Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Култура

УНЕСКО ЌЕ И ДОДЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА 100 000 ДОЛАРИ ЗА ПРОЕКТИ ОД КУЛТУРАТА И ОБРАЗОВАНИЕТО

(Преземено од МИМ)


УНЕСКО ќе и додели на Македонија 100.000 долари од редовната програма за партиципација за 2010-2011 година со кои ќе бидат финансирани еден проект од културата и три од образованието и науката. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која е и претседател на Националната комисија на УНЕСКО, денеска на прес-конференција соопшти дека 22 илјади долари од УНЕСКО се наменети за 50-тото издание на Струшките вечери на поезијата, најзначајната поетска манифестација на Балканот чиј јубилеј годинава ќе биде одбележан токму под покровителство на Организацијата на ОН за образование, наука и култура.

Во рамки на јубилејот, на крајот на месецов во седиштето на УНЕСКО во Париз ќе биде претставен академик Матеја Матевски, кој е добитник на Златниот венец на СВП за 2011 година и ќе биде промовиран филм посветен на фестивалот.

Останатите средства од донацијата на УНЕСКО се за два проекта од образованието и еден од науката.

Покрај 100-те илјади долари, УНЕСКО дополнително ќе поддржи уште два проекта од културата - 20 илјади долари за печатење на зборникот од втората верска конференција во Охрид (за чие одржување лани намени и 80.000 долари), како и 21.500 евра за клубовите на УНЕСКО во Македонија, чија цел е промоција на меѓуетнички дијалог.
- Станува збор за значајна поддршка, која е сер иозна потврда за одличните односи меѓу Република Македонија и кои во континуитет ги негуваме заедно со УНЕСКО, рече Канческа-Милевска.

Таа информираше и за одлуката на УНЕСКО за номинација на археоастрономскиот локалитет Кокино, каде што се наоѓа мегалитската опсерваторија, за впишување во листата на светско наследство, на која Македонија засега го има само Охрид.
- Центарот на УНЕСКО за светско културно наследство го информираше Министерството за култура дека досието за номинација на Кокино ги исполнува сите технички барања и дека е испратено на понатамошна евалуација, рече Канческа-Милевска, додавајќи дека тоа е голема можност да добиеме уште едно заштитено богатство, покрај Охрид и Охридското Езеро, впишани во УНЕСКО пред 31 година.

Генералниот секретар на Националната комисија на УНЕСКО Лидија Топузовска додаде дека за реалативно кус период, но со многу работа е направена солидна апликација.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


ВСЕМАКЕДОНСКИ СЪБОР В МЕЛНИК
На 17 април 2011 г. в гр. Мелник ще се проведе всемакедонски събор по повод 96-годишнината от убийството на големия македонски революционер Яне Сандански. Запланувано е участието на изпълнители на македонски песни от Р Македония и Р България. Всички са поканени.
Съборът ще започне в 11.00 часа.
Организатори са ОМО „Илинден”-ПИРИН, ТМО ВМРО (независима), КПД„Илинден”, в. „Народна воля”, бюлетин “Македонски глас”, Дружество на репресираните македонци в България, КПД “Никола Вапцаров”, Македонско християнско братство „Пророк Свети Илия”,КПД “Цар Самуил” и Сдружение “Победа”.

Македонија пее

КОГА ПАДНА НА ПИРИНА

Кога падна на Пирина,
ранет Јане Сандански,
долетеа три сокола
и на Јане збореа:

“Ај Јане со нас појди,
ние лек Ќе најдеме.
Мајка Македонија
за таков јунак лек Ќе најде. (2)

Први сокол Ќе те носи
долу крај Вардарот.
Втори сокол Ќе те носи
дур’ на Белото Море.
Трети сокол Ќе те носи
горе, в Пирин Планина.
Белким ти Ќе оздравиш,
Македонија да ослободиш.” (2)

“Ојте вие три соколи,
в срце луто сум ранет,
остајте ме тук’ да умрам,
лек ме не лекува.
Македонија други Ќе роди
Ќе ја ослободат.
Мајка Македонија,
други Ќе роди, Ќе ја ослободат.”


СОЛУНСКИТЕ ГЕМИЏИИ

Солун пролетта деветсто третата
силни гемии се потопени
кај што грмат експлозиите
таму гинат Македонците.

Сами решија за својата судбина
со нив имаа една заклетва
ропски веќе не се живее
храбро треба да се загине.

Македонијо на глас запеј ти со нас
Македонијо и ти чеда погледни
прегрни ги твојте синови
солунските гемиџии.

Младост убава не ја сетија
Живот дадоа и не се жалеа
да ја чуе цела Европа
вистината за Македонија.

Над Бело Море галеб летеше
абер носеше за мачениците
под Пиринот и крај Вардарот
бие гласот на непокорот.

Македонијо на глас запеј ти со нас
Македонијо и ти чеда погледни
прегрни ги твојте синови
солунските гемиџии.


О Б Я В А
Продаваме селскостопанска земя общо 60 декара в село Марикостиново, Петричко.
За справки:
- мобилен телефон 0877 592 504, домашен 0431/ 831 48, гр. Казанлък – Ангелина;
- мобилен телефон 0897 410 702, домашен 0431/ 870 10, гр. Казанлък – Мария.

Поезија

ДА НИ Е ЖИВА ПЕСНАТА

Посвещавам на светлата
памет на моите братя
Борислав и Любомир Мицкови


Аз съм внук на орли,
построявали сини гнезда
на възбог,
в поднебесната вис
с много слънце.
Аз съм внук на орли,
неиздъхнали тихо в гнездата си
покорéни и покóрни.

Аз съм син на орли,
родени във сини гнезда
с много слънце,
люляни във слънчеви люлки,
и със първия мах на крилата си
летели към слънцето.
Аз съм син на орли,
умирали в полет –
непокóрни и непокорéни.

Аз съм внук на орли.
Аз съм син на орли.
За полет свободен роден съм.

Но отрано отрязаха мойте крила,
хищни люде
заграбиха синята люлка,
хищни пръсти
отнеха ми слънцето.

Как копнея по него сега,
всяка клетка във мене копнее,
полудява от страстния зов
на вечния химн на простора.

Аз те нося в сърцето си,
моя люлко под синята вечност
с много слънце.
Покорéн не значи покóрен.
В мен пулсира кръвта на орли
и корените на крилата ми са живи.
Ще израстат отново моите крила –
могъщи, здрави
и верен на завета на дедите си
ще полетя във синия простор –
законно мое право на наследник.
И ако трябва да умра за него,
като орел ще падна –
в полет,
непокóрен и непокорéн.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting