Голем поздрав, Лиле! Редакцискиот колегиум на весникот “Народна волја” и лично јас кaко главен и одговорен уредник те поздравуваме најсрдечно по случај 10 години од излегувањето на Вашиот вестник “Македонски вести”.
Ние, од весникот “Народна волја” најдобро знаеме, колко е тежко, колку многу проблеми има за да се издава весник. И по оваа причина можеме најдобро и најреално да ја разбереме твојата макотрпна работа, за да може да се издржи 10 години на упорит и всеоддаден новинарски труд. За оваа одговорна работа човек требва да има и многу голем дух, многу сили и амбиција, провесионализам. Но Лиле, през сите тие години ти на дело доказа дека имаш знание, и најважното, дека имаш национален долг кон својот македонски народ - да ја шириш афирмацијата на македонскиот идентитет.
Твојата работа и упоритост е патриотски подвиг. Биди горда, дека со чест и достојнство ја изполнуваш својата одговорна мисија кон народ и Родина. Ти посакувам Лиле на тебе и твоите соработници. уште многу, многу години здравје, радост, среќа и со истиот борбен дух да ја продолжиш борбата и да и служиш на многоизмачената мајка Македонија! Поздрав Георги Христов (Јан Пирински).