Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Македонија - Велика Британија

ДИРЕКТНИ КОНТАКТИ ЗА ПОДОБРА СОРАБОТКА

(Преземено од МИМ)


Велика Британија годинава првпат се наоѓа во групата пет држави со кои Македонија има најголема трговска размена, но економската соработка на двете земји се уште далеку заостанува зад реалните можности. Со цел подобро запознавање, унапредување на односите, интензивирање на бизнис контактите и реализирање повеќе инвестиции, македонските стопански комори денеска потпишаа Меморандум за разбирање со девет стопански комори од Велика Британија.
Туризмот, земјоделството, металната и прехранбената индустрија се секторите со најголем потенцијал за соработка. Македонија е посебно атрактивна зашто нуди евтин, но висококвалификуван кадар и има потенцијал да привлече британски инвестиции.
„Денешната средба на стопанствениците е мотивација македонските компании да ги увидат можностите во Велика Британија, но и британските компании да научат повеќе за Македонија. Не е секогаш доволно само владите да даваат поддршка. Британските комори тука слушнаа за повеќето добри примери на инвестиции, не само за „Џонсон Мети“. Во Македонија има многу британски вложувања и многу добри примери. Тоа треба да им се претстави на нашите фирми за потоа тие нивните искуства да ги пренесат во Велика Британија“, рече британскиот амбасадор во Македонија Кристофер Ивон по потпишувањето на Меморандумот.
Целта е, додаде Ивон, на британските бизнисмени да им се претстават условите во Македонија врз основа на што тие ќе се одлучат за евентуални инвестиции. - Владите не носат одлуки за инвестирање, затоа е важно на компаниите да им се даде платформа и да се потенцира дека Велика Британија е отворена за бизнис, порача амбасадорот.
Според него, во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија има многу позитивни пораки за макроекономската стабилност и политиката кои влеваат доверба.
Министерот за економија Фатмир Беиеми посочи дека само тие што комуницираат може да се разберат, а за да се случи соработка во бизнисот треба да се искажат интерсите.
„Со денешната иницијатива правиме чекор во таа насока. Се воспоставува повисоко ниво на комуникација меѓу бизнис заедниците. Тоа ќе овозможи подобрување на нашите економски перспективи, подинамичен раст, поголема конкурентност, отворање повеќе работни места и подобар животен стандард. За ова да успее не е доволно само политика, потребна е комуникација и реализирање бизнис, а овие процеси реално може да ги води бизнис заедницата“, истакна Бесими.
Трговијата со Велика Британија лани достигна околу пет отсто, а претходно изнесуваше само 1,5 проценти. Околу три отсто од вкупните странски инвестиции во земјава се британски, а само еден процент од вкупниот број туристи што ја посетуваат Македонија се Британци.
Стопанствениците го посочија слабото познавање на македонската економија од британска страна како клучна причина за досегашното ниско ниво на деловна комуникација.
„Економските односи меѓу двете земји од аспект на обем и вредност можеби не се големи, но се значителни. Бројките не кореспондираат со инвестициската глобална активност на Велика Британија и со големината на британската економија. За нас ќе бидат особено битни заедничките вложувања и трансферот на технологии“, нагласи Митко Алексов од Сојузот на стопански комори.

   НАРОДНА ВОЛЈА
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
СМЕЕ ЛИ ТРЕТИ МАРТ (САН СТЕФАНО) ДА БИДЕ БУГАРСКИ НАЦИОНАЛЕН ДЕН?
Читај
В ЧЕСТ НА МАКЕДОНСКОТО (КРЕСНЕНСКО) ВЪСТАНИЕ
Читај


ВСЕМАКЕДОНСКИ СЪБОР В МЕЛНИК
На 17 април 2011 г. в гр. Мелник ще се проведе всемакедонски събор по повод 96-годишнината от убийството на големия македонски революционер Яне Сандански. Запланувано е участието на изпълнители на македонски песни от Р Македония и Р България. Всички са поканени.
Съборът ще започне в 11.00 часа.
Организатори са ОМО „Илинден”-ПИРИН, ТМО ВМРО (независима), КПД„Илинден”, в. „Народна воля”, бюлетин “Македонски глас”, Дружество на репресираните македонци в България, КПД “Никола Вапцаров”, Македонско християнско братство „Пророк Свети Илия”,КПД “Цар Самуил” и Сдружение “Победа”.

Македонија пее

КОГА ПАДНА НА ПИРИНА

Кога падна на Пирина,
ранет Јане Сандански,
долетеа три сокола
и на Јане збореа:

“Ај Јане со нас појди,
ние лек Ќе најдеме.
Мајка Македонија
за таков јунак лек Ќе најде. (2)

Први сокол Ќе те носи
долу крај Вардарот.
Втори сокол Ќе те носи
дур’ на Белото Море.
Трети сокол Ќе те носи
горе, в Пирин Планина.
Белким ти Ќе оздравиш,
Македонија да ослободиш.” (2)

“Ојте вие три соколи,
в срце луто сум ранет,
остајте ме тук’ да умрам,
лек ме не лекува.
Македонија други Ќе роди
Ќе ја ослободат.
Мајка Македонија,
други Ќе роди, Ќе ја ослободат.”


СОЛУНСКИТЕ ГЕМИЏИИ

Солун пролетта деветсто третата
силни гемии се потопени
кај што грмат експлозиите
таму гинат Македонците.

Сами решија за својата судбина
со нив имаа една заклетва
ропски веќе не се живее
храбро треба да се загине.

Македонијо на глас запеј ти со нас
Македонијо и ти чеда погледни
прегрни ги твојте синови
солунските гемиџии.

Младост убава не ја сетија
Живот дадоа и не се жалеа
да ја чуе цела Европа
вистината за Македонија.

Над Бело Море галеб летеше
абер носеше за мачениците
под Пиринот и крај Вардарот
бие гласот на непокорот.

Македонијо на глас запеј ти со нас
Македонијо и ти чеда погледни
прегрни ги твојте синови
солунските гемиџии.


О Б Я В А
Продаваме селскостопанска земя общо 60 декара в село Марикостиново, Петричко.
За справки:
- мобилен телефон 0877 592 504, домашен 0431/ 831 48, гр. Казанлък – Ангелина;
- мобилен телефон 0897 410 702, домашен 0431/ 870 10, гр. Казанлък – Мария.

Поезија

ДА НИ Е ЖИВА ПЕСНАТА

Посвещавам на светлата
памет на моите братя
Борислав и Любомир Мицкови


Аз съм внук на орли,
построявали сини гнезда
на възбог,
в поднебесната вис
с много слънце.
Аз съм внук на орли,
неиздъхнали тихо в гнездата си
покорéни и покóрни.

Аз съм син на орли,
родени във сини гнезда
с много слънце,
люляни във слънчеви люлки,
и със първия мах на крилата си
летели към слънцето.
Аз съм син на орли,
умирали в полет –
непокóрни и непокорéни.

Аз съм внук на орли.
Аз съм син на орли.
За полет свободен роден съм.

Но отрано отрязаха мойте крила,
хищни люде
заграбиха синята люлка,
хищни пръсти
отнеха ми слънцето.

Как копнея по него сега,
всяка клетка във мене копнее,
полудява от страстния зов
на вечния химн на простора.

Аз те нося в сърцето си,
моя люлко под синята вечност
с много слънце.
Покорéн не значи покóрен.
В мен пулсира кръвта на орли
и корените на крилата ми са живи.
Ще израстат отново моите крила –
могъщи, здрави
и верен на завета на дедите си
ще полетя във синия простор –
законно мое право на наследник.
И ако трябва да умра за него,
като орел ще падна –
в полет,
непокóрен и непокорéн.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting