Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Интервју - Поселт:

ПРОБЛЕМИТЕ ДА СЕ РЕШАВАТ ДОМА, А ВО ЕВРОПА ОБЕДИНЕТО

(Преземено од МИМ)


Г-дине Поселт, Вие сте еден од европратениците кои најчесто во Европскиот парламент се залага за европската интеграција на Македонија. Дали сте загрижени за ситуацијата во Македонија по најновите случувања на скопското Кале и со отсуството на опозицијата од Парламентот?
- Македонија е многу стабилна демократија, со големо мнозинство за владата, сите малцинства се дел од владата исто како и една од албанските политички партии.
Затоа мислам дека Македонија има обврска да се разјасни што се случило за време на овие настани. Но, имам голема доверба во македонската демократија и влада.
Минатата недела Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент дебатираше за резолуцијата за напредокот на Македонија. Како го оценувате овај извештај?
- Тој е првата верзија на текстот, ние работиме на него и ќе го промениме во неколку параграфи. Сигурен сум дека при второто читање текстот ќе биде силно променет.
Некои европратеници забележаа дека текстот на нацрт резолуцијата е напишан низ „призмата на социјалдемократите“, го делите ли и вие тоа мислење?
- Не, тоа е првата нацрт верзија на текстот на резолуцијата. Нашата политичка група (Групата на Европските народни партии), која е најголема во Европскиот парламент, има партнери и во другите групи и сигурен сум дека нашите идеи се мнозински во Комисијата.
Дали Вашата безусловна поддршка на Македонија е поврзана со припадноста на Вашето политичко семејство на партијата која е навласт во Македонија?
- Апсолутно не! Оваа недела ние расправаме за напредокот на Хрватска. Во Европскиот парламент јас работам за Хрватска повеќе од 15 години, за време на овај период хрватската влада беше социјалистичка или демохристијанска од редовите на мојата пријателска ХДЗ. Но, нашата работа за Хрватска секогаш беше иста, бидејќи за нас Хрватска е европска земја исто како што и Македонија е европска земја. Интеграцијата на Македонија во ЕУ е потребна за да се комплетира Европа. Но, тука мислам дека за да се успее во тоа, потребно е политичките партии во една земја како Хрватска или Македонија да работат заедно за европската интеграција.
Јас лично мислам дека работата на владата на Македонија за обврските кон ЕУ е одлична. Македонија е одлично подготвена за преговори. Министерот Милошоски и другите членови на владата се одлични и професионални и јас сум многу задоволен од нивната работа.
Опозицијата, пак, треба како во сите демократии, работата да си ја заврши дома. Не е убаво да се дискутира за разликите меѓу опозицијата и владата овде во Европската унија. Тоа е еден од проблемите на Македонија. Ја повикувам опозицијата, нејзината работа да ја врши во Македонија, во Парламентот. Плоштадите и улиците не се место за работа на опозицијата, туку Парламентот. Завршете си ја работата во Парламентот, како сите опозиции во светот, а тука пред европските говорници настапувајте обединето.
Известувачот за Македонија, Зоран Талер смета дека за затегнувањето на меѓуетничките односи во Македонија и за последните настани што се случија во земјата, виновна е и блокадата на македонската интеграција во ЕУ со нерешениот спор за името.
Г-динот Талер е известувач на Европскиот парламент и тој треба да биде објективен, тој има право да има мислење, но како известувач треба да биде објективен и да ги намали политичките тензии меѓу политичките партии. Јас сум сигурен дека блокадата на Македонија ќе биде завршена во еден разумен период, во текот на оваа или идната година. Постојано сум во контакт со еврокомесарот за проширување Штефан Филе, тој е пријател на Македонија и работи на изнаоѓање на решение на овај проблем.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


139 години от рождението на Гоце Делчев
ГОЦЕ

Символ на гордост и слава,
ореол божествен ни стана.
Недостижим и близък остава
и лек, и песен, и рана.

Ти, Гоце, во нас си в сърцето,
ти брат си и син си любими,
ти знаме ни стана, което
е огин в студените зими.

Со песните секой те знае,
на орото рамо до рамо
и сърцето чука, не трае
едно име носиме само:

МАКЕДОНЕЦ и нищо друго
никой не може да ни каже,
бугарин, србин и гърко
не може нас да излаже.

Запей песна, майко мила,
стара песна, македонска,
за воините на Самоила,
за земята ни исконска.

Дур до Кукуш да се чуе
в бащина му стара кука,
дедо зурла да надуе,
тапан до небо да чука!

Димитър Иванов

Македонија пее

ДА НИ Е ЖИВА ПЕСНАТА

Тагата се распослала
Легнала ми натежнала
И си ја барам песната
што ми е мелем за душата

Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песна не весели
Со неа векува

Рефрен:

Да ни е жива песната
Песната еј македонска
Срцата што ги разпеа
Душите што ги огреа

Да ни е жива песната
И мојот народ намачен
Запеј му песно запеј му
Да не го видам разплачен

До кај што свети сонцето
До таму ни е народот
А ние што останавме
Песната им ја праќаме

Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песната не лекува
О неа векува

Рефрен...




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting