Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Реакции по Вашингтон

И ИМЕТО И ТЕНЗИИТЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО СТАБИЛНОСТА

(Преземено од МИМ)


Официјален Вашингтон е заинтересиран, пред сé, за стабилноста на Македонија и на регионот воопшто. Вака познавачите ја коментираат штотуку завршената посета на премиерот Никола Груевски на САД, помирувајќи ги различните оцени во јавноста, кои се движат од „историска посета“ до „искарани сме за актуелните состојби во земјава“.
Аналитичарите коментираат дека ниту прашањето за името ниту актуелната состојба не може да останат настрана од интересот на САД. Името, пак, кое, според Груевски било главна тема на македонско-американските разговори, беше тема и на синоќешната средба на грчкиот шеф на дипломатијата Димитрис Друцас со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун.
Како клучен играч на меѓународната сцена, официјален Вашингтон е заинтересиран пред сé за, како што се вели, „грубите“ предизвици, што значи стабилноста пред сé, зашто сите прашања од името до актуелните состојби со меѓуетничките тензии се поврзани со стабилноста.
- Она на што инсистираат САД е стабилен регион. Прашањата во Македонија, како состојбите во судството, меѓуетничките тензии и цивилното општество, повторно се поврзани со стабилноста. Но за да се надминат таквите прашања, потребно е време - вели Звонко Јанкулоски, професор на Американскиот колеџ во Скопје.
Името, како што било нагласено на средбите во Вашингтон, не може да се реши ако нема согласност меѓу Македонија и Грција.
- Тоа беше јасно укажано и нема дилеми дека е така - заклучува Јанкулоски.
Со речиси ист став е и известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Зоран Талер. Тој смета дека за затегнувањето на меѓуетничките односи во Македонија и за последните настани во земјава, виновна е и блокадата на македонската интеграција во ЕУ и во НАТО поради нерешениот спор за името.
- Ако не дојде до договор со Атина, може да се очекува да се случат негативности. Непостигнувањето договор носи проблеми. Тоа е во надлежност на владејачката политика, но засега нема знаци дека нешто такво ќе се случи - вели Талер во изјава за радиото Дојче веле на македонски јазик.
Имајќи ги предвид позицијата и интересите на САД на меѓународната сцена, јасна е загриженоста за актуелните случувања во Македонија.
- Меѓуетничките тензии во земјава се најболната точка. Македонија слабо ги менаџира ваквите тензии, а ако се случат уште неколку настани, како оној на Скопското кале, се доведува во прашање стабилноста, нешто што е во центарот на интересот на САД - вели Стево Пендаровски, советник на двајца поранешни претседатели за национална безбедност и надворешна политика.
Дали посетата на Вашингтон ќе означи некој нов импулс во решавањето на актуелните состојби, како што се очекуваше пред заминувањето на Груевски во Вашингтон, ќе покажат претстојните настани. Груевски е, секако, третиот политичар од Македонија што е примен во Белата куќа. Пред него таму влегоа само претседателот Борис Трајковски и поранешниот премиер Владо Бучковски, и двајцата како гости на поранешниот американски претседател Џорџ Буш.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


139 години от рождението на Гоце Делчев
ГОЦЕ

Символ на гордост и слава,
ореол божествен ни стана.
Недостижим и близък остава
и лек, и песен, и рана.

Ти, Гоце, во нас си в сърцето,
ти брат си и син си любими,
ти знаме ни стана, което
е огин в студените зими.

Со песните секой те знае,
на орото рамо до рамо
и сърцето чука, не трае
едно име носиме само:

МАКЕДОНЕЦ и нищо друго
никой не може да ни каже,
бугарин, србин и гърко
не може нас да излаже.

Запей песна, майко мила,
стара песна, македонска,
за воините на Самоила,
за земята ни исконска.

Дур до Кукуш да се чуе
в бащина му стара кука,
дедо зурла да надуе,
тапан до небо да чука!

Димитър Иванов

Македонија пее

ДА НИ Е ЖИВА ПЕСНАТА

Тагата се распослала
Легнала ми натежнала
И си ја барам песната
што ми е мелем за душата

Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песна не весели
Со неа векува

Рефрен:

Да ни е жива песната
Песната еј македонска
Срцата што ги разпеа
Душите што ги огреа

Да ни е жива песната
И мојот народ намачен
Запеј му песно запеј му
Да не го видам разплачен

До кај што свети сонцето
До таму ни е народот
А ние што останавме
Песната им ја праќаме

Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песната не лекува
О неа векува

Рефрен...




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting