(По македонскиот печат)
Европскиот шенгенски простор со 27 земји, петстотини милиони жители и територија од 4,3 милиони километри кавдратни од 19 декември 2009 е достапен за патување за македонските граѓани без визи. Со одлуката што ја донесе Советот на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите-членки на ЕУ на крајот на ноември, граѓаните на Македонија се ослободуваат од вадење визи за краткорочен престој до 90 дена во рок од шест месеци, односно до 180 дена во рок од една година.
Без визи ќе може да патуваат само лицата кои поседуваат биометриски патни исправи. За граѓаните со стари патни исправи ќе важат условите за олеснет визен режим односно ќе треба да приложат важечка шенген виза. |