Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Кон корените на македонската национална мисла

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ

Крсте Петков Мисирков
(Продолжува од минатиот број)



За праописот као и за праецот на нашето културно развиiаiн'е ке требит тука да се напраат неколку забелешки. Праописот на iеден iазик, као и изработуаiн'ето на iеден литературен iазик можит да идит постепено и полусознател'но. iеден чоек од iеден народ, шчо немат писменост, можит да изучит азбуката од iеден народ по културен од негоиiот. Тоi чоек можит да употребуат туг'ата азбука и за гласои од негоиiот iазик, или да изложит своiите мисли со помок'та на туг'а азбука. Но ако во негоиiот iазик се имаат гласои, коiи се немаат во iазикот, от коi шчо се позаiмуат азбуката, тогаi позаiмуачот на туг'ата азбука ке напраит некоiи изменеiн'а и дополнеiн'а во неiа, со коiи ке бидит означена разликата во гласоите мег'у двата iазика. Таiа позаiмена и преработена азбука се предаат от колено на колено и со предаiн'ето се изменуат и се дотеруат до своiствата на iазикот на позаiмуачите. Така постепено и неосетно се изработуваат азбуките у по некултурните народи од додир со по културни народи. Но таква постепеност имат место,ако два саседни народи сет во не iеднакви политични прилики, ке се речит, iедниiот, т.е. по културниiот народ господаруат, а другиiот, по некултурниiот народ iет заробен, или наi малу немат полна политична слободиiа. Но инак одат работите, ако двата народи имат своiи држаи. Во таков случаi позаiмуаiн'ата, особено културните, биваат по сознател'но и по скоро. Така рисiанството и писменоста каi нас македонците се имат зафатено наi рано от сите словенцки народи. Они се распространуваа со векои и идеа одоздолу на горе. За тоа во историiата нишчо не се зборуат за покрстуаiн'ето на нашиiот народ. Но со покрстуаiн'ето секоi пат имат идено и писменоста. Со замолчуаiн'ето на нашето покрстуаiн'е се замолчуат и процесот на образуаiн'ето на нашата писменост.
И така нашето дуовно препородуаiн'е и просветеiн'ето каi нас, па и изработуаiн'ето на нашата писменост, заради географцките и историiцки прилики, имаат земено во првата ил'адогодишнина по Р. Хр. инаков ход, а у друзите праославни словени инаков. Каi нас тоа се извршуат постепено и незабележано, каi ниф брзо и со извесна тенденциiа.
От турцкото завоiуваiн'е на Балканцкиiот полуостров стана iедна премена. Турцкото господство ни пресече сите врски со нашата старина. Наi тешко се отрази оно на Македониiа, као централна провинциiа, па затоа во тоа време, кога у друзите праославни словени постепено се изработуаше писмениот iазик и праописот, ниiе се поеке се обезличаафме и готоо сосем се откажафме од нашиiот iазик, као орган на литературна реча. Од време на време во течеiн'е на цел XIX век ниiе имаме опитуачки да се пишит на македонцки, но зарди некоiи историiцки причини тиiе опитуачки не се овенчаа со успеф, каков би можело да се очекуат од ниф.
Литературните опитуачки на македонцките писачи во XIX век немаа за жалост таков значаi, да задобиiат последуачи, затоа, ако и сега во XX в. видиме некоiи опитуачки да се пишит на македонцки, то тоа се не праит сознател'но и од некакви патриотични влечеiн'а и цели, а само за забаа.Во тоа се состоит разликата во нашето, т.е. македонцкото дуовно-национално возродуаiн'е, от тоа на друзите праославни словенцки народи, со друзи зборои: као шчо по напред ниiе постепено и први се просветуафме со рисiанство и со писмо, а друзите словени - после нас и на брзо, така пак сега, во тоа време, кога сите праославни словени постепено си изработиiа своiи литературни iазици, своiи богати литератури и постепено изработени праописи, ниiе остааме назад от сите, туку речи, без литературни традициiи, не затоа, што и немаме, а зашчо заборааме своiето, изучааiки туг'ето.
Ниiе сега со брзина ке требит да разработиме нашиiот литературен iазик, да устаноиме нашиiот праопис и да создадиме iедна наша литература, коiа ке одгоарат на сите наши нужди. Со нашето сегашно национално возродуаiн'е ниiе се протиостааме на друзите праославни, словени, као шчо се протиостаафме и напред: тогаi бефме први во дуовното препородуаiн'е, коiе каi нас беше бавно, а каi ниф скоро, сега наопако; тогаi они нас сакаа да не достигнат и работеа со извесна тенденциiа и брзина, сега наопаку.
Во зависност от тоа, како се имат развиiано iеден народ и негоиiот iазик. и правописот можит да бидит различен. Ако iеден народ само постепено си изработуат своiето писмо и нето го преработуат и притоа во негоата историiа се немаат таквиiа собитиiа, шчо iа преполоуваат и праат цела пропаст мег'у iедната, т.е. старата и другата или ноата неiна полоина, - писмениiот iазик и праописот содржаат во себе много таквиiа особини, коiи немаат реална вредност во гласоите на сегашното стаiн'е на iазикот. Но, ако во историiата на културното развиiаiн'е на iеден народ се имаат два периода, мег'у коiи се имат iеден, као треки, но коi шчо iет период од застоi и iет као непрелазна стена мег'у ниф, - тогаi во новиiот период на развиiаiн'ето на националното самосознанi'е имаме препорадуаiн'е на народниiот дух, коiе стаат вистина на стара осноа, но во него влиiаат много нои начела, согласно со дуот на времето и со специалните потреби на народниiот жиот и негоите проiауаiн'а. Тоа препородуаiн'е се одбележуат и во книжниiот iазик и праописот: како iедниiо, така и другиiот сет горе долу слободни од некоiи традициiи, коiи не сет согласни со современото стаiн'е на разгоорниiот iазик.
И така историiата на културното развиаiн'е на народите, согласно со неiниот ход, содеiствуват: или на чисто етимологиiцки или историiцки праопис, или на бркан - етимологиiцко-фонетичен или историiцко-фонетичен, или наi после на чисто фонетичен праопис.
Трите вида от праопис зависат от по големата или по малата приврзаност кон старото или ноото стаiн'е на iеден разтоорен или литературен iазик. iедеiн'от от трите праописа се усвоiуат за iеден литературен iазик у iеден народ, шчо се возродуат, главно во зависност от та тенденциiа, шчо госпоствуат при народното возродуаiн'е.
iедно iет така, то и нашиiот праопис и праецот на нашиiот литературен iазик ке требит да бидат во полна зависност од та тенденциiа, коiа ке не раководит нас при нашето национално возродуаiн'е. Каква можит да бидит таiа тенденциiа се видит от таiа книга. Но iас ке си дозвол'ам да повторам. Она iет: прво, Македониiа да се неутралисат за Бугариiа и Србиiа и да се оддалечит iеднакво од двете држаи и друго, она требит да се обiединит на iазична осноа. Тиiе принципи ке ракоодат изработуаiн'ето на литературниiот наш iазик; они ке ракоодат и праописот. На тиiе два принципа одгоарат: 1, Прилепцко-Битол'цкото наречиiе за литературен iазик, као iеднакво далеко и от србцкиiот и бугарцкиiот iазици, и централно во Македониiа. 2, фонетичниiот праопис со употребените во таiа книга писмени знакои и со мали отстапки на етимологиiата и 3, речничниiот материiал да iет собраiн'е от сите македонцки наречиiа.

(Продължава в следващия брой)

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


ВСЕМАКЕДОНСКИ СЪБОР В МЕЛНИК
На 17 април 2011 г. в гр. Мелник ще се проведе всемакедонски събор по повод 96-годишнината от убийството на големия македонски революционер Яне Сандански. Запланувано е участието на изпълнители на македонски песни от Р Македония и Р България. Всички са поканени.
Съборът ще започне в 11.00 часа.
Организатори са ОМО „Илинден”-ПИРИН, ТМО ВМРО (независима), КПД„Илинден”, в. „Народна воля”, бюлетин “Македонски глас”, Дружество на репресираните македонци в България, КПД “Никола Вапцаров”, Македонско християнско братство „Пророк Свети Илия”,КПД “Цар Самуил” и Сдружение “Победа”.

Македонија пее

КОГА ПАДНА НА ПИРИНА

Кога падна на Пирина,
ранет Јане Сандански,
долетеа три сокола
и на Јане збореа:

“Ај Јане со нас појди,
ние лек Ќе најдеме.
Мајка Македонија
за таков јунак лек Ќе најде. (2)

Први сокол Ќе те носи
долу крај Вардарот.
Втори сокол Ќе те носи
дур’ на Белото Море.
Трети сокол Ќе те носи
горе, в Пирин Планина.
Белким ти Ќе оздравиш,
Македонија да ослободиш.” (2)

“Ојте вие три соколи,
в срце луто сум ранет,
остајте ме тук’ да умрам,
лек ме не лекува.
Македонија други Ќе роди
Ќе ја ослободат.
Мајка Македонија,
други Ќе роди, Ќе ја ослободат.”


СОЛУНСКИТЕ ГЕМИЏИИ

Солун пролетта деветсто третата
силни гемии се потопени
кај што грмат експлозиите
таму гинат Македонците.

Сами решија за својата судбина
со нив имаа една заклетва
ропски веќе не се живее
храбро треба да се загине.

Македонијо на глас запеј ти со нас
Македонијо и ти чеда погледни
прегрни ги твојте синови
солунските гемиџии.

Младост убава не ја сетија
Живот дадоа и не се жалеа
да ја чуе цела Европа
вистината за Македонија.

Над Бело Море галеб летеше
абер носеше за мачениците
под Пиринот и крај Вардарот
бие гласот на непокорот.

Македонијо на глас запеј ти со нас
Македонијо и ти чеда погледни
прегрни ги твојте синови
солунските гемиџии.


О Б Я В А
Продаваме селскостопанска земя общо 60 декара в село Марикостиново, Петричко.
За справки:
- мобилен телефон 0877 592 504, домашен 0431/ 831 48, гр. Казанлък – Ангелина;
- мобилен телефон 0897 410 702, домашен 0431/ 870 10, гр. Казанлък – Мария.

Поезија

ДА НИ Е ЖИВА ПЕСНАТА

Посвещавам на светлата
памет на моите братя
Борислав и Любомир Мицкови


Аз съм внук на орли,
построявали сини гнезда
на възбог,
в поднебесната вис
с много слънце.
Аз съм внук на орли,
неиздъхнали тихо в гнездата си
покорéни и покóрни.

Аз съм син на орли,
родени във сини гнезда
с много слънце,
люляни във слънчеви люлки,
и със първия мах на крилата си
летели към слънцето.
Аз съм син на орли,
умирали в полет –
непокóрни и непокорéни.

Аз съм внук на орли.
Аз съм син на орли.
За полет свободен роден съм.

Но отрано отрязаха мойте крила,
хищни люде
заграбиха синята люлка,
хищни пръсти
отнеха ми слънцето.

Как копнея по него сега,
всяка клетка във мене копнее,
полудява от страстния зов
на вечния химн на простора.

Аз те нося в сърцето си,
моя люлко под синята вечност
с много слънце.
Покорéн не значи покóрен.
В мен пулсира кръвта на орли
и корените на крилата ми са живи.
Ще израстат отново моите крила –
могъщи, здрави
и верен на завета на дедите си
ще полетя във синия простор –
законно мое право на наследник.
И ако трябва да умра за него,
като орел ще падна –
в полет,
непокóрен и непокорéн.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting