Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Македонците имаат природен историски легитимитет

ШТО И КРОЈАТ НА МАКЕДОНИЈА?

Гордана Димовска


Дури и географската територија не е толку голема колку што е голема нашата историја, култура и традиција. Наследство кое се предава од колено на колено и кое никако не смее да се изгуби или обезвреднува ниту од самите Македонци.
За трагедијата да биде поголема ниту денес не се запрени апетитите за приграбување на туѓо, пак соочување со истата приказна, истите проблеми наследени од минатото заедно со историските и културни богатства. Некој упорно работи и допринесува да се потиснува издигнувањето на чистиот македонски идентитет и разбива чувството за посебен народ со свои уникатни национални белези.
Отсекогаш низ историјата соседите уфрлале свои мисионери да ја придобијат наклоноста на населението, да вметнат свои јазици и го истиснат од употреба македонскиот. Со тоа и да ги реализираат своите национални идеи за голема Грција, Голема Србија, Голема Бугарија,Голема Албанија, со еден збор речено , да уништат се македонско. Дури и да беше двојно поголема со територија, Македонија немаше да ги задоволи нивните апетити. И како сега да не докрајчат?Што и кројат денес на Македонија? Или зависи од тоа колку е цврсто македонското национално единство. Како македонскиот народ да не дал доволно жртви, не страдал доволно, не бил обесправуван доволно! И денес на ова парче слободна земја пак оживуваат и земаат насока мегаломанските митови и стремежи со цел да се разбива националното единство.
Секојдневно слушаме за т.н ‘спор со името’ и барање на некакво решение само да се влезе во ЕУ. А во каква ЕУ ќе се влегува кога не прекрстуваат и го бришат нашето име, јазик? Нели е тоа доволно дискриминирање што упорно се врши над Македонија и македонскиот јазик? Нели е крајно време да се слушне гласот на народот кој вели Стоп на преговори и конечно да се стави крај на дискриминаторскиот однос кон Македонија и македонскиот народ? Нели е доволно напатен и заслужува подобра иднина. Кој знае уште што не ќе измислат и каква вештачка творба имаат во план за Македонија – само да не е Македонија. Па така им се најде и спорот со името како ефикасно и брзо решение да продолжат да ни ја кројат и печатат судбината – по којзнае кој пат. Иако ја знаат македонската историја и сите неправди кои се сторени над неа, еве сме пак на почеток. Ништо ново, ништо добро за нас. Напротив, се бара исполнување на услови, и пак се нешто фали, и не е доволно за нивните ‘европски стандарди’. И како онаа народната ‘Не умри коњу за зелена трева’ па така и на Македонија и ветуваат и ‘јако се залагаат’ да ја интегрираат во Евроатланските структури. Надеж или недостижен сон кој трае до бесконечност.
Ако се навистина сериозни за стабилноста во регионот, а со тоа и во Европа, не би дозволиле да не закочува измислениот спор со името, и цел циркус кој се случува околу БЈРМ, и нивни ‘напори’ да прифатиме некое ново име.. Со еден збор, тие ни кројат друг идентитет. Безимени и обезличени да влеземе во ЕУ и да ги удоволиме апетитите на јужниот сосед. Македонија не смее под никакви услови да се откаже од она што е, да се откаже од себеси, од она што ја идентификува како нација и држава. Без континуитет на сопственото постоење би значело откажување од сами себе. Зошто на Македонија како важно географско подрачје на Балканот и Европа, најмирољубива земја која никогаш не била освојувач ниту има претензии кон соседните земји, не може да и се даде шанса да се развие економски и на тој начин бенифициите би биле големи за сите соседни земји па и за ЕУ. Зошто само за Македонија важат посебни услови и секојдневно се прекрстува, прекројува во главите на ‘кројачите на македонската судбина’? Со децении како да трае некоја ‘парализа’ и се спречува напредокот на земјата. Нели народот заслужува подобро место под сонцето?
Македонија и Македонците имаат природен историски легитимитет, а македонскиот народ секогаш низ историјата имал статус на мнозински народ.
Македонија не е ‘експериментално глувче’ со кое треба да се експериментира како да е нов производ на пазарот. Македонската нација, како и сите други нации во светот,се формира во еден одреден простор, си создаде држава на одредена територија - наречена Македонија. Денес никој нема легитимно право да го порекнува постоењето на македонската нација, на постоењето на многувековната држава Македонија па ниту да и го менуваат нејзиното име. Доволно пати е укажано од страна на голем број експерти, историчари, професори, за опасноста од можното менување на името. Многу јасно е дека било каква промена на идентитетот на еден народ покренува сериозни прашања за неговата автентичност,легитимност. Што уште треба да се случи за да се сфати сериозноста од преговарање, договарање , пазарење со македонските национални белези?
Идентитетот на еден народ е нешто вродено, тој е природен факт, одредено со крв и раѓање и е невозможно да се менува. Со македонскиот јазик, со својата историски дефинирана национална припадност, со македонското име, со Уставот, со државното знаме никој не смее да се пазари. Тешко извојувани придобивки кои секој Македонец треба безусловно и континуирано да ги брани како од внатрешните така и од надворешните посегнувачи.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


Преди 108 години, на 4 май 1903 г., край село Баница, Серско, загина в сражение с турския поробител един от най-големите синове на Македония - Гоце Делчев.
Останаха безсмъртни думите му: “Аз разбирам света единствено като поле за културно съревнование между народите!”

Македонија пее

ЦРНА СЕ ЧУМА ЗАДАДЕ

Црна се чума зададе
там' долу в Македонија,
там' долу Демир Капија.
Кој ќе се јунак избере
чумата да ја пропади?
Избрал се јунак, изнашол
млад Делчев, Гоце војвода,
тој појде в Македонија
чумата да ја пропади
од жална Македонија.
Темен се облак зададе
там' долу в Македонија,
там' долу Демир Капија.
Дали се црни облаци,
дал' ми се Турци поганци?
Не ми се црни облаци,
нит' ми се Турци поганци,
тук' ми се одбор комити,
ранет ми јунак носеа,
ранет ми јунак, млад Делчев,
со куршум в срце пронижан.
Делчев дружина говори:
"Дружино верна, зговорна,
кога ќе утре минете
низ моја града Кукуша,
мајка ми ќе ве пречека,
за мене ќе ве попита:
"Дека е Делчев војвода?"
Вие ќе нејзе кажете:
"Млад Делчев ти се посврши
за црната земја робинка,
за жална Македонија."


ГО фАТИЛЕ КЛЕТИ ТУРЦИ

Го фатиле клети турци
едно моме најубаво,
го фатиле клети турци, клети турци,
најубаво во селото.

Му врзале двете раце,
двете раце наопаку,
му врзале двете раце, двете раце,
двете раце наопаку.

Кажи, кажи, лично моме,
кај се крие Гоце Делчев?
Кажи, кажи, лично моме, малој моме,
кај се крие Гоце Делчев?

И да умрам клети турци,
јас за Гоце не кажувам!
И да умрам, да загинам, клети турци,
јас за Гоце не кажувам!


Поезија

ВРЕМЕ Е...

(до грчките творци под истиов ни свод)

Патници сме низ духот и просторот без крај
и ништо не вреди повеќе од нашите траги...
По нив ќе не’ препознаваат живите
кога ќе се идентификуваат по духот и по трагите свои
оти, и тие ќе чекорат низ оваа шир.
Ајде, тогаш, денес да се препознаеме по зборот, по думата,
оти, запишано е за нас дека сме Словото и Зборот
со кои се обликува Љубовта.

Време е да прозбориме за Љубовта.

Љубовта која ќе не’ препознае ко’ браќа и сестри
со Крст и Кандило во рацете…
И да велиме како светиот апостол Павле:
“Да зборувам на сите човечки јазици,
па дури и на ангелски,
штом љубов немам, ништо не сум…
Љубовта е долготрпелива, полна со добрина,
љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се гордее…”
Љубовта останува за да се стремиме кон неа.
И, еве, ко’ патници судбата сретение ни носи…
оти браќа и сестри сме од љубов неовоземска создадени,
за да бидеме Црква и Литургија,
за да бидеме Храм за Евангелието.
А невидени, непрепознати, одродени чекориме.
Затоа, елате браќа и сестри во домов мој
да си згреете души свои по долгиот пат изоден.

Судбата сретение ни носи…

Ако, пак, повеќе сакате јас да дојдам при вас,
отворете ги Светите Двери ширум
Светлината да ја видам кон Светиот Олтар што води.
Ако, пак, Клучот се’ уште Сатаната го таи,
да & се препуштиме на Љубовта, браќа и сестри мои,
и да го запалиме згаснатиот факел на Олимп,
нека блесне светлина божествена на сиот простор,
да го изгониме Ѓаволот - оној кој што не’ раздели
како Каина и Авела, едноутробните;
и да зборуваме за Љубовта, та дури и јазиците да ни се различни,
оти е речено: “Оној кој зборува на јазик непознат,
тој не им зборува на луѓе, туку на Бога…”
Ние, браќа и сестри мои, зборувајќи за Љубовта
со Духот ќе ги кажеме сите тајни кои ќе не’ зближат,
оти на Олимп непознаници нема.
Од овој Сион да го допреме Небото
и од него да позајмиме сноп Светлина,
да се преоблечеме во нејзината убост
за да се препознаеме ко’ браќа и сестри
од едномајчинство и татковство евангелски,
да го пророчиме новиот Ден и да Го поканиме Бога
на нашата заедничка Трпеза на Љубовта
таму горе, на Олимп, каде чукункаменот е Иконата наша
за Молитвата на Љубовта.
Време е да се помолиме…


ПОРАКА ДО ГРЧКИТЕ ПИСАТЕЛИ

Најнапред Човек сум и Македонка, пред се’.
И дрвото има свој идентитет.
И поетеса станав.
Првите две вредности ми се од Бога и од моите родители, а третата е дарение и се учи.
Родена сум во Скопје, главниот град на Република Македонија. Дипломирав на Катедрата за книжевност при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј”, каде сум на постдипломски студии. Книжевното творештво (тринаесет книги) е Мостот преку кој се минува просторот кон непознатото. Во мојот космополитски дух како Македонка, Грција и грчката цивилизација заземаат длабоко инспиративна позиција. Оваа песна е плод токму на таквиот мој дух. Мојата подадена рака го очекува благонаклониот прифат од друга рака. Ете, од тоа зависи и денешниот и утрешниот ден за Балканот и пошироко. Ајде да ги разубавиме денононоЌијата за да им се разубави конечно и на предците и на потомците.
Поздравувајќи Ве, драги грчки колеги, Ви порачувам да ги сплотиме надежите, а безнадежноста да ја свиеме во свивката на минатоста. Да започнеме да го бележиме новото време...

--------------------

ВЛАДИСЛАВА СПИРОСКА


ИМЕТО ВЕКОВИТО

Не тагувај мајко Македонијо
За името твое вековито.
Не крши се како чаша на парчина,
Оти си јака, појака од каменот.
Името мајко не го менуваме
На клетници алчни не му кевуваме.
Зародишот ти е антички
Од богови на Олимп македонски
Име по бог Македон
По Голема мајка неолитска.
Името ти е исковано на пари златни и сребрени
Со лик на цареви и кралеви
Со лавови и рисови монетисано,
Со цркви, манастари
Флори и фауни
Мозаици и пауни апоенисано.
Името ти е мајко кумувано
Од Бог семоќен дарувано
Со крштално во Библија записано.
Името ти е мајко црвено
Од крв македонска пролеана,
А светло златно од Вергина угреано
Со срма во руво завезано
На бајрак Илинденски завеано
Славно во песни опеано
Тажно по семе низ свет расеано.
Не тагувај мајко Македонијо
И во Егеј и во Пустец и на Пирин
Еделвајс самотен, Македонија те вика.
Во срцата македонски тетоважа те имаме
На вратот амајлија те носиме
За род и пород за навек.

ОЛГА ВЕЛЈАНОСКА Ј.


АПОСТОЛЪТ НА МАКЕДОНИЯ

Пет века под сатър. Пет века гниха
дедите ни във робския хомот.
Горчивите сълзи ли те родиха,
кървящата земя ли вдъхна в теб живот

да тръгнеш срещу векове смирение,
с дела и мисъл надживял смъртта,
превърнал свойте дни в богослужение
на святата богиня Свобода,

възправен срещу черната прокоба,
надвиснала от дълги векове,
за да превърнеш сгърбените роби
във хора, що не свеждат вратове?

Повярваха. Кълняха се във тебе,
посрещаха те като божество.
Мъжествено приеха своя жребий
и зрееха за свой’то тържество.

Крила добиха за свободен полет,
ала без тебе щяха да са те –
ти падна в бой в една тревожна пролет.
И Македония осироте...

Но македонецът глава не сведе,
изправи се във целия си ръст –
от теб научил в бъдното да гледа,
той бе готов да носи своя кръст.

ПЕТЪР МИЦКОВ





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting