Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Книгите имат судбина како луѓето

ЕФТИМ КЛЕТНИКОВ, ПРИРЕДУВАЧОТ НА НОВАТА ЗБИРКА ПОЕЗИЈА "ГОЛЕМАТА МАЈКА"

Билјана Богдановска


Ефтим Клетников e приредувачот на новата збирка поезија "Големата мајка", книга посветена на митот за Големата мајка, за жената како битие задолжено за продолжување на животот, митот кој живее во сите нас...
За што е наменета книгата, за учебник или како пријатно четиво?
Секоја книга има своја намена. Намената на книгата е да се чита.
Ова е книга на поезија, митска поезија, посветена на еден голем мит, митот за Големата мајка или таканареченио женски принцип на постоењето, на жената. Жената која е едно битие, поврзана со раѓањето, со плодноста, со обновата на животот, за разлика од машкиот принцип, кој е повеќе склон кон војни, кон деструкција. Женскиот принцип е повеќе наклонет кон креација, збогатување, плодност. Тоа е еден од митовите, кој е најжилав и кој низ сите трaнсформации до ден денес се задржал во нашата свест. Јас би рекол, последната голема трансформација е отелотворена во ликот на Богородица. Тоа е една космичка мајка на божественоста.
Што претставуваат митовите како инспирација на поезијата?
Митовите секогаш биле важна порака за човекот и човештвото и тие колку и да стапуваат некои нови општествени уредувања, тешко се искоренуваат од човековата свест. Нив, еден голем психоаналитичар, Карл Густав Јунг, ги нарекува архетипови, кои остануваат негде во нашата колективна меморија како паметење. Еден од тие симболи е Големата мајка. Може најодржаниот архетип кој се задржал во нашата свест, до ден денес. Тој симбол има историја, од самата зора на човековата цивилизација и ако веќе зборуваме за првите пронајдоци на обожување на тој симбол, ако не се лажам јас, тоа е таканаречената мала статуетка Вилендорска Венера во Виена што се чува од пред 10.000 години, пред нашата ера. Тоа е границата меѓу она што велат археолозите, старо камено доба и младо камено доба, неолит. И период којшто е голем исчекор во човековата цивилизација и тој посебно го развива култот на Големата мајка, на женскиот принцип на плодноста. Затра што човекот опстојува благодарение на жената. Мислам дека нашата епоха е премногу машка, има и некои други такви епохи.
Колку митот за Големата мајка е застапен во светската и македонската поезија?
Ако ја следиме оваа еволуција, оваа трансформација на Големата мајка, од најстарите цивилизиации па до денес, ќе видиме дека тој лик на Големата мајка, доживува некои трансформации се до Богородица. Богородица исто така го асимилира во себе култот на Големата мајка и мислм дека тоа е последната таква асимилација, а ние после ја прифаќаме како мит. Во поезијата исто, Големата мајка, или женскиот лик е многу присутен.Она вечно женското што го нарекува Гете, посебно е изразен кај некои големи поети на романтизмот. Кај Русите да речеме, Соловјов, и неговата прекрасна дама или Владетелка на вселената, како што ја нарекува тој.
Јас кога се зафатив чисто од љубопитност да видам како стојат работите во македонската поезија, видов дека има многу руда почнав да копам и така настана оваа книга. Тоа е поезија, визави светската поезија денес, западната поезија, која е антимитска, антисакрална, толку е нашата поезија склона кон митот и митското мислење, кон еден архаичен свет на поезијата, што според мене не е назадност, туку е една предност на нашата поезија да оди по една висока вертикала, бидејќи сепак, поезијата е уметност, според мое мислење на векот.
Јас сакав да видам колку е присутен тој мит во македонската поезија и од таа љубопитност почнав да истражувам и открив дека тој е доста застапен и така настана оваа книга во која има 46 поети. Автори застапени и од постарата генерација, Славко Јанески да речеме, Mатеја Mатевски, Влада Урошевиќ, Михаил Ренџов, се до најмладите автори кои допрва доаѓаат да го исполнат просторот на нашата современа поезија. Мислам дека тоа е книга со убава поезија, со митска поезија, со оној тип, така да речам `гурмански` тип за читање.
Нашата поезија е повеќе насочена кон митското, а западната поезија кон реалното...
Тоа е мој впечаток, а и на општ ранг, така стојат работите бидејќи од поодамна, да речеме, од 20 век, од дадаизмот којшто удира еден клин во уметноста, деструктивен и кој повикува на сцена антиуметност и антипоезија понатаму европската поезија поминува низ многу катаклизми, неврози, низ катастрофични чувства, десакрализација и мислам дека до денес останува тоа доминантно кај нив. За жал и кај нас се јавува еден таков вид поезија... Можеби погрешно се изразив за жал, но мислам дека нашата поезија е витална. Таа го обработува митот на еден многу витален начин. Мислам дека токму заради тоа се искачи на една висока вертикала и со едно достоинство претставува еден нов јазик, на еден мал народ на сцената на светскиот куп, да се изразам хегеловски.
Беше ли тешко да се најдат песни од досега напишаните, кои се однесуваат на митот на Големата мајка?
Не беше многу тешко. Јас поканив и лично доста поети да напишат специјално за ова книга. Тие се оѕваа и напишаа многу инспиративни песни. Посебно младите. Тоа беше континуирано, од истражување, ако се склопи една според мое мислење една многу убава и инвентивна книга. Таа книга чекаше неколку години, книгите имаат исто судбина како и луѓето. Но, ова е добар знак, бидејќи еве Богородица, со симболот на Големата мајка е заштитничка на Скопје, а после дознав дека е заштитничка и на Општина Гази Баба, која помогна многу во објавувањето на оваа книга. (Журнал МК)

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


И мислите се превръщат в думи, думите запълват страници, за да отидат при читателите на в. "Народна воля" и да разгорят жаравата на вярата, че ще дойде и нашият, македонският ден. И така – брой след брой – срещите ни с Ян Пирински вече навлизат в 20-годишнината си. Чакани, жадувани, вълнуващи... И обещаващи, че ще има още много юбилеи!
ЧЕСТИТ ЮБИЛЕЙ!

От името на ОМО "Илинден"-ПИРИН и от наше име изказваме нашите честитки и поздравления на доказания македонски деец и наш съратник в борбата – Георги Христов (Ян Пирински) по случай осемдесетия му рожден ден! Благодарим ти за всичко, което си направил за правата на македонците в България като главен редактор на в. "Народна воля" и дългогодишен член на Централния съвет на нашата партия! Бъди жив и здрав, бай Георги, и продължавай все така да допринасяш за справедливата кауза с всичко, което пишеш, говориш и правиш, с примера, който даваш на по-младите, с неугасващия си оптимизъм и вяра в доброто! И за многая, многая лета!

Председателство на ОМО "Илинден" - ПИРИН (Ангел Безев, Ботьо Вангелов, Иван Сингартийски, Стойко Стойков)
БЛАГОДАРНОСТ!

С искрено уважение към всички, които ме поздравиха с осемдесетгодишния ми юбилей - роднини, близки, приятели, съратници, институции, читатели, сътрудници – им поднасям своята голяма благодарност. От своя страна им пожелавам много здраве и успехи в личния живот и в борбата за победата на общата ни македонска кауза!

Георги Христов

ЮБИЛЕЙНО

Дойдох на този свят – защо? И как
обречен и смирен да го напусна?
И за какво незнайният чудак
фаталната безсмисленост допусна?

Аз питам: на кого какво дължим
злочеста да е нашата съдба?
Какви са тайните непостижими?
Къде е отговорът - същността?

Какво невежество през вековете
заблудата натрапи във човека -
към идолите и към боговете
да търси път за своята утеха!

Нещастното човечество кърви
от векове в конфликти и войни.
И аз заварих този свят в злини
до днес - на осемдесет години!
Приех присъствието си в света,
приех го като даденост - борба
с неправдата. И заживях с мечта
за радост, щастие, за свобода.

Със бурите бушуващи на злото
в жесток двубой можах да издържа -
прозрял величието на доброто
чрез вярата в щастливата съдба.

И нов живот за вечни времена
човекът в бъдещето ще гради -
в безкрайния простор от светлина,
с вековните надежди и мечти!

Това ще бъде истинско отечество -
без граници, на цялата Земя,
в което възроденото човечество
ще сътвори дворец на радостта!

Георги Христов

Македонија пее

ЛИЛЈАНА

Еј, учи ме мамо, карај ме
како да ја земам Лилјана
Лилјана мома убава
Лилјана бела и црвена
Лилјана тенка висока
Лилјана ситен босилок
Лилјана една на мајка

Еј, учам те сине карам те
повикај триста мајстора
направи чешма шарена
наврати вода студена
сите селани Ќе дојдат
и Лилјанини другарки
ем сите калеш невести
белким Лилјана Ќе дојде.

Еј, послушал Стојан мајка си
повикал триста мајстори
направил чешма шарена
навратил вода студена
сите селани дојдоа
и Лилјанини другарки
ем сите калеш невести
кучка Лилјана не дојде.


МИЛКЕ ДУШО

Болен лежам мамо мори
срцево ме боли
срцево ме боли мамо
Милка не ми збори.

Рефрен:

Милке душо
срцево ме боли
Милка не ми збори.

Вчера вечер абер дојде
Милка за друг појде
Милка за друг појде мамо
в проклети душмани
в проклети душмани мамо
сите чорбаџии.

Болен лежам и Ќе умрам
зарад мојто либе
зарад мојто либе мамо
Милка пајтонџиска.


Поезија

ВРЕМЕ Е...

(до грчките творци под истиов ни свод)

Патници сме низ духот и просторот без крај
и ништо не вреди повеќе од нашите траги...
По нив ќе не’ препознаваат живите
кога ќе се идентификуваат по духот и по трагите свои
оти, и тие ќе чекорат низ оваа шир.
Ајде, тогаш, денес да се препознаеме по зборот, по думата,
оти, запишано е за нас дека сме Словото и Зборот
со кои се обликува Љубовта.

Време е да прозбориме за Љубовта.

Љубовта која ќе не’ препознае ко’ браќа и сестри
со Крст и Кандило во рацете…
И да велиме како светиот апостол Павле:
“Да зборувам на сите човечки јазици,
па дури и на ангелски,
штом љубов немам, ништо не сум…
Љубовта е долготрпелива, полна со добрина,
љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се гордее…”
Љубовта останува за да се стремиме кон неа.
И, еве, ко’ патници судбата сретение ни носи…
оти браќа и сестри сме од љубов неовоземска создадени,
за да бидеме Црква и Литургија,
за да бидеме Храм за Евангелието.
А невидени, непрепознати, одродени чекориме.
Затоа, елате браќа и сестри во домов мој
да си згреете души свои по долгиот пат изоден.

Судбата сретение ни носи…

Ако, пак, повеќе сакате јас да дојдам при вас,
отворете ги Светите Двери ширум
Светлината да ја видам кон Светиот Олтар што води.
Ако, пак, Клучот се’ уште Сатаната го таи,
да & се препуштиме на Љубовта, браќа и сестри мои,
и да го запалиме згаснатиот факел на Олимп,
нека блесне светлина божествена на сиот простор,
да го изгониме Ѓаволот - оној кој што не’ раздели
како Каина и Авела, едноутробните;
и да зборуваме за Љубовта, та дури и јазиците да ни се различни,
оти е речено: “Оној кој зборува на јазик непознат,
тој не им зборува на луѓе, туку на Бога…”
Ние, браќа и сестри мои, зборувајќи за Љубовта
со Духот ќе ги кажеме сите тајни кои ќе не’ зближат,
оти на Олимп непознаници нема.
Од овој Сион да го допреме Небото
и од него да позајмиме сноп Светлина,
да се преоблечеме во нејзината убост
за да се препознаеме ко’ браќа и сестри
од едномајчинство и татковство евангелски,
да го пророчиме новиот Ден и да Го поканиме Бога
на нашата заедничка Трпеза на Љубовта
таму горе, на Олимп, каде чукункаменот е Иконата наша
за Молитвата на Љубовта.
Време е да се помолиме…


ПОРАКА ДО ГРЧКИТЕ ПИСАТЕЛИ

Најнапред Човек сум и Македонка, пред се’.
И дрвото има свој идентитет.
И поетеса станав.
Првите две вредности ми се од Бога и од моите родители, а третата е дарение и се учи.
Родена сум во Скопје, главниот град на Република Македонија. Дипломирав на Катедрата за книжевност при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј”, каде сум на постдипломски студии. Книжевното творештво (тринаесет книги) е Мостот преку кој се минува просторот кон непознатото. Во мојот космополитски дух како Македонка, Грција и грчката цивилизација заземаат длабоко инспиративна позиција. Оваа песна е плод токму на таквиот мој дух. Мојата подадена рака го очекува благонаклониот прифат од друга рака. Ете, од тоа зависи и денешниот и утрешниот ден за Балканот и пошироко. Ајде да ги разубавиме денононоЌијата за да им се разубави конечно и на предците и на потомците.
Поздравувајќи Ве, драги грчки колеги, Ви порачувам да ги сплотиме надежите, а безнадежноста да ја свиеме во свивката на минатоста. Да започнеме да го бележиме новото време...

--------------------

ВЛАДИСЛАВА СПИРОСКА





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting