Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Позиција

СВЕТОТ ЖИВЕЕ ВО ОРВЕЛОВАТА 1984

Стефан Влахов-Мицов

По откритијата на „Викиликс“ веќе нема сомнеж дека светот е обземен не само од глобална финансиска и економска криза, туку и од морална криза. Некој може да рече дека тоа се однесува само на САД зашто објавените тајни документи се американски. Само што, прво, таа држава се уште има претензии, а и дел од светската заедница продолжува да ја третира како столб на прогресот и на демократијата. Второ, од документите не се гледа само ставот на американските државни институции и дипломатски претставници, туку и на другите држави.

И разликата меѓу нив не е голема. Трето, обрнете внимание на светските реакции по продолжувањето на откритијата. Државниот секретар на САД Хилари Клинтон објави дека дејствата на „Викиликс“ биле „напад врз меѓународната заедница“ и дека „со истекувањето на тајните документи се нарушува довербата меѓу државите“. Од Белата куќа изјавија дека да се крадат и да се објавуваат тајни документи било „злосторство“.

Значи, не е злосторство да се работи против една или друга држава, да се поткопува нејзиниот суверенитет, како и мешање во внатрешните работи на таа земја, а злосторство било тоа да се разбере. Значи, довербата меѓу државите не се урива од незаконски дејства, туку од јавната информација за нив! Одамна е познато дека САД имаат перверзен однос кон моралот не само во политиката, туку и во обичниот живот. Да се потсетиме дека сопругот на Хилари, поранешниот претседател Бил Клинтон, беше подложен на импичмент не заради прељубата со Моника Левински, туку затоа што излажа за тој случај. Доколку признаеше, во очите на Американците ќе останеше морален и чесен човек. Во сегашната афера со документите, САД се принудени да се бранат. Интересно е што и другите големи земји им помагаат. Според Германија, објавувањето на документите било „незаконско“. Франција дури го нарече „заплашување на демократската власт“. Слична е и официјалната позиција на Кина, а според Русија „документите не заслужуваат коментар“. Јавниот консензус меѓу големите сили всушност не е интересен, туку трагичен. Тој ја докажува целосната морална деградација на политичките елити. Државите не протестираат против САД, зашто доколку утре бидат објавени тајни француски, германски, руски документи, тие нема да се разликуваат од американските. А, познато е од народната поговорка „врана на врана очи не вади“. Од таа причина за главен виновник беше прогласен сопственикот на веб-страницата „викиликс“ Џулијан Асанж. Тој беше наречен терорист, а Интерпол издаде потерница за апсење, откако Асанж најави: „Имаме да објавиме уште тони документи, со кои ќе ги набиеме на кол лажливите, корумпираните и злосторски влади од Бахреин до Бразил“.

Ќе потсетам дека на 22 октомври минатата година

“Викиликс“ објави 391.832 тајни американски документи за војната во Ирак, во кои жртвите од локалното население ја надминуваат бројката од сто илјади луѓе. До тој момент, од околу 200 држави на земјината топка не се најде ниту една која ќе понуди сигурно засолниште на Асанж. Ако светската заедница, ако влијателните медиуми кои ги објавуваат документите не преземаат кампања не само за заштита на Асанж и за слобода на информацијата, а против дејствата на државните администрации и институции, тоа ќе биде предупредување за цел свет. И категоричен доказ дека денешната човечка цивилизација изгубила секаква смисла и значење. Вклучително и паролите за заштита на човековите права. Но, сопственикот на „Викиликс“ сам им се предаде, иако заканата од тајните документи остана. Врв на цинизам е што некои државни раководители гневно реагираа на персоналните квалификации на нивна адреса во документите, а не реагираа на агресијата врз нивните сопствени држави. Накусо кажано, веќе живееме во Орвеловата 1984.

Во периодот 1997-2001 година дипломат број еден на Бугарија беше Надежда Михајлова. Таа беше запаметена по определбата „убавото Наде“, со неколку надворешнополитички скандали и со еден внатрешен. Нејзините зборови „Нахранете ги новинарите“ и „Најдете начин тие новинари некако да ги фатите“, изговорени пред активисти на владејачката партија во предвечерието на изборите и апсењата на новинари што следеа откако стенограмот беше објавен, станаа симбол на цинизам во бугарската политика. Министерството за надворешни работи дури објави дека „фактот што го послушаа бугарскиот министер за надворешни работи Надежда Михајлова може да се оквалификува како меѓународен скандал“. Скандал не заради зборовите на министерката, не заради нејзиното мислење и однесување, туку затоа што тоа стасало до јавноста!? Во септември 2008 година во Бугарија беше сопрен една анонимна веб-локација „опасните новини, откако, според Државната агенција за национална безбедност, во неа била објавена класифицирана, т.е. тајна информација. По тој повод, повторно беа испрашувани новинари, а еден од нив Огнен Стефанов ѕверски беше претепан и едвај преживеа. Тогаш си мислев дека во Бугарија се е можно зашто таа не е нормална држава. Денес се покажува дека Бугарија напросто е одличен ученик на меѓународните организации и институции.

Пред неколку дни грчкиот министер за надворешни работи Друцас му врачи протестна нота на американскиот амбасадор во Атина Даниел Смит во која побара САД да го стопираат објавувањето документи поврзани со конфликтот на Грција со Република Македонија. Затоа што, внимавајте, документите можеле да ја навредат Атина. Тоа е истиот Друцас, кој непрекинато тврди дека односот на Грција спрема македонската држава бил позитивен и добрососедски. Жал ми е што не можам лично да му поставам прашање за неговото лицемерие и да добијам сатисфакција за тоа што ќе се јадосува и ќе го изобличи изразот на лицето. Затоа, благородно му завидувам на пратеникот Влатко Ѓорчев кој ја кажа вистината за евроамбасадорот Ерван Фуере. Притоа, токму на местото каде што требаше - во Брисел. Вистина што ја знае цела Македонија. Не случајно, според една нова анкета, 72% од етничките Македонци немаат доверба во ЕУ за Македонија. И причината за тоа не е само во раководителите на Унијата, ами и во евроамбасадори како Фуере. Тука е местото да кажам неколку зборови за прочуената Виенска конвенција, што божем Ѓорчев ја нарушил. Според член 29 од таа конвенција, „државата гарантира дека ќе ги заштитува слободите, личноста и достоинството на дипломатите“. Виенската конвенција, а и меѓународното право во целост, бараат реципроцитетни дејства од самите дипломати. Зашто во случајов, достоинство нема само Фуере, туку и македонската нација и држава. Сведоци сме како тој претставник на ЕУ ги крши сите правила на дипломатијата и друга држава на тоа место веќе ќе го прогласеше за персона нон грата. Објавените тајни документи од „Викиликс“ покажуваат не само каква е светската дипломатија во моментов, туку и каква треба да биде македонската дипломатија, за успешно да се бори со предизвиците. Прашувам, зошто некои од македонските медиуми, некои од македонските аналитичари, советници, специјалисти по меѓународно право, кои пишуваат за конфликтот меѓу Ѓорчев и Фуере, за реакцијата на европратениците итн. не обрнат внимание на еден друг факт. Како може суверена држава како Македонија да се согласи на чело на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ - Р. Македонија да стои човек со името Јоргос Шацимаркакис? Официјално е претставник на Германија, но со грчки корени и менталитет. До неодамна на чело на претставништвото на НАТО во Македонија, пак, беше Бугарин. Македонската држава е должна да бара од меѓународните институции да не и бидат натурани лица од држави со кои имала и има сложени историски односи. Такви услови поставува секоја држава што самата се почитува. Одбраната на македонското име, јазик, историја, култура, традиции со еден збор - идентитет - почнува од реципроцитет на сите рамништа. И во сите области - економија, трговија, култура, спорт...

Ако сакаме другите држави да не уважуваат и да имаат респект кон нас, треба да се држиме не како нивни слуги, ами со достоинство. Македонското достоинство не може да се поставува пониско од тоа на Фуере, Шацимаркакис, Филе или Баросо, како што прават некои македонски медиуми. Проблемот на тие медиуми е што бранат политички или економски субјекти, наместо да ги бранат македонските и општочовечките вредности. Работата на медиумите е на општеството, на власта, на опозицијата, на невладините организации, на меѓународните односи да гледаат од позицијата токму на тие вредности. Одбраната на македонскиот идентитет исто е дел од заедничките човечки вредности, зашто станува збор за правото на секој народ на достоен опстанок. А достоен опстанок значи и членство по избор во различни меѓународни организации. Одбивањето на македонската држава и народ од такво членство не е само кршење на природни права, ами и на општочовечки вредности. За тие работи треба да пишуваат македонските медиуми, а не дека биле кршени правата на некој евробирократ. Дали беше случајно што, прв пат по неколку години, Мешовитиот парламентарен комитет не доби ниту една поправка во навреда на Македонија, на какви што секогаш инсистираат европратениците на Грција и на Бугарија? Бугарскиот весник „24 часа“ претходно излезе со заглавие „ЕУ нареди Скопје да внимава на нашите воени споменици“. Да, ама не. Овојпат поранешниот шпион Кирилов и неговата антимакедонска компанија беа поразени. Напротив. Мешовитиот парламентарен комитет го прифати барањето на Влатко Ѓорчев да биде отворен граничниот пункт Берово - Сандански за развивање на трговските врски во Источна Македонија. Скандалот во Мешовитиот парламентарен комитет покажа дека Македонија нема да се држи како жртва на меѓународните институции. Работата на македонските претставници е да убедуваат, да спорат, а ако има потреба и да удрат по масата. Практичната политика вклучува се - од насмевки и цвеќе до физичка расправа. Тоа го докажуваат и документите од „Викиликс“. Секогаш кога Македонците и македонската држава демонстрирале цврстина, добивале успех. Тоа го покажува и состанокот на Мешовитиот комитет. Во ноември 2004 година во Р. Македонија беше спроведен референдум за новата територијална поделба, која ги задоволуваше македонските Албанци. За да пропадне референдумот предложен од Светскиот македонски конгрес, два дена пред тоа САД ја признаа македонската држава под уставното име. На референдумот излегоа да гласат само 26,58 проценти од граѓаните, но целта беше постигната. Најголемата политичка и воена сила во светот ја призна Македонија. По 1991 година Република Македонија помина низ две етапи. Во моментот сме во втората - македонската држава и народ да добијат меѓународно признание за целокупното историско опстојување од античноста до сега. Тоа бара решителност и дури дрскост, која им е својствена на младите поколенија. Затоа треба да продолжи обновувањето на македонската политика, дипломатија, институции со млади луѓе и луѓе со младешки дух. Еден пример од соседите. Најуспешната војна за Бугарија во последните 132 години е таа со Србија во 1885 година, позната како „војна на капетаните“, зашто против српските дивизии, командувани од генерали со воено искуство од две војни, се исправиле момчиња од 25 до 28 години, а највозрасниот со највисок воен чин е 34-годишниот мајор Аврам Гуџев. Србите се победени само за две седмици. Да се потсетиме и на возраста на Александар Македонски и на Наполеон Бонапарта. Поуката е јасна. Младите можат не само да ја бранат досегашната македонска историја туку и да ја напишат новата.

   НАРОДНА ВОЛЈА
С ТОДОРЖИВКОВСКИ ИНАТ СРЕЩУ ПРАВАТА НА ЧОВЕКА
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЕКСЕЛЕНЦИИ, МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ИСТОРИСКА РЕАЛНОСТ, ФАКТ
Читај
ТЕМПИРАНА БОМБА НА БАЛКАНОТ
Читај


Испраќаме новогодишен поздрав до читателите на весникот “Народна волја“ од градот Прилеп, Република Македонија, со многу искрени желби за здравје и среќа, братство и мир, љубов и разбирање пред се меѓу Македонците и народот во светот во Новата 2011 година!

На Јан Пирински и неговите соработници пожелуваме уште многу, многу години со успех да ја презентираат пред светот вистината за Македонија.

Дај Боже да се множат вакви гласила таму каде што ги има Македонците и нивните пријатели.

12.12.2010 г., гр. Прилеп, Р. Македонија.

Радко Георгиевски
Драги Башески
На редакционния колектив на в. “Народна воля”

по случай Новата 2011 година

пожелавам нов устрем и нови сили за отразяване живота на народа, неговите мечти и надежди, за да се извоюва общонационалното очакване - признаване на древната ни националност!
Лично на главния редактор на вестника г-н Георги Христов и на неговото семейство пожелавам Дядо Коледа да ги посети с пълен чувал хубави подаръци и весело настроение!

Нека Новата 2011 година да донесе на всички много здраве, дълголетие, щастие и успехи във всичко!

5.12.2010 г.

Сариса Параос

ИЗЈАВИ НА ДАМЕ ГРУЕВ:

• Досегашното искуство на нас, Македонците, ни покажа дека само со сопствени сили можеме да се избориме за ослободување на Македонија.

• Ние го напуштивме школувањето во Белград и дојдовме во Софија зашто ни беше ветено од бугарскиот дипломатски агент во Белград дека ќе имаме полна слобода за здружување на нас Македонците. Ако сметате дека сме сториле грев со нашето студентско друштво... одиме дома! Ние со ништо не сме згрешиле спрема бугарските закони. Нашиот грев е тоа што го сакаме нашето отечество. Кога дојдовме тука се надевавме братски да ни помогнете да создадеме своја интелигенција што ќе го поведе отечеството во борба за ослободување. Како што гледате - ние сме измамени!

• Нам ни претстои голема и макотрпна борба за обединување на народот во Македонија за да се спротивставиме не само на турскиот терор, туку и на тугите пропаганди што го цепат народот на Срби, Грци и Бугари.

• Остави ме, Мирчо! Ах, тие погани врховисти - пак не предадоа! - рекол тежко ранет Даме преди да умре.

Поезија
ПЕТЪР МИЦКОВ

На всички, които през 1965 година отстояваха македонското име

Лист форматна хартия –
формуляр канцеларски
с напечатани няколко реда.
Малко късче хартия,
наглед –
като хиляди други бумаги,
но изписана с думи,
по-страшни от всички куршуми:

М О Л Б А

от (име, презиме, фамилия),
живущ. ...............

Моля да ми бъде сменена националността
от македонец на българин.

Подпис:
Впиши си името
и подпиши!
Доброволно,
съвсем доброволно.
Впиши си името
и подпиши!

Декларирам:
Тая земя,
на която с любов съм заченат
и с любов съм роден,
за да нося любов и надежда,
е чужда.

Чужди са Охрид и Преспа,
де още
в безлунните нощи
вълните през сълзи разнасят
кървави вопли
на ослепени войни.

Чужд е белия град на Егея
със звучното име на македонска царица –
Тесалоника –
твоя град, щерко на Филип
Админта,
Александрова сестро.
Чужда е моята нежна Беласица,
чужд е хайдушкия Пирин
с усоите гъсти,
пълни с легенди и песни
за славни комити,
положили кости за тебе,
Родино.

Чужди са майките с черни забрадки,
дето през дългите-дългите нощи,
самотни,
кървави ризи през сълзи прегръщат
наместо любими съпрузи
и синове свидни,
чакани-недочакани.

Впиши си името
и подпиши!

Декларирам:
Святата кръв на дедите,
пролята за тая земя,
за да бъде свободна и силна,
дъждовете отдавна измиха –
не остана и помен от тия светци.
Вече няма и нужда от помен –
нали станахме все атеисти.

Чужда,
чужда е тая земя,
а ние
под наем живеем на нея –
досадни натрапници.

Впиши си името
и подпиши!

Всичко в мене крещи.
Ужас вклещва гърдите.
Буца страшна засяда във
гърлото
и душú,
и душú.
А насреща –
униформената доброволност,
самоуверена,
самодоволна,
цинично ухилена,
заканително сочи със пръст:
– Ще подпишеш ли?

Хищен,
спуска се мрак
с белезници и зинало дуло,
месечина-стръвница
по нощите
пие отново човешки души.
Безнадеждност
и мъка…

– Ще подпишеш ли?

Нямам глас.
Мълчаливо отказвам.

Тъмнина…
1973

Македонија пее

ОГИН И ПЛАМЕН ФРЛАТ ПО МЕНЕ

Огин и пламен фрлат по мене
дека сум голем Бекрија,
дека сум голем Бекрија, моме,
Бекрија ем мераклија. (2)

Рефрен:
А пак јас само по свое
животот свој го живеам,
другари меани, убави жени,
и без број ноки неспани. (2)

Огин и плмен фрлат по мене,
илјада клетви истурат,
илјада клетви истурат, моме
истурат ме проколнуват. (2)

Рефрен...

Огин и пламен фрлат по мене,
оти со мерак живеам,
оти со мерак живеам моме,
живеам и се веселам. (2)

Рефрен...

НИКО, НИКО МЕАНЏИКО

Нико, Нико мори меанџико
чини есап Нико да ми платиш
што ти служев Нико три години
сум решило Нико да се женам.

Еј Стојане море измеќаре
ако сакаш Стојан да се жениш
јас си имам Стојан измеќарки
која сакаш Стојан таја земи.

Нико, Нико мори меанџико
татко ми оставил проклетија
да не земам Нико јас девојка
тук да земам Нико јас вдовица.

Еј Стојане море млад Стојане
ако сакаш Стојан ти вдовица
ако сакаш Стојан ти вдовица
седи овде Стојан земај мене.


Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting