Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија

ПОЧНА СОЗДАВАЊЕ НА БАЛКАНСКА УНИJА!

(По македонскиот печат)

Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија ќе се обединат во Балканска унија и тоа е единствен начин да се стабилизира овој дел на Европа, дознава „Сан“ од свои извори во меѓународната заедница.
Во рамки на тој план треба да се гледаат и зачестените средби и разговори на лидерите на БиХ, Србија, Црна Гора и Хрватска, но и исклучително ефективниот ангажман на Турција во средувањето на состојбата на Балканот.
Според некои извори, целата идеја потекнува од Вашингтон, која наиде на одобрување во Европа и Европската унија е подготвена да ја реализира, секако со цврст и силен ангажман на САД.
За сега на операцијата за Балканска унија нема реакции од државите на кои таа се однесува, иако од некои кругови на меѓународната заедница велат дека тоа не е точно.
Како пример го наведуваат неодамнешниот состанок на претседателите на Србија и Хрватска Борис Тадиќ и Иво Јосиповиќ и нивната иницијатива да се основа регионална фудбалска лига.
Тоа се оценува како почетни чекори кон патот до конечно основање на Балканска унија. Истовремено, се појави идејата БиХ, Хрватска и Србија заедно да се кандидираат за организација на Европското првенство во фудбал во 2020 година.
Не треба да се заборави дека од следната сезона почнува и ракометарната лига во која ќе учествуваат 16 екипи од 6 поранешни југословенски републики.
Се смета дека токму на спортското поле може да се испипа и пулсот на балканската јавност.
ОД КАДЕ И ЗОШТО БАЛКАНСКА УНИЈА?
Не е тешко да се открие одговорот - поради глобалната економска криза, но и од потресите и неслогите внатре во Европската унија, јасно е дека на одредено време примањето на нови членки ќе биде стопирано. Се оценува дека успешното функционирање на Балканската унија би било најдобра препорака за прием на сите нејзини членки во ЕУ, за пет до шест години.
Целата оваа иницијатива е поткрепена со многу аргументи. Со формирање на Балканска унија конечно БиХ ќе стане функционална држава, ќе се намалат политичките тензии и ќе се спречи секоја можност за отцепување на РС; Србија би ги решила внатрешните работи и односите со Косово; Црна Гора би го решила српското прашање кое сеуште е отворено; во Македонија ќе се подобри квалитетот на животот; Албанија ќе отвори големи економски можности; Косово во балкански рамки конечно ќе се стабилизира.
Кога се работи за Хрватска, која објективно е најблиску до прием во Европската унија, таа исто така би влегла во Балканската унија и до приемот во ЕУ ќе има статус на „главен мотор“
. Во практична смисла, што значи основањето на Балканска унија? Најкусо, не се работи за основање на некоја нова Југославија ниту сојуз на држави, туку тоа би била економска унија по примерот на Бенелукс.
Тоа подразбира апсолутна соработка на државите членки во областа на економијата со поврзување на компании, потоа соработка во областа на безбедноста, борбата против криминалот, изградба на патни коридори, патување со лична карта... Има и иницијатива да се воспостави и единствен царински систем.
Како што дознава „Сан“, се се сведува на намерата Западен Балкан да се уреди по примерот на Европската унија, со што ќе се постигне и политички и економски поим, а не исклучиво географски поим како сега.
На чело на Балканската унија би бил Совет на министри, а претседателот би се менувал секои шест месеци и би бил од друга држава членка. Советот на министри на Балканската унија би имал исти задачи кои ги има Советот на министри за надворешни работи на државите членки на Европската унија, пишува „Сан“.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


139 години от рождението на Гоце Делчев
ГОЦЕ

Символ на гордост и слава,
ореол божествен ни стана.
Недостижим и близък остава
и лек, и песен, и рана.

Ти, Гоце, во нас си в сърцето,
ти брат си и син си любими,
ти знаме ни стана, което
е огин в студените зими.

Со песните секой те знае,
на орото рамо до рамо
и сърцето чука, не трае
едно име носиме само:

МАКЕДОНЕЦ и нищо друго
никой не може да ни каже,
бугарин, србин и гърко
не може нас да излаже.

Запей песна, майко мила,
стара песна, македонска,
за воините на Самоила,
за земята ни исконска.

Дур до Кукуш да се чуе
в бащина му стара кука,
дедо зурла да надуе,
тапан до небо да чука!

Димитър Иванов

Македонија пее

ДА НИ Е ЖИВА ПЕСНАТА

Тагата се распослала
Легнала ми натежнала
И си ја барам песната
што ми е мелем за душата

Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песна не весели
Со неа векува

Рефрен:

Да ни е жива песната
Песната еј македонска
Срцата што ги разпеа
Душите што ги огреа

Да ни е жива песната
И мојот народ намачен
Запеј му песно запеј му
Да не го видам разплачен

До кај што свети сонцето
До таму ни е народот
А ние што останавме
Песната им ја праќаме

Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песната не лекува
О неа векува

Рефрен...




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting