Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Со почит кон минатото

ПОСТАВЕН СПОМЕНИКОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО СКОПЈЕ И НА ФИЛИП ВТОРИ ВО БИТОЛА

(Преземено од МИМ)


СКОПЈЕ
На плоштадот "Македонија" денеска беше поставена скулптурата на Александар Македонски на постаментот на фонтаната. Како што информираат од општина Центар, скулптурата е изработена од бронза, а е висока речиси 13 метри. Ќе биде поставена на бетонски постамент висок 10 метри.
"Воинот на коњ", како што официјално ја нарекуваат скулптурата, е изработен во леарницата "Фернандо Маринели" во Фиренца, според идејното решение на авторката Валентина Стефановска.
Техничките процедури и активности за поставување на скулптурата ќе бидат извршени од страна на стручен и професионален тим од лица од леарницата "Фернандо Маринели", каде е излеана скулптурата.
По поставувањето на скулптурата партерно ќе се уреди просторот околу фонтаната и ќе биде поставено осветлување.
- Целокупниот проект за изградба на фонтаната, скулптурата и останатите придружни содржини се финансира во повеќе буџетски години, со комплетно почитување на законските норми и процедури, информираа од општина Центар.

БИТОЛА
Споменикот на Филип Втори рано изутрината околу 8 часот беше поставен на плоштадот "Магнолија" во Битола. Поставен е во истиот ден кога се очекува и споменикот на неговиот син Александар Македонски да се исправи во Скопје. Поставувањето следува откако споменикот 2,5 години помина во општинскиот двор во Битола. Филип Втори, заедно со постаментот, е висок 8 метри, а е дело на велешкиот скулптор Ангел Коруновски.
Подготовките за споменикот се одвиваа уште во текот на ноќта, а новинарите во два часот по полноќ преку порака на мобилен телефон беа информирани за неговото поставување.
Битолчани уште од изутрина доаѓаат на плоштадот и го следат настанот. Повеќето од нив го одобруваат чинот и коментираат дека Грција нема што да забележува, зашто ова е споменик на основачот на античкиот град Хераклеа крај Битола.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


Ръководството на ОМО „Илинден" - ПИРИН и редколегията на в. „Народна воля" честитят 70-годишния юбилей на Димитър Иванов от Шумен - активен деец на партията и кореспондент на вестника, като му пожелават много здраве, вярност към македонската кауза и увереност в нашата победа!
Втора годишна конференција

ДО СИТЕ МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ И АСОЦИАЦИИ

Предмет: Покана за учество на Втората годишна конференција на иселеничките организации во Република Македонија

Почитувани,
Ми претставува особена чест и задоволство да ве поканам да земете учество на Втората годишна конференција на иселеничките организации, што ќе се одржи на 20 и 21 јули 2011 година во Клубот на пратеници, Скопје, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија

Дневен ред на Конференцијата:
1. Зачувување и негување на македонскиот јазик преку говорење на јазикот во семејствата
2. Зачувување на македонската култура од страна на иселеничките организации преку реализирани проекти, предлози и сугестии за наредниот период
3. Државјанство на Република Македонија - значење
4. Избирачко право
5. Значењето на пописите во земјите во кои живеат иселениците од Македонија за утврдување на поточен број на иселеници од Македонија
6. Унапредување на врските со иселеничките организации преку директни контакти на членовите на организациите со Агенцијата за иселеништво, преку постојните средства за комуникација.
7. Иселенички совет - известување на Привремениот иселенички совет за превземените активности
Молиме присуството на претставниците од Вашата организација да го потврдите во Агенцијата за иселеништво најдоцна до 30 јуни 2011 година, на:

е-маил: info@minisel.gov.mk
тел ++ 389 2 3 118 633
факс ++ 389 2 3 118 549

Директор: Васил Наумов

(Преземено од МИМ, 15.06.2011 г.)

Македонија пее

ВАРДАРЕ, ПИРИН, ЕГЕЈ КАЈ ТИ Е

Мили чеда на мајка разделени
тешка рана на срце,
ај на гради,
Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е.

Мајко! Македонијо!
Ајде не плачи,
ден ќе дојде ќе ги гушнеш
Пирин, Планини,
Мајко Македонијо
ајде запеј ти,
ден ќе дојде ќе те носат
води егејски.

Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е.

Солзи течат мајчински македонски,
тешки како што ни се е еј векови.
Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е.

Мајко! Македонијо!
Ајде не плачи,
ден ќе дојде ќе ги гушнеш
Пирин, Планини,
Мајко Македонијо
ајде запеј ти,
ден ќе дојде ќе те носат
води егејски.

Мајко! Македонијо!


ВОЗОТ БРАЌА ТРГНУВА

Возот браќа тргнува
право за Германија
стари мајки остануват
дробни деца да чуват.

Со либето одиме
пари да спечалиме
пари да спечалиме
куќа да направиме.

Таму ќе не пречекаат
нашите верни другари
ергените ќе пеат
женетите ќе плачат.


Поезија

ПРЕМЪЛЧАВАНЕ

От бездната на времето изгряло
като усмивка на безсмъртно цвете,
пътува македонското начало
с протегнати ръце към вековете.

И както на света му е известно,
съдбата му остана несразима -
не затова ли хищно и нечестно
коварството ридае, че го има.

И чужда красота изпепелило,
то много химни на смъртта е пяло,
когато македонска кръв е пило
и хляб от македонска пот е яло.

За да разкъсат робските окови,
когато Македония ги вика,
най-свидните й рожби са готови
главите си да сложат на дръвника.

Убиваха ги български злодеи,
убиваха - и в майчини утроби,
за да създава ужасът лакеи
и подли инквизитори на роби.

Съдба от мъченичество и слава,
народ - достоен с врагове да спори,
когато наглостта ги премълчава,
историята почва да говори. -

Поизбърши си, мащехо, сълзите
и погледни вината си в лицето –
кой на кого забоде нож в гърдите
и после му отхапа от сърцето?

Залутана по кървавите дири,
напразни са усилията твои
от хищници, тирани и вампири
да сътвориш съвременни герои!

Герои не се раждат от палачи!
А жертвите, които си затрила,
да премълчиш, Българийо, не значи,
че живият живот си умъртвила!

Лицето на страха сега е друго,
но за да може пак да ни убива,
то повече прилича на влечуго,
което зад привидност се прикрива.

На всеки, който при мираж се връща,
за да й връчи смъртната присъда,
безсмъртна Македония отвръща: -
Но аз съм аз! И винаги ще бъда!

При участ от разпятия и слава
и като вечна истина голяма,
не българската злоба ще решава
дали ни има и дали ни няма!


ФЕНИКС

На Никола Вапцаров

Когато феникс трябва да умира,
а няма кой безумството да спре,
единственото право да избира
е правото достойно да умре.

Когато гръм сърцето му разпръсне,
че не изплакало сълза на роб,
съдбата го орисва да възкръсне
от свойта пепел и от своя гроб!

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting