Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Култура

МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК

(Преземено од МИМ)


Меѓународниот ден на мајчиниот јазик 21 февруари оваа година е посветен на употребата на информациски и комуникациски технологии за заштита и промоција на јазиците и јазичната различност. Генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова во годишната порака вели дека новите технологии обезбедуваат нови начини за следење, истражување и учење на јазиците и дека успехот од електронското издание на Атласот на УНЕСКО за загрозените јазици во светот покажува колку е моќен интернетот за следење на состојбата на јазиците и повеќејазичноста и за подигнување на свесноста на глобалната јавност за тоа прашање.
- Информациските и комуникациските технологии можат да бидат особено корисни за промоција на мајчините јазици. Мора да ја искористиме силата на напредокот за да ги зачуваме разновидните претстави на светот и да ги промовираме сите извори на знаење и форми на изразување. Тие се нишките од кои е исткаена таписеријата - приказна на човештвото, истакнува Бокова.
Во светот денес се зборуваат меѓу 6.000 и 7.000 јазици, но на околу 3.000 им се заканува исчезнување. Според статистиката, во последните три века изумреле или драматично се намалил бројот на јазиците, посебно на американскиот и на австралискиот континент.
Околу 200 земји во светот се пред предизвикот да ги зачуваат „малите“ јазици и да се погрижат тие да се употребуваат заедно со светските јазици. Половина од денешните јазици ги зборуваат помалку од 10.000 лица, а четвртина од јазиците ги зборуваат помалку од илјада лица.
На 30-тата сесија на Генералната конференција на УНЕСКО во ноември 1999 година, 21 февруари е прогласен за Меѓународен ден на мајчиниот јазик, а во февруари 2000 година е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.
Покрај Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, на 26 септември се одбележува и Денот на европските јазици. Во 1998 година стапи во сила Европската повелба за заштита на регионалните и малцинските јазици со која, исто така, се потенцира лингвистичката разновидност и мултилингвизмот.

   НАРОДНА ВОЛЈА
С ТОДОРЖИВКОВСКИ ИНАТ СРЕЩУ ПРАВАТА НА ЧОВЕКА
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
БУГАРИЈА НИ ГО УСЛОВУВА ДАТУМОТ СО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАЛЦИНСТВО
Читај
НЕСТИХВАЩ ВУЛКАН В БОРБАТА ЗА СВОБОДНА И НЕЗАВИСИМА МАКЕДОНИЯ
Читај


139 години от рождението на Гоце Делчев
ГОЦЕ

Символ на гордост и слава,
ореол божествен ни стана.
Недостижим и близък остава
и лек, и песен, и рана.

Ти, Гоце, во нас си в сърцето,
ти брат си и син си любими,
ти знаме ни стана, което
е огин в студените зими.

Со песните секой те знае,
на орото рамо до рамо
и сърцето чука, не трае
едно име носиме само:

МАКЕДОНЕЦ и нищо друго
никой не може да ни каже,
бугарин, србин и гърко
не може нас да излаже.

Запей песна, майко мила,
стара песна, македонска,
за воините на Самоила,
за земята ни исконска.

Дур до Кукуш да се чуе
в бащина му стара кука,
дедо зурла да надуе,
тапан до небо да чука!

Димитър Иванов

Македонија пее

ДА НИ Е ЖИВА ПЕСНАТА

Тагата се распослала
Легнала ми натежнала
И си ја барам песната
што ми е мелем за душата

Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песна не весели
Со неа векува

Рефрен:

Да ни е жива песната
Песната еј македонска
Срцата што ги разпеа
Душите што ги огреа

Да ни е жива песната
И мојот народ намачен
Запеј му песно запеј му
Да не го видам разплачен

До кај што свети сонцето
До таму ни е народот
А ние што останавме
Песната им ја праќаме

Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песната не лекува
О неа векува

Рефрен...



Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting