Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Дваесет години од потпишувањето договор во Вишеград меѓу чехословачка, Унгарија и Полска

ВИШЕГРАДСКАТА ГРУПА НУДИ ПОМОШ ЗА МАКЕДОНИЈА

(Преземено од МИМ)


Земјите од Вишеградската група, Чешка, Словачка, Унгарија и Полска се подготвени да ги споделат своите искуства со Македонија за да и помогнат на патот кон евроатлантските интеграции, а советуваат и поголема регионална соработка за надминување на билатералните спорови.
„Пред дваесет години Чехословачка, Унгарија и Полска потпишаа договор во Вишеград со кој се договорија да не влегуваат во конфликт повеќе. Оваа група беше формирана за да ни помогне на патот кон зачленување во Европската Унија“, рече Роберт Кирнаг амбасадорот на Словачка во Македонија, на денешната прослава по повод 20 години од Вишеградската група.
Целта на оваа група е бидејќи имаат заедничка историја, заедничка култура, да им овозможат подобра соработка на луѓето кои живеат во овие четири земји да живеат подобар живот.
„Една од главните точки на договор од Вишеград е соработката со Западен Балкан. Се надевам дека ќе биде корисно и ќе биде добро за нас, но и за вас и значи дека тоа е ново време за соработка со други земји“, рече Јозеф Браун чешкиот амбасадор.
Бидејќи оваа година дури две земји членки на Вишеградската група ќе претседаваат со Советот на ЕУ, Унгарија и Полска, според Ференц Кекеши, унгарскиот амбасадор тоа е историска можност за отворање уште еден прозорец на можности кој ќе води до уште поголема соработка во наредните 20 години.
„Вишеградската група има две цели соработка со Западен Балкан и источно партнерство, преку кои ќе се донесат know how програми кон Западен Балкан и источните партнери за социјална, економска и политичка преобразба како и евроатлантска интеграција. Со време Вишеградската група ќе има за цел се поголема соработка со земјите од Западен Балкан како и со вашата земја“, рече Кекеши.
Според него, она што тие земји го поминаа пред 10-15 години, сега го поминува Македонија во однос на евроатлантските аспирации.
„Ние сме подготвении да ги споделиме нашите искуства со вас“, рече Кекеши и додаде дека В4 е модел кој покажува како билатералните прашања и несогласувања можат да се надминат со достигнување на ултимативни политички цели и со продлабочување на контактите на луѓето.
„Ги охрабруваме нашите пријатели во Македонија да го надминат билатералниот проблем преку регионален дијалог и соработка меѓу луѓето. Ние очекуваме што поскоро Македонија да стане членка на ЕУ, и со тоа да ја зацврсти соработката со В4, од која сите ќе имаме економски подобрувања“, вели Кекеши.
„Поддршката од Вишергадската група за Mакедонија не е само оваа година, туку е нешто што се случува во континуитет, а тоа го покажуваат двата документи кои претходно сме ги издале. Цитирам, нашите земји и граѓани се свесни дека ЕУ се состои од 27 земји членки кои не може денес да ги затворат вратите за земјите аспиранти. Ние сме против апатија за понатамошно проширување на ЕУ“, рече Дариус Карол Бачура, полскиот амбасадор.
Според, Ерван Фуере, евроамбасадорот, евроинтеграцискиот процес вклучува неколку примери на земји кои работеле заедно за да го промовираат, да го охрабрат процесот на евроинтеграции, како франко-германската соработка сега и Вишеградската група.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


139 години от рождението на Гоце Делчев
ГОЦЕ

Символ на гордост и слава,
ореол божествен ни стана.
Недостижим и близък остава
и лек, и песен, и рана.

Ти, Гоце, во нас си в сърцето,
ти брат си и син си любими,
ти знаме ни стана, което
е огин в студените зими.

Со песните секой те знае,
на орото рамо до рамо
и сърцето чука, не трае
едно име носиме само:

МАКЕДОНЕЦ и нищо друго
никой не може да ни каже,
бугарин, србин и гърко
не може нас да излаже.

Запей песна, майко мила,
стара песна, македонска,
за воините на Самоила,
за земята ни исконска.

Дур до Кукуш да се чуе
в бащина му стара кука,
дедо зурла да надуе,
тапан до небо да чука!

Димитър Иванов

Македонија пее

ДА НИ Е ЖИВА ПЕСНАТА

Тагата се распослала
Легнала ми натежнала
И си ја барам песната
што ми е мелем за душата

Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песна не весели
Со неа векува

Рефрен:

Да ни е жива песната
Песната еј македонска
Срцата што ги разпеа
Душите што ги огреа

Да ни е жива песната
И мојот народ намачен
Запеј му песно запеј му
Да не го видам разплачен

До кај што свети сонцето
До таму ни е народот
А ние што останавме
Песната им ја праќаме

Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песната не лекува
О неа векува

Рефрен...




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting