Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Со високи почести отворен Меморијалниот центар на холокаустот

ЗАПАЛЕН ВЕЧНИОТ ОГАН ЗА ЕВРЕИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА

(Преземено од МИМ)


Владата, во која тогаш бев министер, ја прифати идејата да изградиме музеј кој од една страна ќе биде градба која ќе одбележува, поврзува и создава нови вредности, а од друга страна ќе биде своевидно ревалоризирање на трудот и имотот на сограѓаните Евреи, истакна на отворањето премирот Никола Груевски.
Со Меморијалниот центар на холокаустот, Скопје стана дел од големата четворка. По “Јад Вашем” во Ерусалим, Меморијалниот музеј во Вашингтон и Еврејскиот музеј во Берлин од вчера Македонија стана четврта земја во светот која отвори паметник посветен на жртвите на холокаустот.
- Лекциите од холокаустот се важни и денес, како што беа и пред 70 години. Холокаустот не почна со концентрационите логори, туку со антисемитизмот и ширењето на говорот на омраза по улиците. Тој не учи дека фанатичката идеологија не може да се запре со попуштање и индиферентност. Западот мора да ги научи лекциите од минатото и да покаже решителност во однос на современите закани, истакна вицепремиерот на Израел, Моше Јаалон, на официјалното отворање на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Во името на државата Израел тој им се заблагодари на Владата на Република Македонија и на премиерот Никола Груевски за враќањето на еврејските имоти и за одлуката за изградба на Меморијалниот центар на холокаустот.
- Мојот вредносен суд ми велеше дека мора да најдеме начин за да одбележиме дека овде живееле луѓе, наши сограѓани кои со нас го делеле и доброто и злото, кои чесно работеле и со своите вложувања создале имот, кој некој друг бесправно им го одзел, но без разлика на се, тие и постхумно имаат исконско право на тој имот затоа што со мака и откажувања го создале. Владата, во која тогаш бев министер, ја прифати идејата, од денационализацијата на имотот кој немаше правни наследници да создадеме Фонд и да изградиме Меморијален центар што од една страна ќе биде градба која ќе одбележува, поврзува и создава нови вредности, а од друга страна ќе биде своевидно ревалоризирање на трудот и имотот на сограѓаните Евреи, истакна премирот Груевски. Тој додаде дека Меморијалниот центар е израз на длабоката верба дека со труд и дело можеш да придонесеш за една сатисфакција, макар и морална, за победата на доброто над неправдите и за триумф на духот. Градевме за да потсетиме, за да одбележиме, за да порачаме - да се запамети за никогаш да не се повтори, рече Груевски, кој пред влезот на Меморијалниот центар го запали и вечниот оган за Евреите од Македонија.
Претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Бјанка Суботиќ, посочи на повеќевековното присуство на Евреите на овие простори кои изградиле блиски односи со македонскиот народ воспоставувајќи заедничка историја, култура и вредности, но и делејќи иста судбина и борејќи се рамо до рамо за слободна Македонија.
Церемонијата на официјалното отворање почна со внесување на трите урни. Тие во поворка и со гардиска придружба беа пренесени од Музејот на Град Скопје преку плоштадот и Камениот мост.
Покрај голем број гости од земјава и странство, отворањето го следеа и претседателите на Македонија, Албанија и на Црна Гора, Ѓорге Иванов, Бамир Топи и Филип Вујановиќ, пратеник од израелскиот Кнесет, верски поглавари и претставници од дипломатскиот кор. (Е.А.)

Потресни приказни на видео-бим

Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија е репрезентативен објект со модерно архитектонско решение сместен на просторот на некогашното Еврејско Маало меѓу Камениот мост и тврдината Кале. Се простира на површина од 2.700 квадратни метри и претставува комплекс од две меѓусебно поврзани згради на четири нивоа. Првата е готова и во неа се изложени етнолошки и археолошки експонати од историјата и културата на Евреите. Има постојана изложба со подробен приказ на долгата историја на еврејскиот живот на целиот Балкан, за животот на сефардските Евреи по нивниот прогон од Шпанија во средниот век и нивниот придонес во општеството. На почесно место стојат трите урни со пепел од жртвите во Треблинка. Најавтентична и истовремено најморничава е просторијата на првиот кат, каде што е сместен железничкиот вагон со кој цели семејства биле транспортирани во логорот на смртта Треблинка. На видеобим се прикажуваат потресните приказни на малкутемина кои успеале да се спасат, а во позадината се слуша татнењето на возот. Вториот дел од комплексот би требало да биде готов до крајот на годинава.
Рабинот Ендрју Бејкер, кој присуствуваше на отворањето на музејот истакна дека по долги 68 години 7148-те Евреи од Македонија добиваат соодветен споменик. “Во овој центар ќе ги видиме нивните лица, ќе можеме да ги спомнеме нивните имиња, да ги слушнеме нивните приказни, како и да запалиме свеќа и поставиме камен-плоча. Ние, исто така, ќе се молиме дека од нивните животи сочувани во нашите сеќавања ќе искрсне надеж, истакна рабинот Бејкер.
Што, всушност, се случувало на 11 март 1943 година?
По наредба на бугарската влада ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година биле уапсени сите Евреи во Македонија и концентрирани во Монополот, денеска Тутунски комбинат, кој тогаш бил привремен концентрациски логор. Најмногу Евреи имало од Битола, Скопје и од Штип и по неколку семејства од помалите градови. Според евиденцијата на бугарските и германските власти уапсени биле 7.148 Евреи. Во скопскиот Монопол останале до крајот на март во екстремно тешки хигиенски и психолошки услови. Сиот имот им бил земен, а накитот и парите конфискувани. Потоа повторно биле натоварени, меѓу 80 и 120 во еден вагон, и транспортирани во окупираната Полска, во логорот на смртта Треблинка, каде што веднаш биле егзекутирани. Не се знае точно како - има теорија дека бил фрлен гас во вагоните, а според некои сведоци од СС-офицерите, тие биле истоварани и веднаш пренесени во гасни комори.

   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај


ВСЕМАКЕДОНСКИ СЪБОР В МЕЛНИК
На 17 април 2011 г. в гр. Мелник ще се проведе всемакедонски събор по повод 96-годишнината от убийството на големия македонски революционер Яне Сандански. Запланувано е участието на изпълнители на македонски песни от Р Македония и Р България. Всички са поканени.
Съборът ще започне в 11.00 часа.
Организатори са ОМО „Илинден”-ПИРИН, ТМО ВМРО (независима), КПД„Илинден”, в. „Народна воля”, бюлетин “Македонски глас”, Дружество на репресираните македонци в България, КПД “Никола Вапцаров”, Македонско християнско братство „Пророк Свети Илия”,КПД “Цар Самуил” и Сдружение “Победа”.

Македонија пее

КОГА ПАДНА НА ПИРИНА

Кога падна на Пирина,
ранет Јане Сандански,
долетеа три сокола
и на Јане збореа:

“Ај Јане со нас појди,
ние лек Ќе најдеме.
Мајка Македонија
за таков јунак лек Ќе најде. (2)

Први сокол Ќе те носи
долу крај Вардарот.
Втори сокол Ќе те носи
дур’ на Белото Море.
Трети сокол Ќе те носи
горе, в Пирин Планина.
Белким ти Ќе оздравиш,
Македонија да ослободиш.” (2)

“Ојте вие три соколи,
в срце луто сум ранет,
остајте ме тук’ да умрам,
лек ме не лекува.
Македонија други Ќе роди
Ќе ја ослободат.
Мајка Македонија,
други Ќе роди, Ќе ја ослободат.”


СОЛУНСКИТЕ ГЕМИЏИИ

Солун пролетта деветсто третата
силни гемии се потопени
кај што грмат експлозиите
таму гинат Македонците.

Сами решија за својата судбина
со нив имаа една заклетва
ропски веќе не се живее
храбро треба да се загине.

Македонијо на глас запеј ти со нас
Македонијо и ти чеда погледни
прегрни ги твојте синови
солунските гемиџии.

Младост убава не ја сетија
Живот дадоа и не се жалеа
да ја чуе цела Европа
вистината за Македонија.

Над Бело Море галеб летеше
абер носеше за мачениците
под Пиринот и крај Вардарот
бие гласот на непокорот.

Македонијо на глас запеј ти со нас
Македонијо и ти чеда погледни
прегрни ги твојте синови
солунските гемиџии.


О Б Я В А
Продаваме селскостопанска земя общо 60 декара в село Марикостиново, Петричко.
За справки:
- мобилен телефон 0877 592 504, домашен 0431/ 831 48, гр. Казанлък – Ангелина;
- мобилен телефон 0897 410 702, домашен 0431/ 870 10, гр. Казанлък – Мария.

Поезија

ДА НИ Е ЖИВА ПЕСНАТА

Посвещавам на светлата
памет на моите братя
Борислав и Любомир Мицкови


Аз съм внук на орли,
построявали сини гнезда
на възбог,
в поднебесната вис
с много слънце.
Аз съм внук на орли,
неиздъхнали тихо в гнездата си
покорéни и покóрни.

Аз съм син на орли,
родени във сини гнезда
с много слънце,
люляни във слънчеви люлки,
и със първия мах на крилата си
летели към слънцето.
Аз съм син на орли,
умирали в полет –
непокóрни и непокорéни.

Аз съм внук на орли.
Аз съм син на орли.
За полет свободен роден съм.

Но отрано отрязаха мойте крила,
хищни люде
заграбиха синята люлка,
хищни пръсти
отнеха ми слънцето.

Как копнея по него сега,
всяка клетка във мене копнее,
полудява от страстния зов
на вечния химн на простора.

Аз те нося в сърцето си,
моя люлко под синята вечност
с много слънце.
Покорéн не значи покóрен.
В мен пулсира кръвта на орли
и корените на крилата ми са живи.
Ще израстат отново моите крила –
могъщи, здрави
и верен на завета на дедите си
ще полетя във синия простор –
законно мое право на наследник.
И ако трябва да умра за него,
като орел ще падна –
в полет,
непокóрен и непокорéн.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting