Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Вечен поклон кон револуционерот застрелан на 13 јуни 1943 г.

ПОЧИТ НА МЕСТОТО НА ЗАГИНУВАЊЕТО НА ПОЕТОТ КОЧО РАЦИН

(Преземено од МИМ)


Многубројни почитувачи на делото на Кочо Рацин завчера се собраа на Лопушник за да му оддадат почит на местото на загинувањето на поетот и револуционер. Планинари од Копачијата вешто се качуваа по тешката патека поради водата и калта од наврнатиот дожд. На планината Бистра дојдоа гости од Кичево, Прилеп, Скопје, Велес, Лазарополе за да му оддадат почит на Рацин кој тука, на 13 јуни 1943 година, во уште неразјаснети околности беше застрелан од своите соборци, кога вечерта доаѓал во печатницата.
Меѓу гостите беше и кичевецот Гулаб Сарафимоски, кој не пропуштил ниту еднаш во изминатите 36 години да му се поклони на Рацин. За него не важи болест, отсуство, тој едноставно мора да дојде. Тој од 1975 години постојано на овој ден е на гробот на поетот, а во трајно сеќавање му останал настан од далечната 1982 година, кој го врзал уште повеќе за овој ден.
- За загинувањето на Рацин слушнав изворно таа година. Тројца повозрасни луѓе, двајца мажи и една жена, за кои подоцна дознав дека беа браќа му и сестра му, беа горе на споменикот, па потоа се симнаа долу каде што е плочата. Жената се фрли и го прегрна споменикот и липајќи повторуваше: "леле брате ти погина од нашите луѓе". Овој настан ми се врежа во трајно сеќавање и затоа дури сум жив ќе доаѓам - рече Сарафимоски, вработен во Шумското стопанство "Копачка".
На споменикот на Лопушник имаше букет свежо ендемско цвеќе кое цути само во Галичник, а жителите од Лазарополе го берат рано наутро, тргнуваат во 4 часот за да стигнат до 10. Тие пешачат пет часа низ шумски предели и нетрасиран пат за да му оддадат почит на патронот на нивната Земјоделска задруга, која била прва во Македонија, а денес не постои. Така го исполнуваат аманетот од своите стари. Впечатлив е култот што кон поетот се негува во овој дел од Македонија, па и покрај времето-невреме, луѓето доаѓаат да му се поклонат на Рацин, на врвот, од каде што има прекрасен поглед на славна Дебарца, Копачка и Западна Македонија. На гробот на Рацин се поклонија и тројца кичевци-мотористи, кои успеаја на очајно лошиот терен со мотори да се искачат до врвот, а потоа пеш да се симнат до местото каде што тој е застрелан. Тројцата моторџии Горан Димитриески, Сашо Јованоски и Гоце Ѓурчиноски го нарушија длабокиот мир со брмчењето од нивните мотори.
- Рацин со своето дело оставил место, но и обврска кон македонскиот народ да му оддаваме почит. Традиционално се собираме тука, некои пешки, други со велосипеди, трети како нас на мотори. Важно е да се дојде, теренот не е проблем кога се сака. Малку се помачивме по оваа кал, беше напорно, но кога човек има волја, ќе истрае - вели Димитриевски.
Почитувачите на делото на Рацин сметаат дека патот до споменикот на Рацин треба да се изгради за да може што повеќе гости да доаѓаат тука. Сега искачувањето е по лош земјен пат, кој го користи шумското стопанство за сеча на дрвја.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


Ръководството на ОМО „Илинден" - ПИРИН и редколегията на в. „Народна воля" честитят 70-годишния юбилей на Димитър Иванов от Шумен - активен деец на партията и кореспондент на вестника, като му пожелават много здраве, вярност към македонската кауза и увереност в нашата победа!
Втора годишна конференција

ДО СИТЕ МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ И АСОЦИАЦИИ

Предмет: Покана за учество на Втората годишна конференција на иселеничките организации во Република Македонија

Почитувани,
Ми претставува особена чест и задоволство да ве поканам да земете учество на Втората годишна конференција на иселеничките организации, што ќе се одржи на 20 и 21 јули 2011 година во Клубот на пратеници, Скопје, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија

Дневен ред на Конференцијата:
1. Зачувување и негување на македонскиот јазик преку говорење на јазикот во семејствата
2. Зачувување на македонската култура од страна на иселеничките организации преку реализирани проекти, предлози и сугестии за наредниот период
3. Државјанство на Република Македонија - значење
4. Избирачко право
5. Значењето на пописите во земјите во кои живеат иселениците од Македонија за утврдување на поточен број на иселеници од Македонија
6. Унапредување на врските со иселеничките организации преку директни контакти на членовите на организациите со Агенцијата за иселеништво, преку постојните средства за комуникација.
7. Иселенички совет - известување на Привремениот иселенички совет за превземените активности
Молиме присуството на претставниците од Вашата организација да го потврдите во Агенцијата за иселеништво најдоцна до 30 јуни 2011 година, на:

е-маил: info@minisel.gov.mk
тел ++ 389 2 3 118 633
факс ++ 389 2 3 118 549

Директор: Васил Наумов

(Преземено од МИМ, 15.06.2011 г.)

Македонија пее

ВАРДАРЕ, ПИРИН, ЕГЕЈ КАЈ ТИ Е

Мили чеда на мајка разделени
тешка рана на срце,
ај на гради,
Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е.

Мајко! Македонијо!
Ајде не плачи,
ден ќе дојде ќе ги гушнеш
Пирин, Планини,
Мајко Македонијо
ајде запеј ти,
ден ќе дојде ќе те носат
води егејски.

Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е.

Солзи течат мајчински македонски,
тешки како што ни се е еј векови.
Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е.

Мајко! Македонијо!
Ајде не плачи,
ден ќе дојде ќе ги гушнеш
Пирин, Планини,
Мајко Македонијо
ајде запеј ти,
ден ќе дојде ќе те носат
води егејски.

Мајко! Македонијо!


ВОЗОТ БРАЌА ТРГНУВА

Возот браќа тргнува
право за Германија
стари мајки остануват
дробни деца да чуват.

Со либето одиме
пари да спечалиме
пари да спечалиме
куќа да направиме.

Таму ќе не пречекаат
нашите верни другари
ергените ќе пеат
женетите ќе плачат.


Поезија

ПРЕМЪЛЧАВАНЕ

От бездната на времето изгряло
като усмивка на безсмъртно цвете,
пътува македонското начало
с протегнати ръце към вековете.

И както на света му е известно,
съдбата му остана несразима -
не затова ли хищно и нечестно
коварството ридае, че го има.

И чужда красота изпепелило,
то много химни на смъртта е пяло,
когато македонска кръв е пило
и хляб от македонска пот е яло.

За да разкъсат робските окови,
когато Македония ги вика,
най-свидните й рожби са готови
главите си да сложат на дръвника.

Убиваха ги български злодеи,
убиваха - и в майчини утроби,
за да създава ужасът лакеи
и подли инквизитори на роби.

Съдба от мъченичество и слава,
народ - достоен с врагове да спори,
когато наглостта ги премълчава,
историята почва да говори. -

Поизбърши си, мащехо, сълзите
и погледни вината си в лицето –
кой на кого забоде нож в гърдите
и после му отхапа от сърцето?

Залутана по кървавите дири,
напразни са усилията твои
от хищници, тирани и вампири
да сътвориш съвременни герои!

Герои не се раждат от палачи!
А жертвите, които си затрила,
да премълчиш, Българийо, не значи,
че живият живот си умъртвила!

Лицето на страха сега е друго,
но за да може пак да ни убива,
то повече прилича на влечуго,
което зад привидност се прикрива.

На всеки, който при мираж се връща,
за да й връчи смъртната присъда,
безсмъртна Македония отвръща: -
Но аз съм аз! И винаги ще бъда!

При участ от разпятия и слава
и като вечна истина голяма,
не българската злоба ще решава
дали ни има и дали ни няма!


ФЕНИКС

На Никола Вапцаров

Когато феникс трябва да умира,
а няма кой безумството да спре,
единственото право да избира
е правото достойно да умре.

Когато гръм сърцето му разпръсне,
че не изплакало сълза на роб,
съдбата го орисва да възкръсне
от свойта пепел и от своя гроб!

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting