Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Претседателот Ѓорге Иванов за надворешно-политичките приоритети на Македонија

ЗАВРШИ ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ЈАСЕН

(Преземено од МИМ)


Во Јасен нa 21.I. 2011 г. попладнево заврши средбата на претседателот Ѓорге Иванов и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДУИ Али Ахмети и на Нова демократија Имер Селмани.
На средбата, како што изјави по нејзиното завршување претседателот Иванов, се расправало за надворешно-политичките приоритети на Македонија, со акцент на интеграциите во НАТО и ЕУ и спорот за името, за препораките и приоритетите од Извештајот на Европската комисија, за одбележувањето на двата важни годинашни јубилеја - две децении од назависноста и 10 години од Рамковниот договор, како и за одржувањето на претстојниот попис.
За прашањето за името, кое, како што рече Иванов, веќе две децении не оптоварува и се користи за блокирање на македонските евро и евроатлантски интеграции, на средбата биле разменети мислења и споделени информации за актуелностите во спорот.
Премиерот Никола Груевски ги информирал за средбите со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу. Иванов најави дека за прашањето за името ќе расправа и државниот врв на средба на која амбасадорот Зоран Јолевски ќе информира за евентуално нови моменти во пресрет на средбата со посредникот Метју Нимиц и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис на 9 февруари во Њујорк.
Прашан за македонската позиција за името, шефот на државата нагласи дека таа е позната и секаде искажана, односно оти решението треба да се бара во рамките на ОН и усвоените резолуции.
- Секое излегување од таа рамка, посегнување по нашиот идентитет, отворањето на прашањето за името и за нашиот јазик, на некој начин го попречува наоѓањето решение. Затоа ние секогаш на Нимиц му ги кажуваме нашите ставови дека мора да се држиме во рамките на резолуциите на ОН и тогаш е можно да се најде заемно прифатливо решение кое навистина ќе ги деблокира клучните процеси за нас, изјави Иванов.
На средбата во Јасен, иако поканет, не присуствуваше лидерот на ДПА Мендух Тачи.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


139 години от рождението на Гоце Делчев
ГОЦЕ

Символ на гордост и слава,
ореол божествен ни стана.
Недостижим и близък остава
и лек, и песен, и рана.

Ти, Гоце, во нас си в сърцето,
ти брат си и син си любими,
ти знаме ни стана, което
е огин в студените зими.

Со песните секой те знае,
на орото рамо до рамо
и сърцето чука, не трае
едно име носиме само:

МАКЕДОНЕЦ и нищо друго
никой не може да ни каже,
бугарин, србин и гърко
не може нас да излаже.

Запей песна, майко мила,
стара песна, македонска,
за воините на Самоила,
за земята ни исконска.

Дур до Кукуш да се чуе
в бащина му стара кука,
дедо зурла да надуе,
тапан до небо да чука!

Димитър Иванов

Македонија пее

ДА НИ Е ЖИВА ПЕСНАТА

Тагата се распослала
Легнала ми натежнала
И си ја барам песната
што ми е мелем за душата

Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песна не весели
Со неа векува

Рефрен:

Да ни е жива песната
Песната еј македонска
Срцата што ги разпеа
Душите што ги огреа

Да ни е жива песната
И мојот народ намачен
Запеј му песно запеј му
Да не го видам разплачен

До кај што свети сонцето
До таму ни е народот
А ние што останавме
Песната им ја праќаме

Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песната не лекува
О неа векува

Рефрен...




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting