Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Жива историја

СВЕДОШТВА НА ПРОТЕРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈОТ

(Продолжува од минатиот број)

Средбата и спојувањето на децата со нивните родители и семејства се правеше по списоци, во големата сала на монополот. Бакнежи, извици, плач, солзи радосници... Од тој ден станав жител на Република Македонија”, се потсетува Санева.

СВЕДОШТВА НА ПРОТЕРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Околу 28.000 деца откорнати од родните огништа
Скопје 11 јуни 2009 (МИМ)
Професорот Сократ Пановски е роден на 15 март 1936 година, во селото Вмбел, Костурско, Егејска Македонија. Во Грчко-италијанската војна (октомври 1940 година) до темел им бил опожарен семејниот дом, откако претходно семејството пребегнало во селото Дреновени.
Тој зборува за “најголемото и најнемилосрдното прогонство на деца во поновата историја на Европа”.
-За помалку од 30 дена, од родните огништа биле откорнати околу 28.000 деца, на возраст од 2 до 14 години, сите Македонци и неколку стотици Грци од пограничните области на Епир и Еврос. Педантните планери се погрижиле децата да бидат протерани со возен билет во една насока, на кои подоцна грчките влади им забранија доживотно враќање на родните огништа.
Костурските и леринските шуми и козјите патеки кои воделе кон албанската и југословенската граница вриеле како во пчеларска кошница. Ноќе патеките биле исполнети со детски колони, а дење децата ги криеле во шумите за да не ги открие владината борбена авијација, објаснува Пановски.

ДЕЦАТА ГИ РАЗДЕЛИЈА ОД МАЈКИТЕ

“Од селото Вмбел - додава Пановски - беа собрани 150 деца. Зборното место беше закажано на излезот од селото, кај црквичето “Свети Танас”. На 5 април 1948 година, во раните утрински часови, беа собрани сите жители на селото за да ги испратат своите најмили, на “спасување” од бомбардирањата.
Местото ечеше од плачот на децата и од редењето на бабите. Тука се разделуваа бабите и дедовците од своите внуци, а мајките останаа со децата за да ги придружуваат до селото Желево. Баба ми Ристана се наведна до површината на земјата, се прекрсти, зеде грст почва, ја врза во крпче и ми ја подаде со зборовите: “Носи ја таму каде што ќе ве однесат, да ја носиш со себе и секој ден да ја галиш за да не го заборавиш нашето родно огниште”. Подоцна, цел живот, оваа реченица на баба ми Ристана стана филозофија на моето опстојување. Вториот ден, водени од нашите мајки и партизанските водачи, околу 23 часот пристигнавме во селото Желево. Не распоредија за спиење по селските куќи. Само што не обзеде сонот, во мугрите, не разбудија и се упативме кон една шума. Пред оваа шума не разделија од мајките. Глетката беше потресна. Плачот на децата кои не сакаа да се одделат од мајчините прегратки и лелекот на мајките кои не ги пуштаа своите рожби беше нарушен од бучавата на два авиона. Одговорните жени од селото за придружување на децата до последната дестинација и грижата за нив таму, односно новите “мајки” ги повлекоа децата кон шумата, а родителите се вратија во селото. При таа брза разделба мајка ми ме замоли: “Немој да плачеш, сега си голем”. И одговорив: “Нема да плачам!”. Го исполнив ветувањето, за цел живот секнаа солзите во моите очи. Тие солзат само при настинки и ветрови. Денот го преседовме во шумата, а кога се стемни почна да се формира непрегледна детска колона. Дента во шумата пристигна голем број деца и од други костурски и лерински села. Ноќта делови од колоната се губеа, долго се чекаше, имаше довикувања, плач од најмалите, кои не можеа да пешачат, па ние поголемите ги носевме на грб. Ноќта беше врнежлива и студена. Пред зори дојдовме до една пошумена планина. Ни запалија оган за да се стоплиме и да се исушиме. Пред да се стемни дојде еден одред партизани од соседните села, кои меѓу децата си ги препознаа браќата, сестрите, синовите и ќерките.

ЛЕГНАТИ ПО ПАТОТ И ВО ЕНДЕЦИТЕ

Една дождлива ноќ со студ кој влегуваше во коските, со темнината како црно перде, колоните од децата пристигнаа во Преспа и почнаа да ја газат езерската вода. Избезумени одговорните жени на групите деца, новите “мајки”, во паника викаа: “Не, мили дечиња, тоа е голема вода, езерото, вратете се назад!”.

Многу не ја гледавме, туку ја чувствувавме студената вода како ни навлегува во обувките и во облеката. Пристигнаа некои партизани и ја поведоа колоната кон границата. На неколку километри пред границата партизаните ја напуштија колоната, покажувајќи во која насока треба да се движиме. Пристигнавме до една рекичка и кога се подготвувавме да ја прегазиме, од другата страна се запалија џепни батерии, не осветлија и се слушнаа гласови. Нешто разбравме, нешто не. Меѓутоа, кога ги видовме војниците во убави сиви униформи не фати паника и некои деца почнаа да бегаат мислејќи дека тоа се монархофашистички војници од грчките владини сили. Мирниот глас на војниците делуваше смирувачки. Војниците креваа по едно до две деца в раце и ги префрлуваа на другиот брег, во Народна Република Македонија. Војниците ја предводеа колоната до рано во зората, кога пристигнавме пред селото Долно Дупени. Тука застанавме и ни рекоа да седнеме да се одмориме.

Пред моите очи, како на филмска лента, ги гледам децата и по некоја “мајка”, обземени од умор, студ и глад, легнати по патот, повеќето во ендеците. Како покосени сите заспавме. Кога со големи маки не разбудија, поголемите деца не однесоа во селското училиште. Во една училница на катот, неколку десетици деца легнавме и продолживме да спиеме, греејќи се од една стара ламаринена печка и од нашите тела збиени како во конзерва. Помалите деца беа распоредени по селските домови. Неколку дена се одморивме, ги исушивме алиштата, но стомаците ни беа празни и со нетрпение го очекувавме денот кога ќе легнеме сити. Еден ден повторно се формираа колони од деца. Напред, на воловски коли, беа натоварени малите деца, а поголемите пешачеа до соседното село Љубојно. Тука не пречекаа со парче топол, пченкарен леб. Сега не се двоумевме. Набрзина го изедовме лебот, колку малку да се најадемее.

ЗА ПРВ ПАТ ВИДЕЛЕ ВОЗ, РАДИО, ЛАМБИ...

Во Љубојно, како што раскажува Пановски, ги ставиле во војнички камиони покриени со церади, по што го продолжиле патот за Битола. Таму ги сместиле во неколку училишта. Биле нагостени со тврд пченкарен леб и џем. Невидливи, одговорни луѓе, ги поделиле во групи, без да водат сметка за тоа дали ќе бидат поделени браќата и сестрите или на кое село им припаѓаат и кај која “мајка”. Ги сместиле во воз, нешто што прв пат во животот го виделе. И не само тоа, тука прв пат во животот се соочиле и со други цивилизациски достигнување: електрична енергија, нови кандила и ламби, радиоапарати и друго. Покрај гладот и болката за најмилите кои ги оставиле во глуви и онемени села, тие биле и сосема збунети од тоа што го гледале околу себе. Композициите од возови, долги, со многу вагони од трета класа, патувале кон север.

Ја оставила шестмесечната ќерка во планина

Скопје 12 јуни 2009 (МИМ)
Марика Кокочева е родена во Сакулево, на неколку километри од Битола, на патот за Солун. Таа се сеќава како го мачеле татко и.

-Едно време на влезот во селото доселија просвиги, сиромашни Грци, од југот на државата или од други места (Турција). Веднаш им направија куќа. Татко ми, кој бил чауш во селото, не ги поднесувал и еден од нив го зел и го однел на мостот на реката Елешка кој бил на пругата (Битола - Солун). Му пукнал во воздух го уплашил а тој паднал и се повредил. После овој настан татко ми го зеле во Рамалија, го мачеле да признае, го претепале, му ставале шпици, долго време имаше засирена крв на прстите. Кога го прашав, тој за да не се потресувам ми рече дека прстите му се посинети оти го фатила вратата кога ја затворал.

Јас бев мала, брат ми Трендафил знаеше, знаеја и другите што се случило. По немилиот настан татко ми со помалиот брат Михаил кој беше женет и остави две деца, заминаа на Грамос. Од таму не се вратија никогаш, во војната загинаа двајцата. Ги баравме неколку години и преку Црвен крст и со писма до власта, брат ми бараше да дознае што се случило со татко ми и помалиот брат. Грчките власти официјално и одговорија на тетка ми дека загинале на Грамос. Само тоа успеавме да го дознаеме. И други мажи од нашата голема фамилија загинаа. Во Граѓанската војна од 32 фамилии Дафовци во Сакулево, останаа 18 вдовици со дечињата”, вели Марика.

НА БЕГАЊЕ ПАДНА ВО БУНАР

-Еве како започна прогонот: На 17 јуни 1947 го сардисаа селото, а од селото Грците почнаа да пукаат од подрумите во училиштето, таму беа скриени имаа и митралези. Луѓето од селото почнаа да викаат “Ајде да бегаме”, се собравме, на запрежни воловски коли се качивме, по една фамилија со децата на една запрежна кола, прибравме набрзина што можеше. Ние имавме дуќан во селото, зедовме чоколади - јадевме. Мене ми рекоа, ај ти си голема, оди одзади терај ги овците. Ги терав и така одеднаш паднав во еден сув бунар. Викав, плачев, пиштев, тие напред не можеа да слушнат од ѕвонците на овците. Кога се повлекуваа партизаните дојдоа коњаници кои ме пронајдоја. Еден ми вели: “А бре дете што бараш тука”, “кај се твоите?”. “Ги терав овците и паднав, тие заминаа, не знам кај отидоа”, реков. “Дај ми ја раката” ми рече, ме извади од бунарот и ме донесе кај моите, во Сетина.

НА ДЕСЕТ ГОДИНИ СПАСИ ДЕТЕ

- Снаа ми Олга, од брат ми Михаил, носеше пет деца и некрстената ќерка која имаше само 6 месеци, Џурка, ја носеше в раце. Патот беше тежок, козји патеки, се одеше високо преку ридовите. Испотена, преплашена од страв, од пукањето, жива вода беше. Туку некое време, гледам ја нема Џурка. “Дадо, каде е Џурка?”, прашав. “Ја оставив во ридот крај реката, не можев сите да ги носам”.

- Се вратив, ја најдов, Џурка беше многу повиена, ја расповив, имаше една маичка, ја гушнав, таа плаче, јас плачам - пиштам, одам нагоре по ридот, се ми се чини ќе паднам во реката, во провалијата, а патчето тесно, со дупки и ја донесов пред да стигнеме до границата. За Сетина зборувам. Ме гледаат, го носам бебето и викаат: “Еј гледајте, дете спасува дете”. Јас имав само 10 години, а снаа ми почна да плаче: “Леле, мори, ја зеде”? “Ја зедов ма, а ти ја остави”. “А што да правам, сама ги носам другите. Морав да ги спасувам овие пет душички кои се дојдени први на свет”. Долго време немаше име, а кога дојдовме во манастирот Слепче, во прилепската околија, мене ми дадоа да ја крстам. Така станав кума.

Многупати во животот со Џурка се гледавме, кога и беше тешко ќе ми рече: “Тогаш ме спаси, а сега”.

И ВО ВОЈВОДИНА УЧЕВМЕ ГРЧКИ

Кога стигнавме тука, прво не сместија во манастирот во Слепче, после во Прибилци, па Демирхисарско. Во Прибилци просевме, ни даваа луѓето гравче и лепче. После бевме во Жван, Мургашево... Неколку дена не зеде во Гевгелија кумот Алеко кој работеше на пругата. Одевме по дрва кај реката кога не видоа и свикаа: “Овие да не избегаат за Грција”.

Не вратија повторно во Слепче. Дојде наредба да одиме во Војводина. Не однесоа со товарен воз, ни дадоа куќи од швабите во Гаково и Крушевље. Во куќата имавме четири одделенија, во собите калиеви печки, а во бунарите ја најдовме целата покуќнина што ја оставиле Германците што живееја во Војводина пред да заминат. Можеби верувале дека ќе се вратат. За да учиме ни донесоа учители од Грција, од Булкес. И весници донесоа “Фонитис Булкес” (Глас на Булкес). Таму научив грчки. И сега ја знам таблицата на грчки, ако сакаш да ти ја речам, на македонски можеби нема да ја погодам од одма. Во Војводина ни српски не учевме, ни македонски. Само грчки. Таму имаше и улици со грчки имиња, а и нашите ги претопуваа. А имаше и случај еден брат да е Македонец, другиот да се кажува Грк.

“Пак ли и тука грчки ќе учиме”, се бунеа нашите во Војводина. Ако ја сакате Македонија, треба назад да се вратите, да се борите, а тие над 18 години да служат војска.

Пред да избегаме од Сакулево по пругата со децата одевме на училиште во Битола, а таму учевме на бугарски, немаше никаква граница а беше воено време. Кога бев многу мала во Сакулево, одевме в црква на секој голем празник - за Божик, за Водици, за Велигден. Поповите пееја на грчки. Знам и псалми на грчки јазик. Надвор од црквата поповите со народот зборуваа македонски. Тие беа наши, само претходно беа пратени на школо, за да пеат и да проповедаат на грчки. По осумнаесет месеци не вратија и ни рекоа дека ќе сме ја ослободувале Македонија. Ништо од тоа. Се вративме во село Славеј, прилепско. Таму се отвори задруга. Ние, Егејците направивме штали, се купија крави, телиња, коњи. Збиравме и тутун. Ако не нанижеш 13 низи не се следуваше детски додаток. Така за детскиот додаток макотрпно работевме. После таа работа ми ја запишаа како стаж за пензија.

Брат ми Трендафил беше добар бербер па се преселивме во Скопје. Ни овде не ни беше лесно. Бараа да земеме државјанство. Синот на Трендафил, Никола, го бараа да оди војска. Ако не одиш војска ти го земаа станот. Два пати стан ни дадоа, два пати ни го зедоа. Го молевме, главниот да не го зема внукот во војска за да помага како машка глава во Мичурин, каде живеевме во една стара зграда. Ја викавме Чеганската зграда. Во кујната спиевме 14 души и тоа ни го зедоја. Не дозволуваа, ние, Егејците да бидеме на едно место. Поради тоа многу од нашите заминаа во Австралија и во Канада. Да не беа тие притисоци, тука ќе бевме сите, поблиску до границата со родниот крај.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај

Абонирайте се за вестник “Народна воля”
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2011 година. Вестник “Народна волja” и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, “Народна волja” ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на “Народна волja” ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!


Абонирайте се за вестник “Народна воля”!
Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,20 лв.
за шест месеца - 2,40 лв.
за една година - 4,80 лв.

Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 15 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на “Народна волja” - телефон 073/886-336!
“Народна волja” ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
“Народна волja” ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
“Народна волja” ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.

Краен срок за абониране - 15 декември 2010 г.!
За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника “Македонско сонце” в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник “Народна волja”! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!

“Народна волja” - каталожен номер 2050!
Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник “Народна волja”!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2011 година!


Важно! Важно! Важно!

Дружеството на репресираните македонци в България припомня на всички репресирани през комунистическия период заради македонските си убеждения и съзнание, както и на техните потомци, че срокът за подаване на молби за компенсации и обезщетения е удължен до края на 2011 г. Молбите се внасят в областните управи, и пак там можете да научите и какви точно документи ви са необходими. Отварянето на тези досиета е от голямо значение за македонското малцинство в България.

Поезија
ЗЛАТКА ДАМЯНОВА





МЕТАРМОФОЗА

Примерих се вече – разумна съм и кратка.
Щом броя до десет – избягвам всяка схватка!

Над чужди проблеми избягвам да умувам -
вече деликатно не виждам и не чувам!

Макар на характера да не ми приляга –
свикнах да си казвам „това не ме засяга!”

В горещ диспут не влизам и завист не будя –
храня се, почивам, дозирано се трудя!

Не удрям, не отварям ръце за прегръдка –
и подир мен не тича ни вълк, нито хрътка.

Изведнъж се промени – някой отбеляза!
Помислих си тъжно – изведнъж се чупи ваза,

Колко наивно е такова съждение –
бавно се променя човек – за съжаление!

И все - пак си прошепнах – „браво, поумняваш!”
А коренът ме сепна – „нима ще се предаваш!”

1985 г.



ЗАВИСТ

Блестиш ли – все ще се
намери
някой с кал да те замери.



ДАНС

Ганьо успя да пъхне шило
и в новото държавно плашило,
и заля “секретна лава”
цялата объркана държава.



БРАТСКИ ЖЕСТ

Дори когато Ганьо е в агония
пак подлага крак на Македония.



КОГАТО СИ ОТИДА

Посвещавам на моите сънародници от дружество „Македонска мисъл” - Варна

Ако искате
да срещнете душата ми,
когато си отида –
не я търсете на площадите
„Славейков” и „Омония”!

ТЯ
под небето родно ще живее
ведно с душата на народа!
С него ще се бори,
ще плаче и ще пее –
за правда и свобода!

Надеждата й няма да угасне,
а всеки ден
ще крепне и ще расне,
докато дойде краят
на дълголетната
а г о н и я
и на Вергина слънцето

огрее

СВОБОДНА И ЕДИННА
М А К Е Д О Н И Я!



“МАЛЦИНСТВО“

Прав е президентът в свойта пледоария –
в държавата няма „Македонско малцинство!”
Надникнал е явно в архива на България
и разбрал, че сме огромно мнозинство!



Македонија пее

ПИЛЕТО МИ ПЕЕ РАНО НА САБАЈЛЕ

Пилето ми пее рано на сабајле,
рано на сабајле, рано пред зори.

Стани ми, стани, ти млада невесто,
стани ми, стани, коња да спремаш.

Јас ќе си одам многу на далеку,
многу на далеку, в туѓа – туѓина.

Рачај, порачај, ти млада невесто,
рачај, порачај, што да ти пратам.

Дали пари сакаш или писмо сакаш,
или мене ме сакаш дома да дојдам.

Ниту пари сакам, ниту писмо сакам,
само тебе те сакам, дома да дојдиш.

Парите се трошат, писмото се кине,
а, љубовта трае вечно до гроба.

ПРАША ЛИ ТИНКЕ МАЈКА ТИ

Праша ли Тинке мајка ти,
Дава ли тебе за мене?
Не сум ја Ѓорѓи прашала, (џанум)
Синоќа сум ја слушала. (2)

Мама на тате велеше (2)
Ај, да го дајме Тинчето (џанум)
За тој Ѓорѓија бекрија. (2)

Тате на мама велеше (2)
До девет ќерки да имам (џанум)
Една на Ѓорѓија не давам. (2)

Оти е Ѓорѓи бекрија (2)
На вино вади ножеви (џанум)
А на ракија пиштоли. (2)





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting