Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Република Македонија веќе е признаена од 131 земји во светот

И ЗИМБАБВЕ, И БОЛИВИЈА ГО КОРИСТАТ УСТАВНОТО ИМЕ

(Преземено од МИМ)


Зимбабве не’ призна под уставното име и со тоа стана 130. држава што не’ ословува како Република Македонија. Признавањето од Зимбабве, кое се случи на 13 I. 2011 г. , дојде заедно со воспоставувањето дипломатски односи меѓу Хараре и Скопје. Со овој потег Зимбабве стана 162. земја со која земјава има воспоставено дипломатски односи.
Признавањето на нашето уставно име од страна на Хараре неофицијално се спомнуваше како причина за средбата меѓу македонскиот премиер Никола Груевски и претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, на маргините на Самитот ЕУ - Африка во Либија. Средбата што се случи на крајот од ноември предизвика реакции бидејќи Зимбабве се наоѓа под санкции од страна на ЕУ и на САД поради диктаторското владеење на Мугабе.
ЕУ не сакаше да ја коментира средбата, велејќи дека единствена причина зошто европска земја би се сретнала со Мугабе е за да го притисне за промена на неговата политика.
Македонската јавност за средбата Груевски - Мугабе дозна по неколку дена од весникот „Хроникал“ од Зимбабве, што потоа беше потврдено и од нашиот премиер. Груевски за средбата рече дека била иницирана од Мугабе.
Пред Зимбабве Македонија дипломатски односи под уставно име воспостави со Сирија во септември 2010 година.
Владата на Боливија одлучи во билатералната комуникација со Република Македонија во иднина да го користи уставното име на државата. Ова се наведува во писмото до министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, преку мисијата во Обединетите нации, го упати неговиот боливиски колега, Давид Чокехуанка.
Како што се наведува во соопштението од македонското МНР, Боливија беше прва земја од јужно-американскиот континент, која на 15 јуни 1994 година со размена на писма, помеѓу тогашните амбасадори на двете држави во ОН, Денко Малески и Едгар Камачо Омисте, воспостави дипломатски односи со Република Македонија под привремената референца.
Боливија е 131-та земја, која во билатералната комуникација со Република Македонија го користи уставното име на земјата.

   НАРОДНА ВОЛЈА
С ТОДОРЖИВКОВСКИ ИНАТ СРЕЩУ ПРАВАТА НА ЧОВЕКА
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЕКСЕЛЕНЦИИ, МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ИСТОРИСКА РЕАЛНОСТ, ФАКТ
Читај
ТЕМПИРАНА БОМБА НА БАЛКАНОТ
Читај


139 години от рождението на Гоце Делчев
ГОЦЕ

Символ на гордост и слава,
ореол божествен ни стана.
Недостижим и близък остава
и лек, и песен, и рана.

Ти, Гоце, во нас си в сърцето,
ти брат си и син си любими,
ти знаме ни стана, което
е огин в студените зими.

Со песните секой те знае,
на орото рамо до рамо
и сърцето чука, не трае
едно име носиме само:

МАКЕДОНЕЦ и нищо друго
никой не може да ни каже,
бугарин, србин и гърко
не може нас да излаже.

Запей песна, майко мила,
стара песна, македонска,
за воините на Самоила,
за земята ни исконска.

Дур до Кукуш да се чуе
в бащина му стара кука,
дедо зурла да надуе,
тапан до небо да чука!

Димитър Иванов

Македонија пее

ДА НИ Е ЖИВА ПЕСНАТА

Тагата се распослала
Легнала ми натежнала
И си ја барам песната
што ми е мелем за душата

Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песна не весели
Со неа векува

Рефрен:

Да ни е жива песната
Песната еј македонска
Срцата што ги разпеа
Душите што ги огреа

Да ни е жива песната
И мојот народ намачен
Запеј му песно запеј му
Да не го видам разплачен

До кај што свети сонцето
До таму ни е народот
А ние што останавме
Песната им ја праќаме

Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песната не лекува
О неа векува

Рефрен...



Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting