Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Реакција

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО МЕДИУМИТЕ

Игор А. Александров, Претседател, Здружение на македонските заедници од Австралија

Почитувани уредници,
Ви се обраќаме во врска со долното писмо од госпоѓата Билјана Апостолова-Антунович, која е правен застапник на нерегистрираната Епархија на владиката Петар, наречена Македонска Православна Црква Епархија за Австралија и Нов Зеланд (забележуваме дека Епархија со вакво име и ваква територијална јурисдикција не постои во Член 7 од Уставот на МПЦ, со кој се одредува кои Епархии се дел на МПЦ).
Ја потврдуваме како точна информацијата на госпоѓа Антунович дека Предлог-законот за старателство врз македонските православни црковни имоти 2010 сеуште не е одбиен од страна на Парламентот на австралиската федерална држава Нов Јужен Велс, туку е предмет на разгледување пред парламентарна комисија.
Благодарни сме што госпоѓата Антунович се решила јавно да ја разјасни вистината во врска со Предлог-законот за старателство врз македонски православни црковни имоти 2010. Би ја замолиле да отиде докрај и да го потврди и следното:
1. Дали е факт дека според Член 5 од предлог-законот се предлага формирање на компанија сочинета само од владиката, архиерејскиот намесник на владиката, шест лица назначени од страна на владиката, секретарот на Епархијата предводена од владиката, и заменик-претседателот на Епархијата чиј претседател е владиката?
2. Дали е факт дека според Член 13, предложената компанија ќе може своите имоти да ги употребува за служби на било која Црква или религија, како на пример Српската или Грчката православна црква, без обврзувачка потреба од посебно одобрение од Синодот и Архиепископскиот Црковно-народен Собор на МПЦ-OA или од локалната Македонска православна заедница?
3. Дали е факт дека според Член 14, предложената компанија ќе може имотите кои би биле под нејзина законска сопственост да ги префрли под друго старателство, како на пример старателство за Српската или Грчката православна црква, без потреба од посебно одобрение од Синодот и Архиепископскиот Црковно-народен Собор на МПЦ-OA или од локалната Македонска православна заедница?
Понатаму, би ја замолиле госпоѓата Антунович да ги расчисти и следните дезинформации, со кои се заведува македонската јавност околу содржината на овој предлог-закон:
1. Дали е вистинито тврдењето на владиката Петар дека ако се усвои предложениот закон тоа ќе значи регистрирање на МПЦ во Австралија како посебно правно лице?
2. Дали е вистинито тврдењето на владиката Петар дека усвојувањето на предложениот закон ќе значи признавање на МПЦ од страна на Австралија или од страна на парламентот на австралиската федерална држава Нов Јужен Велс?
3. Дали е вистинито тврдењето на владиката Петар дека во постоечките Македонски православни општини кои се регистрирани како непрофитни инкорпорирани асоцијации или компании, ако некој управувач направи финансиска злоупотреба, не може лично да биде повикан на законска одговорност?
4. Дали е вистинито тврдењето на владиката Петар дека во новата компанија која тој сака да ја оформи со посебен парламентарен закон сите ‘старатели’ лично ќе одговараат при било каква тужба во врска со нивното управување?
5. Дали е вистинита шпекулацијата дека усвојувањето на предложениот закон ќе значи признавање на Република Македонија под уставното име од страна на Австралија?
Со почит кон професионалниот статус на госпоѓата Антунович, правник и партнер во фирмата Gadens Lawyers во Мелбурн, мораме да го ставиме во прашање нејзиното тврдење дека таа сведочела во име на “20-тина црковни општини кои се во заедништво со Македонската Православна Црква.” Би ја замолиле госпоѓата Антунович јавно да потврди кои се тие “20-тина црковни општини” во чие име таа наводно сведочела. Се надеваме дека таа го знае точниот број на нејзините наводни клиенти и дека нема пречка јавно да ги потврди нивните имиња, ако веќе сведочела во нивно име при јавна парламентарна расправа.
Во нејзиното писмо до медиумите, госпоѓата Антунович тврди дека сличниот ваков закон кој по барање на владиката Петар беше предложен во парламентот на австралиската федерална држава Викторија не бил одбиен, туку бил повлечен по барање на владиката. Би ја замолиле да потврди од која причина владиката побарал повлекување на тој закон.
Се надеваме дека со нејзиниот професионален авторитет госпоѓата Антунович ќе помогне Македонската православна јавност, како и Синодот и членовите на Архиепископскиот Црковно-народен Собор да ја дознаат целата вистина за предложениот закон, кој наликува на отворање врата за реализирање во Австралија на Нишката Спогодба со Српската Православна Црква, потпишана на 7ми Мај 2002.
Во секој случај, се надеваме дека медиумите и државните и црковни институции во Република Македонија ќе побараат професионален превод и независен правен совет во врска со вистинската содржина на предлог-законот, за да не дозволат да бидат заведени во можно отстапување на независноста и интересите на макотрпно воспоставената Црква на Македонскиот православен народ, од страна на предводникот и потписник на Нишката спогодба, чија реализација се спречи само заради решителната реакција на македонскиот православен народ и неговото достојно свештенство.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај

Излезе от печат второ, преработено, разширено и допълнено издание на

История на Македония
апология на македонството

от проф. д-р Георги Радулов


Книгата има общо 570 страници. Цена - 15 лева.
Купете си я преди да се е изчерпал тиражът.

Важно! Важно! Важно!

Дружеството на репресираните македонци в България припомня на всички репресирани през комунистическия период заради македонските си убеждения и съзнание, както и на техните потомци, че срокът за подаване на молби за компенсации и обезщетения е удължен до края на 2011 г. Молбите се внасят в областните управи, и пак там можете да научите и какви точно документи ви са необходими. Отварянето на тези досиета е от голямо значение за македонското малцинство в България.

Поезија
МАКЕДОНСКИ ОТГОВОР

На вестник „Народна воля” – по случай 30 години от излизането на първия му брой

Ето ме – с ръка върху сърцето,
просълзявано от черни думи,
че съм пътник за натам, където
няма страх от подлост и куршуми.

Даже нож до кокал да опира
и отровна чаша да изпие,
истина не може да умира,
камо ли на две да се превие. –

За да бъда никой! А без корен
може ли живот да съществува? -
Все едно – убит или съборен,
към безкрайно нищо ще отплува.
И така ... нататък до безкрая
чужди дом с потта си да съзиждам,
кой съм и защо съм – да не зная,
а къде отивам – да не виждам. -

Робът е удобен – до възхита,
че не търси път към светлината
и дори сълзата си не пита
кой му е виновен за съдбата.

Робът за Родина не тъгува
и не лее кръв за свободата,
а когато на смъртта слугува,
няма равностойност на Земята.
Случи ли се Юди да прекършат
крехките крилца на мекотели,
хлябът и лъжата ще довършат
новите поръчкови разстрели.

Хлябът ли? С трагична баладичност
и с ръцете на позорни нрави
може над абдалова безличност
златни ореоли да постави.

И лъжата е велика сила,
че безброй школовки като мине
може чрез тръбачи на резила
всяка сляпа истина да срине.
Ала всяка доблест под небето,
ала всеки нож за гилотина,
длъжни са да знаят, че сърцето
не продава съвест и Родина.

Не като страхливец и наивник
при лакейски завет ще се крия,
даже и да имам за противник
цялата световна мръсотия!

Александър Македонски



ИЛИНДЕНСКА - 1990-та

На Никола Вапцаров

Поете,
пак със мръсните ръце
днес пипат във душата на народа.
Но вече не прикриват свойта цел
потомците на вълчата порода,

която преди век света продра
със воплите по свойте братя роби,
а тайно –
в дива глутница се сбра
на брата роб земята да зароби.

Задружно сe нахвърлиха тогаз,
да не пропуснат по-тлъст пай
да сграбчат.
Не сме ги викали,
но кой ни пита нас?
За тях сме ние не народ,
а плячка.

Отхапаха по къс.
А сетне с вой
заръфаха се стръвно за гърлата,
вбесени –
искаха със кървав бой
да си докажат върху нас правата.

Но никой не доби нотариален акт.
Затуй те днеска пак се сдушват
здраво,
обзети от едничка мисъл –
как
властта си тук да увековечават.
Отново днес решават вместо нас,
отричат пак правата ни изконни.
В защита дръзнем ли да вдигнем
глас,
те обявяват ни извън закона.

Извън закона –
в своята земя,
изгнаници –
във своята родина.
Умът изтръпва в ужас,
онемял
пред тая страшна
варварска картина.

Да!
Ние носим тежката вина,
че в този слънчев кът сме се родили.
Престъпно е, че родната страна
така обичаме.
О, Боже мили!

Законът вълчи право им е дал –
затуй законно вършат беззакония,
погазват с ярост вяра,
идеал –
свободна да пребъде Македония.

Но ние няма да я предадем –
ще бдим, поете, с вашите плакати:
“Свободна искаме,
не щем,
не щем протекторати.”

Петър Мицков

Македонија пее

ТАКИ ДАСКАЛОТ

Таму ле мајко близу Битола
во реорската густа корија
Таки даскалот славно загинал
со неговата верна дружина
со нив загина смела другарка
млада Елпида Караманова.

Предадени од клети шпијони
ги сардисаа од сите страни
пушки згрмеа бомби стрештеа
крвава почна борба нерамна.

Тогаш извикал Таки даскалот
на неговата верна дружина
фрлајте бомби тиран сотрете
живи во раце не се давајте.

Клети тирани борба нерамна
сета дружина му ја избија
Таки даскалот жив не се даде
самиот крвта си ја пролеа
откачил бомба на неа легнал
За слободата на Македонија.

ТАМУ ДОЛУ КРИВОЛАЧКО

Таму долу Криволачко Црвени Брегови
умре јунак македонец Никола Петров. (2)

Со фашистка полиција борба водеше
цел ден он се стражуваше и им викаше (2)
Ви крвници на народот надвор од тука
Македонија се дига вас да истера. (2)

Јас сум чесен македонец крв македонска
вашите раце не се давам, сам се убивам. (2)
Спиј спокојно наш другару Никола Петров
ти загина за слобода за Македонија. (2)





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting