Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Позиција

ДА ГИ КАСТРИРАМЕ ИСТОРИСКИТЕ МИТОВИ

Проф. Стефан Влахов-Мицов


Популарно е сфаќањето дека ако во денешната реалност се јави човек од античноста, тој ќе умре од стрес од тоа што ќе го види. По тој повод ќе се пошегувам, дека ако човекот е слеп и само слуша што си зборувам, нема да разбере дека се јавил во друго време. Впрочем, и технолошкиот напредок со кој се фалиме, во голема мера е мит. Во својата прекрасна книга "Еден ден во древен Рим" италијанскиот палеонтолог и документарист Алберто Анџело не ослободува од такви илузии.

Колкумина од нас, на пример, знаат дека Рим во времето на императорот Трајан (вториот век по Христа) броел 1,5 милиони луѓе, а во времето на Септимиј Север имал точно 46.602 "небодери" со височина од 21 метар, односно колку седумкатни згради. И уште неколку бројки: 40 триумфални порти, 28 библиотеки, 11 големи терми и околу 1.000 заеднички бањи (само еден од базените во термите на Трајан ги имал размерите на плоштадот "Сан Марко" во Венеција), два плоштада за натпревар со двоколки (едниот од нив собирал 400.000 луѓе), четири театри (едниот од нив за 25.000 луѓе), два амфитеатри (Колосеумот за 70.000 души) итн. Ако ги споредиме некои од тие објекти со денешните во Рим, да не зборуваме за други европски главни градови, ќе ни стане непријатно за нашиот технички "прогрес". Дванаесетте форуми и уште толку базилики, плус 100 храма во античкиот Рим биле полни со луѓе, но Римјаните успешно излегувале на крај како со уличните затвори, така и со снабдувањето на градот со храна. Секојдневно во Рим пристигнувале бродови со 200-270 илјади тони жито, а бесплатно помагале 150-170 илјади семејства. Надвор од споменатите бројки, за споредба, и тогашните претстави многу не се разликувале од нашите. Ете зошто не можам да ги примам тврдењата на Лучијан Бој во неговата "Историја и мит во романското сознание", дека денешните Романци, Германци, Французи и други, се поблиски меѓу себе, отколку со своите претходници. Самиот автор на великолепен начин се побива во својата инаку многу вредна книга. Секој народ се потпира на колекција митови, кои се оживуваат и се обновуваат во зависност од конкретната геополитичка ситуација. Историските собитија се едно, а националните историски конструкции и проекции претставуваат избор од факти во зависност од ситуацијата. Во таа смисла, не зачудуваат двојните аршини – еден спрема сопствениот историско-митски проект, друг спрема конкурентските туѓи проекти.

Втора година бугарските власти не им дозволија на македонските медиуми да организираат семакедонски собир во Мелник, во сеќавање на Јане Сандански. Неодамна повлечениот бугарски амбасадор од Скопје, Раковски Лашов, како пиле во кал се заплетка во македонското Министерство за надворешни работи. Според неговите објаснувања, телевизијата "Сонце" била вратена од границата затоа што, според бугарските закони, не можело да присуствува со дозвола од организација која не била регистрирана во Бугарија. За "Канал 5" и за "Дневник", пак, причината била од процедурален карактер, зашто рокот за издавање дозвола бил кус. Само што ОМО "Илинден"-Пирин, на која и покрај судските решенија против Бугарија во Стразбур, бугарскиот суд не ја враќа регистрацијата, не беше единствениот организатор на собирот. А, само еден од десетте соорганизатори не беше регистриран во бугарските судови. Освен тоа, мотивот за одбивање на телевизијата "Сонце" противречи на тој со кој не им дозволија на "Канал 5" и на "Дневник", што директно го открива агентот на бугарската ДБ во лагата. Фактичката вистина е што опстојувањето на македонското малцинство во Бугарија противречи на бугарската историско-митолошка конструкција за границите на бугарската нација. Не слично Лашов-ци, од една страна, не ги признаваат Македонците, а во исто време сакаат заедно да ги чествуваат историските настани и личности. Лошо е кога некои македонски политичари и институции одвреме-навреме се врзуваат на опашката на бугарскиот историски мит. Двојниот аршин е типичен и за Грција. На тамошната партија на "зелените", на пример, и одговара соработката со македонската партија ДОМ во врска со атомската енергија. Формално, грчките "зелени" се перчат дека биле против национализмот. Практично, се покажа дека тие воопшто не се против национализмот, туку против "национализмот" на Груевски. Оттука и критиките на портпаролот на "зелените" Јанис Параскевопулос, дека коалицирањето на ДОМ со ВМРО било предавство на тие принципи од "зелените". Зашто, претставете си, партијата на Груевски била "одделена со огромен јаз од зелените идеи и сфаќања на демократијата". Ако грчките "зелени" беа малку позрели за демократија, немаше да останат "без коментари за спорот за името" при разговорите со ДОМ, а сакаа да ги осудат митовите на својата држава. Во таква состојба, не е чудно што и портпаролот на грчкото МНР, Делавекурас објави дека Грција чекала по изборите македонска "решителна Влада", која "ќе седне на преговарачката маса со вистинска волја" да ги преземе грчките митови.

За радост е што, иако бавно, во балканските држави се појавуваат одделни автори и истражувачи кои ги развенчуваат митовите од нивните општества. Во моите колумни веќе пишував за Душан Ковачевиќ и за неговата книга "Дваесет српски поделби (Срби против Срби)". Уште повисока вредност има обемното проучување на Лучијан Боја, кое може да служи како ориентир за митологемите на Балканот и во Источна Европа. Во првите децении на 19 век, романскиот национализам за да заздрави, требало да се спротивстави на национализмот на своите соседи и на панславизмот. На кој начин? Прво, кирилицата што дотогаш се употребуваше во романското општество почна да отстапува пред латиницата, која во 1860 година е утврдена со закон. На второ место е создаден митот за владетелот Михаил Храбриот, како симбол на романското единство. Тој го враќа сеќавањето на тој полководач, кој околу 1600 години за кратко време ги завладеал Трансилванија и Молдова. Митот го претвора во национален обдинувач, иако во тоа време нациите не постојат. На трето место, Романците се исправени пред надворешнополитичка дилема – со Русија или со Западот. Независноста им е резултат од руско-турските војни, но стремежот за еманципација од Словените ги насочува кон европскиот свет. Оттука и тезата дека се историски наследници на римските колонизатори и во помала мера на Даките, кои пред римските завојувачи ја населувале таа територија. Во продолжение, романскиот мит се учи и од ученици на Запад, а Романците почнуваат да се доживуваат како негови заштитиници, а подоцна и за негови предци. Моментната состојба на државата силно се рефлектира врз нејзините историски претензии. Комунистичката етапа во почетокот ги "враќа" Романците кон словенскиот свет (заради улогата на Советскиот сојуз), а во периодот 1964-1989 година, кога Романија се обидува да води посамостојна политика, повторно буи национализмот. Во времето на Чаушеску се стасува дури до интересниот факт Институтот по историја на Комунистичката партија да ја разработува античката историја и потеклото на Даките.

Романците се од тие балкански народи, кои имаат проблеми со утврдувањето на своето потекло. Не во смисла да не знаат од каде дошле, како Бугарите, туку од менувањето на приоритетите Исток-Запад во нивната нова историја. Пред создавањето на романската држава, тие се сметаат за чисти Римјани, а кон крајот на 19 век за романизирани Даки. Уште подоцна, во првите децении на 20 век, романскиот јазик веќе не е "расипан" латински, туку латинскиот јазик се претвора во "расипан романски". Римското завојување на Дакија било уништувачко за процветаната дакиска цивилизација и го вратило развојот на Романците илјада години. Во таква состојба, Романците веќе не произлегувале од Рим, туку самите Римјани, Французи и сите други произлегувале од Дакија. Слични фантазии се создаваат повторно во времето на Чаушеску и својот врв го достигнуваат во 1975 година со тврдењето "Постоиме само од пред 100.000 години на таа земја и, сепак, треба да заклучиме дека сме најстариот народ во Европа". Во претходните две децении на комунизмот Романците "се слеваат" со Словените, кога се подвлекува силното влијание на Киевска Русија врз нив и во помала мера на бугарската држава. Византија, пак, е "реакционерна" сила, само затоа што по Втората светска војна Грција потпаѓа под западно влијание, а Романија е во социјалистичкиот блок на чело со Сталин.

Уште поинтересно е прашањето со континуитетот, зашто има илјадагодишен темен период меѓу повлекувањето на Римјаните од Дакија во 271 година по Христа и создавањето на романските кнежевства во 14 век. Во втората половина на 19 век. според романската историографија, Романците биле сојузници на Бугарите на југ од Дунав, така што "не само Бугарите ги победувале Грците, ами повеќе ги победувале Романците под името Бугари, Кумани и Печенеги". И, обратете внимание, во 963 година со доаѓањето на Самуил, кој бил Романец "власта поминала од рацете на Бугарите во рацете на Романците". Така, Првото бугарско царство било бугарско-романско, а второто било романско-бугарско. Во исто време, многу римски и византиски императори биле Романци од Балканот. Што се однесува до јазиците, во 1871 година Рослер зборува за блискоста меѓу дако-романскиот и македонско-романскиот, два дијалекта на еден јазик, кои во неговото време биле оддалечени еден од друг. Во 1884 година Ксенопол тврди дека "дако-романците и македо-романците се два народа, различни според потеклото. Истражувањето на Лучијан Боја покажува дека романската историографија има многу посериозни проблеми во докажувањето на романскиот континуитет и единство во споредба со македонската историографија. Само што заради нејзината геополитичка положба, големина на територијата и на населението, Романија денес ги респектира своите соседи и ниту Бугарија, ниту Унгарија смеат да и се спротивстават. Доколку се исклучи шумот во двете држави. Тоа дава можност и во последните две децении романските историчари спокојно да тврдат дека Романците се меѓу големите создавачи на светската цивилизација. И дека Романците се соединувачки член меѓу Блискиот и Далечниот Исток, и Западот. Според Лучијан Боја, дури "доколку треба да се обидам да определам која е најважната црта на Романецот, би можел да кажам дека тоа е манијата за сопствениот идентитет". Во своите есеи Х. Р. Патапиевич оди уште подалеку и објавува дека Романците се безрбетници и пониски по дух.

Со тоа што фантазиите имаат својство да се создаваат и да паразитираат врз човечкото сознание (и многу често буквално го окупираат), борбата со историските митови не треба да оди во насока тие да се стишуваат, туку целосно да се уништат. Злите реалности во кои живееме денес не ни даваат право да бидеме учтиви.

(Авторот е универзитетски професор)

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


И мислите се превръщат в думи, думите запълват страници, за да отидат при читателите на в. "Народна воля" и да разгорят жаравата на вярата, че ще дойде и нашият, македонският ден. И така – брой след брой – срещите ни с Ян Пирински вече навлизат в 20-годишнината си. Чакани, жадувани, вълнуващи... И обещаващи, че ще има още много юбилеи!
ЧЕСТИТ ЮБИЛЕЙ!

От името на ОМО "Илинден"-ПИРИН и от наше име изказваме нашите честитки и поздравления на доказания македонски деец и наш съратник в борбата – Георги Христов (Ян Пирински) по случай осемдесетия му рожден ден! Благодарим ти за всичко, което си направил за правата на македонците в България като главен редактор на в. "Народна воля" и дългогодишен член на Централния съвет на нашата партия! Бъди жив и здрав, бай Георги, и продължавай все така да допринасяш за справедливата кауза с всичко, което пишеш, говориш и правиш, с примера, който даваш на по-младите, с неугасващия си оптимизъм и вяра в доброто! И за многая, многая лета!

Председателство на ОМО "Илинден" - ПИРИН (Ангел Безев, Ботьо Вангелов, Иван Сингартийски, Стойко Стойков)
БЛАГОДАРНОСТ!

С искрено уважение към всички, които ме поздравиха с осемдесетгодишния ми юбилей - роднини, близки, приятели, съратници, институции, читатели, сътрудници – им поднасям своята голяма благодарност. От своя страна им пожелавам много здраве и успехи в личния живот и в борбата за победата на общата ни македонска кауза!

Георги Христов

ЮБИЛЕЙНО

Дойдох на този свят – защо? И как
обречен и смирен да го напусна?
И за какво незнайният чудак
фаталната безсмисленост допусна?

Аз питам: на кого какво дължим
злочеста да е нашата съдба?
Какви са тайните непостижими?
Къде е отговорът - същността?

Какво невежество през вековете
заблудата натрапи във човека -
към идолите и към боговете
да търси път за своята утеха!

Нещастното човечество кърви
от векове в конфликти и войни.
И аз заварих този свят в злини
до днес - на осемдесет години!
Приех присъствието си в света,
приех го като даденост - борба
с неправдата. И заживях с мечта
за радост, щастие, за свобода.

Със бурите бушуващи на злото
в жесток двубой можах да издържа -
прозрял величието на доброто
чрез вярата в щастливата съдба.

И нов живот за вечни времена
човекът в бъдещето ще гради -
в безкрайния простор от светлина,
с вековните надежди и мечти!

Това ще бъде истинско отечество -
без граници, на цялата Земя,
в което възроденото човечество
ще сътвори дворец на радостта!

Георги Христов

Македонија пее

ЛИЛЈАНА

Еј, учи ме мамо, карај ме
како да ја земам Лилјана
Лилјана мома убава
Лилјана бела и црвена
Лилјана тенка висока
Лилјана ситен босилок
Лилјана една на мајка

Еј, учам те сине карам те
повикај триста мајстора
направи чешма шарена
наврати вода студена
сите селани Ќе дојдат
и Лилјанини другарки
ем сите калеш невести
белким Лилјана Ќе дојде.

Еј, послушал Стојан мајка си
повикал триста мајстори
направил чешма шарена
навратил вода студена
сите селани дојдоа
и Лилјанини другарки
ем сите калеш невести
кучка Лилјана не дојде.


МИЛКЕ ДУШО

Болен лежам мамо мори
срцево ме боли
срцево ме боли мамо
Милка не ми збори.

Рефрен:

Милке душо
срцево ме боли
Милка не ми збори.

Вчера вечер абер дојде
Милка за друг појде
Милка за друг појде мамо
в проклети душмани
в проклети душмани мамо
сите чорбаџии.

Болен лежам и Ќе умрам
зарад мојто либе
зарад мојто либе мамо
Милка пајтонџиска.


Поезија

ВРЕМЕ Е...

(до грчките творци под истиов ни свод)

Патници сме низ духот и просторот без крај
и ништо не вреди повеќе од нашите траги...
По нив ќе не’ препознаваат живите
кога ќе се идентификуваат по духот и по трагите свои
оти, и тие ќе чекорат низ оваа шир.
Ајде, тогаш, денес да се препознаеме по зборот, по думата,
оти, запишано е за нас дека сме Словото и Зборот
со кои се обликува Љубовта.

Време е да прозбориме за Љубовта.

Љубовта која ќе не’ препознае ко’ браќа и сестри
со Крст и Кандило во рацете…
И да велиме како светиот апостол Павле:
“Да зборувам на сите човечки јазици,
па дури и на ангелски,
штом љубов немам, ништо не сум…
Љубовта е долготрпелива, полна со добрина,
љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се гордее…”
Љубовта останува за да се стремиме кон неа.
И, еве, ко’ патници судбата сретение ни носи…
оти браќа и сестри сме од љубов неовоземска создадени,
за да бидеме Црква и Литургија,
за да бидеме Храм за Евангелието.
А невидени, непрепознати, одродени чекориме.
Затоа, елате браќа и сестри во домов мој
да си згреете души свои по долгиот пат изоден.

Судбата сретение ни носи…

Ако, пак, повеќе сакате јас да дојдам при вас,
отворете ги Светите Двери ширум
Светлината да ја видам кон Светиот Олтар што води.
Ако, пак, Клучот се’ уште Сатаната го таи,
да & се препуштиме на Љубовта, браќа и сестри мои,
и да го запалиме згаснатиот факел на Олимп,
нека блесне светлина божествена на сиот простор,
да го изгониме Ѓаволот - оној кој што не’ раздели
како Каина и Авела, едноутробните;
и да зборуваме за Љубовта, та дури и јазиците да ни се различни,
оти е речено: “Оној кој зборува на јазик непознат,
тој не им зборува на луѓе, туку на Бога…”
Ние, браќа и сестри мои, зборувајќи за Љубовта
со Духот ќе ги кажеме сите тајни кои ќе не’ зближат,
оти на Олимп непознаници нема.
Од овој Сион да го допреме Небото
и од него да позајмиме сноп Светлина,
да се преоблечеме во нејзината убост
за да се препознаеме ко’ браќа и сестри
од едномајчинство и татковство евангелски,
да го пророчиме новиот Ден и да Го поканиме Бога
на нашата заедничка Трпеза на Љубовта
таму горе, на Олимп, каде чукункаменот е Иконата наша
за Молитвата на Љубовта.
Време е да се помолиме…


ПОРАКА ДО ГРЧКИТЕ ПИСАТЕЛИ

Најнапред Човек сум и Македонка, пред се’.
И дрвото има свој идентитет.
И поетеса станав.
Првите две вредности ми се од Бога и од моите родители, а третата е дарение и се учи.
Родена сум во Скопје, главниот град на Република Македонија. Дипломирав на Катедрата за книжевност при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј”, каде сум на постдипломски студии. Книжевното творештво (тринаесет книги) е Мостот преку кој се минува просторот кон непознатото. Во мојот космополитски дух како Македонка, Грција и грчката цивилизација заземаат длабоко инспиративна позиција. Оваа песна е плод токму на таквиот мој дух. Мојата подадена рака го очекува благонаклониот прифат од друга рака. Ете, од тоа зависи и денешниот и утрешниот ден за Балканот и пошироко. Ајде да ги разубавиме денононоЌијата за да им се разубави конечно и на предците и на потомците.
Поздравувајќи Ве, драги грчки колеги, Ви порачувам да ги сплотиме надежите, а безнадежноста да ја свиеме во свивката на минатоста. Да започнеме да го бележиме новото време...

--------------------

ВЛАДИСЛАВА СПИРОСКА





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting