Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Став

ЈАЖЕТО ОКОЛУ ВРАТОТ НИ СЕ СТЕГА, МОРА ЖЕСТОКО ДА СЕ РЕАГИРА

Ристо Никовски

Јажето сé повеќе ни се стега околу вратот, а ние како да не го забележуваме. До скоро имаше претензии дека се работи „само“ за името на државата, ама пукна срамот. Баросо, на прес со нашиот премиер, јавно ни порача дека „идентитетот е важен, ама...“ имало и поважни работи. Не за него и другите, за нив идентитетот е света работа, туку за нас. Не е битно дали оваа бесмислена изјава е последица на објаснувањата на нашиот премиер, или на пошироки влијанија. Во принцип, таква (глупава) идеја не се раѓа во Брисел. Баросо, изгледа, ја најави последната фаза од спорот и прецизира дека проблем се - Македонците.

Некако компатибилно звучи и изјавата на словенечкиот министер за надворешни работи Жбогар: „Словенечко-хрватскиот модел е добар... но тешкоприменлив за спорови што се однесуваат на историјата, во кои причините и последиците се специфични“! Кои последици, според него, треба да бидат специфични? Прекрстувањето на еден народ?

Во меѓу време, ЕК ни го обезличи јазикот во „државен“, што не е првпат. Ние тоа скоро го превидовме, ангажирајќи се околу примитивна манипулација во ООН.

Очигледно ситуацијата го доживува својот климакс и веќе не трпи неодлучност и пасивност. Државата нема поголем проблем од овој спор. Тој е клучно и надворешно и внатрешно, и политичко и секакво друго прашање. Преку него се минираат: стабилноста и безбедноста на земјата, меѓуетничката издржливост, економскиот развој, социјалниот мир... Иднината.

Макар следните од три до пет години Атина нема да отстапи од неприфатливата максималистичка позиција. Нејзината криза го доведува во прашање опстанокот на еврото, а преку него и на Унијата. Затоа никој од Брисел нема да им врши дополнителен притисок за што било друго. Најмалку за нашиот идентитет, бидејќи на југот има целосен консензус дека не (треба да) постоиме.

Паралелно, НАТО и ЕУ немаат механизми да го променат зацементираниот став: прво името, потоа членство и (датум за) преговори. Дури, во меѓувреме, тие и да ги променат процедурите (што не е веројатно) - од консензус, на сите минус еден (три, или пет) - тоа нема да се однесува на нас. Законите не важат ретроактивно.

Тоа е реалноста со која мораме да се соочиме.

Ако навистина сакаме да опстоиме како народ и држава, мораме што поскоро да тргнеме во акција. Нема повеќе време за чекање. Одбројувањето ни почна уште од Букурешт, во 2008-та. Веќе подолго време ние сме на потег.

Судбината е во наши раце. Самите мораме да се избориме НАТО и ЕУ да го променат ставот кон нашата земја. Можности (сé уште!) има. А ако тука нема решение, мора да се бараат други опции. Предизвикот е огромен, ама е и убава шанса да се докажеме: нé бива, или не.

Ако сакаме да успееме, мора веднаш да се формира штаб (тим веќе не е доволен), кој дневно ќе го менаџира проблемот. Итно ни е потребна помош и од врвни странски експерти. Самите не сме кадарни да се соочиме со сите предизвици. Нивното ангажирање веќе не трпи одлагање. Во Охрид, кога Албанците имаа странски адути крај себе, ние се преценивме и дозволивме некои „наши“, правејќи се важни, да ја утнат работата. Штабот би подготвил стратегија за наше понатамошно дејствување преку осмислена и координирана политичка и дипломатска офанзива. Би почнало со робусна пиар-промоција во светот, кој (воопшто) не го знае проблемот.

Во средината на 1990-тите години, во Европската банка за обнова и развој, во Лондон, беше одржан состанок со претставници на балканските држави за финансирање регионални проекти. Албанскиот амбасадор зборуваше за Косово, што немаше никаква врска со состанокот. Арно ама тоа е права класична дипломатија. Албанија секаде го презентираше својот клучен интерес. И каде што му е местото и каде што не му е! Само така се успева.

Ние не се однесуваме така и затоа сме на ова дереџе. Нашата дипломатија и сите други што комуницираат со светот службено сме обврзани, во секоја прифода, секаде, да информираме за блокадите и за уцените на кои сме изложени. Друг приоритет веќе немаме. Тоа ќе се разбира и почитува и ќе отвора пат за конечен успех.

Штабот би подготвил и кодекс за наше однесување, кој требаше одамна да биде донесен. Во него би било прецизно регулирано дека ние никаде не мораме и не смееме да седиме зад референцата (не дај Боже кратенката). Таа не нé обврзува. Ни беше наметната со грубо прекршување на Повелбата на ООН и ние никогаш не ја прифативме. Сé додека не се согласиме да нé прекрстат, ние сме должни секаде да ја претставуваме Република Македонија. Натписите пред делегациите со референцата треба или да се отстрануваат или да се покриваат со однапред подготвени листови - МАКЕДОНИЈА. При нејзино користење секогаш треба да реплицираме дека нашето име е Македонија. На тие што нé фиромизираат треба остро да им се одговара дека таква држава - нема! Ако продолжат, треба да се напуштаат средбите...

Би се регулирало и дека никаде во земјава, во никаква прифода, не смее да се употребуваат референцата и навредливата кратенка, со што се прекршува Уставот. Ако тоа беше веќе направено, немаше министерството, Комората... да испраќаат покани со референцата, Собранието да дистрибуира преведени документи со неа, некои спортски федерации да ја користат на дресовите...

Преку тие грешки покажува(в)ме дека на сé сме подготвени. Затоа вака нé третираат. Без трошка почит.

Со молчење и со траење, нема да успееме. Во меѓународната практика нема такво нешто. Добиваат само тие што се борат.

Прв одлучен чекор може да биде и враќање на последниот извештај на Брисел, со објаснување дека содржи неприфатливи грешки! За таков чекор не е доцна.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Испраќаме новогодишен поздрав до читателите на весникот “Народна волја“ од градот Прилеп, Република Македонија, со многу искрени желби за здравје и среќа, братство и мир, љубов и разбирање пред се меѓу Македонците и народот во светот во Новата 2011 година!

На Јан Пирински и неговите соработници пожелуваме уште многу, многу години со успех да ја презентираат пред светот вистината за Македонија.

Дај Боже да се множат вакви гласила таму каде што ги има Македонците и нивните пријатели.

12.12.2010 г., гр. Прилеп, Р. Македонија.

Радко Георгиевски
Драги Башески
На редакционния колектив на в. “Народна воля”

по случай Новата 2011 година

пожелавам нов устрем и нови сили за отразяване живота на народа, неговите мечти и надежди, за да се извоюва общонационалното очакване - признаване на древната ни националност!
Лично на главния редактор на вестника г-н Георги Христов и на неговото семейство пожелавам Дядо Коледа да ги посети с пълен чувал хубави подаръци и весело настроение!

Нека Новата 2011 година да донесе на всички много здраве, дълголетие, щастие и успехи във всичко!

5.12.2010 г.

Сариса Параос

ИЗЈАВИ НА ДАМЕ ГРУЕВ:

• Досегашното искуство на нас, Македонците, ни покажа дека само со сопствени сили можеме да се избориме за ослободување на Македонија.

• Ние го напуштивме школувањето во Белград и дојдовме во Софија зашто ни беше ветено од бугарскиот дипломатски агент во Белград дека ќе имаме полна слобода за здружување на нас Македонците. Ако сметате дека сме сториле грев со нашето студентско друштво... одиме дома! Ние со ништо не сме згрешиле спрема бугарските закони. Нашиот грев е тоа што го сакаме нашето отечество. Кога дојдовме тука се надевавме братски да ни помогнете да создадеме своја интелигенција што ќе го поведе отечеството во борба за ослободување. Како што гледате - ние сме измамени!

• Нам ни претстои голема и макотрпна борба за обединување на народот во Македонија за да се спротивставиме не само на турскиот терор, туку и на тугите пропаганди што го цепат народот на Срби, Грци и Бугари.

• Остави ме, Мирчо! Ах, тие погани врховисти - пак не предадоа! - рекол тежко ранет Даме преди да умре.

Поезија
ПЕТЪР МИЦКОВ

На всички, които през 1965 година отстояваха македонското име

Лист форматна хартия –
формуляр канцеларски
с напечатани няколко реда.
Малко късче хартия,
наглед –
като хиляди други бумаги,
но изписана с думи,
по-страшни от всички куршуми:

М О Л Б А

от (име, презиме, фамилия),
живущ. ...............

Моля да ми бъде сменена националността
от македонец на българин.

Подпис:
Впиши си името
и подпиши!
Доброволно,
съвсем доброволно.
Впиши си името
и подпиши!

Декларирам:
Тая земя,
на която с любов съм заченат
и с любов съм роден,
за да нося любов и надежда,
е чужда.

Чужди са Охрид и Преспа,
де още
в безлунните нощи
вълните през сълзи разнасят
кървави вопли
на ослепени войни.

Чужд е белия град на Егея
със звучното име на македонска царица –
Тесалоника –
твоя град, щерко на Филип
Админта,
Александрова сестро.
Чужда е моята нежна Беласица,
чужд е хайдушкия Пирин
с усоите гъсти,
пълни с легенди и песни
за славни комити,
положили кости за тебе,
Родино.

Чужди са майките с черни забрадки,
дето през дългите-дългите нощи,
самотни,
кървави ризи през сълзи прегръщат
наместо любими съпрузи
и синове свидни,
чакани-недочакани.

Впиши си името
и подпиши!

Декларирам:
Святата кръв на дедите,
пролята за тая земя,
за да бъде свободна и силна,
дъждовете отдавна измиха –
не остана и помен от тия светци.
Вече няма и нужда от помен –
нали станахме все атеисти.

Чужда,
чужда е тая земя,
а ние
под наем живеем на нея –
досадни натрапници.

Впиши си името
и подпиши!

Всичко в мене крещи.
Ужас вклещва гърдите.
Буца страшна засяда във
гърлото
и душú,
и душú.
А насреща –
униформената доброволност,
самоуверена,
самодоволна,
цинично ухилена,
заканително сочи със пръст:
– Ще подпишеш ли?

Хищен,
спуска се мрак
с белезници и зинало дуло,
месечина-стръвница
по нощите
пие отново човешки души.
Безнадеждност
и мъка…

– Ще подпишеш ли?

Нямам глас.
Мълчаливо отказвам.

Тъмнина…
1973

Македонија пее

ОГИН И ПЛАМЕН ФРЛАТ ПО МЕНЕ

Огин и пламен фрлат по мене
дека сум голем Бекрија,
дека сум голем Бекрија, моме,
Бекрија ем мераклија. (2)

Рефрен:
А пак јас само по свое
животот свој го живеам,
другари меани, убави жени,
и без број ноки неспани. (2)

Огин и плмен фрлат по мене,
илјада клетви истурат,
илјада клетви истурат, моме
истурат ме проколнуват. (2)

Рефрен...

Огин и пламен фрлат по мене,
оти со мерак живеам,
оти со мерак живеам моме,
живеам и се веселам. (2)

Рефрен...

НИКО, НИКО МЕАНЏИКО

Нико, Нико мори меанџико
чини есап Нико да ми платиш
што ти служев Нико три години
сум решило Нико да се женам.

Еј Стојане море измеќаре
ако сакаш Стојан да се жениш
јас си имам Стојан измеќарки
која сакаш Стојан таја земи.

Нико, Нико мори меанџико
татко ми оставил проклетија
да не земам Нико јас девојка
тук да земам Нико јас вдовица.

Еј Стојане море млад Стојане
ако сакаш Стојан ти вдовица
ако сакаш Стојан ти вдовица
седи овде Стојан земај мене.



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting