Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Култура

“ЗЛАТЕН ВЕНЕЦ” НА СВП ЗА МАТЕЈА МАТЕВСКИ

(Преземено од МИМ)


Академик Матеја Матевски е годинашен лауреат на „Златниот венец“ на „Струшките вечери на поезијата“. Одлуката за доделувањето на ова престижно признание на вчерашната средба со новинарите ја соопшти претседателот на Управниот одбор на манифестацијата, Славе Ѓорѓо Димоски. Одлуката ја поздравија и министерката за култура, Елизабета Канчевска-Милеска и претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Георги Старделов.

Матеја Матевски на македонската и светската литературна јавност и е познат како поет, литературен и театарски критичар, есеист и преведувач. Роден е на 13 март 1929 година во Истанбул. Студирал во Скопје каде дипломирал на Филозофскиот факултет на групата македонски јазик и југословенска литература. По завршувањето на студиите работел како новинар во македонската радио телевизија, каде бил продуцент на литературно културната програма, а подоцна станува главен продуцент и директор на Радио телевизија Скопје. Извесен период бил претседател на Републичката комисија за културни врски со странство и член на претседателството на СР Македонија, како и уредник на литературните списанија: „Млада литература“ и „Разгледи“ и на издавачката куќа „Кочо Рацин“. Академик Матевски во еден мандат беше претседател на Македонскиот ПЕН центар и на советот на „Струшките вечери на поезијата“, „Рацинови средби“, на „Охридско лето“ итн. Основач е на неколку друштва, член на МАНУ од 1979 година и добитник на бројни национални и меѓународни литературни награди.

По повод доделеното признание, академик Матеја Матевски ја упати следнава порака: „Да се биде во Струга и со Струга за мене беше отсекогаш голема возбуда и радост, неповторливо чувство што воопшто може да го исполни поетот и човекот. Учесник од основањето на „Струшките вечери на поезијата“ со првата генерација македонски поети, со моите врсници и современици на првите гласови на нашата преродба-Учителот Димитрија и Првиот лиричар на македонски јазик-Константин Миладинов, го изодев заедно со нив нивното половина столетие. Возбудата од зборовите на стотиците и илјади поети што ги озарија од Мостовите охридските и струшките брегови, не исполнуваше од година во година и не облагородуваше и нас и светот со своето длабоко чувство за убавина, добрина и човечност. Чест и голема привилегија беше за генерациите поети на ова „смачкано племе“ како што пееше и тагуваше нашиот венцоносец Блаже Конески, племе што минувало и уште минува низ болни премрежиња и на сите „племиња“ на нашава мала Македонија, славејќи ја поезијата, со неа како со единствен клуч и оружје на поетот, да ги отвараат границите на големиот свет, за сите создатели на песната, за сите различности на народите и земјите, на јазиците и поетиките во чие јадро се вградени во трајно единство естетиката, етиката и човештината. Токму таквиот порив овозможи малиот и скромен собир на македонските и на други поети од тогашна Југославија, одржан во Струга во 1961 година, веќе во 1964 година да ги отвори прв затвораните и тревожни балкански граници, за да стане потоа средиште во кое се собираат гласовите на континентите на сета планета во големо братство на поезијата. Струга, продолжува Матевски, и самата повеќејазична и мултикултурна, вечерите на поезијата, космополитски и универзални по дух, со љубов и почит кон секој глас и збор што искажувајќи се себеси го искажува битието на својот јазик, народ и на заедничкото во човекот, и поетите со својот сензибилитет, со соништата на својата верба во осамнатиот збор, во совладувањето на самотата и болот, во одбрана од злото во човекот и од човекот во времево зобриено од спротивности и угрози, во пеењето за животот наспроти ништото, му ги испраќаа и испраќаат на овој свет благородните пораки од соништа и надеж.

За мене, подвлече Матевски, и за сите поезијата и Струга беа и се наш остваруван сон и стварност, барем во оние неколку дена, загледани во иднината, во иднината на поезијата, на нашата и на човекот. Среќен сум што заедно со толку многу учители, современици и пријатели што сиве овие години со своите стихови ја почестуваа и ги честеше Струга, го сонував и остварував, и можам да речам со радост дека го иссонував тој убав сон.

Пред половина столетие, завршува Матевски, тука во Струга, бевме озарени од Константиновата носталгична зора што ја „греит душата“ и од светлината на муграта, на мечтаената Рацинова посестрима. Таа светлина и денес блеска. Ова е за мене свечен миг на срдечна благодарност за укажаната чест од моите колеги македонски поети и од поезијата чиј скромен дел ја имам среќата да бидам. Да си посакаме нам и на сите посветени на завлекот на поетскиот збор, Струшките вечери да продолжат по својот пат на убавината загледани во сонцето на поезијата што изгрева и никогаш не заоѓа“.

Најстарата културна манифестација во земјава, поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата годинава одбележува 50 години постоење и по тој повод организаторите предвиделе богата програма и учество на сите живи досегашни лауреати на наградата „Златен венец“ на СВП, реконструкција на Домот на браќата Миладиновци и бројни луксузни изданија.

   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај


ВСЕМАКЕДОНСКИ СЪБОР В МЕЛНИК
На 17 април 2011 г. в гр. Мелник ще се проведе всемакедонски събор по повод 96-годишнината от убийството на големия македонски революционер Яне Сандански. Запланувано е участието на изпълнители на македонски песни от Р Македония и Р България. Всички са поканени.
Съборът ще започне в 11.00 часа.
Организатори са ОМО „Илинден”-ПИРИН, ТМО ВМРО (независима), КПД„Илинден”, в. „Народна воля”, бюлетин “Македонски глас”, Дружество на репресираните македонци в България, КПД “Никола Вапцаров”, Македонско християнско братство „Пророк Свети Илия”,КПД “Цар Самуил” и Сдружение “Победа”.

Македонија пее

КОГА ПАДНА НА ПИРИНА

Кога падна на Пирина,
ранет Јане Сандански,
долетеа три сокола
и на Јане збореа:

“Ај Јане со нас појди,
ние лек Ќе најдеме.
Мајка Македонија
за таков јунак лек Ќе најде. (2)

Први сокол Ќе те носи
долу крај Вардарот.
Втори сокол Ќе те носи
дур’ на Белото Море.
Трети сокол Ќе те носи
горе, в Пирин Планина.
Белким ти Ќе оздравиш,
Македонија да ослободиш.” (2)

“Ојте вие три соколи,
в срце луто сум ранет,
остајте ме тук’ да умрам,
лек ме не лекува.
Македонија други Ќе роди
Ќе ја ослободат.
Мајка Македонија,
други Ќе роди, Ќе ја ослободат.”


СОЛУНСКИТЕ ГЕМИЏИИ

Солун пролетта деветсто третата
силни гемии се потопени
кај што грмат експлозиите
таму гинат Македонците.

Сами решија за својата судбина
со нив имаа една заклетва
ропски веќе не се живее
храбро треба да се загине.

Македонијо на глас запеј ти со нас
Македонијо и ти чеда погледни
прегрни ги твојте синови
солунските гемиџии.

Младост убава не ја сетија
Живот дадоа и не се жалеа
да ја чуе цела Европа
вистината за Македонија.

Над Бело Море галеб летеше
абер носеше за мачениците
под Пиринот и крај Вардарот
бие гласот на непокорот.

Македонијо на глас запеј ти со нас
Македонијо и ти чеда погледни
прегрни ги твојте синови
солунските гемиџии.


О Б Я В А
Продаваме селскостопанска земя общо 60 декара в село Марикостиново, Петричко.
За справки:
- мобилен телефон 0877 592 504, домашен 0431/ 831 48, гр. Казанлък – Ангелина;
- мобилен телефон 0897 410 702, домашен 0431/ 870 10, гр. Казанлък – Мария.

Поезија

ДА НИ Е ЖИВА ПЕСНАТА

Посвещавам на светлата
памет на моите братя
Борислав и Любомир Мицкови


Аз съм внук на орли,
построявали сини гнезда
на възбог,
в поднебесната вис
с много слънце.
Аз съм внук на орли,
неиздъхнали тихо в гнездата си
покорéни и покóрни.

Аз съм син на орли,
родени във сини гнезда
с много слънце,
люляни във слънчеви люлки,
и със първия мах на крилата си
летели към слънцето.
Аз съм син на орли,
умирали в полет –
непокóрни и непокорéни.

Аз съм внук на орли.
Аз съм син на орли.
За полет свободен роден съм.

Но отрано отрязаха мойте крила,
хищни люде
заграбиха синята люлка,
хищни пръсти
отнеха ми слънцето.

Как копнея по него сега,
всяка клетка във мене копнее,
полудява от страстния зов
на вечния химн на простора.

Аз те нося в сърцето си,
моя люлко под синята вечност
с много слънце.
Покорéн не значи покóрен.
В мен пулсира кръвта на орли
и корените на крилата ми са живи.
Ще израстат отново моите крила –
могъщи, здрави
и верен на завета на дедите си
ще полетя във синия простор –
законно мое право на наследник.
И ако трябва да умра за него,
като орел ще падна –
в полет,
непокóрен и непокорéн.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting