Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
ВСЯКА ДЪРЖАВА ИМА ИМЕ, КОЕТО НАРОДЪТ ЖЕЛАЕ И ОПРЕДЕЛЯ
ДОКОГА ЩЕ ПРОДЪЛЖАВАТ АСПИРАЦИИТЕ НА ГЪРЦИЯ И БЪЛГАРИЯ КЪМ МАКЕДОНИЯ?
JАН ПИРИНСКИ


Въпреки че Република Гърция и Република България са членки на Европейския съюз, който е основан на прогресивните принципи и идеи за обединена и свободна Европа, то тези две страни с безсрамна бруталност правят точно обратното. Техните претенции към Република Македония нарушават стабилността в района на Балканите. Хищните им шовинистически изблици вещаят смъртоносни конфликти.
Трябва веднъж и завинаги да се разбере, че друга алтернатива няма за хармонизиране на отношенията между народите на Балканите, освен поемането на спешни и разумни инициативи, които да обединят държавниците и политиците на всички страни в района и се решат всички въпроси, които пречат за добросъседството и истинското съжителство и приятелство помежду им.
Читај
Во градот Прилеп, Република Македонија

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ 30 ГОДИНИ ОД ИЗЛЕГУВАЊЕТО НА “НАРОДНА ВОЛЈА”

Велат животот е даден да се троши, успешните работи да се множат и долго да траат, како тоа што го прави месечникот "Народна Волја", кој се печати и издава во Бугарија, во Благоевград - Пиринскиот дел на Македонија.
Тоа е сонцето на Македонија, на Македонците на сите континенти во светот, во чии пазуви се чува како зеницата во окото, зошто без весникот би биле по сиромашни за осознавањето на нашата заедничка историја, за нејзините творци, за завојувачите и тиа што ја делеле и ограбувале.
"Народна Волја" веќе е зрела, во секој поглед зошто наполни 30 години од нејзиното раѓање, таа е сведокот на сите збиднувања околу Александровата, Самоиловата и Гоцевата Македонија, таа ја штити осамостоената Република Македонија и ја опоменува од опасноста од повампирување на национализмот во соседството, таа низ текстови и историски несоборливи документи зборува за вистината која на некому му пречи, но има и такви кои не само што ја поддржуваат, туку и ја бодрат да истрае да го сочува името и идентитетот.
Нека е честит јубилејот, дај Боже да доживее и 100-годишен јубилеј за да биде столб на се што е македонско и од Македонија, а во нејзините збиени редови да живеат бројни малцинства, народи и народности кои ќе ја сакаат, меѓусебе ќе се почитуваат и ќе ја чуваат како небото што го чува Сонцето!
Сите честитки за творците и основоположниците на ова гласило кое гласно мисли и громовито зборува, затоа што на нивна страна е вистината, а пред неа и боговите молчат.
Да се спомнува името на основачот и првиот уредник на весникот, Александар Христов, да се гордееме со неговите следбеници, сега првите луѓе на "Народна Волја", со Јан Пирински, Стојко Стојков, Б. Петков, Мишо Јузмески, со сите што соработуваат и ги хранат страниците со вредностите на Македонија и Македонците.
Поздрав од прилепчани, колку сме, толку сме, стоиме зад вас!

Драги Башевски и Радко Георгиевски
САД сакаат да помогнат да се надмине спорот со името
ЗАВРШИ САМИТОТ НА НАТО СО НОВА СТРАТЕГИЈА НА АЛИЈАНСАТА И РУСИЈА
(По македонскиот печат)


Претседателот Ѓорге Иванов, кој заедно со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски и министерот за одбрана Зоран Коњановски, присуствуваше на Самитот во Лисабон, изјави дека на сите остварени средби македонската делегација добила потврди дека Македонија ги исполнува сите услови и критериуми и оти де факто е членка на НАТО.
Македонија е подготвена и вратите за нејзино полноправно членство во Алијансата се отворени, НО откако ќе се најде заемно прифатливо решение за името со Грција. Ова е старо-новиот заклучок за земјава што се најде и во завршното коминике од Самитот на НАТО што се одржа викендов во Лисабон.
Читај
Становище
МЕЖДУ ИСТИНАТА И ЛЪЖАТА
Самуил Ратевски


Свикнали сме да чуваме, че в България правата ни не били нарушавани. Вече не се учудваме и на очевадното противоречие, че хем не съществуваме и ни няма, хем правата ни се спазват. Привикнахме с всякакви обиди и на техен фон твърдения като онова на Божидар Димитров „тези нещастници никой не ги унижава”.
Първо ще трябва да се отучат да лъжат, че македонско малцинство няма, после това ще им помогне да спрат да вярват на лъжите си и накрая ще могат да намерят сила да признаят и приемат истината. В това отношение властите могат да разчитат на пълната ни и безкористна подкрепа. Защото очевидно е, че те се нуждаят от нашата помощ, а не ние от тяхната. На нас ни стига и да не ни пречат.
Читај
Исторически истини от български учени - История на Македония до 336 година преди Христа
ЦАР ФИЛИП II МАКЕДОНСКИ
д-р Гаврил Кацаров
(Продолжува од минатиот број)



Пеонците завзели голяма чст от Македония. Илиадата ги познава по долни Вардар (ср. по-горе стр. 2). Към север граничели с Дардания: градовете Стоби (при Градско) и Билазора (дн. Велес) били пеонски. Към запад достигали до планините Бигла, Баба и Суха Гора. Към изток те се проснали в долините на р. Astibus (Брегалница) и Pontus (Струмица). От долня Струма изгонили медовитините и се установили там; тука намираме пеонски племена: пеопли южно от Демир Хисар и сириопеонци с център Сирис (дн. Сяр).
Гореизброените племена са били покорени от завоевателите македонци, които в неизвестно време от северозападната планинска област се спуснали в долня Македония. Какво е потеклото на македонското племе?
Читај
Из дейността на ОМО “Илинден” - ПИРИН
ОТЧЕТНА КОНФЕРЕНЦИЯ В БЛАГОЕВГРАД

На 9 ноември т. г. от 18.00 часа в клуба на ОМО „Илинден” - ПИРИН в Благоевград се проведе отчетната общинска конференция на партията. Освен Общинския комитет присъстваха още съпредседателят Стойко Стойков, представителите на Централния съвет Георги Христов и д-р Камен Спасов, както и голям брой партийни членове. Председателят на Общинския комитет Ангел Радонов прочете доклад за дейността в общината за изминалия период.
Пръв думата взе съпредседателят Стойко Стойков, който оцени доклада като добър, а изтъкна като главни заслуги на настоящия Общински комитет подобряването на атмосферата между членовете и редовното функциониране на Общинския комитет в отбелязването на традиционните тържества в общината, както и в участието в централни мероприятия на ПИРИН.
Читај
Календар
ПЪТЯТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ПРЕЗ ВЕКОВЕТЕ

МАЧУКОВСКИ ВЕНЯМИН. Учебникар, възрожденец, църковен и просветен деец. Роден през 1847 г. в село Мачуково, Гевгелийско. В Света гора в Зографския манастир прекарал доста от младежките си години. От Зографския манастир, където вече бил йеродякон, изпратен да следва в Духовната академия в Москва. Без да я завърши, се прехвърлил в Историко-филоложкия факултет, също така в Москва. Обаче, поради влошеното си здраве, се завърнал и станал учител в Мачуково. Приел униатството и е един от неговите стълбове в ениджевардарската уния. Учител в родното си село, а след това в Солун и Кукуш.
Читај
101 години од раѓањето на Никола Вапцаров
ВАПЦАРОВОТО МАКЕДОНСТВО
Ванчо Меанџиски


Се чини дека во исклучително сложените современи услови во кои опстојуваат Македонците и Македонија, Никола Вапцаров, неговото грандиозно поетско дело и беспримерен животен подвиг се вистинската тема и провокација за пишување и задлабочена опсервација. Во време кога опстанокот на македонскиот етникум, држава, историски белези, јазик и на се она што се подведува под поимот македонски цивилизациски код, најдрско се негираат и со најподмолни средства се настојува целосно да се урниса македонското име, мој впечаток е дека најдобриот одговор до негаторите ќе биде вистинољубивото и до болка отворено посочување на уникатниот житејски пример на Вапцаров и на неговата силно нагласена македонска национална боја.
Никола Вапцаров се извишува на самиот врв меѓу македонските високодонстоинственици на поетската уметност.
Читај
Позиција
ЗА КОГО РАБОТИ ВРЕМЕТО?
Стефан Влахов-Мицов


Едноставниот одговор на тоа прашање е: времето работи за умните, кои притоа се и храбри. Не е доволно само да си умен или само да си храбар. Во историјата има илјадници примери за големи крахови поради комбинациите умен, но плашлив или храбар, но глупав. Освен тоа, има различни категории време. Едно е времето да го разгледуваш низ призмата на човечкиот живот, сосема друго е ако се земат предвид интересите на државата и на нацијата. Една од причините политичарите и државниците да немаат стратегиско мислење е што не одат подалеку од рамките на секојдневието.
Да, државниците, исто така, се луѓе, но кога имаш претензии да раководиш држава, твоето мислење треба да е на нивото на државниот интерес. Нацијата е заедница од луѓе и е поширок поим од државата. Затоа и делови од македонската нација, освен во Република Македонија, живеат по целиот Балкан и во Европа, како и на другите континенти.
Читај
Кон корените на македонската национална мисла
ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ
Крсте Петков Мисирков
(Продолжува од минатиот број)



Во тоi згорен поглед на историiцките собитиiа н'а Македониiа, се видит, оти горе-долу у сите македонцки котлоини iет iедна и иста историiцка судба, горедолу сите нивни жители имаат особен, одделен историiцки жиот, не ретко самостоiен или пак, закл'учуат во себе обшча борба за политична слободиiа. Ако се приiимит на вид, оти таiа обшча историiцка судба, тиiе обшчи политични борби и самостоiниiот политичен жиот iет удел на iедно исто словенцко населеiн'е и на iеден и исти народ, то ке бидит iасно, оти, тврдеiн'ето да Македониiа не состауала географцка, етнографцка и историiцка целина iет осноано не на деiствител'носта, а на србцките есапи за Македониiа.
Тоi згорен поглед на историiата на Македониiа ми се чинит, не само да покажуат, да ниiе македонците имаме своiа историiа и да сме народ, судбите на коi шчо се разиiале во врска со судбите на друзите саседни нам народи, но и да имат во нашата историiа много самобитно и своiеобразно, као шчо iет да речиме самостоiната Охридцка архиепископиiа, со неiното работеiн'е на полето на народното просветуаiн'е.
Читај
Наумовски за грчкиот весник “Катимерини“
ДОЈДЕ ВРЕМЕ ЗА КРАЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО
(Преземено од МИМ)


Дојде време за крајно решение на проблемот со името, вели вицепремиерот Васко Наумовски, во интервју за грчкиот весник Катимерини,одговарајќи на прашањето дали Македонија се надева на договор до ноемврискиот Самит на НАТО. Вицепремиерот ги објаснува македонските позиции во спорот.
- Прифатливото решение треба да биде во согласност со реалноста, а реалноста дека постои македонски идентитет, народ, јазик и држава не може да се промени, вели Наумовски.
Читај
Жива историја
СВЕДОШТВА НА ПРОТЕРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈОТ
(Продолжува од минатиот број)


Многу не ја гледавме, туку ја чувствувавме студената вода како ни навлегува во обувките и во облеката. Пристигнаа некои партизани и ја поведоа колоната кон границата. На неколку километри пред границата партизаните ја напуштија колоната, покажувајќи во која насока треба да се движиме. Пристигнавме до една рекичка и кога се подготвувавме да ја прегазиме, од другата страна се запалија џепни батерии, не осветлија и се слушнаа гласови. Нешто разбравме, нешто не. Меѓутоа, кога ги видовме војниците во убави сиви униформи не фати паника и некои деца почнаа да бегаат мислејќи дека тоа се монархофашистички војници од грчките владини сили. Мирниот глас на војниците делуваше смирувачки. Војниците креваа по едно до две деца в раце и ги префрлуваа на другиот брег, во Народна Република Македонија. Војниците ја предводеа колоната до рано во зората, кога пристигнавме пред селото Долно Дупени. Тука застанавме и ни рекоа да седнеме да се одмориме.
Читај
Грција да ја почитува Привремената спогодба од 1995 година:
“ЊУЈОРК ТАЈМС“: БРИСЕЛ И ВАШИНГТОН ДА ГО ОДВРЗАТ ЈАЗОЛОТ ШТО ЈА СТЕГА МАКЕДОНИЈА
(Преземено од МИМ)


Брисел и Вашингтон мора да го одврзат јазолот што ја стега Македонија секоја година посилно од нејзиното осамостојување во 1991-та, сугерираат поранешниот шеф на УНМИК на Косово Данецот Сорен Јесен Петерсен и Даниел Сервер од Институтот за мир во Вашингтон, во заедничката анализа „Балканот се уште може да биде изгубен“, објавена во денешен „Њујорк тајмс“.
Само кога сите земји во регионот ќе бидат на неповратен пат кон ЕУ, ќе можеме да славиме. За тоа веројатно нема да бидат потребни повеќе од пет години. Дотогаш Балканот треба да се држи на вистинскиот пат и да се обезбеди дека Босна, Косово и Македонија остануваат во возот што се движи по него, истакнуваат Сорен Јесен Петерсен и Даниел Сервер.
Читај
Софија со едно уво за пораките од Стразбур:
МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ЗА БУГАРИЈА Е ДРЖАВЕН НЕПРИЈАТЕЛ
(Преземено од МИМ)


Дејноста на здруженијата на Македонците во Бугарија е насочена против единството на бугарската нација и територијалниот интегритет на Бугарија. Со вакво образложение бугарскиот суд вторпат го одби барањето за регистрација на Друштвото на репресирани Македонци во Бугарија. Пресудата ја донесе бугарскиот апелациски суд по жалбата што ја поднесе здружението, откако лани Окружниот суд од Благоевград не дозволи да се регистрира.
Во пресудата пишува дека во Бугарија нема оформен македонски етнос, кој сочинува малцинство, лишено од правата за одбрана и заштита на македонската кауза, поради која претставува дејност насочена против единството на бугарската нација и територијалната целовитост на државата.
Читај
За македонците во регионот на Корча
ПРВА МАКЕДОНСКА ТЕЛЕВИЗИЈА ВО АЛБАНИЈА
(Преземено од МИМ)


Отворена е првата македонска телевизија во Албанија во градот Корча - ТВ “Кристал”. Сигналот на телевизијата зрачи на територијата на регионот Корча, населен со 200.000 жители. Директор на телевизијата е Васил Стерјовски.
 
Сузана Спасовска поведе хорото
ПРОЯВИ В С. ЛЯСКИ
Ангел Безев


На 26. 10. 2010 г. в село Ляски, Гоцеделчевско, когато се чества св. Димитър Солунски, гостува голямата македонска певица Сузана Спасовска. Тя бе гост на празника по покана на кмета на общ. Хаджидимово г-н Людмил Терзиев. Изпълненията й бяха посрещнати с много възторг и аплодисменти. Сузана Спасовска поведе хорото със знамето на ОМО "Илинден" - ПИРИН.
Бе открита и възпоменателна плоча в памет на Иван Попов - Костурски войвода по време на Илинденското въстание.Той е роден и израснал в село Ляски. Венец в памет на големия македонски войвода положиха членовете на ОМО "Илинден" - ПИРИН от селата Ляски,Копривлен,Мосомище и гр. Гоце Делчев начело с обгщинския председател на партията г-н Стефан Терзиев.
 
Никола Вапцаров живя, твори, бори се и загина като македонец!
“ПРЕОТКРИВАНЕТО” НЕ СЕ СЪСТОЯ
Биляна Вардарска
(Продолжува од минатиот број)



Ако дадем думата на делата му, тя в никакъв случай няма да нарече Борис III „достоен държавен мъж”.
Истината е във фактите.
Как да наречем „достоен държавен мъж” оня, който при цялата си алчност и великолепни възможности, които му дава висшата власт, след усилена борба не е успял да превърне в лична собственост 12 500 декара прекрасна пиринска земя?!
А когато едно майчино сърце плаче с кървави сълзи и с потресаващо ридание повтаря думата „милост” – милост за любимото чедо, към което смъртта протяга зловещите си ръце, с вледеняващо змийско безразличие царското нищожество остава глухо за тази молба, това ли е достойнството на хитлерофашисткия лакей?
Читај
За съвестта, наглостта и истината...
ВРЪЗКИТЕ И ОТНОШЕНИЯТА МЕЖДУ ЕЗИЦИТЕ И ХОРАТА
Бойко Тихов
(Продолжува од минатиот број)



Глаголицата и изместилата я след това кирилица се славят като почти съвършени графични системи, които точно предават особеностите на старобългарската реч.
Презпериода от Освобождението до 9. IХ. 1944 г. развитието на правописния въпрос, при чието решаване са вземат предвид не само езикови фактори, но и фактори от друго естество, се характеризира с лъкатушене, непоследователност, а в един момент и с връщане назад към по-консервативен правопис.”
Накрая няколко мисли от Александър Теодоров – Балан: „Нова България – нов правопис!” Така поздравих през октомври 1944 г. починът на първото наше отечественофронтовско правителство да се изработи за новото българско училище и се предаде на българската книжнина нов правопис, разумен и демократичен.
Читај
 
С БАСНИ СРЕЩУ ИСТИНАТА, СЪС СТРАХ СРЕЩУ ПРАВОТО
Читај
НИЕ СЕ БОРИМ ЗА СВОБОДНА И НЕЗАВИСИМА МАКЕДОНИЯ
Читај
ЈАН ПИРИНСКИ: ЕДЕН ЖИВОТ И ДЕЛО ПОСВЕТЕН НА МАКЕДОНСТВОТО
Читај
ПОТРЕБНО Е ПОСКОРО ДА СЕ ФОРМИРА ВЛАДА
Читај
Д Е К Л А Р А Ц И Я - Позиция на ОМО „Илинден” - Пирин
Читај

Абонирайте се за вестник “Народна воля”
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2010 година. Вестник “Народна волja” и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, “Народна волja” ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на “Народна волja” ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!


Абонирайте се за вестник “Народна воля”!
Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,20 лв.
за шест месеца - 2,40 лв.
за една година - 4,80 лв.

Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 15 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на “Народна волja” - телефон 073/886-336!
“Народна волja” ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
“Народна волja” ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
“Народна волja” ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.

Краен срок за абониране - 15 декември 2010 г.!
За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника “Македонско сонце” в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник “Народна волja”! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!

“Народна волja” - каталожен номер 2050!
Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник “Народна волja”!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2010 година!


101 години от рождението на Никола Вапцаров
И Л И Н Д Е Н С К А

Вината не бе наша.
Вината беше чужда
и другиму тежи
стотонна отговорност.
Когато дойде ден,
когато стане нужда,
ний всичко ще разкажем
на майката история. –

Започнаха със мръсните ръце
да пипат във душите на народа.
Гневът бе толкоз много накипел,
че не съзряха вълчата порода,
муцуните под овчите им кожи,
престъпната и плитка лицемерност.
Но идат дни, когато ний ще можем
да хвърлим кал във мутрите им черни.

И бунта почна.
Нямаше защо
да вдигнеме ръце,
да изостанем.
Ала
с кръвта
на простия народ
в Илинден влехме
наше съдържание.

Какво ще кажете за тази новина,
ще търсите ли тука руски рубли? –
Във Крушево бе феодална власт
и що за скок –
градят сега република!

Те беха също като нас младежи.
Досущ каквито тук сме сбрани ние.
И биха се,
и мреха във метежи,
тъй както утре
ще умреме ние.

Не хленча аз, че буря ги обрули.
Израстват други в димните пожари.
Погледай тук – това е Питу Гули,
а ти, наверно си... Никола Карев.

И ако трябват лозунги – добре! –
ще вдигнеме плакати до луната! –
Свободна искаме,
не щем,
не щем протекторати!


Никола Вапцаров


В А П Ц А Р О

Ти и днес агитираш,
ти палиш отново сърцата
и мъртъв сили намираш,
да пазиш на Гоце земята.
“Ние сме МАКЕДОНЦИ...”
пред нас каза ти смело -
“На Александър потомци,
верни на нашето дело.”
Знаме рзвято ни стана
с патриотизъм кристален,
а за врагът - люта рана
и днес все още коварен.
За трети път на разстрел си,
за трети път оживяваш,
летиш със влака на релси,
своя заряд ни даряваш.
И днес е битка сурова
със върховисти проклети,
които наливат отрова
от чуждо племе наети.
Ти и днес агитираш,
ти палиш отново сърцата
и мъртъв сили намираш,
да пазиш на Гоце земята.

Димитър Иванов

***

ТРЯБВА мъжки да се захванем. Какво всъщност се иска от нас? Много, особено много. Най-много от нас, които сме събрани тук. Ние сме македонци. И нашето творчество трябва да бъде в служба на македонската кауза...Разбира се, че при един по-сериозен анализ би трябвало да се разгледа битът. . . Не по-малко съществен от него е културният фактор, който ще включва историята, и главно историята и легендата за революционното движение, песни, език и други. ...Ние трябва да познаваме македонската история и най-много историята на национално революционното движение - Илинден, Гоце, Даме.

(Из доклада на Никола Вапцаров пред МЛК, 1938 г.)


Поезија
ЛИДИЈА РАЗМОСКА



“...И МОЛИТВА ВО ПРСТЕН ЗА ВЕЧНОСТ”

Лидија Размоска е родена во Охрид во 1982 година. Има завршено студии по педагогија на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работи како педагог во основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Охрид.
Учествува во работата на литературни клубови и други културни институции. Со поезија се има претставено во списанија, а ја има објавено и стихозбирката „Езерска воздишка“ („Макавеј“, Скопје, 2005). Од оваа стихозбирка ги издвојуваме песните „Утеха“ и „Сокриен спокој“.



УТЕХА

Излез во безизлез.
Сонце среде ноќ.

Времето го мерам
со неуморниот часовник
што тупоти.

Цвет расцветан
во зенитната боја
на младоста
среде просторот
облеан со светлина
покажана од белата
површина,
во црна темнина.

Рај на крајот
од завршената мисла
и молитва во прстен
за вечност.



СОКРИЕН СПОКОЈ

Молчелива ноќ на усните
што испраќа зрак
во душата
со мисла
што напати светнува,
напати летнува.
Во прегратката
Се љубат надежта и зборот
прегазувајќи го прагот
на црвената ружа со солзи
на бескрајот.
Миг што го поминува
рајот со возвишувањето
над пепелта,
во ѕвездената ноќ
на неповторливоста.



Македонија пее

СНОШТИ МИНАВ ПОКРАЈ ВАЗИ

Сношти минав покрај вази
тебе моме не те најдов
срце ми се растрепери
почнав солзи да ронам.

Кажи моме вистината
љубиш ли ме, мамиш ли ме
ил’со мен се подиграваш
да ти мине времето.

Сечи моме руси коси
прави скала да се качам
да ти видам бело лице
ем рудото ти грло.

Ах да можам да разберам
була ли си ил гркинка
ил си моме македонка
што си толку убава.

БИСЕР БАЛКАНСКИ

Солзи сами капат прости ми
тешки се ко твојте планини
плаче срце од три страни
што крвави многу години. (2)

Рефрен:

Е е е еј Македонијо
ти си Бисер Балкански
сплоти Пирин Егеј син
со бистри води вардарски.

Само една има вистина
има една Македонија
делете ја парчете ја
пак ќе биде наша најмила. (2)

Рефрен............

Македонци на глас запејте
македонско оро играјте
мајка мила спомнете ја
жива била Македонија. (2)

Рефрен .............. (2)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2017 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting