Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Македонија доби кредит од Меѓународниот монетарен фонд

ММФ ЈА ОДОБРИ ОТВОРЕНАТА КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ИЗНОС ОД 480 МИЛИОНА ЕВРА

(Преземено од МИМ)


Бордот директори на Меѓународниот монетарен фонд ја одобри отворената кредитна линија за Македонија во износ од 480 милиони евра. Македонија е прва земја членка на ММФ што го користи овој нов инструмент наменет пред се за земји со здрави политики, а кои немаат потреба од финансирање, но се соочуваат со ризици што би можеле да доведат до таква потреба.
Кредитната линија е со времетраење од две години, во првата година ќе бидат достапни 400 милиони евра, со дополнителни 80 милиони евра во втората година. Таа дава сигурност на земјите дека доколку дојде до негативни случувања тие ќе имаат доволно средства кои ќе може да ги повлечат за да ја зачуваат стабилноста. Склучувањето на кредитната линија помага и во зајакнување на довербата и овозможува полесен пристап до средства на пазарите на капитал. Покрај сигурноста, користа од оваа кредитна линија е и испраќањето сигнал до инвеститорите дека ММФ верува во квалитетот на економските политики и тоа може да помогне во процесот на емитување еврообврзница, односно да ја спушти нејзината цена.
Средствата се наменети како резервна варијатна кога земјата би имала потреба, а не може на друг начин да обезбеди финансирање. Средствата кога би се повлекле би се користеле за сите буџетски потреби.
Според условите на кредитната линија за претпазливост, потребно е да се изврши проверка на секои шест месеци за да може да се обнови кредитната линија. Целта на ваквите прегледи е да се потврдат континуираните здрави политики на властите. Не постојат критериуми или структурни репери за извршување како што ги има во стандардните стенд бај аранжмани. Дизајнирана е за да даде обезбедување.
Вториот заменик извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд Наојуки Шинохара по одобрувањето на новата кредитна линија за Македонија од страна на оваа меѓународна финансиска инститиуција, изјави дека земјата има солидни економски перформанси, вклучувајќи низок јавен долг и инфлација и флексибилен банкарски систем.
Според него, Владата спроведува умерена фискална политика, а во земјата има и фиксен девизен курс. Врз основа на тие параметри, како што вели, перспективите за задржување на макроекономската стабилност и враќање на посилниот економски раст се добри.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


139 години от рождението на Гоце Делчев
ГОЦЕ

Символ на гордост и слава,
ореол божествен ни стана.
Недостижим и близък остава
и лек, и песен, и рана.

Ти, Гоце, во нас си в сърцето,
ти брат си и син си любими,
ти знаме ни стана, което
е огин в студените зими.

Со песните секой те знае,
на орото рамо до рамо
и сърцето чука, не трае
едно име носиме само:

МАКЕДОНЕЦ и нищо друго
никой не може да ни каже,
бугарин, србин и гърко
не може нас да излаже.

Запей песна, майко мила,
стара песна, македонска,
за воините на Самоила,
за земята ни исконска.

Дур до Кукуш да се чуе
в бащина му стара кука,
дедо зурла да надуе,
тапан до небо да чука!

Димитър Иванов

Македонија пее

ДА НИ Е ЖИВА ПЕСНАТА

Тагата се распослала
Легнала ми натежнала
И си ја барам песната
што ми е мелем за душата

Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песна не весели
Со неа векува

Рефрен:

Да ни е жива песната
Песната еј македонска
Срцата што ги разпеа
Душите што ги огреа

Да ни е жива песната
И мојот народ намачен
Запеј му песно запеј му
Да не го видам разплачен

До кај што свети сонцето
До таму ни е народот
А ние што останавме
Песната им ја праќаме

Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песната не лекува
О неа векува

Рефрен...




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting