Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Кон корените на македонската национална мисла

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ

Крсте Мисирков
(Продолжува од минатиот број)



Ето коiи. Ниiе видофме колку сет народните интереси тесно врзани со iазикот, а последниiот со характерот и дуот народен. Ниiе видиме сета, оти три национални и религиозни пропаганди во нашата таткоина се борат iедна против друга и сите заiедно се борат против нас и нашите интереси, сакаiки да им нанесат смртен удар и да си и потчинат под себе, зимаiки, со таiа цел'а религиозното и сколиiцко работеiн'е каi нас, во своiи раци преко црквата и сколиiата за да нанесат смртен удар на нашата народност, ни налагаат на нас нивниiот, наместо нашиiот iазик. Народните интереси ни налагаат за да и зашчитиме ниф, да браниме нашиiот iазик од пропагандите. Тоа бранеiн'е ке бидит успешно и ке размрсит сите планои на пропагандите, ако бидит задружно и обшчо. А за да бидит такво, требит со обшчо согласиiе да се изберит iедно наречиiе за обшч македонцки литературен iазик. Согласиiе ке имат, ми се чинит, само ако секоi од нас праит избор не по некакви естетични сообразуаiн'а и не по чисто местни причини, а од гледишче на обшчите интереси. Последните пак налагаат: перифериiцките наречиiа, да отстапат место на централното. Како шчо во iедна држаа се имат држаен центр, коi шчо наi арно iет да се насг'ат во стредината на држаата и кон коi шчо се собираат сите конци од државниiот жиот, исто така и во iазиковните или области от сродни наречиiа требит да се имат iеден центр, коi шчо по значеiн'ето негоо требит да се односуат кон перифериiцките наречиiа и гоори, као шчо се односуат центрот и столицата на држаата кон краiните окрази и околиiи. Около централното наречиiе требит да се групираат сите наши научни и литературни сили, за да го очистат и обогатат со сокроишча од друзите македонцки наречиiа и да создадат од него iеден убав литературен iазик. На него требит да се создадит iедна богата сколиiцка, научна и убаа литература, за да можит преко ниф да се раширит низ цела Македониiа во вид на литературен iазик, коi шчо ке изместит од неiа пропагандцките iазици. А заiедно со изместуаiн'ето на пропагандцките iазици и со создааiн'ето наш литературен iазик, се изместуваат од Македониiа и интересите на балканцките држаици и нивното место ке го застапат создадените со iазикот македонцки интереси. И така, користа, шчо ке ни iа даит нашиiот обшч литературен iазик, ни служит за мерило при избираiн'е наречиiа за таiа цел'а, и она iет главниiот фактор при создааiн'ето на нашиiот нов литературен iазик. При возвишааiн'ето на iедно наречиiе на степен на литературен iазик, никога немаат играно важна рол'а негоите естетични своiства. Тоа iет iедно, зашчо практичните сообразуаiн'а зимаат врф над естетичните, а друго, зашчо последните сет односител'ни и поеке субiективни. По таiа причина, по убаи се чинат на чоека готоо само тиiе наречиiа и гоори, што и слушат он или и имат слушано по често. За тоа и не можит да се зборит за естетичност во iазикот, диалектите и гоорите.

Значит, iеден македонец од источна, или северна, или iужна, или западна Македониiа немат прао да се противит да бидит избрано централното македонцко наречиiе за литературен iазик само зато, шчо не им се чинело убао. Немаат прао они да протестираат против централното наречиiе и за тоа шчо iет оно централно као и зашчо изборот се праит по практични соображеiн'а.

Сега да видиме, али избираiн'ето на централното наречиiе за литературен iазик се оправдаат от практично гледишче?

Битол'а се избират за резиденциiа на Генералниiот Инспектор за Македониiа и негоите советници - цивилни агенти. Она се обрак'ат во престолнина за Македониiа. Таiа ноа престолнина не iет далеку от старите: Преспа и Прилеп, и од седалишчето на до неодамна автокефалниiот Оридцки Архиепископ. Значит, централното наречiие имат зад себе, така да се речит, историiцки праа. Последните се основаат и на негоото централно положениiе, коiе iет, како во географцки, така и во етнографцки однос. Централен град во Македониiа ни iет Велес. От тоi центр географцки, ниiе само мало се оддалечуаме, идеiки преко Прилеп кон Битол'а и Орид. Таков праец при оддалечуаiн'ето од географцкиiот центр се обiаснуат со тоа, оти тиiе краiишта сет от по големо историiцко значеiн'е за Македониiа, а од друга, сет по оддалечени и от србцкиiот и бугарцкиiот iазикои центри, состауаiки от себе македонцки iазиков центр. И вистина диалектот Велешко-Прилепцко-Битол'цко-Оридцки iет iатката на македонцкиiот iазик, зашчо на запад од него iет Дебранцкиiот (рока), на iуг - Костурцкиiот (ронка), на исток - источниiот или Солунцкиiот (ръка) и на север - Скопцкиiот или северниiот (рука).

Создааiн'ето литературен iазик iет дуовна потребност каi нас, со коiа се мислит да се клаит краi на злоупотребите на пропагандите со нашите интереси, и со коiа требит да се создаит своi литературен и научен центр, за да се немат нужда од Белград и Софиiа. А та тешка задак'а ке се достигнит само, ако македонецот от северна Македониiа подаит рака на своiот брат од iужна Македониiа, и македонецот од источна Македониiа подаит рака на тоi од западна. Подадените раци к'е се прекрстат около Прилеп -Битол'а .

И така: стремеiн'ето на македонците да создадат своi културен центар; тоа шчо сега Битол'а се чинит престолнина на Македониiа; шчо Битол'а, Орид, Прилеп сет историiцки места за македонците; као и тоа, шчо состауваат они географцки и iазичен центр; сите заiедно праат да се приiимит, као обшч македонцки литературен iазик, централното македонцко наречиiе.

Откако се изберит наречиiето, коiе имат да бидит македонцки литературен iазик, ке требит да се разгледат и прашаiн'ето за македонцкиiот праопис.

За праописот као и за праецот на нашето културно развиiаiн'е ке требит тука да се напраат неколку забелешки. Праописот на iеден iазик, као и изработуаiн'ето на iеден литературен iазик можит да идит постепено и полусознател'но. iеден чоек од iеден народ, шчо немат пиоменост, можит да изучит азбуката од iеден народ по културен од негоиiот. Тоi чоек можит да употребуат туг'ата азбука и за гласои од негоиiот iазик, или да изложит своiите мисли со помок'та на туг'а азбука. Но ако во негоиiот iазик се имаат гласои, коiи се немаат во iазикот, от коi шчо се позаiмуат азбуката, тогаi позаiмуачот на туг'ата азбука ке напраит некоiи изменеiн'а и дополнеiн'а во неiа, со коiи ке бидит означена разликата во гласоите мег'у двата iазика. Таiа позаiмена и преработена азбука се предаат от колено на колено и со предаiн'ето се се изменуат и се дотеруат до своiствата на iазикот на позаiмуачите. Така постепено и неосетно се изработуваат азбуките у по некултурните народи од додир со по културни народи. Но таква постепеност имат место,ако два саседни народи сет во не iеднакви политични прилики, ке се речит, iедниiот, т.е. по културниiот народ гооподаруат, а другиiот, по некултурниiот народ iет заробен, или наi малу немат полна политична слободиiа. Но инак одат работите, ако двата народи имат своiи држаи. Во таков случаi позаiмуаiн'ата, особено културните, биваат по сознател'но и по скоро. Така рисiанството и писменоста каi нас македанците се имат зафатено наi рано от сите словенцки народи. Они се распространуваа со векои и идеа одоздолу на горе. За тоа во историiата нишчо не се зборуат за покрстуаiн'ето на нашиiот народ. Но со покрстуаiн'ето секоi пат имат идено и писменоста. Со замолчуаiн'ето на нашето покрстуаiн'е се замолчуат и процесот на образуаiн'ето на нашата пиеменост.

И така нашето дуовно препородуаiн'е и просветеiн'ето каi нас, па и изработуаiн'ето на нашата писменост, заради географцките и историiцки прилики, имаат земено во првата ил'адогодишнина по Р. Хр. инаков ход, а у друзите праославни словени инаков. Каi нас тоа се извршуат постепено и незабележано, каi ниф брзо и со извесна тенденциiа.

От турцкото завоiуваiн'е на Балканцкиiот полуостров стана iедна премена. Турцкото господство ни пресече сите врски со нашата старина. Наi тешко се отрази оно на Македониiа, као централна провинциiа, па затоа во тоа време, кога у друзите праославни словени постепено се изработуаше писмениот iазик и праописот, ниiе се поеке се обезличаафме и готоо сосем се откажафме од нашиiот iазик, као орган на литературна реча. Од време на време во течеiн'е на цел XIX век ниiе имаме опитуачки да се пишит на македонцки, но зарди некоiи историiцки причини тиiе опитуачки не се овенчаа со успеф, каков би можело да се очекуат од ниф.

Литературните опитуачки на македонцките писачи во XIX век немаа за жалост таков значаi, да задобиiат последуачи, затоа, ако и сега во XX в. видиме некоiи опитуачки да се пишит на македонцки, то тоа се не праит сознател'но и од некакви патриотични влечеiн'а и цели, а само за забаа.[5] Во тоа се состоит разликата во нашето, т.е. македонцкото дуовно-национално возродуаiн'е, от тоа на друзите праославни словенцки народи, со друзи зборои: као шчо по напред ниiе постепено и први се просветуафме со рисiанство и со писмо, а друзите словени - после нас и на брзо, така пак сега, во тоа време, кога сите праославни словени лостепено си изработиiа своiи литературни iазици, своiи богати литератури и постепено изработени праописи, ниiе остааме назад от сите, туку речи, без литературни традициiи, не затоа, што и немаме, а зашчо заборааме своiето, изучааiки туг'ето.

Ниiе сега со брзина ке требит да разработиме нашиiот литературен iазик, да устаноиме нашиiот праопис и да создадиме iедна наша литература, коiа ке одгоарат на сите наши нужди. Со нашето сегашно национално возродуаiн'е ниiе се протиостааме на друзите праославни, словени, као шчо се протиостаафме и напред: тогаi бефме први во дуовното препородуаiн'е, коiе каi нас беше бавно, а каi ниф скоро, сега наопако; тогаi они нас сакаа да не достигнат и работеа со извесна тенденциiа и брзина, сега наопаку.

Во зависност от тоа, како се имат развиiано iеден народ и негоиiот iазик. и праописот можит да бидит различен. Ако iеден народ само постепено си изработуат своiето писмо и нето го преработуат и притоа во негоата историiа се немаат таквиiа собитиiа, шчо iа преполоуваат и праат цела пропаст мег'у iедната, т.е. старата и другата или ноата неiна полоина, - писмениiот iазик и праописот содржаат во себе много таквиiа особини, коiи немаат реална вредност во гласоите на сегашното стаiн'е на iазикот. Но, ако во историiата на културното развиiаiн'е на iеден народ се имаат два периода, мег'у коiи се имат iеден, као треки, но коi шчо iет период од застоi и iет као непрелазна стена мег'у ниф, - тогаi во новиiот период на развиiаiн'ето на националното самосознааiн'е имаме препорадуаiн'е на народниiот дух, коiе стаат вистина на стара осноа, но во него влиiаат много нои начела, согласно со дуот на времето и со специалните потреби на народниiот жиот и негоите проiауаiн'а.[6] Тоа препородуаiн'е се одбележуат и во книжниiот iазик и праописот: како iедниiо, така и другиiот сет горе долу слободни од некоiи традициiи, коiи не сет согласни со современото стаiн'е на разгоорниiот iазик.

И така историiата на културното развизаiн'е на народите, согласно со неiниот ход, содеiствуват: или на чисто етимологиiцки или историiцки праопис, или на бркан - етимологиiцко-фонетичен или историiцко-фонетичен, или наi после на чисто фонетичен праопис. Трите вида от праопис зависат от по големата или по малата приврзаност кон старото или ноото стаiн'е на iеден разтоорен или литературен iазик. iедеiн'от от трите праописа се усвоiуат за iеден литературен iазик у iеден народ, шчо се возродуат, главно во зависност от та тенденциiа, шчо госпоствуат при народното возродуаiн'е.

iедно iет така, то и нашиiот праопис и праецот на нашиiот литературен iазик ке требит да бидат во полна зависност од та тенденциiа, коiа ке не раководит нас при нашето национално возродуаiн'е. Каква можит да бидит таiа тенденциiа се видит от таiа книга. Но iас ке си дозвол'ам да повторам. Она iет: прво, Македониiа да се неутралисат за Бугариiа и Србиiа и да се оддалечит iеднакво од двете држаи и друго, она требит да се обiединит на iазична осноа. Тиiе принципи ке ракоодат изработуаiн'ето на литературниiот наш iазик; они ке ракоодат и праописот. На тиiе два принципа одгоарат: 1, Прилепцко-Битол'цкото наречиiе за литературен iазик, као iеднакво далеко и от србцкиiот и бугарцкиiот iазици, и централно во Македониiа. 2, фонетичниiот праопис со употребените во таiа книга писмени знакои и со мали отстапки на етимологиiата и 3, речничниiот материiал да iет собраiн'е от сите македонцки наречиiа.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


139 години от рождението на Гоце Делчев
ГОЦЕ

Символ на гордост и слава,
ореол божествен ни стана.
Недостижим и близък остава
и лек, и песен, и рана.

Ти, Гоце, во нас си в сърцето,
ти брат си и син си любими,
ти знаме ни стана, което
е огин в студените зими.

Со песните секой те знае,
на орото рамо до рамо
и сърцето чука, не трае
едно име носиме само:

МАКЕДОНЕЦ и нищо друго
никой не може да ни каже,
бугарин, србин и гърко
не може нас да излаже.

Запей песна, майко мила,
стара песна, македонска,
за воините на Самоила,
за земята ни исконска.

Дур до Кукуш да се чуе
в бащина му стара кука,
дедо зурла да надуе,
тапан до небо да чука!

Димитър Иванов

Македонија пее

ДА НИ Е ЖИВА ПЕСНАТА

Тагата се распослала
Легнала ми натежнала
И си ја барам песната
што ми е мелем за душата

Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песна не весели
Со неа векува

Рефрен:

Да ни е жива песната
Песната еј македонска
Срцата што ги разпеа
Душите што ги огреа

Да ни е жива песната
И мојот народ намачен
Запеј му песно запеј му
Да не го видам разплачен

До кај што свети сонцето
До таму ни е народот
А ние што останавме
Песната им ја праќаме

Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песната не лекува
О неа векува

Рефрен...




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting