(По македонскиот печат)
Состанокот на делегацијата на Европскиот парламент, на кој требаше да се подготви Мешовитиот парламентарен комитет ЕП-Македонија, заврши со жестока дискусија меѓу германските и грчките европратеници околу спорот за името. Наместо, како што побара претседателот на Комитетот, германскиот европратеник Јорго Шацимаркакис, да се дебатира за напредокот на Македонија, расправата се фокусира на прашањето за името, пренесува Радио Дојче веле.
Веднаш по воведното излагање на амбасадорот на Република Македонија при Европската унија, Блерим Река, дискусијата излезе од контролата на претседавачот, најмногу поради острите спротиставени ставови за името.
|