Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
20 години од првата влада на Република Македонија

ПРВИТЕ МИНИСТРИ ГО ПРОСЛАВИЈА ЈУБИЛЕЈОТ

(По македонскиот печат)


Таму каде што пред 20 години почнаа денеска (22. 03. 2011 г.) повторно се собраа. Неколкумина од нив не го дочекаа јубилејот. Починаа министрите Бекир Жута и Александар Лепавцов. Првиот министер за внатрешни работи Јордан Мијалков загина во мистериозна сообраќајка во втората година од мандатот во Србија. Недостасуваше и нивниот шеф, првиот премиер Никола Кљусев почина пред 3 години. Во негова чест свечената сала во Владата е збогатена со портрет на Кљусев.

- ЕУ и НАТО се аманет кој ни беше оставен и од кој нема да отстапиме и ќе го оствариме. Делата траат, луѓето се памтат. Епопеите на модерниот патриотизам никогаш не можат да згаснат, рече премиерот Никола Груевски.
Историската улога на Кљусев ја потенцираа и министрите во неговата влада која беше експертска, а не политичка и токму од партиите имаше најголеми проблеми. Првата влада направила добра основа која треба да се продолжи.
- Благодарение донекаде, не донекаде туку во голема мера на Кљусев, независно од тоа што многумина од нас имаа различни мислења, успеавме да задржиме единство, рече Јане Миљовски, поранешен министер за финансии.
- Ако земете во предвид што била Македонија пред 70 години и сега ќе видите дека не е баш така лошо како што некој сака да прикаже, Ѓорѓи Наумов, прв министер за правда.
- Навистина Кљусев беше позитивна историска личност, добро ја водеше таа хетерогена структура на власта. А Владата опстојуваше заради поддршката на Глигоров, тие имаат илузија дека било поинаку, виселе во воздух. И преку Глигоров, поддршката и од другите политички партии кои инаку не ја гледаа во симпатии, рече Љубомир Фрчковски, поранешен министер за внатрешни работи.
Целиот државен врв и дипломатски кор дојде да го одбележи јубилејот 20 години од првата влада и да им одаде признание на првите министри. Претседателот Ѓорге Иванов најмногу се задржа во разговор со американскиот и европскиот амбасадор.
На приемот беше и Вилма Трајковска, сопругата на починатиот претседател Борис Трајковски.

Освен историјата интересна е и актуелната политичка сцена, за словенечкиот амбасадор Бергант, аферата „Талер“ му зададе тешкотии пред неговите колеги. Скандалот дипломатски беше прескокнат за коментар и од евро амбасадорот Соренсен кој сепак најголем дел од времето го помина со вицепремиерот за европски прашања Наумовски, и на двајцата главните задачи од Брисел одеа преку сега посрамениот Талер.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


ВСЕМАКЕДОНСКИ СЪБОР В МЕЛНИК
На 17 април 2011 г. в гр. Мелник ще се проведе всемакедонски събор по повод 96-годишнината от убийството на големия македонски революционер Яне Сандански. Запланувано е участието на изпълнители на македонски песни от Р Македония и Р България. Всички са поканени.
Съборът ще започне в 11.00 часа.
Организатори са ОМО „Илинден”-ПИРИН, ТМО ВМРО (независима), КПД„Илинден”, в. „Народна воля”, бюлетин “Македонски глас”, Дружество на репресираните македонци в България, КПД “Никола Вапцаров”, Македонско християнско братство „Пророк Свети Илия”,КПД “Цар Самуил” и Сдружение “Победа”.

Македонија пее

КОГА ПАДНА НА ПИРИНА

Кога падна на Пирина,
ранет Јане Сандански,
долетеа три сокола
и на Јане збореа:

“Ај Јане со нас појди,
ние лек Ќе најдеме.
Мајка Македонија
за таков јунак лек Ќе најде. (2)

Први сокол Ќе те носи
долу крај Вардарот.
Втори сокол Ќе те носи
дур’ на Белото Море.
Трети сокол Ќе те носи
горе, в Пирин Планина.
Белким ти Ќе оздравиш,
Македонија да ослободиш.” (2)

“Ојте вие три соколи,
в срце луто сум ранет,
остајте ме тук’ да умрам,
лек ме не лекува.
Македонија други Ќе роди
Ќе ја ослободат.
Мајка Македонија,
други Ќе роди, Ќе ја ослободат.”


СОЛУНСКИТЕ ГЕМИЏИИ

Солун пролетта деветсто третата
силни гемии се потопени
кај што грмат експлозиите
таму гинат Македонците.

Сами решија за својата судбина
со нив имаа една заклетва
ропски веќе не се живее
храбро треба да се загине.

Македонијо на глас запеј ти со нас
Македонијо и ти чеда погледни
прегрни ги твојте синови
солунските гемиџии.

Младост убава не ја сетија
Живот дадоа и не се жалеа
да ја чуе цела Европа
вистината за Македонија.

Над Бело Море галеб летеше
абер носеше за мачениците
под Пиринот и крај Вардарот
бие гласот на непокорот.

Македонијо на глас запеј ти со нас
Македонијо и ти чеда погледни
прегрни ги твојте синови
солунските гемиџии.


О Б Я В А
Продаваме селскостопанска земя общо 60 декара в село Марикостиново, Петричко.
За справки:
- мобилен телефон 0877 592 504, домашен 0431/ 831 48, гр. Казанлък – Ангелина;
- мобилен телефон 0897 410 702, домашен 0431/ 870 10, гр. Казанлък – Мария.

Поезија

ДА НИ Е ЖИВА ПЕСНАТА

Посвещавам на светлата
памет на моите братя
Борислав и Любомир Мицкови


Аз съм внук на орли,
построявали сини гнезда
на възбог,
в поднебесната вис
с много слънце.
Аз съм внук на орли,
неиздъхнали тихо в гнездата си
покорéни и покóрни.

Аз съм син на орли,
родени във сини гнезда
с много слънце,
люляни във слънчеви люлки,
и със първия мах на крилата си
летели към слънцето.
Аз съм син на орли,
умирали в полет –
непокóрни и непокорéни.

Аз съм внук на орли.
Аз съм син на орли.
За полет свободен роден съм.

Но отрано отрязаха мойте крила,
хищни люде
заграбиха синята люлка,
хищни пръсти
отнеха ми слънцето.

Как копнея по него сега,
всяка клетка във мене копнее,
полудява от страстния зов
на вечния химн на простора.

Аз те нося в сърцето си,
моя люлко под синята вечност
с много слънце.
Покорéн не значи покóрен.
В мен пулсира кръвта на орли
и корените на крилата ми са живи.
Ще израстат отново моите крила –
могъщи, здрави
и верен на завета на дедите си
ще полетя във синия простор –
законно мое право на наследник.
И ако трябва да умра за него,
като орел ще падна –
в полет,
непокóрен и непокорéн.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting