Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Специјално за „Народна волја“

ЕДИНСТВЕН НАЦИОНАЛЕН СВЕТИЛНИК

Ванчо Меанџијски

Триесет години во човечката возраст се најпосакувано доба или период од животот, како што милувате, во развојот на најсовршеното живо суштество. Истиот квалификатив може слободно да се прифати и за “возраста” на еден весник, без оглед на тоа дали се работи за дневен весник, неделник или месечник. Тоа значи дека и весникот “ Народна волја” нашиот овогодишен славеник и миленик на секој вистински македонски патриот без размислување ќе го вклучи во една ваква категоризација.
Да се пишува за “Народна волја“ е голема одговорност и чест. Причини има безброј, но една секако се издвојува и се наметнува над сите со својата исклучителна специфична тежина. Верните проследувачи на весникот веднаш ќе се досетат дека се работи за силно изразениот патриотски набој на текстовите што се појавуваат на страниците на “Народна волја“ и високиот професионализам (во најголема мера) што се практицира во третманот на темите кои се обработуваат.
Истенченото, суптилно, студиозно и над се отворено презентирање на одредена тема, случај, настан или историски датум, покрупни собитија, но и цели периоди, па и епохи, се главниот белег на веќе осведочениот и проверен професионален стандард на “Народна волја“. Едно од најсилните оружја, но истовремено и непроценлива придобивка на журналистичкиот манир кој се негува во “Народна волја”, е неверојатно отворената комуникација што е постигната со читателите. Тоа особено се однесува на текстовите во кои авторите се осврнуваат или ги анализираат случувањата од тегобното секојдневие на Македонците од Пиринскиот дел на Македонија и во цела Бугарија. Се разбира, во весникот претежно се обработуваат политичките аспекти на болната македонска проблематика во Бугарија.
Жестоката и отровна национал-шовинистичка политика што ја водат бугарските власти спрема Македонците и спрема нивните политички и други организации е дежурна и носечка тема во весникот. Со иста мерка од страна на авторите во “Народна волја” се возвраќа и на бесниот шовинизам, нерпеливост и крајно непочитување на македонскиот национален идентитет што непрестајно го манифестираат најразновидни фигури од бугарското културно и општествено милје.
“Народна волја“ преку нејзиното блескаво журналистичко дејствување високо го вее знамето на македонскиот непокор во Пиринскиот дел на Македонија и пошироко во цела Бугарија. На безбожниот бугарски национал-шовинизам, негаторство, политички терор, медиумско черечење или невиден молк кога се во прашање афирмацијата на активностите на ОМО “Илинден“ - ПИРИН или некоја друга македонска политичка или општествена организација, журналистичката фаланга од “Народна волја“ редовно одговара со исцрпни, аргументирани и убиствено точни текстови.
Неисцрпен е ентузијазмот, солидната поткованост, високиот професионален потход и израз на тајфата во и околу “Народна волја“. Општопознато е дека весникот работи во многу скромни материјални услови, но со несебичното и огромно залагање , високиот морал и беспрекорниот патриотизам, “ Народна волја “ во изминатиов триесетгодишен период постигна восхитувачки резултати.Тоа особено се однесува за периодот одкако излегува во родната македонска земја на најголемиот дел на авторите-Пиринска Македонија, поточно во нејзиниот централен и најголем град Благоевград.
Во изминативе триесет години на непрекинат растеж весникот “Народна волја“ израсна во вистинска трибина на македонскиот човек и народ во Пиринскиот дел на Македонија и пошироко во цела Бугарија. И покрај тоа што е месечник, овој скапоцен журналистички производ професионално високо се извиши и веќе стана заштитен знак и борбено знаме на македонската интелигенција во Пиринска Македонија и пошироко во цела Бугарија.
Со целокупниот свој досегашен влог што го има за македонската кауза, македонството и поттикнувањето на македонскиот дух и на македонската национална свест, како и во профилирањето на Македонецот, на новиот модерен Македонски човек, “Народна волја“ се наметна како единствен национален светилник на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија и пошироко во цела Бугарија.
Со надеж дека “Народна волја“ и натаму ќе го продолжи успешното напредување и освојувањето нови творечки простори, кои ќе значат и внесување на многу нови и поинтересни содржини, пред се македонски национално обоени, на почитуваните колеги од редакцијата и на сите соработници на весникот им го честитам триесетгодишниот јубилеј и ги потсетувам дека секогаш треба да црпат инспирација, творечка сила и поттик од прочуената мисла на големиот Јане Сандански - Пиринскиот цар: “Робот се бори за слобода, а слободниот за совршенство“.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА ЌЕ МОЖАТ ДА ФОРМИРААТ СВОЕ ЗДРУЖЕНИЕ
Читај
ПРАТЕНИКОТ СТЕРЈОВСКИ ПОБАРА ОД ВЛАДАТА ПОГОЛЕМА ГРИЖА ЗА ОПШТИНА ПУСТЕЦ
Читај

Излезе от печат второ, преработено, разширено и допълнено издание на

История на Македония
апология на македонството

от проф. д-р Георги Радулов


Книгата има общо 570 страници. Цена - 15 лева.
Купете си я преди да се е изчерпал тиражът.

Важно! Важно! Важно!

Дружеството на репресираните македонци в България припомня на всички репресирани през комунистическия период заради македонските си убеждения и съзнание, както и на техните потомци, че срокът за подаване на молби за компенсации и обезщетения е удължен до края на 2011 г. Молбите се внасят в областните управи, и пак там можете да научите и какви точно документи ви са необходими. Отварянето на тези досиета е от голямо значение за македонското малцинство в България.

Поезија
МАКЕДОНСКИ ОТГОВОР

На вестник „Народна воля” – по случай 30 години от излизането на първия му брой

Ето ме – с ръка върху сърцето,
просълзявано от черни думи,
че съм пътник за натам, където
няма страх от подлост и куршуми.

Даже нож до кокал да опира
и отровна чаша да изпие,
истина не може да умира,
камо ли на две да се превие. –

За да бъда никой! А без корен
може ли живот да съществува? -
Все едно – убит или съборен,
към безкрайно нищо ще отплува.
И така ... нататък до безкрая
чужди дом с потта си да съзиждам,
кой съм и защо съм – да не зная,
а къде отивам – да не виждам. -

Робът е удобен – до възхита,
че не търси път към светлината
и дори сълзата си не пита
кой му е виновен за съдбата.

Робът за Родина не тъгува
и не лее кръв за свободата,
а когато на смъртта слугува,
няма равностойност на Земята.
Случи ли се Юди да прекършат
крехките крилца на мекотели,
хлябът и лъжата ще довършат
новите поръчкови разстрели.

Хлябът ли? С трагична баладичност
и с ръцете на позорни нрави
може над абдалова безличност
златни ореоли да постави.

И лъжата е велика сила,
че безброй школовки като мине
може чрез тръбачи на резила
всяка сляпа истина да срине.
Ала всяка доблест под небето,
ала всеки нож за гилотина,
длъжни са да знаят, че сърцето
не продава съвест и Родина.

Не като страхливец и наивник
при лакейски завет ще се крия,
даже и да имам за противник
цялата световна мръсотия!

Александър Македонски



ИЛИНДЕНСКА - 1990-та

На Никола Вапцаров

Поете,
пак със мръсните ръце
днес пипат във душата на народа.
Но вече не прикриват свойта цел
потомците на вълчата порода,

която преди век света продра
със воплите по свойте братя роби,
а тайно –
в дива глутница се сбра
на брата роб земята да зароби.

Задружно сe нахвърлиха тогаз,
да не пропуснат по-тлъст пай
да сграбчат.
Не сме ги викали,
но кой ни пита нас?
За тях сме ние не народ,
а плячка.

Отхапаха по къс.
А сетне с вой
заръфаха се стръвно за гърлата,
вбесени –
искаха със кървав бой
да си докажат върху нас правата.

Но никой не доби нотариален акт.
Затуй те днеска пак се сдушват
здраво,
обзети от едничка мисъл –
как
властта си тук да увековечават.
Отново днес решават вместо нас,
отричат пак правата ни изконни.
В защита дръзнем ли да вдигнем
глас,
те обявяват ни извън закона.

Извън закона –
в своята земя,
изгнаници –
във своята родина.
Умът изтръпва в ужас,
онемял
пред тая страшна
варварска картина.

Да!
Ние носим тежката вина,
че в този слънчев кът сме се родили.
Престъпно е, че родната страна
така обичаме.
О, Боже мили!

Законът вълчи право им е дал –
затуй законно вършат беззакония,
погазват с ярост вяра,
идеал –
свободна да пребъде Македония.

Но ние няма да я предадем –
ще бдим, поете, с вашите плакати:
“Свободна искаме,
не щем,
не щем протекторати.”

Петър Мицков

Македонија пее

ТАКИ ДАСКАЛОТ

Таму ле мајко близу Битола
во реорската густа корија
Таки даскалот славно загинал
со неговата верна дружина
со нив загина смела другарка
млада Елпида Караманова.

Предадени од клети шпијони
ги сардисаа од сите страни
пушки згрмеа бомби стрештеа
крвава почна борба нерамна.

Тогаш извикал Таки даскалот
на неговата верна дружина
фрлајте бомби тиран сотрете
живи во раце не се давајте.

Клети тирани борба нерамна
сета дружина му ја избија
Таки даскалот жив не се даде
самиот крвта си ја пролеа
откачил бомба на неа легнал
За слободата на Македонија.

ТАМУ ДОЛУ КРИВОЛАЧКО

Таму долу Криволачко Црвени Брегови
умре јунак македонец Никола Петров. (2)

Со фашистка полиција борба водеше
цел ден он се стражуваше и им викаше (2)
Ви крвници на народот надвор од тука
Македонија се дига вас да истера. (2)

Јас сум чесен македонец крв македонска
вашите раце не се давам, сам се убивам. (2)
Спиј спокојно наш другару Никола Петров
ти загина за слобода за Македонија. (2)





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting