Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
САД сакаат да помогнат да се надмине спорот со името

ЗАВРШИ САМИТОТ НА НАТО СО НОВА СТРАТЕГИЈА НА АЛИЈАНСАТА И РУСИЈА

(По македонскиот печат)

Македонија е подготвена и вратите за нејзино полноправно членство во Алијансата се отворени, НО откако ќе се најде заемно прифатливо решение за името со Грција. Ова е старо-новиот заклучок за земјава што се најде и во завршното коминике од Самитот на НАТО што се одржа викендов во Лисабон.

Претседателот Ѓорге Иванов, кој заедно со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски и министерот за одбрана Зоран Коњановски, присуствуваше на Самитот во Лисабон, изјави дека на сите остварени средби македонската делегација добила потврди дека Македонија ги исполнува сите услови и критериуми и оти де факто е членка на НАТО.
- Не по наша вина, навлезени сме во еден апсурден спор кој не попречува да ги уживаме сите привилегии кои ги нуди членството во НАТО, рече Иванов, по завршувањето на состанокот со шефовите на делегациите на А5 земјите - Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Тој вели дека треба да се биде реалист во однос на можното брзо решение на спорот за името.
- Постојат иницијативи и поместување на она статус кво што беше. Да се надеваме дека и од другата страна ќе ја имаме истата добра волја и желба да се дојде до решение, затоа што сите последици ги трпиме ние. Се што е побарано од нас е завршено и ние сме на некој начин исклучок од процесот на интегрирање во НАТО, изјави Иванов. Тој потенцираше дека Македонија дава целосна поддршка на сеопфатниот пристап на ИСАФ и ја почитува заложбата на авганистанската влада за преземање на одговорноста за својата безбедност до 2014 година.
Република Македонија се вклучи во мисијата во Авганистан во август 2002 година, а до денес придонесот е 17 ротации низ кои минаа 1.513 македонски мировници. Придонес кој денес е еден од најголемите по глава на жител. Реално Самитот донесе и повторување на заклучокот за Македонија од Букурешт.

ОБАМА ДО ИВАНОВ: ЖАЛ ШТО НЕ СТЕ ВО НАТО

- Многу жалам што се уште не сте членка на Алијансата, сепак, ви честитам за исклучителниот придонес во мисијата ИСАФ во Авганистан и ви благодарам за партнерството кое го негувате со САД, нагласил американскиот претседател Барак Обама на средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов пред почетокот на средбата на шефовите на делегациите на А5 земјите. На средбата било дискутирано и за процесот за надминување на прашањето за името, при што Обама нагласил оти САД остануваат посветени и сакаат да помогнат ова прашање што е можно поскоро да се надмине со заемно прифатливо решение.
- САД се подготвени да помогнат, потенцирал американскиот претседател Обама. Македонскиот претседател Иванов укажал дека Република Македонија е таа која бара решение и поради тој наметнат спор, посочил, трпи реални последици. За земјава според шеф на државата, е од исклучително значење ангажманот на САД во овој процес. Хилари Клинтон имала слични пораки како Обама. И Баросо и Ромпуј го повториле ставот за натамошна поддршка на македонските евроинтеграции и брзо решение на името за добивање датум за преговори.
Прашањето за името беше тема на разговорите и на средбата со германскиот канцелар Ангела Меркел.
Шефот на државата се сретна и со Бан Ки Мун - генералниот секретар лично му се извинил за проблемите со регистарот на ООН и потенцирал дека Светската организација има целосна почит кон нашиот јазик.
Карзаи изразил благодарност за учеството на нашите трупи, а Ѓул безрезервна поддршка на Турција. Иванов не сакаше да коментира дали на некоја од средбите со светските лидери некој изјавил дека конечно ќе ја притиснат и Грција.

СИЛНА ГРЧКА ОФАНЗИВА ВО ЛИСАБОН

Грција ги презела сите мерки за Македонија да не се најде на НАТО масата во Лисабон. Извори од Атина откриват дека неколку месеци пред Самитот грчката дипломатија била ставена во офанзива. Лобирале кај раководството во Брисел и кај членките на НАТО со цел да се спречи евентуална промена на веќедонесената одлука од Букурешт.
Грчката делегација која замина во Лисабон барала и превенција од можноста некоја трета земја за време на НАТО-дебатите да го иницира прашањето за Македонија. Таква гаранција не успеала да добијат. Наспроти очигледната игра Грција и понатаму негира дека го спречува членството на Македонија во меѓународните институции.
И овој пат Грците издејствуваа приказната со Македонија и НАТО да остане затворена се додека не се реши спорот со името.
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај

Абонирайте се за вестник “Народна воля”
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2010 година. Вестник “Народна волja” и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, “Народна волja” ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на “Народна волja” ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!


Абонирайте се за вестник “Народна воля”!
Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,20 лв.
за шест месеца - 2,40 лв.
за една година - 4,80 лв.

Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 15 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на “Народна волja” - телефон 073/886-336!
“Народна волja” ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
“Народна волja” ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
“Народна волja” ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.

Краен срок за абониране - 15 декември 2010 г.!
За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника “Македонско сонце” в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник “Народна волja”! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!

“Народна волja” - каталожен номер 2050!
Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник “Народна волja”!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2010 година!


101 години от рождението на Никола Вапцаров
И Л И Н Д Е Н С К А

Вината не бе наша.
Вината беше чужда
и другиму тежи
стотонна отговорност.
Когато дойде ден,
когато стане нужда,
ний всичко ще разкажем
на майката история. –

Започнаха със мръсните ръце
да пипат във душите на народа.
Гневът бе толкоз много накипел,
че не съзряха вълчата порода,
муцуните под овчите им кожи,
престъпната и плитка лицемерност.
Но идат дни, когато ний ще можем
да хвърлим кал във мутрите им черни.

И бунта почна.
Нямаше защо
да вдигнеме ръце,
да изостанем.
Ала
с кръвта
на простия народ
в Илинден влехме
наше съдържание.

Какво ще кажете за тази новина,
ще търсите ли тука руски рубли? –
Във Крушево бе феодална власт
и що за скок –
градят сега република!

Те беха също като нас младежи.
Досущ каквито тук сме сбрани ние.
И биха се,
и мреха във метежи,
тъй както утре
ще умреме ние.

Не хленча аз, че буря ги обрули.
Израстват други в димните пожари.
Погледай тук – това е Питу Гули,
а ти, наверно си... Никола Карев.

И ако трябват лозунги – добре! –
ще вдигнеме плакати до луната! –
Свободна искаме,
не щем,
не щем протекторати!


Никола Вапцаров


В А П Ц А Р О

Ти и днес агитираш,
ти палиш отново сърцата
и мъртъв сили намираш,
да пазиш на Гоце земята.
“Ние сме МАКЕДОНЦИ...”
пред нас каза ти смело -
“На Александър потомци,
верни на нашето дело.”
Знаме рзвято ни стана
с патриотизъм кристален,
а за врагът - люта рана
и днес все още коварен.
За трети път на разстрел си,
за трети път оживяваш,
летиш със влака на релси,
своя заряд ни даряваш.
И днес е битка сурова
със върховисти проклети,
които наливат отрова
от чуждо племе наети.
Ти и днес агитираш,
ти палиш отново сърцата
и мъртъв сили намираш,
да пазиш на Гоце земята.

Димитър Иванов

***

ТРЯБВА мъжки да се захванем. Какво всъщност се иска от нас? Много, особено много. Най-много от нас, които сме събрани тук. Ние сме македонци. И нашето творчество трябва да бъде в служба на македонската кауза...Разбира се, че при един по-сериозен анализ би трябвало да се разгледа битът. . . Не по-малко съществен от него е културният фактор, който ще включва историята, и главно историята и легендата за революционното движение, песни, език и други. ...Ние трябва да познаваме македонската история и най-много историята на национално революционното движение - Илинден, Гоце, Даме.

(Из доклада на Никола Вапцаров пред МЛК, 1938 г.)


Поезија
ЛИДИЈА РАЗМОСКА



“...И МОЛИТВА ВО ПРСТЕН ЗА ВЕЧНОСТ”

Лидија Размоска е родена во Охрид во 1982 година. Има завршено студии по педагогија на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работи како педагог во основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Охрид.
Учествува во работата на литературни клубови и други културни институции. Со поезија се има претставено во списанија, а ја има објавено и стихозбирката „Езерска воздишка“ („Макавеј“, Скопје, 2005). Од оваа стихозбирка ги издвојуваме песните „Утеха“ и „Сокриен спокој“.



УТЕХА

Излез во безизлез.
Сонце среде ноќ.

Времето го мерам
со неуморниот часовник
што тупоти.

Цвет расцветан
во зенитната боја
на младоста
среде просторот
облеан со светлина
покажана од белата
површина,
во црна темнина.

Рај на крајот
од завршената мисла
и молитва во прстен
за вечност.



СОКРИЕН СПОКОЈ

Молчелива ноќ на усните
што испраќа зрак
во душата
со мисла
што напати светнува,
напати летнува.
Во прегратката
Се љубат надежта и зборот
прегазувајќи го прагот
на црвената ружа со солзи
на бескрајот.
Миг што го поминува
рајот со возвишувањето
над пепелта,
во ѕвездената ноќ
на неповторливоста.



Македонија пее

СНОШТИ МИНАВ ПОКРАЈ ВАЗИ

Сношти минав покрај вази
тебе моме не те најдов
срце ми се растрепери
почнав солзи да ронам.

Кажи моме вистината
љубиш ли ме, мамиш ли ме
ил’со мен се подиграваш
да ти мине времето.

Сечи моме руси коси
прави скала да се качам
да ти видам бело лице
ем рудото ти грло.

Ах да можам да разберам
була ли си ил гркинка
ил си моме македонка
што си толку убава.

БИСЕР БАЛКАНСКИ

Солзи сами капат прости ми
тешки се ко твојте планини
плаче срце од три страни
што крвави многу години. (2)

Рефрен:

Е е е еј Македонијо
ти си Бисер Балкански
сплоти Пирин Егеј син
со бистри води вардарски.

Само една има вистина
има една Македонија
делете ја парчете ја
пак ќе биде наша најмила. (2)

Рефрен............

Македонци на глас запејте
македонско оро играјте
мајка мила спомнете ја
жива била Македонија. (2)

Рефрен .............. (2)





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting