Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Жива историја

СВЕДОШТВА НА ПРОТЕРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈОТ

(Продолжува од минатиот број)

НА БЕГАЊЕ ПАДНА ВО БУНАР

-Еве како започна прогонот: На 17 јуни 1947 го сардисаа селото, а од селото Грците почнаа да пукаат од подрумите во училиштето, таму беа скриени имаа и митралези. Луѓето од селото почнаа да викаат “Ајде да бегаме”, се собравме, на запрежни воловски коли се качивме, по една фамилија со децата на една запрежна кола, прибравме набрзина што можеше. Ние имавме дуќан во селото, зедовме чоколади - јадевме. Мене ми рекоа, ај ти си голема, оди одзади терај ги овците. Ги терав и така одеднаш паднав во еден сув бунар. Викав, плачев, пиштев, тие напред не можеа да слушнат од ѕвонците на овците. Кога се повлекуваа партизаните дојдоа коњаници кои ме пронајдоја. Еден ми вели: “А бре дете што бараш тука”, “кај се твоите?”. “Ги терав овците и паднав, тие заминаа, не знам кај отидоа”, реков. “Дај ми ја раката” ми рече, ме извади од бунарот и ме донесе кај моите, во Сетина.

НА ДЕСЕТ ГОДИНИ СПАСИ ДЕТЕ

- Снаа ми Олга, од брат ми Михаил, носеше пет деца и некрстената ќерка која имаше само 6 месеци, Џурка, ја носеше в раце. Патот беше тежок, козји патеки, се одеше високо преку ридовите. Испотена, преплашена од страв, од пукањето, жива вода беше. Туку некое време, гледам ја нема Џурка. “Дадо, каде е Џурка?”, прашав. “Ја оставив во ридот крај реката, не можев сите да ги носам”.

- Се вратив, ја најдов, Џурка беше многу повиена, ја расповив, имаше една маичка, ја гушнав, таа плаче, јас плачам - пиштам, одам нагоре по ридот, се ми се чини ќе паднам во реката, во провалијата, а патчето тесно, со дупки и ја донесов пред да стигнеме до границата. За Сетина зборувам. Ме гледаат, го носам бебето и викаат: “Еј гледајте, дете спасува дете”. Јас имав само 10 години, а снаа ми почна да плаче: “Леле, мори, ја зеде”? “Ја зедов ма, а ти ја остави”. “А што да правам, сама ги носам другите. Морав да ги спасувам овие пет душички кои се дојдени први на свет”. Долго време немаше име, а кога дојдовме во манастирот Слепче, во прилепската околија, мене ми дадоа да ја крстам. Така станав кума.

Многупати во животот со Џурка се гледавме, кога и беше тешко ќе ми рече: “Тогаш ме спаси, а сега”.

И ВО ВОЈВОДИНА УЧЕВМЕ ГРЧКИ

Кога стигнавме тука, прво не сместија во манастирот во Слепче, после во Прибилци, па Демирхисарско. Во Прибилци просевме, ни даваа луѓето гравче и лепче. После бевме во Жван, Мургашево... Неколку дена не зеде во Гевгелија кумот Алеко кој работеше на пругата. Одевме по дрва кај реката кога не видоа и свикаа: “Овие да не избегаат за Грција”.

Не вратија повторно во Слепче. Дојде наредба да одиме во Војводина. Не однесоа со товарен воз, ни дадоа куќи од швабите во Гаково и Крушевље. Во куќата имавме четири одделенија, во собите калиеви печки, а во бунарите ја најдовме целата покуќнина што ја оставиле Германците што живееја во Војводина пред да заминат. Можеби верувале дека ќе се вратат. За да учиме ни донесоа учители од Грција, од Булкес. И весници донесоа “Фонитис Булкес” (Глас на Булкес). Таму научив грчки. И сега ја знам таблицата на грчки, ако сакаш да ти ја речам, на македонски можеби нема да ја погодам од одма. Во Војводина ни српски не учевме, ни македонски. Само грчки. Таму имаше и улици со грчки имиња, а и нашите ги претопуваа. А имаше и случај еден брат да е Македонец, другиот да се кажува Грк.

“Пак ли и тука грчки ќе учиме”, се бунеа нашите во Војводина. Ако ја сакате Македонија, треба назад да се вратите, да се борите, а тие над 18 години да служат војска.

Пред да избегаме од Сакулево по пругата со децата одевме на училиште во Битола, немаше никаква граница а беше воено време. Кога бев многу мала во Сакулево, одевме в црква на секој голем празник - за Божик, за Водици, за Велигден. Поповите пееја на грчки. Знам и псалми на грчки јазик. Надвор од црквата поповите со народот зборуваа македонски. Тие беа наши, само претходно беа пратени на школо, за да пеат и да проповедаат на грчки. По осумнаесет месеци не вратија и ни рекоа дека ќе сме ја ослободувале Македонија. Ништо од тоа. Се вративме во село Славеј, прилепско. Таму се отвори задруга. Ние, Егејците направивме штали, се купија крави, телиња, коњи. Збиравме и тутун. Ако не нанижеш 13 низи не се следуваше детски додаток. Така за детскиот додаток макотрпно работевме. После таа работа ми ја запишаа како стаж за пензија.

Брат ми Трендафил беше добар бербер па се преселивме во Скопје. Ни овде не ни беше лесно. Бараа да земеме државјанство. Синот на Трендафил, Никола, го бараа да оди војска. Ако не одиш војска ти го земаа станот. Два пати стан ни дадоа, два пати ни го зедоа. Го молевме, главниот да не го зема внукот во војска за да помага како машка глава во Мичурин, каде живеевме во една стара зграда. Ја викавме Чеганската зграда. Во кујната спиевме 14 души и тоа ни го зедоја. Не дозволуваа, ние, Егејците да бидеме на едно место. Поради тоа многу од нашите заминаа во Австралија и во Канада. Да не беа тие притисоци, тука ќе бевме сите, поблиску до границата со родниот крај.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Испраќаме новогодишен поздрав до читателите на весникот “Народна волја“ од градот Прилеп, Република Македонија, со многу искрени желби за здравје и среќа, братство и мир, љубов и разбирање пред се меѓу Македонците и народот во светот во Новата 2011 година!

На Јан Пирински и неговите соработници пожелуваме уште многу, многу години со успех да ја презентираат пред светот вистината за Македонија.

Дај Боже да се множат вакви гласила таму каде што ги има Македонците и нивните пријатели.

12.12.2010 г., гр. Прилеп, Р. Македонија.

Радко Георгиевски
Драги Башески
На редакционния колектив на в. “Народна воля”

по случай Новата 2011 година

пожелавам нов устрем и нови сили за отразяване живота на народа, неговите мечти и надежди, за да се извоюва общонационалното очакване - признаване на древната ни националност!
Лично на главния редактор на вестника г-н Георги Христов и на неговото семейство пожелавам Дядо Коледа да ги посети с пълен чувал хубави подаръци и весело настроение!

Нека Новата 2011 година да донесе на всички много здраве, дълголетие, щастие и успехи във всичко!

5.12.2010 г.

Сариса Параос

ИЗЈАВИ НА ДАМЕ ГРУЕВ:

• Досегашното искуство на нас, Македонците, ни покажа дека само со сопствени сили можеме да се избориме за ослободување на Македонија.

• Ние го напуштивме школувањето во Белград и дојдовме во Софија зашто ни беше ветено од бугарскиот дипломатски агент во Белград дека ќе имаме полна слобода за здружување на нас Македонците. Ако сметате дека сме сториле грев со нашето студентско друштво... одиме дома! Ние со ништо не сме згрешиле спрема бугарските закони. Нашиот грев е тоа што го сакаме нашето отечество. Кога дојдовме тука се надевавме братски да ни помогнете да создадеме своја интелигенција што ќе го поведе отечеството во борба за ослободување. Како што гледате - ние сме измамени!

• Нам ни претстои голема и макотрпна борба за обединување на народот во Македонија за да се спротивставиме не само на турскиот терор, туку и на тугите пропаганди што го цепат народот на Срби, Грци и Бугари.

• Остави ме, Мирчо! Ах, тие погани врховисти - пак не предадоа! - рекол тежко ранет Даме преди да умре.

Поезија
ПЕТЪР МИЦКОВ

На всички, които през 1965 година отстояваха македонското име

Лист форматна хартия –
формуляр канцеларски
с напечатани няколко реда.
Малко късче хартия,
наглед –
като хиляди други бумаги,
но изписана с думи,
по-страшни от всички куршуми:

М О Л Б А

от (име, презиме, фамилия),
живущ. ...............

Моля да ми бъде сменена националността
от македонец на българин.

Подпис:
Впиши си името
и подпиши!
Доброволно,
съвсем доброволно.
Впиши си името
и подпиши!

Декларирам:
Тая земя,
на която с любов съм заченат
и с любов съм роден,
за да нося любов и надежда,
е чужда.

Чужди са Охрид и Преспа,
де още
в безлунните нощи
вълните през сълзи разнасят
кървави вопли
на ослепени войни.

Чужд е белия град на Егея
със звучното име на македонска царица –
Тесалоника –
твоя град, щерко на Филип
Админта,
Александрова сестро.
Чужда е моята нежна Беласица,
чужд е хайдушкия Пирин
с усоите гъсти,
пълни с легенди и песни
за славни комити,
положили кости за тебе,
Родино.

Чужди са майките с черни забрадки,
дето през дългите-дългите нощи,
самотни,
кървави ризи през сълзи прегръщат
наместо любими съпрузи
и синове свидни,
чакани-недочакани.

Впиши си името
и подпиши!

Декларирам:
Святата кръв на дедите,
пролята за тая земя,
за да бъде свободна и силна,
дъждовете отдавна измиха –
не остана и помен от тия светци.
Вече няма и нужда от помен –
нали станахме все атеисти.

Чужда,
чужда е тая земя,
а ние
под наем живеем на нея –
досадни натрапници.

Впиши си името
и подпиши!

Всичко в мене крещи.
Ужас вклещва гърдите.
Буца страшна засяда във
гърлото
и душú,
и душú.
А насреща –
униформената доброволност,
самоуверена,
самодоволна,
цинично ухилена,
заканително сочи със пръст:
– Ще подпишеш ли?

Хищен,
спуска се мрак
с белезници и зинало дуло,
месечина-стръвница
по нощите
пие отново човешки души.
Безнадеждност
и мъка…

– Ще подпишеш ли?

Нямам глас.
Мълчаливо отказвам.

Тъмнина…
1973

Македонија пее

ОГИН И ПЛАМЕН ФРЛАТ ПО МЕНЕ

Огин и пламен фрлат по мене
дека сум голем Бекрија,
дека сум голем Бекрија, моме,
Бекрија ем мераклија. (2)

Рефрен:
А пак јас само по свое
животот свој го живеам,
другари меани, убави жени,
и без број ноки неспани. (2)

Огин и плмен фрлат по мене,
илјада клетви истурат,
илјада клетви истурат, моме
истурат ме проколнуват. (2)

Рефрен...

Огин и пламен фрлат по мене,
оти со мерак живеам,
оти со мерак живеам моме,
живеам и се веселам. (2)

Рефрен...

НИКО, НИКО МЕАНЏИКО

Нико, Нико мори меанџико
чини есап Нико да ми платиш
што ти служев Нико три години
сум решило Нико да се женам.

Еј Стојане море измеќаре
ако сакаш Стојан да се жениш
јас си имам Стојан измеќарки
која сакаш Стојан таја земи.

Нико, Нико мори меанџико
татко ми оставил проклетија
да не земам Нико јас девојка
тук да земам Нико јас вдовица.

Еј Стојане море млад Стојане
ако сакаш Стојан ти вдовица
ако сакаш Стојан ти вдовица
седи овде Стојан земај мене.



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting