Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Став

ИМЕТО НЕ Е (САМО) БИЛАТЕРАЛЕН ПРОБЛЕМ СО ГРЦИЈА

Ристо Никовски


Спорот околу нашето име е интернационализиран од самиот почеток. Атина тоа намерно го направи. Така се маргинализира неговиот билатерален карактер и со него цело време се занимаваат мултилатерални форуми: СБ на ООН, ЕЗ (ЕУ), НАТО...
Сé полесно ќе се разбере ако се знае дека името официјално не ни го оспори Атина, туку Њујорк: СБ на ООН.
Претходно, во Лисабон и Европската заедница одлучи дека не смееме да го користиме терминот/името „Македонија“. Брисел, точно поради името, го проблематизира и го одложи нашето признавање, игнорирајќи го предлогот на Бадентеровата комисија. И, конечно, најновите блокади на евроинтегрирањето, заедно со уцените да се прекрстиме, доаѓаат од Брисел (и Вашингтон), не од Атина...
Значи, не можеме да зборуваме дека нашето име е билатерален проблем со Грција, кога истиот е во рацете и го менаџираат меѓународни форуми. (Приближна паралела: кога комшиски спор ќе стигне на суд, кавгите преку плотот стануваат ирелевантни. Главни стануваат судиите и од нив зависи сé).
Повеќето светски проблеми се билатерални. Далеку помал е бројот на регионалните, додека глобалните се бројат на прсти: разоружување, тероризам, екологија, светска трговија, енергија...
Билатералните (и регионалните) проблеми го губат својот основен карактер во моментот кога ќе преминат во надлежност на меѓународни тела. Слично е и со внатрешните проблеми на која било земја. Кога тие стануваат дел од агендите на меѓународните форуми, се анулира интерниот карактер. Секоја земја што има такви случаи, прави максимални напори да не и се вмешаат - странците. Такво беше и Косово во поранешна СФРЈ. Југословенската дипломатија целосно се ангажираше меѓународната заедница да остане настрана. До почетокот на распадот на федерацијата, со Косово не се позанимава ниту еден меѓународен форум.
Кога внатрешните, билатералните, регионалните... проблеми стануваат дел од меѓународните агенди, се маргинализира и улогата на инволвираните страни. Тоа носи многу неизвесности и опасности. Доаѓаат до израз туѓи консидерации, кои не секогаш кореспондираат со интересите на директно спротивставените и, обично, го комплицираат решението.
Атина имаше точно пресметано дека меѓународниот фактор ќе им донесе погодности и затоа своите клучни цели ги реализираа на мултилатерален план. Веднаш ги вклучија ЕЗ и ООН и, преку дел од најважните светски играчи, го опструираа признавањето на Македонија, приемот во ООН... сé до нејзиниот влез во НАТО и во ЕУ.
Со интернационализацијата проблемот не го губи (целосно) својот внатрешен, билатерален или регионален карактер. (Нимиц и двајцата делегати испратени кај него го потврдуваат тоа). На крајот од краиштата, решението се бара меѓу и со заинтересираните страни. Тие треба да ги прифатат предложените мерки, донесени со механизми од мултилатералата.
Понекогаш, решенијата се наметнуваат, а страните се принудени да ги применат, што е исклучено во нашиов случај. Не ретко, проблемите намерно се одолговлекуваат, а ние не можеме да бидеме децидни дали тоа и нам не ни се случува? Некои проблеми завршуваат на меѓународни конференции ама, барем засега, името нема димензии и карактер, кои би имплицирале таква потреба...
Кога еден проблем веќе е подигнат на повисоко ниво и за него расправа и решава меѓународната заедница, како за нашево име, враќање во почетната, билатерална фаза - не е можно. Веќе вклучениот меѓународен фактор секогаш останува до крај и - кај него е клучот на (не)успехот. Билатералните напори (демонстрирање добра волја, средби на премиери, обиди за помирување, барање компромис...) се дел и во функција на мултилатерализмот. Тоа е динамика диктирана од меѓународните менаџери.
Проблемот со името предолго е кај меѓународните форуми. Сите иницијативи што доаѓаат оттаму, обично се во соработка со Атина. Нимиц е само фигура. Наместо да бидеме максимално агресивни за што посилно да влијаеме во разработката на нивните опции и намери, ние обично чекаме што ќе ни сервираат. Како изгледа, сите овие дваесетина години ние, главно, реагиравме по добиените предлози, наместо навреме да ги спречуваме непристојните размисли и идеи. Зарем не сфативме дека меѓународниот фактор секогаш е на страната на посилниот? Дека доминацијата на силата врз правдата е реалност?
Обидот на САД, потпомогнат и од некои други, пред Букурешт 2008 година, со прогласувањето на проблемот за билатерален, да ни се отвори влез во Алијансата со референцата, беше поволен за нас.
Арно ама, не соодветствуваше на реалноста. Тоа не успеа и фактите мора целосно да се согледаат.
Впрочем, и нам ни одговара ангажманот на меѓународниот фактор. Апсолутно е невозможно да се постигне прифатлив договор билатерално, директно со Атина. Меѓутоа, не смее да се дозволи да расте улогата на ЕУ на сметка на ООН, иако и таму позицијата не ни е сјајна. Излезот мора да се бара преку мултилатерализмот. Во таа насока треба да бидат подготвени и усмерени сите наши активности. Решението е во Вашингтон, со (по)мала, координирана улога на Брисел. Така и се закрчка спорот. Атина само иницираше.
Во борбата за името, идентитетот..., која ќе се заострува, мора да ни бидат јасни сите овие нијанси. Без тоа не можеме квалификувано да ги презентираме и да ги браниме нашите интереси. Ќе нé манипулираат. Како и досега.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


139 години от рождението на Гоце Делчев
ГОЦЕ

Символ на гордост и слава,
ореол божествен ни стана.
Недостижим и близък остава
и лек, и песен, и рана.

Ти, Гоце, во нас си в сърцето,
ти брат си и син си любими,
ти знаме ни стана, което
е огин в студените зими.

Со песните секой те знае,
на орото рамо до рамо
и сърцето чука, не трае
едно име носиме само:

МАКЕДОНЕЦ и нищо друго
никой не може да ни каже,
бугарин, србин и гърко
не може нас да излаже.

Запей песна, майко мила,
стара песна, македонска,
за воините на Самоила,
за земята ни исконска.

Дур до Кукуш да се чуе
в бащина му стара кука,
дедо зурла да надуе,
тапан до небо да чука!

Димитър Иванов

Македонија пее

ДА НИ Е ЖИВА ПЕСНАТА

Тагата се распослала
Легнала ми натежнала
И си ја барам песната
што ми е мелем за душата

Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песна не весели
Со неа векува

Рефрен:

Да ни е жива песната
Песната еј македонска
Срцата што ги разпеа
Душите што ги огреа

Да ни е жива песната
И мојот народ намачен
Запеј му песно запеј му
Да не го видам разплачен

До кај што свети сонцето
До таму ни е народот
А ние што останавме
Песната им ја праќаме

Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песната не лекува
О неа векува

Рефрен...




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting