Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Позиција

БАЛКАНСКО ДИВЈАШТВО

Проф. Стефан Влахов-Мицов


Голем е бројот на примерите во светската историја кога индивидуалци и општества си ја пренапишуваат биографијата за да ја изгледаат поавторитетно. И целата нивна енергија оди на таа дејност, не им останува време за вистинскиот живот, т.е. за вистинската биографија. Лошото во тие експерименти е што можеш да си ја разубавиш јавната слика, но не можеш да си ја скриеш суштината. Слично како да имаш вошка на главата, таа секогаш се јавува во најнепогодниот момент за тебе.

Токму во моментот кога Владата на Борисов од девет реки носи вода за да ја убеди ЕУ да ја прими Бугарија во шенген-зоната, се објави статистиката дека полициското насилство во државата трипати се зголемило и дека секој ден во полициските станици умираат затвореници. Со други зборови, по влегувањето на Бугарија во ЕУ, полицијата толку многу се активирала што веќе тепа и во своето слободно време (според насловот во еден весник). Ако државата влезе во шенген, прогнозите за само петмилионско население ќе станат реалност многу порано. Тие ѕверства, впрочем, не се карактеристични само за власта. Во момент кога историчари-фантазери како Божидар Димитров и Николај Овчаров пропагираат дека „чудата на Бугарија“ бараат светско признание, светот навистина се потресе, само од варварскиот обичај на бесење кучиња. Од двете страни на реката се поставуваат колци со стапица меѓу нив, а кога кучето ќе влета во неа, колците се оддалечуваат. Кучето се врти во круг над водата, а кога јажето ќе се одмота - тоа паѓа во водата. Аргументите на изведените обичаи е што во повеќето случаи кучињата се спасуваат, иако остануваат измачени и со стрес. Освен тоа, „бесењето“ било за здравје и бериќет. Кметот на градот Царево, каде што се изведува обичајот, Петко Арнаудов дури тврди дека „древните традиции може да не уништат како Бугари“. Според познатиот режисер Стилијан Иванов: „Тоа е примитивен чин, кој го покажува дното до кое стасал Бугаринот. Наместо да се обраќа кон цивилизациските вредности, тој се враќа кон некакви простачки обичаи. Се оддалечува не само од Европа туку и од својата христијанска религија. Имено, такви појави се причина нашинецот да живее како скот. Жално е што некакви простаци, неуки луѓе, ги толкуваат преданијата така што ги измачуваат послабите за да си осигурат подобар живот. Варвари е комплимент за селанчиштата од Странџа“. Очевидци признаваат дека ако човек првпат го гледа тој обичај, може да добие инфаркт. Но, за луѓето од Југоисточна Бугарија тоа е национален капитал. Протестите на повеќе од 30 држави го принудија премиерот Борисов од кумов срам (од немајкаде) да го осуди обичајот. Индикативно е што тоа варварство било многу популарно во Бугарија и во време на капитализмот и во социјализмот. Тодор Живков, а пред него и Волко Червенков, со задоволство ги посетувале местата за „бесење“. Кога си навикнал на бесење луѓе, не може да ти прави впечаток бесењето кучиња. Организаторите на обичајот, пак, се заканија дека со жив ѕид ќе ја бранат историската традиција.

Познато е дека секој народ си ги заслужува владетелите, зашто тие се дел од тој народ и од него ја добиваат власта. Штом примитивизмот продолжува да биде дел од суштината на Бугарите, логично е да го најдеме и во полицијата, и во парламентот. Избирачите гласаат за луѓе со кои се идентификуваат. Ако се идентификуваат де со едни, де со други, де со трети итн. тоа значи дека ти недостасува социјална, морална, идејна вредност. Со два збора, тоа е општество на беспаќе. Ете зошто „Ние сме вечната жртва - на Византијците, на Турците, на Европејците, на преминот, на организираната антибугарска кампања и премногу често - на УЕФА“, пишува Никола Пенев, доктор по математика од Универзитетот „Стенфорд“, по повод неодамнешниот празник 3 Март. Таквите празници се добра можност да се сфати нивото на простотијата и незнаењето во едно општество. Вклучително и од страна на новинарите и на политичарите. Во парламентот, депутатите од „Атака“ речиси стигнаа до војна со секоја друга парламентарна група, зашто не прифатиле да го прифатат османлиското владеење како „геноцид врз Бугарите“. Но, никој од „газираните националисти“ (како што ги нарече познатиот историчар проф. Андреј Пантев), не сака да си го постави прашањето: Ако еден народ во продолжение на два века е под византиско ропство, пет века под турско, потоа под фашистичко и комунистичко, а денес е црната овца на Европа, каков е тој народ? Според шефот на „Атака“, Сидеров, Турција била варварска држава. Ама во неа нема случај сопругата на партискиот шеф да е главен уредник на партискиот весник, а нивниот син - евродепутат. А таква семејност е традиција во бугарската политика, економија, култура. Според турскиот Устав, пред изборите тројцата клучни министри - за внатрешни работи, за правосудство и за транспорт даваат оставки и на тие места се назначуваат непартиски личности. Во името на објективниот изборен процес. Во „цивилизирана“ Бугарија е обратно. Министерот за внатрешни работи не само што не дава оставка туку се назначува за шеф на изборниот штаб на владејачката партија.

Точно пред еден месец една популарна програма на англиската телевизија прикажа филм за Бугарија од Мајкал Палин. Тој светски познат телевизиски новинар на „Би-Би-Си“ беше прогласен за бугарски непријател уште пред неколку години заради неговата книга „Нова Европа“, во која ги опиша своите патувања во 20 европски држави. Интересното е што преведувачката на книгата на бугарски јазик си ја беше зела улогата на цензор и го критикуваше авторот не само за неговите впечатоци од Бугарија туку и за пофалбите за Република Македонија, за македонската историја и култура. Филмот на Палин за Бугарија е според неговата книга, што предизвика лутина кај „газираните националисти“. Уште повеќе што филмот го виделе пет милиони гледачи. Слично како и кај анатемисаниот во бугарскиот печат чешки скулптор Черни, кој Бугарија во Брисел ја претстави како турски ќенеф, погледите на Палин се точни. Притоа, и двајцата уметници умеат да се изразат и интертекстуално. Турскиот ќенеф на Черни немаше ништо заедничко со ликот на Турците во Бугарија, туку ги симболизираше духовната заостанатост и гнасотиите на бугарското општество. Кога Палин рече дека Бугарија е позната, пред се, со Циганите, тој искористи типичен англиски хумор. Глупави се спротивставувањата дека Циганите во земјата не биле 50 % и дека според таа логика Пловдив не можел да се нарече „цигански град“. Изразот „циганарија“ доаѓа од Цигани, но денес веќе нема тесна етничка карактеристика. Со „циганарија“ и со циганска работа се карактеризираат простите, необразовани лица и општества. Бугарското општество е циганско, не според неговите етнички белези туку според менталитетот. Ете, тоа го кажува Палин. На тој фон, реакциите дека Бугарија имала пославни и поголем број научници отколку Велика Британија, не звучат само олигофренски туку и целосно ги потврдуваат зборовите на Палин за бугарската циганарија. Но, вистинскиот проблем не е тоа, туку фактот дека Бугарите си се бендисуваат, си се идентификуваат со неа и не сакаат да се изменат. Сакаат да се потврдуваат со дејствија и со зборови на нивниот писател класик Елин Пелин, дека ако во Бугарија се роди гениј, тогаш тој ќе биде генијот на зависта. Си се бендисуваат да ги мразат своите соседи. Оттука и прашањата кон Палин: „Зошто не го покажа лошото лице на Романија, на Србија, на Македонија? Сите сме, така да се каже, од едно котило (од едно легло) и добро се знаеме. Што толку напредно виде во Турција?“ Своевремено, научниот раководител на мојот докторат, проф. Генчев, имаше оригинална карактеристика на бугарската психа. Кога седнуваме да пиеме се претвораме во бунтовни Тракијци. Ако бунтовноста ни нарасне повеќе, стануваме од масата и тргнуваме да се тепаме како гневни прабугари. Откако ќе ни ги помодрат задниците со ќотек, се претвораме во кротки Словени. Не е чудно што и прашањата кон Палин варираат меѓу тоа дека Бугарија е најголема држава, а од друга страна дека не е полоша од своите соседи. Само во последниот месец светот разбра за уште бугарски „подвизи“. Тихомир Петров, професор по математика на „Калифорнискиот државен универзитет“ е даден на суд, зашто извршил претрес во канцеларијата на својот колега, со кого бил во конфликт. Милена Пенкова, професорка на Универзитетот во Копенхаген, пак, е обвинета за фалсификување научни испитувања и за финансиски злоупотреби со проекти, соопшти списанието „Нејчр“. Такви примери не враќаат кон книгата на Алеко Константинов за Бај Гањо од крајот на 19 век и кон тогашните јунаштва на бугарските студенти во Европа: „Меѓу нив има такви неранимајковци, кои и на професорите им ја плачат мајката!“ Еден од нив, на пример, го карал и сакал да го тепа ректорот, зашто не му давал да стане доктор на науки за три месеци. Бугарската простотија и циганарија се бесмртни и не се раководат од историските епохи и од општественото уредување. Дури и повеќе. Тие не виреат само во границите на Бугарија, туку преку нивните носители патуваат по светот. Оттаму доаѓа предупредувањето на Мајкaл Палин. Се разбира, лоши работи има во секоја од земјите што ги посетил. Но, авторот не се интересира за секојдневното, туку за духовната сила и енергија на народите за кои пишува. Затоа и само во осумте страници посветени на Република Македонија, успеал да види дека „сепак има нешто во тој прв поглед кон Македонија, што има сила и те тера да чувствуваш дека што и да се случило на земјата, тоа е привремена грешка. Се наоѓам во еден агол на Европа каде историјата е создавана, а не дека, напросто, само се страдала“. И за крај: „За разлика од пријатната Хрватска и пренапрегнатата Албанија, Македонија е земја која се обидува да му докаже на светот дека сериозно треба да биде примена“.

Жално е што англискиот автор, кој само во неколкудневната посета на македонската држава ја сфатил нејзината суштина, нејзините проблеми и шанси, наспроти некои македонски политичари, професори и новинари. Уште пожално е што наместо да бидат имунизирани среде дивината на соседите, дел од таканаречената македонска елита тоа го прифаќа. Нормално ли е професор по право и поранешен премиер да се заканува дека за време на предвремените избори ќе има крв до колена? Нормално ли е друг професор по право, поранешен министер за внатрешни и за надворешни работи и кандидат за претседател на државата, да повикува на улични немири за смена на власта? Нормално ли е потпретседател на главната опозициска партија да повикува дека кога ќе ја земат власта ќе јадат живи луѓе? Личности кои и професионално и службено треба да бидат столбови на правната држава, да се однесуваат како африкански дивјаци од пред неколку века. Како тогаш Македонија „да биде примена посериозно“ во светот? Напорите на целата нација одат во празно, доколку политичките губитници и криминални шпекуланти продолжуваат да го уриваат имиџот на државата. Тука не земам предвид еден друг интересен премиер Љубчо Георгиевски, кого одамна не го земаат сериозно ниту во Македонија, ниту надвор од неа. Пред извесно време беше изјавил дека Скопје ќе го направи како Благоевград. Сега, пак, доколку ја земел власта, Македонија ќе станела како Албанија. Во првиот случај тоа означуваше Скопје повторно да го преживее земјотресот од 1963 година, а во вториот - Енвер Хоџа да дојде во Македонија. Не е чудно што откако зеде бугарски пасош, Георгиевски почна да мисли како некогашниот Живков. Диктаторот од Правец велеше дека идентитетот бил да имаш да јадеш и да пиеш. Денес Георгиевски тврди дека идентитетот бил економија. Познато е дека простотијата е заразна, како што кажува и поговорката дека со какви дружиш, таков стануваш. Спомнатите случаи се предупредување за самото македонско општество.

(Авторот е универзитетски професор)

   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај


ВСЕМАКЕДОНСКИ СЪБОР В МЕЛНИК
На 17 април 2011 г. в гр. Мелник ще се проведе всемакедонски събор по повод 96-годишнината от убийството на големия македонски революционер Яне Сандански. Запланувано е участието на изпълнители на македонски песни от Р Македония и Р България. Всички са поканени.
Съборът ще започне в 11.00 часа.
Организатори са ОМО „Илинден”-ПИРИН, ТМО ВМРО (независима), КПД„Илинден”, в. „Народна воля”, бюлетин “Македонски глас”, Дружество на репресираните македонци в България, КПД “Никола Вапцаров”, Македонско християнско братство „Пророк Свети Илия”,КПД “Цар Самуил” и Сдружение “Победа”.

Македонија пее

КОГА ПАДНА НА ПИРИНА

Кога падна на Пирина,
ранет Јане Сандански,
долетеа три сокола
и на Јане збореа:

“Ај Јане со нас појди,
ние лек Ќе најдеме.
Мајка Македонија
за таков јунак лек Ќе најде. (2)

Први сокол Ќе те носи
долу крај Вардарот.
Втори сокол Ќе те носи
дур’ на Белото Море.
Трети сокол Ќе те носи
горе, в Пирин Планина.
Белким ти Ќе оздравиш,
Македонија да ослободиш.” (2)

“Ојте вие три соколи,
в срце луто сум ранет,
остајте ме тук’ да умрам,
лек ме не лекува.
Македонија други Ќе роди
Ќе ја ослободат.
Мајка Македонија,
други Ќе роди, Ќе ја ослободат.”


СОЛУНСКИТЕ ГЕМИЏИИ

Солун пролетта деветсто третата
силни гемии се потопени
кај што грмат експлозиите
таму гинат Македонците.

Сами решија за својата судбина
со нив имаа една заклетва
ропски веќе не се живее
храбро треба да се загине.

Македонијо на глас запеј ти со нас
Македонијо и ти чеда погледни
прегрни ги твојте синови
солунските гемиџии.

Младост убава не ја сетија
Живот дадоа и не се жалеа
да ја чуе цела Европа
вистината за Македонија.

Над Бело Море галеб летеше
абер носеше за мачениците
под Пиринот и крај Вардарот
бие гласот на непокорот.

Македонијо на глас запеј ти со нас
Македонијо и ти чеда погледни
прегрни ги твојте синови
солунските гемиџии.


О Б Я В А
Продаваме селскостопанска земя общо 60 декара в село Марикостиново, Петричко.
За справки:
- мобилен телефон 0877 592 504, домашен 0431/ 831 48, гр. Казанлък – Ангелина;
- мобилен телефон 0897 410 702, домашен 0431/ 870 10, гр. Казанлък – Мария.

Поезија

ДА НИ Е ЖИВА ПЕСНАТА

Посвещавам на светлата
памет на моите братя
Борислав и Любомир Мицкови


Аз съм внук на орли,
построявали сини гнезда
на възбог,
в поднебесната вис
с много слънце.
Аз съм внук на орли,
неиздъхнали тихо в гнездата си
покорéни и покóрни.

Аз съм син на орли,
родени във сини гнезда
с много слънце,
люляни във слънчеви люлки,
и със първия мах на крилата си
летели към слънцето.
Аз съм син на орли,
умирали в полет –
непокóрни и непокорéни.

Аз съм внук на орли.
Аз съм син на орли.
За полет свободен роден съм.

Но отрано отрязаха мойте крила,
хищни люде
заграбиха синята люлка,
хищни пръсти
отнеха ми слънцето.

Как копнея по него сега,
всяка клетка във мене копнее,
полудява от страстния зов
на вечния химн на простора.

Аз те нося в сърцето си,
моя люлко под синята вечност
с много слънце.
Покорéн не значи покóрен.
В мен пулсира кръвта на орли
и корените на крилата ми са живи.
Ще израстат отново моите крила –
могъщи, здрави
и верен на завета на дедите си
ще полетя във синия простор –
законно мое право на наследник.
И ако трябва да умра за него,
като орел ще падна –
в полет,
непокóрен и непокорéн.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting