеи,
убиваха - и в майчини утроби,
за да създава ужасът лакеи
и подли инквизитори на роби.

Съдба от мъченичество и слава,
народ - достоен с врагове да спори,
когато наглостта ги премълчава,
историята почва да говори. -

Поизбърши си, мащехо, сълзите
и погледни вината си в лицето –
кой на кого забоде нож в гърдите
и после му отхапа от сърцето?

Залутана по кървавите дири,
напразни са усилията твои
от хищници, тирани и вампири
да сътвориш съвременни герои!

Герои не се раждат от палачи!
А жертвите, които си затрила,
да премълчиш, Българийо, не значи,
че живият живот си умъртвила!

Лицето на страха сега е друго,
но за да може пак да ни убива,
то повече прилича на влечуго,
което зад привидност се прикрива.

На всеки, който при мираж се връща,
за да й връчи смъртната присъда,
безсмъртна Македония отвръща: -
Но аз съм аз! И винаги ще бъда!

При участ от разпятия и слава
и като вечна истина голяма,
не българската злоба ще решава
дали ни има и дали ни няма!


ФЕНИКС

На Никола Вапцаров

Когато феникс трябва да умира,
а няма кой безумството да спре,
единственото право да избира
е правото достойно да умре.

Когато гръм сърцето му разпръсне,
че не изплакало сълза на роб,
съдбата го орисва да възкръсне
от свойта пепел и от своя гроб!

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting