Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Анализа

ГРЦИТЕ ЕРГА ОМНЕС, НИЕ... КАКО КОЈ

Ристо Никовски

Поради нашата длабока поделеност, која овозможува да сме изложени на жесток притисок од сите страни, Атина цврсто се држи до својата црвена линија. Со премиерските средби, кои не можеа да се одбијат, таа успеа да го залаже и Брисел дека прави напори и, без ништо (битно) да промени, сега е „поцрвена“ од кога било. И, во право е. Секој разумен така би се однесувал.
Ги блокира интегративните процеси на државава и, со поддршка на сите нивни „солидарни“ пријатели (од кои, сосем погрешно, некои ги сметаме и ние за наши „партнери“), ни ги затворија перспективите. Сега тријат раце очекувајќи го ветениот плен. Не им паѓа на ум никаков компромис, не дај Боже разумен, бидејќи цврсто ги држат сите конци. Бригадава, која овде ги промовира нивните интереси, е доста активна и тие се уверени дека работата им е речиси завршена. Сепак, џабе се радуваат. Деновиве, убаво им беше речено дека тој филм нема да го гледаат.
А ние? За разлика од југот, кај нас сé ќе се изнаслушаш.
Без никој да нé тера, почнавме секаде да си ги користиме не само референцата, туку и бесмислената и навредлива кратенка ПЈРМ (ФЅРОМ), како да се гордееме со нив. Гледајте на телевизиите, читајте весници, слушајте „видни“ луѓе и - грозете се. Тоа не е никаква ситница. Напротив, покажува некаква податливост.
За да научиме како треба да се однесуваме кога клучен проблем за народот и државата е на маса, не мораме далеку да гледаме, ниту во минатото да се навраќаме. Одличен пример имаме кај нашите комшии, Албанците. Сетете се само како тие секаде и секогаш зборуваа за КосовА, игнорирајќи го меѓународно прифатеното име КосовО, само за да се дистанцираат од српската терминологија. Затоа и успеаја.
За да ја илустрираме какафонијата со која живееме и за нешта што се неспорни и јасни ко ден, има многу примери.
Пендаровски („Дневник“, 18 септември 2010, „Со глава низ ѕид“) го поддржува Брисел дека промена на името треба да биде дел од условите за наш прием, иако е тоа надвор од копенхашките критериуми дефинирани од самата ЕУ. Тој нагласува: „Во ланските заклучоци од Европската комисија јасно е наведено дека без решение за името, нема преговори за членство!“ Значи, ајде да виткаме ‘рбети.
Во 1993 година тој најверојатно ќе ни ја цитираше Лисабонската декларација „која лани (1992) јасно ни порача дека за да нé признаат треба да се откажеме од зборот Македонија во името“ и... ќе инсистираше да ја спроведеме. Тогаш, откако се спротивставивме, Брисел ја увиде својата грешка и - се повлече. Зошто и сега да не се обидеме? Зошто Пендаровски и другите како него не сакаат барем да се бориме за своите фундаментални, универзално признати права? Та нека бидеме и победени и прекрстени. Зошто некритички прифаќаат сé што се обидуваат нелегално да ни наметнат? Зошто им се брза?
Потпретседателот на главната опозиција, Јовановски, на ТВ-вести, на 17 септември, отприлика изјави: „За Македонија членството во НАТО и во ЕУ е единствена алтернатива. Сé друго е играње со иднината и судбината и на државата и на народот!“ Дали и борбата за идентитетот на народот? Зарем е можно во опозицијата да не сфаќаат дека цената секогаш одредува дали нешто можете да си дозволите, или не? Огромен дел од населението сака и во НАТО и во ЕУ, ама ако треба да влеземе обезличени, или голи, никој нормален тоа нема да го прифати. Зарем овие толку немаат осет за достоинството на народот?
Нивниот претседателски кандидат („Дневник“, 31 август 2010, „Лажни меници“) ни порачува: „Македонија мора да го реши спорот со Грција во септември, за да влезе во НАТО до крајот на годината!“ Катадневно, тој веќе подолго време испраќа исти абери, уверувајќи нé дека (ново) име веќе било договорено! Значи, Атина веќе успеала да нé прекрсти, и сé друго е губење време. Можеби веќе заборавил дека лани ни сервираше дека била договорена „Северна“, сега... И така до бескрај. Без срам и перде.
Сите овие пораки (случајно?) нас нé декуражираат (мораме да ги прифатиме условите какви и да се!), а ги охрабруваат Вашингтон, Брисел, Атина... да продолжат со неприфатлива политика на наше национално урнисување. На ТВ деновиве потпретседателот на Собранието, Макрадули, ја реактуелизира бесмислената порака: СДСМ прифаќа какво било решение на кое ќе се согласи власта, и не врши никаков притисок!!! Ова е најдобар показател дека не само што не знаат што сакаат, туку дека немаат ниту логика. Зарем на власта, која постојано ја плукаат, ја сметаат недоветна и корумпирана, ги прават бугарофили или србофили, а лидерот им го исмејуваат без пардон... сега и даваат бланко доверба да ја реши судбината и на народот и на државата? Нешто мора да биде фалш кај луѓево: или критиките или довербава? Впрочем, карт бланш во политиката никому не се дава. За вакво прашање, ниту на најголемиот сојузник. Зоран Иванов („Идентитет и идентификација - манипулација“, „Дневник“, 26 јуни 2010) развива неодржлива теза дека „идентитетот се емоциите што ни будат гордост...“. Сосема е обратно: идентитетот е тој што создава емоции, гордост, песни... Надвор од умот, тој тврди дека „тоа што ќе биде запишано таму (во ООН) ќе биде секако само меѓународната ‘идентификација’ на нашата земја“. Ако е така, зошто да не нé запишат како ЏЅ? Кратко и јасно. Ќе бидеме Македонци од Екс Уај. Од Марс.
Во српско, при попис, кога го прашале дедо ми Ицо Попе што е по националност, рекол - Македонец. Нема такво нешто, му одговориле. Тогаш пишете што сакате, им вратил. Така било бидејќи немало држава Македонија.
Името служи и за идентификација бидејќи го претставува - идентитетот. Без име - нема идентитет. Затоа сакаат да ни го избришат. Без Франција нема да има ниту Французи. Барем официјално.
Освен можеби за погореспомнативе и нивните, за среќа, малобројни истомисленици, за сите други сега се веќе смешни тврдењата дека идентитетот не е на дневен ред. Или, што е веќе глупост, дека ние сме ги отвориле тие прашања.

(Авторот е поранешен амбасадор)

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај

Абонирайте се за вестник “Народна воля”
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2011 година. Вестник “Народна волja” и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, “Народна волja” ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на “Народна волja” ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!


Абонирайте се за вестник “Народна воля”!
Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,20 лв.
за шест месеца - 2,40 лв.
за една година - 4,80 лв.

Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 15 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на “Народна волja” - телефон 073/886-336!
“Народна волja” ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
“Народна волja” ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
“Народна волja” ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.

Краен срок за абониране - 15 декември 2010 г.!
За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника “Македонско сонце” в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник “Народна волja”! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!

“Народна волja” - каталожен номер 2050!
Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник “Народна волja”!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2011 година!


Важно! Важно! Важно!

Дружеството на репресираните македонци в България припомня на всички репресирани през комунистическия период заради македонските си убеждения и съзнание, както и на техните потомци, че срокът за подаване на молби за компенсации и обезщетения е удължен до края на 2011 г. Молбите се внасят в областните управи, и пак там можете да научите и какви точно документи ви са необходими. Отварянето на тези досиета е от голямо значение за македонското малцинство в България.

Поезија
ЗЛАТКА ДАМЯНОВА





МЕТАРМОФОЗА

Примерих се вече – разумна съм и кратка.
Щом броя до десет – избягвам всяка схватка!

Над чужди проблеми избягвам да умувам -
вече деликатно не виждам и не чувам!

Макар на характера да не ми приляга –
свикнах да си казвам „това не ме засяга!”

В горещ диспут не влизам и завист не будя –
храня се, почивам, дозирано се трудя!

Не удрям, не отварям ръце за прегръдка –
и подир мен не тича ни вълк, нито хрътка.

Изведнъж се промени – някой отбеляза!
Помислих си тъжно – изведнъж се чупи ваза,

Колко наивно е такова съждение –
бавно се променя човек – за съжаление!

И все - пак си прошепнах – „браво, поумняваш!”
А коренът ме сепна – „нима ще се предаваш!”

1985 г.



ЗАВИСТ

Блестиш ли – все ще се
намери
някой с кал да те замери.



ДАНС

Ганьо успя да пъхне шило
и в новото държавно плашило,
и заля “секретна лава”
цялата объркана държава.



БРАТСКИ ЖЕСТ

Дори когато Ганьо е в агония
пак подлага крак на Македония.



КОГАТО СИ ОТИДА

Посвещавам на моите сънародници от дружество „Македонска мисъл” - Варна

Ако искате
да срещнете душата ми,
когато си отида –
не я търсете на площадите
„Славейков” и „Омония”!

ТЯ
под небето родно ще живее
ведно с душата на народа!
С него ще се бори,
ще плаче и ще пее –
за правда и свобода!

Надеждата й няма да угасне,
а всеки ден
ще крепне и ще расне,
докато дойде краят
на дълголетната
а г о н и я
и на Вергина слънцето

огрее

СВОБОДНА И ЕДИННА
М А К Е Д О Н И Я!



“МАЛЦИНСТВО“

Прав е президентът в свойта пледоария –
в държавата няма „Македонско малцинство!”
Надникнал е явно в архива на България
и разбрал, че сме огромно мнозинство!



Македонија пее

ПИЛЕТО МИ ПЕЕ РАНО НА САБАЈЛЕ

Пилето ми пее рано на сабајле,
рано на сабајле, рано пред зори.

Стани ми, стани, ти млада невесто,
стани ми, стани, коња да спремаш.

Јас ќе си одам многу на далеку,
многу на далеку, в туѓа – туѓина.

Рачај, порачај, ти млада невесто,
рачај, порачај, што да ти пратам.

Дали пари сакаш или писмо сакаш,
или мене ме сакаш дома да дојдам.

Ниту пари сакам, ниту писмо сакам,
само тебе те сакам, дома да дојдиш.

Парите се трошат, писмото се кине,
а, љубовта трае вечно до гроба.

ПРАША ЛИ ТИНКЕ МАЈКА ТИ

Праша ли Тинке мајка ти,
Дава ли тебе за мене?
Не сум ја Ѓорѓи прашала, (џанум)
Синоќа сум ја слушала. (2)

Мама на тате велеше (2)
Ај, да го дајме Тинчето (џанум)
За тој Ѓорѓија бекрија. (2)

Тате на мама велеше (2)
До девет ќерки да имам (џанум)
Една на Ѓорѓија не давам. (2)

Оти е Ѓорѓи бекрија (2)
На вино вади ножеви (џанум)
А на ракија пиштоли. (2)





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting