Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Георги Димитров

СЕ ЧУВСТВУВАМ НЕРАЗДЕЛНО СВРЗАН СО СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

(Преземено од МН)


До Централниот комитет на Македонскиот народен сојуз,
Детроит, Америка

Братски поздрав на делегатите на Четвртиот конгрес на Македонскиот народен сојуз.

Се чувствувам неразделно сврзан со судбината на македонскиот народ и како бугарски пролетерски револуционер, и како син на семејство кое потекнува од Разлог — долината на историското Илинденско востание.

Бугарскиот пролетаријат животно е заинтересиран за национално ослободување на Македонија. Националното угнетување на македонскиот народ е извор на јакнењето на угнетувањето на работниците и селаните во Бугарија, Југославија и Грција. Поделена и оплјачкана Македонија претставува јаболко за раздор меѓу балканските империјалисти и извор за постојана опасност од воени судрувања и немири на Балканот. Во својата борба за ослободување македонскиот народ нема и не може да има други вистински пријатели и сојузници освен револуционерните работници и селани во Бугарија и на Балканот. Во својата борба за социјално ослободување бугарскиот пролетаријат гледа во македонското револуционерно движење еден од своите најдобри сојузници. Борејќи се против фашизмот и за работничкоселанска власт, за Советска Бугарија, бугарските работници и селани, под раководството на Комунистичката партија, во исто време се борат за ликвидирање на секое национално ропство и ропство на македонскиот народ.

Македонското движење има многу непријатели. Но најстрашен е неговиот внатрешен непријател — тоа се агентите на бугарскиот империјализам, бугарскиот монархизам, бугарскиот фашизам и пред се бандата на Михајлов. Преку тие агенти бугарската буржоазија го ползува македонското движење за своите егоистички интереси и за закрепнување на својата крвава диктатура врз самиот работен народ на Бугарија. Со помош на таа банда, која се нарекува Внатрешна македонска револуционерна организација (ВМРО) со кое ги оскрнува идеалите на македонскиот народ, цанковистите успеаја на 9 јуни 1923 да ја урнат земјоделската влада и да организираат крвав терор против работничките и селанските маси. Со учеството на овие главоресци беше уништено народното востание во септември 1923. Тогаш беше убиено и затворено на илјади бугарски работници, селани и интелектуалци. Таа банда ги истреби старите независни македонски револуционери во Горна Џумаја. Нејзините главоресци беа искористени за убиство на повејке од 2.000 работници, селани, интелектуалци во врска со провокаторскиот атентат во Црквата св. Недела во април. 1924 година. По наредба на бугарскиот фашизам, тие подло го убија великанот на македонското револуционерно движење Димо Хаџи Димов, храбриот македонски народен пратеник Христо Трајковски, многу Македонци со поинакви погледи, како и такви славни работници во бугарското работничко движење како што беше работничкиот народен пратеник Напетов. Не е возможна успешна борба против националното угнетување и за ослободување на македонскиот народ без конечно изолирање од македонските маси на оваа штетна банда, без потполно елиминирање на нејзината предавничка ролја во македонското движење и во внатрешниот политички живот на Бугарија. Македонската емиграција во Америка, како и македонската емиграција во самата Бугарија, има должност со сите сили да дејствува за што поскорешно остварување на своите задачи, подржувајќи ги стремежите на ВМРО (обединета) кон поврзување на сите вистински револуционерни македонски снаги. Само единствена револуционерна борба на македонскиот народ во најтесен сојуз со работниците и селаните во Бугарија, Југославија и Грција може да доведе до победа на македонската ослободителна револуција. Само советскиот систем, како што најдобро покажува искуството на големиот Советски Сојуз, може да обезбеди конечно национално ослободување и полно национално обединување. Во тој дух од се срце му пожелувам на Вашиот конгрес најдобри успеси.

13 мај 1934. Москва
Георги Димитров

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Преди 108 години, на 4 май 1903 г., край село Баница, Серско, загина в сражение с турския поробител един от най-големите синове на Македония - Гоце Делчев.
Останаха безсмъртни думите му: “Аз разбирам света единствено като поле за културно съревнование между народите!”

Македонија пее

ЦРНА СЕ ЧУМА ЗАДАДЕ

Црна се чума зададе
там' долу в Македонија,
там' долу Демир Капија.
Кој ќе се јунак избере
чумата да ја пропади?
Избрал се јунак, изнашол
млад Делчев, Гоце војвода,
тој појде в Македонија
чумата да ја пропади
од жална Македонија.
Темен се облак зададе
там' долу в Македонија,
там' долу Демир Капија.
Дали се црни облаци,
дал' ми се Турци поганци?
Не ми се црни облаци,
нит' ми се Турци поганци,
тук' ми се одбор комити,
ранет ми јунак носеа,
ранет ми јунак, млад Делчев,
со куршум в срце пронижан.
Делчев дружина говори:
"Дружино верна, зговорна,
кога ќе утре минете
низ моја града Кукуша,
мајка ми ќе ве пречека,
за мене ќе ве попита:
"Дека е Делчев војвода?"
Вие ќе нејзе кажете:
"Млад Делчев ти се посврши
за црната земја робинка,
за жална Македонија."


ГО фАТИЛЕ КЛЕТИ ТУРЦИ

Го фатиле клети турци
едно моме најубаво,
го фатиле клети турци, клети турци,
најубаво во селото.

Му врзале двете раце,
двете раце наопаку,
му врзале двете раце, двете раце,
двете раце наопаку.

Кажи, кажи, лично моме,
кај се крие Гоце Делчев?
Кажи, кажи, лично моме, малој моме,
кај се крие Гоце Делчев?

И да умрам клети турци,
јас за Гоце не кажувам!
И да умрам, да загинам, клети турци,
јас за Гоце не кажувам!


Поезија

ВРЕМЕ Е...

(до грчките творци под истиов ни свод)

Патници сме низ духот и просторот без крај
и ништо не вреди повеќе од нашите траги...
По нив ќе не’ препознаваат живите
кога ќе се идентификуваат по духот и по трагите свои
оти, и тие ќе чекорат низ оваа шир.
Ајде, тогаш, денес да се препознаеме по зборот, по думата,
оти, запишано е за нас дека сме Словото и Зборот
со кои се обликува Љубовта.

Време е да прозбориме за Љубовта.

Љубовта која ќе не’ препознае ко’ браќа и сестри
со Крст и Кандило во рацете…
И да велиме како светиот апостол Павле:
“Да зборувам на сите човечки јазици,
па дури и на ангелски,
штом љубов немам, ништо не сум…
Љубовта е долготрпелива, полна со добрина,
љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се гордее…”
Љубовта останува за да се стремиме кон неа.
И, еве, ко’ патници судбата сретение ни носи…
оти браќа и сестри сме од љубов неовоземска создадени,
за да бидеме Црква и Литургија,
за да бидеме Храм за Евангелието.
А невидени, непрепознати, одродени чекориме.
Затоа, елате браќа и сестри во домов мој
да си згреете души свои по долгиот пат изоден.

Судбата сретение ни носи…

Ако, пак, повеќе сакате јас да дојдам при вас,
отворете ги Светите Двери ширум
Светлината да ја видам кон Светиот Олтар што води.
Ако, пак, Клучот се’ уште Сатаната го таи,
да & се препуштиме на Љубовта, браќа и сестри мои,
и да го запалиме згаснатиот факел на Олимп,
нека блесне светлина божествена на сиот простор,
да го изгониме Ѓаволот - оној кој што не’ раздели
како Каина и Авела, едноутробните;
и да зборуваме за Љубовта, та дури и јазиците да ни се различни,
оти е речено: “Оној кој зборува на јазик непознат,
тој не им зборува на луѓе, туку на Бога…”
Ние, браќа и сестри мои, зборувајќи за Љубовта
со Духот ќе ги кажеме сите тајни кои ќе не’ зближат,
оти на Олимп непознаници нема.
Од овој Сион да го допреме Небото
и од него да позајмиме сноп Светлина,
да се преоблечеме во нејзината убост
за да се препознаеме ко’ браќа и сестри
од едномајчинство и татковство евангелски,
да го пророчиме новиот Ден и да Го поканиме Бога
на нашата заедничка Трпеза на Љубовта
таму горе, на Олимп, каде чукункаменот е Иконата наша
за Молитвата на Љубовта.
Време е да се помолиме…


ПОРАКА ДО ГРЧКИТЕ ПИСАТЕЛИ

Најнапред Човек сум и Македонка, пред се’.
И дрвото има свој идентитет.
И поетеса станав.
Првите две вредности ми се од Бога и од моите родители, а третата е дарение и се учи.
Родена сум во Скопје, главниот град на Република Македонија. Дипломирав на Катедрата за книжевност при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј”, каде сум на постдипломски студии. Книжевното творештво (тринаесет книги) е Мостот преку кој се минува просторот кон непознатото. Во мојот космополитски дух како Македонка, Грција и грчката цивилизација заземаат длабоко инспиративна позиција. Оваа песна е плод токму на таквиот мој дух. Мојата подадена рака го очекува благонаклониот прифат од друга рака. Ете, од тоа зависи и денешниот и утрешниот ден за Балканот и пошироко. Ајде да ги разубавиме денононоЌијата за да им се разубави конечно и на предците и на потомците.
Поздравувајќи Ве, драги грчки колеги, Ви порачувам да ги сплотиме надежите, а безнадежноста да ја свиеме во свивката на минатоста. Да започнеме да го бележиме новото време...

--------------------

ВЛАДИСЛАВА СПИРОСКА


ИМЕТО ВЕКОВИТО

Не тагувај мајко Македонијо
За името твое вековито.
Не крши се како чаша на парчина,
Оти си јака, појака од каменот.
Името мајко не го менуваме
На клетници алчни не му кевуваме.
Зародишот ти е антички
Од богови на Олимп македонски
Име по бог Македон
По Голема мајка неолитска.
Името ти е исковано на пари златни и сребрени
Со лик на цареви и кралеви
Со лавови и рисови монетисано,
Со цркви, манастари
Флори и фауни
Мозаици и пауни апоенисано.
Името ти е мајко кумувано
Од Бог семоќен дарувано
Со крштално во Библија записано.
Името ти е мајко црвено
Од крв македонска пролеана,
А светло златно од Вергина угреано
Со срма во руво завезано
На бајрак Илинденски завеано
Славно во песни опеано
Тажно по семе низ свет расеано.
Не тагувај мајко Македонијо
И во Егеј и во Пустец и на Пирин
Еделвајс самотен, Македонија те вика.
Во срцата македонски тетоважа те имаме
На вратот амајлија те носиме
За род и пород за навек.

ОЛГА ВЕЛЈАНОСКА Ј.


АПОСТОЛЪТ НА МАКЕДОНИЯ

Пет века под сатър. Пет века гниха
дедите ни във робския хомот.
Горчивите сълзи ли те родиха,
кървящата земя ли вдъхна в теб живот

да тръгнеш срещу векове смирение,
с дела и мисъл надживял смъртта,
превърнал свойте дни в богослужение
на святата богиня Свобода,

възправен срещу черната прокоба,
надвиснала от дълги векове,
за да превърнеш сгърбените роби
във хора, що не свеждат вратове?

Повярваха. Кълняха се във тебе,
посрещаха те като божество.
Мъжествено приеха своя жребий
и зрееха за свой’то тържество.

Крила добиха за свободен полет,
ала без тебе щяха да са те –
ти падна в бой в една тревожна пролет.
И Македония осироте...

Но македонецът глава не сведе,
изправи се във целия си ръст –
от теб научил в бъдното да гледа,
той бе готов да носи своя кръст.

ПЕТЪР МИЦКОВ





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting