Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
101 години од раѓањето на Никола Вапцаров

ВАПЦАРОВОТО МАКЕДОНСТВО

Ванчо Меанџиски

Се чини дека во исклучително сложените современи услови во кои опстојуваат Македонците и Македонија, Никола Вапцаров, неговото грандиозно поетско дело и беспримерен животен подвиг се вистинската тема и провокација за пишување и задлабочена опсервација. Во време кога опстанокот на македонскиот етникум, држава, историски белези, јазик и на се она што се подведува под поимот македонски цивилизациски код, најдрско се негираат и со најподмолни средства се настојува целосно да се урниса македонското име, мој впечаток е дека најдобриот одговор до негаторите ќе биде вистинољубивото и до болка отворено посочување на уникатниот житејски пример на Вапцаров и на неговата силно нагласена македонска национална боја.
Никола Вапцаров се извишува на самиот врв меѓу македонските високодонстоинственици на поетската уметност. Кога ова го посочувам, мислам дека неговото место во Пантеонот на македонската национална поетска мисла е веднаш до подоначалниците и великани на нашата поезија Григор Прличев, Коста Рацин и Блаже Конески. Вапцаров тоа го заслужува според уметничката сила на неговата поезија, јарко изразениот патриотски белег на значителен дел од песните што ги напишал, ретката автохтоност на неговиот верс и безграничната љубов што извира безмалку од секој негов стих спрема Македонија и македонскиот народ.
Сите наведени атрибути што ја красат поезијата на Вапцаров се најдобрата и најефикасна одбрана од најразновидните негатори и шпекуланти со ликот и делото на овој наш поет. Но, овде исто така треба се нагласи, дека Вапцаров е и историскиот пораз на македонската национална кауза. Вапцаров, Рацин и Кузман Јосифовски-Питу се ударната тројка, или подобро речено врвот од пирамидата на бесмртните херои од македонската модерна историја, кои своите глави ги изгубија во безочниот и бескурпулозен натпревар на тајните служби на фашистичките режими на балканските земји, впрегнати во заедничката подмолна игра да се спречи обединувањето на распарчена Македонија по успешното окончување на борбата што македонските партизани ја водеа во трите поробени делови на македонската земја.
Ова оддалечување од зададената тема е неминовно, бидејќи погромот на национално-ослободителното движење во трите дела на поробена Македонија, Пиринска, Егејска и Вардарска, е судбински поврзано токму со овие три истакнати и исклучителни личности од Движењето на отпорот против фашизмот во македонскиот национален корпус за време на Втората светска војна. Вапцаров не се борел во некоја од воените единици на македонското национално-ослободително движење, но тој уште пред војната е пројавен и истакнат антифашист во бугарската престолнина Софија. Опшопознато, пак, е дека за време на Втората светска војна Вапцаров е мошне активен во антифашистички настроената софиска градска герила. По една успешна диверзантска акција во Софија, Никола Вапцаров фактички е фатен, поточно уапсен од бугарската царска фашистичка полиција. По што, исто така, многу добро е познато, дека е крвнички мачен во период од два месеца, осуден на смрт од Софискиот прек воен суд и стрелан.
Вапцаров не е таква маркантна раководна фигура како што е Кузман Јосифовски-Питу, но тој е премногу крупна “ѕверка” во софиското герилско антифашистичко движење, а тоа оѕверените бугарски фашисти не можат никако да му го простат. Сепак, се чини, дека главешините од бугарската фашистичка полиција и војска во никој случај не можат да го проголтаат Вапцаровото македонство, најсилно и најотворено манифестирано преку неговата кристално чисто изразена македонска национална свест.
Зошто овде ги поврзувам личните примери на Кузман Јосифовски-Питу и Кочо Рацин со исклучителната личност на Никола Вапцаров и трагичниот крај на неговиот живот. Премногу е логично и грубо, да се изразувам со уникатниот вапцаровски поетски стил, за да не се искористи овој повод и да се направи многу едноставна паралела со исто така трагичното, но и до денешен ден загадочно завршување на животните врвици на Кузман Јосифовски-Питу и Кочо Рацин. Крајно време е да се проговори “на полна уста”, што би рекол мојот професор, почитуваниот академик и интелектуалец par excellence, Димитар Митрев, за мистеријата со која се обвиени класичните убиства на Кузман и на Рацин. Многу мастило и хартија се потрошени со цел да се разјаснат мистериозните убиства на двата носечки столба во последната револуција што ја изведе македонскиот народ од Вардарскиот дел на Македонија - Кузман Јосифовски-Питу и Кочо Рацин. Треба ли и овде да се повторува дека Кузман е главниот столб врз кој се потпира политичко-државничката, а Рацин е носечкиот столб на духовната вертикала на денешната се уште климава Република Македонија.
Веќе реков дека за неспорните убиства на Кузман и Рацин (иако во воени услови) досега се напишани бројни книги и многу други текстови и севозможни писанија, а постојат и не мал број нотирани или снимени сведоштва. Меѓутоа, и покрај огромната временска дистанца од нивната смрт, за жал, никој досега не посочи со прст и директно не ги откри вистинските убијци. И тука, се чини, како на вистински слепци треба да ни се посочат ликовите на убијците на овие двајца големи херои и исклучителни личности од последната македонска револуција. Е, драги мои сонародници, мили мои Македонци, најдиректните виновници (фактички убијци) се наредбодавачите за овие извршени подмолни убиства, а тоа се највисоките државни функционери на тогашната фашистичка Бугарија, во содејство со шефот на раководството на Бугарската комунистичка партија, како и нивниот претставник во Скопје во текот на Втората светска војна, Бојан Б`лгаранов, и тогашниот шеф на комунистичката партија на Југославија и неговиот претставник во главниот штаб на НОВ и ПОМ, другарот Светозар Вукмановиќ Темпо.
Македонската историографија и натаму упорно молчи за најсуштинските и неспорни факти и покрај тоа што тие се очигледни и очебијни. За ваквото однесување на нашите историчари веќе нема никакво оправдување, бидејќи се елиминирани безмалку сите пречки за да може да се дојде до сите релевантни документи и сета друга историска граѓа. Никој од специјалистите не се потресува поради тоа што не се докрај расветлени два крупни настана во кои можеби се крие клучот, или дури и суштинскиот факт поради кој работите во Македонија по Втората светска војна се свртеа наопаку, односно во сосема друга насока од онаа за која се залагаа, се бореа и на крајот ги изгубија своите животи под крајно мистериозни околности двајца од клучните актери на последната македонска револуција. Аферим, господа историчари, кога можете така да се однесувате кон толку важни настани од нашето блиско минато!!!
Но, каква врска со овие силни замешателства има главниот херој на овој мој новинарски темат, светски познатиот поет Никола Вапцаров, инаку роден во малиот подпирински град Банско? Веројатно, почитувани читатели, ваквото широко пледоаје и излегување од темата, што се вели, ќе ви изгледа и необично и несоодветно, па дури и чудно, но не е така. Врската е ептен опиплива, жива и многу конкретна.
За што всушност се работи?
Тука нема никаква тајна, ниту некакви нејаснотии. Обединителната алка, која нераскинливо го поврзува Вапцаров со Кузмана Јосифовски и Кочо Рацин е неговата непоколеблива верба во подобрата и светла иднина на македонскиот народ и Македонија. Истовремено, нив силно ги поврзуваат и комунистичките идеали, поточно, комунистичката идеологија. Токму таа фанатична посветеност на комунистичките идеали ќе биде една од главните причини за трагичниот крај на нивните животи. Но, многу поголема е веројатноста, дека тие се најладнокрвно и бестијално застрелани поради огнениот македонски патриотизам што го застапуваат, како и отвореното и непоколебливо залагање за самостојна и независна Македонија во нејзините етнички граници. Да се залагаш за сопствена, па уште и самостојна македонска држава, тоа не само што не го допуштаат, туку и најсвирепо го казнуваат и фашистите и комунистите. Тоа ќе рече, дека Вапцаров, Јосифовски и Рацин се жртви на крвав фашистичко-комунистички пир.
Убиствата на овие тројца наши големи херои, борци и исклучителни личности од последната македонска револуција имаше катастрофални последици за исходот од Втората светска војна, но и за натамошната иднина на Македонија и македонскиот народ.
Опстојното разгледување на овие свирепи убиства бара многу широка и продлабочена анализа, но секакво натамошно задржување на овој проблем уште повеќе ќе не оддалечи од зададената тема, а освен тоа главниот херој ќе го потиснеме во втор план. Ваква неправда на Вапцаров е недопустиво да му се направи.
Значи, доаѓаме на полигонот каде што суверен владетел е Никола Вапцаров, неговата гласовита поезија и неговото уникатно македонство. За поезијата на Вапцаров досега се напишани многу книги, таа доживеа бројни изданија ширум светот, а за неа се публикувани и бројни стручни анализи во литературната периодика во Република Македонија и во Бугарија, но и во други балкански земји и многу пошироко во светот.
За поезијата на Вапцаров сепак најмногу е пишувано во Бугарија и во Македонија. Тоа и воопшто не е чудно, кога се знае, дека тој е дводомен поет, бидејќи им припаѓа на двете литератури - бугарската и македонската. Тој факт, таа неспорна вистина, меѓутоа ќе предизвика големи бранувања, конфронтации и спорења меѓу специјалистите за книжевната проблематика во двете земји. Причината, пак, за овие спорења е тврдото и недопустиво настојување и непрестајно докажување дека големиот Вапцаров и припаѓа само на бугарската литература.
Но, Бугарите не застануваа само на тоа налудничаво тврдење, туку одеа и чекор понатаму. Имено, тие најбезочно во континуитет му ја негираа националната припадност и свест. Со еден збор речено, Бугарите со години и години упорно тврдеа и докажуваа дека Вапцаров е Бугарин, а не Македонец. Таа, нивна сомнабулна позиција Бугарите сè уште ја држат и бранат.
Без оглед на бескрупулозноста и целосната национал-шовинистичка заслепеност што со години наназад ја продуцираат кога е во прашање Вапцаров и неговата поезија, Бугарите не ги остварија ни приближно нивните зацртани подмолни цели. Поезијата на Вапцаров е премногу транспарентна и повеќе од јасна патриотски интонирана, за да може така лесно да ја присвојуваат. Тоа значи, дека Вапцаровата поезија поради својата ретко видена оригиналност и силен патриотски занес што се излева безмалку од секој негов стих, не може во никој случај да се бугаризира. Напротив, таа силна и стамена поезија најдобро си ја брани македонската национална обоеност (особено патриотската) и македонскиот национален дух. Таа, исто така, на најдобар можен начин го брани и уникатното македонство на Никола Вапцаров.
Кога се зборува за македонството или патриотизмот на Вапцаров, како сакате кажете, веднаш мора да се потенцира дека тоа е неразделно поврзано со неговата поезија. Но на најсилен изблик на патриотските чувства кај Вапцаров наидуваме во циклусот “Песни за родината” од неговата прва и единствена стихозбирка “Моторни песни”, објавена во 1939 година. Тука патриотизмот на Вапцаров најјасно, недвосмислено и експлицитно проличува во неговата прочуена песна “Земја”. Во оваа и во сите други негови публикувани патриотски песни секој заинтересиран добронамерник на најконкретен начин може да се увери во она стројно македонско национално чувство што пулсираше со бранувањето на поетовото неспокојно срце, што биеше во ударите на поетската вознемирена мисла.
Се чини најпрецизна оценка и дијагноза за патриотизмот и патриотската лирика на Никола Вапцаров дава покојниот академик Димитар Митрев кој, меѓу другото, има напишано: “Македонија беше цела во Вапцаровото срце. Тој ја сакаше безгранично и преку таа безгранична љубов го сакаше и светот. Се бореше против неправдата над родната земја и таа борба му даваше сили да биде секогаш со борците против неправдата насекаде низ светот. Патриотското начело во неговата поезија прерасна природно и неизбежно во нејзино интернационалистичко начело, за да се преплетат и двете начела со иста силина.”
Токму низ овие редови на Димитар Митрев многу јасно можат да се “прочитаат” и причините за трагичното окончуцање на животот на Никола Вапцаров. Работите се јасни и во врска со тоа не смее да има никакви дилеми. Меѓутоа, оваа неспорна вистина во никој случај не ги ослободува од вина македонските историчари поради тоа што се уште не ги имаат истражено сите можни аспекти и причини за трагичниот крај на животот на овој великан на македонската поезија и македонската национална култура. Истиот укор се однесува и за книжевните историчари, истражувачи и преведувачи во Република Македонија, што досега на македонски јазик не е објавен интегрален репрезентативен избор на целокупното творештво на Никола Вапцаров. Непростива грешка на сите досегашни и сегашни севозможни фактори во областа на културата во Република Македонија и особено на националното Друштво на писателите, е што во државата Македонија се уште нема книжевна награда која ќе го носи името на Никола Вапцаров.
Бугарската позицуја, пак, за Вапцаров и неговата поезија не заслужува никаков завршен коментар, бидејќи е крајно ирационална и апсурдна.

(Авторот е новинар)
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај

Абонирайте се за вестник “Народна воля”
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2010 година. Вестник “Народна волja” и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, “Народна волja” ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на “Народна волja” ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!


Абонирайте се за вестник “Народна воля”!
Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,20 лв.
за шест месеца - 2,40 лв.
за една година - 4,80 лв.

Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 15 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на “Народна волja” - телефон 073/886-336!
“Народна волja” ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
“Народна волja” ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
“Народна волja” ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.

Краен срок за абониране - 15 декември 2010 г.!
За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника “Македонско сонце” в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник “Народна волja”! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!

“Народна волja” - каталожен номер 2050!
Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник “Народна волja”!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2010 година!


101 години от рождението на Никола Вапцаров
И Л И Н Д Е Н С К А

Вината не бе наша.
Вината беше чужда
и другиму тежи
стотонна отговорност.
Когато дойде ден,
когато стане нужда,
ний всичко ще разкажем
на майката история. –

Започнаха със мръсните ръце
да пипат във душите на народа.
Гневът бе толкоз много накипел,
че не съзряха вълчата порода,
муцуните под овчите им кожи,
престъпната и плитка лицемерност.
Но идат дни, когато ний ще можем
да хвърлим кал във мутрите им черни.

И бунта почна.
Нямаше защо
да вдигнеме ръце,
да изостанем.
Ала
с кръвта
на простия народ
в Илинден влехме
наше съдържание.

Какво ще кажете за тази новина,
ще търсите ли тука руски рубли? –
Във Крушево бе феодална власт
и що за скок –
градят сега република!

Те беха също като нас младежи.
Досущ каквито тук сме сбрани ние.
И биха се,
и мреха във метежи,
тъй както утре
ще умреме ние.

Не хленча аз, че буря ги обрули.
Израстват други в димните пожари.
Погледай тук – това е Питу Гули,
а ти, наверно си... Никола Карев.

И ако трябват лозунги – добре! –
ще вдигнеме плакати до луната! –
Свободна искаме,
не щем,
не щем протекторати!


Никола Вапцаров


В А П Ц А Р О

Ти и днес агитираш,
ти палиш отново сърцата
и мъртъв сили намираш,
да пазиш на Гоце земята.
“Ние сме МАКЕДОНЦИ...”
пред нас каза ти смело -
“На Александър потомци,
верни на нашето дело.”
Знаме рзвято ни стана
с патриотизъм кристален,
а за врагът - люта рана
и днес все още коварен.
За трети път на разстрел си,
за трети път оживяваш,
летиш със влака на релси,
своя заряд ни даряваш.
И днес е битка сурова
със върховисти проклети,
които наливат отрова
от чуждо племе наети.
Ти и днес агитираш,
ти палиш отново сърцата
и мъртъв сили намираш,
да пазиш на Гоце земята.

Димитър Иванов

***

ТРЯБВА мъжки да се захванем. Какво всъщност се иска от нас? Много, особено много. Най-много от нас, които сме събрани тук. Ние сме македонци. И нашето творчество трябва да бъде в служба на македонската кауза...Разбира се, че при един по-сериозен анализ би трябвало да се разгледа битът. . . Не по-малко съществен от него е културният фактор, който ще включва историята, и главно историята и легендата за революционното движение, песни, език и други. ...Ние трябва да познаваме македонската история и най-много историята на национално революционното движение - Илинден, Гоце, Даме.

(Из доклада на Никола Вапцаров пред МЛК, 1938 г.)


Поезија
ЛИДИЈА РАЗМОСКА



“...И МОЛИТВА ВО ПРСТЕН ЗА ВЕЧНОСТ”

Лидија Размоска е родена во Охрид во 1982 година. Има завршено студии по педагогија на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работи како педагог во основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Охрид.
Учествува во работата на литературни клубови и други културни институции. Со поезија се има претставено во списанија, а ја има објавено и стихозбирката „Езерска воздишка“ („Макавеј“, Скопје, 2005). Од оваа стихозбирка ги издвојуваме песните „Утеха“ и „Сокриен спокој“.



УТЕХА

Излез во безизлез.
Сонце среде ноќ.

Времето го мерам
со неуморниот часовник
што тупоти.

Цвет расцветан
во зенитната боја
на младоста
среде просторот
облеан со светлина
покажана од белата
површина,
во црна темнина.

Рај на крајот
од завршената мисла
и молитва во прстен
за вечност.



СОКРИЕН СПОКОЈ

Молчелива ноќ на усните
што испраќа зрак
во душата
со мисла
што напати светнува,
напати летнува.
Во прегратката
Се љубат надежта и зборот
прегазувајќи го прагот
на црвената ружа со солзи
на бескрајот.
Миг што го поминува
рајот со возвишувањето
над пепелта,
во ѕвездената ноќ
на неповторливоста.



Македонија пее

СНОШТИ МИНАВ ПОКРАЈ ВАЗИ

Сношти минав покрај вази
тебе моме не те најдов
срце ми се растрепери
почнав солзи да ронам.

Кажи моме вистината
љубиш ли ме, мамиш ли ме
ил’со мен се подиграваш
да ти мине времето.

Сечи моме руси коси
прави скала да се качам
да ти видам бело лице
ем рудото ти грло.

Ах да можам да разберам
була ли си ил гркинка
ил си моме македонка
што си толку убава.

БИСЕР БАЛКАНСКИ

Солзи сами капат прости ми
тешки се ко твојте планини
плаче срце од три страни
што крвави многу години. (2)

Рефрен:

Е е е еј Македонијо
ти си Бисер Балкански
сплоти Пирин Егеј син
со бистри води вардарски.

Само една има вистина
има една Македонија
делете ја парчете ја
пак ќе биде наша најмила. (2)

Рефрен............

Македонци на глас запејте
македонско оро играјте
мајка мила спомнете ја
жива била Македонија. (2)

Рефрен .............. (2)





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting