Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Мислење

КНАУС ГО СКОКНА НИМИЦ

Георѓи Барбаровски

Тивна Нимиц. Од февруарските консултации уште е во очекување нови предлози од Скопје и од Атина. Во досегашните негови предлози двете страни не најдоа заеднички прифатливо решение на спорот што го покрена Грција за името на нашата земја. Ниту зачестените средби на Папандреу и Груевски не донесоа решение, освен впечатокот дека ги релаксираат односите и дека, ако ништо друго, демонстрираат конструктивен пристап кон прашањето, кое од билатерален спор прерасна во европски услов, барем кога се работи за интегрирање на земјава во ЕУ и во НАТО, што е стратегија со приоритет во македонското општество.
Отсуството на нов предлог, на кој ќе се насочат владите во двете земји, летово го разби Австриецот Гералд Кнаус, раководител на Европската иницијатива за стабилност, кој нудејќи нов приод кон решавање на проблемот покажа дека воопшто не се исцрпени можностите за решение.
Наспроти сите досега познати предлози кои тргнуваа од грчката црвена линија - едно име со географска додавка за сите употреби (и нималку случајно - додавката да ги разделува уставното уредување и уставното име на државава) или македонската двојна формула, решението на Кнаус - Република Македонија Вардар (тоа е, се разбира, една од можните варијанти) заговара прво прием на Македонија во НАТО и отворање на процесот на пристапни преговори со земјите на ЕУ, а потоа референдумско изјаснување. Тоа, според предлагачот, би било гаранција дека Македонија нема да биде изиграна или изневерена од ЕУ, која и самата е распната од дилемата дали воопшто да продолжи проширувањето кон балканските земји откако ќе влезат Исланд и Хрватска, или по тоа на подолг рок ќе се спуштат завесите за прием во Унијата. Иако предлогот на австрискиот аналитичар е големо отскокнување од досегашните предлози, тој има и недоразвиени делови како, на пример, што ќе се случи доколку Македонија стане членка на Алијансата, а на референдумот граѓаните не го прифатат предлогот „Република Македонија Вардар“ (или сличен на него и со тоа не го отворат патот за промена на Уставот). Тој не посветува многу внимание на идентитетот, прашањето што стана шпиц на проблемот, ами го објаснува со еден прагматичен факт: „луѓето ќе ве нарекуваат како што сега ве нарекуваат, зашто луѓето се мрзеливи и не сакаат компликации“ (интервјуто на Кнаус за телевизијата „А1“) .
Доколку е точно тврдењето дека „кај Грција постои подготвеност да биде покреативна одошто беше претходната влада“, тогаш тоа е сигнал дека Атина може да ја модифицира „црвената линија“ - име со географска додавка за сите употреби - и да го помести процесот кон македонската позиција, а, сепак, во јавноста да остане непопустлива. Тој чин на мало „приближување“ би го капитализирала во Унијата и пошироко, за да може побезболно да продолжи да ги решава сопствените финансиски проблеми. Од друга страна, тоа докажува дека она што беше база на досегашните предлози на Нимиц и не мора да биде закон во процесот, зашто и овој на Кнаус ниту е цврсто дефиниран, ниту е целосно заокружен. Особено затоа што сега се отвора многу повеќе простор за модификации, кои може да одат поблиску до едната или до другата страна и посебно затоа што на Република Македонија што и се остава простор - до референдумското изјаснување да ги извага придобивките од евентуално жртвување на дел од идентитетот (името на државата е елементарно право што го користат сите земји при впишување во ООН), со отворена можност изворниот идентитет (нацијата, јазикот, културата) да може да се брани со тоа што придавка или друг географски поим нема да се вметне меѓу „Република“ и „Македонија“. Уште кога би го имале в рака епилогот од Меѓународниот суд на правдата, во кој Македонија поведе спор, работите би станале многу појасни. Зашто, да признаеме, нашата земја нема големо дипломатско искуство, нема големи познавачи на меѓународното право, кои би претпоставиле состојби при евентуална промена на името (како што беше двомесечниот рок на привременото име во ОН), што на Грција и дава голема предност.
Збунувачки се, меѓутоа, последните најави од анонимни дипломати, кои тврдат дека „клучниот напор на американската страна - решавање на спорот за името и со тоа целосно отворање на нова историја за Македонија - влез во НАТО и преговори со ЕУ, подразбира прецизен план на официјален Вашингтон: неменување на Уставот, нечепкање во идентитетот и конечно единствената промена е на досегашната референца, за која Македонија се има обврзано со потпишувањето на спогодбата“. Доколку тоа не се сведува на еден од предлозите на Нимиц, кој не беше прифатлив за македонската страна, треба целосно да се отвори. Дотогаш, колку што ме радува, уште повеќе ме плаши. Доколку Американците имаат предлог за решение на спорот со Грција, во кој Уставот нема да се менува, идентитетот нема да биде засегнат, а единствено ФИРОМ ќе се замени со друга референца, која е тогаш суштествената промена во однос на сегашната ситуација? Ме плаши можноста да го контекстирам тој предлог со непријатната дискусија што деновиве ја водев со мои почитувани колеги за односот на македонската Влада во спорот. Не верувајќи дека тврдиот Груевски оди во добра развојна фаза во преговарачкиот процес со Грција, еден од колегите рече дека има чаре и на тоа. Се согласив - нови избори и смена на власта. Но, како ќе го направите тоа, кога сите анкети потврдуваат дека владејачката партија има рејтинг што е недостижен за СДСМ, а оние на лидерите на двете партии и воопшто не може да се споредуваат!?
Не со Црвенковски. Има друг лек за таква болест, велат моите соговорници. Кој е тој лек, прашувам, иако негодувам дека владеењето на Груевски е болест. Тука е меѓународната заедница, тука се амбасадорите, тие ќе му дојдат до акот на Груевски. А, како ќе го направат тоа, се заинтересирав. Како што ги симнуваат сите кои не одат според нивниот терк, ми одговорија. Ами како ќе им го објаснат тоа на граѓаните? Граѓаните овде никој за ништо не ги прашува, рекоа и го прекинаа разговорот. Останав од немоќ згрозен, од немост порозен, од бес поразен. Зарем ќе морам и јас да го праќам писмото на оној Бугарин кој го вознемири претседателот на САД, Барак Обама, пишувајќи му за една американска „системска“ грешка, а по повод „јавниот однос на официјалниот претставник на САД кај нас, неговата екселенција г. Џејмс Ворлик. Ќе речете - какво е тоа негово поведение? Ами, само ќе набројам: Тој кажува кој е престапник, а кој не, без да се усогласи со судот. Тој дава оценки кој работи добро, а кој лошо. Тој ги распрашува министрите што прават и какви преговори водат со трети држави. Тој кажува какво е мислењето на Бугарите за иднината, и што е правилно и неправилно. Тој ги оценува позициите на бугарските медиуми. Тој кажува како да се измени Законот за енергетика, Законот за шумите, Законот за... Во бугарската историја имаше владетели и дури надворешни губернатори, но во 1908 година објавивме независност. Денес сме лојален и предвидлив сојузник во НАТО. И се надеваме на истоветен однос оттаму. Тоа писмо не е клевета, туку израз на загриженост за авторитетот на сојузничката држава САД меѓу моите сонародници“, завршува писмото.

(Авторот е новинар)

 
 
С БАСНИ СРЕЩУ ИСТИНАТА, СЪС СТРАХ СРЕЩУ ПРАВОТО
Читај
„НИЕ НОЩЕС СЪЗДАДОХМЕ МАКЕДОНСКА ОРГАНИЗАЦИЯ”
Читај
ЧЛЕНСТВОТО НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО МИРОТ
Читај
МАЛТА, РИМ И ВАКСЈО, НОВИ ДЕСТИНАЦИИ НА ВИЗ ЕР ОД СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ
Читај
ДЕВЕТА НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЯ НА ОМО „ИЛИНДЕН” - ПИРИН
Читај

Ден на геноцида!

86 ГОДИНИ ОТ ВАРТОЛОМЕЕВИТЕ НОЩИ В БЪЛГАРИЯ
На 12 септември се навършват 86 години от вартоломеевите нощи, в Пиринска Македония и България, в които около 180 македонски революционери и публицисти загубиха живота си в акция, организирана от хората на Иван Михайлов и ръководена от него и българските власти. Нека на този ден всички сведем глави и се помолим за душите на загиналите и за да дойде краят на антимакедонската политика в България!

Важно! Важно! Важно!

Дружеството на репресираните македонци в България припомня на всички репресирани през комунистическия период заради македонските си убеждения и съзнание, както и на техните потомци, че срокът за подаване на молби за компенсации и обезщетения е удължен до края на 2011 г. Молбите се внасят в областните управи, и пак там можете да научите и какви точно документи ви са необходими. Отварянето на тези досиета е от голямо значение за македонското малцинство в България.

Поезија
БЕЗДНАТА ГИ МНОЖИ ИМИЊАТА

МАЈА АПОСТОЛОСКА е родена на 7 декември 1976 година. Дипломирала општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” – Скопје, каде моментално е магистрантка по македонски јазик и лингвистика. Уредничка е во списанието за книжевност, уметност и култура „Книжевно житие”. Авторка е на книгите: „Зајграј, веќе, мастилаво!” (поезија, 2000), „Прекин на комуникацијата” (поезија, 2004) и „Зад текстовите” (книжевни критики, есеи и студии, 2007). Заедно со Јовица Тасевски – Етернијан го има составено изборот од современата македонска поезија со библиски, религиозни и апокрифни мотиви што излезе како специјален број на списанието „Стремеж” (11/12. 2000). Врз основа на нејзината поезија во Центарот за култура „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” – Велес беше изведена претставата „Прекин на комуникацијата” (2006) во режија на Весна Димитровска. Во периодиката има објавено голем број поетски, критички и есеистички прилози. Нејзината поезија е застапена во неколку антологии и препеана е на англиски, српски и хрватски јазик.

НА ПОЧЕТОКОТ

Според протоколот, конкретниов стих требаше да седне при крајот (или вообшто да не пристигне), со тих разговор да извести дека нема сили да го зграпчи мигот конструктивен исполнет со разбирање и компромис.
Вака сместен, погледот пробивен го сече вниманието, иницира завист или зависност (не знам, бидејќи не сум во средината). Неговото присуство тука станува метафора со умисла. Тоа со ум се постигнува, но загорчен... од наука.



ПЕСНА. ИМЕНУВАЊЕ

Именувањето е долго и напорно со инспирации зајадливи.
Иако е сосема неспорно дека јас сум господарот, невидливи јазици упорно ме успоруваат.
Се поткопува довербата во центарот, бездната ги множи имињата и лити и неволни за спорот мегу мене и племињата чии јазици ме условуваат.


Македонија пее

АЈ, ДА БЕГАМЕ, МОРИ ВАСЕ

Ај, да бегаме, мори Васе,
ај, да бегаме,
ај, да бегаме в града Солуна. (2)

Там ќе најдеме, мори Васе,
там ќе најдеме,
там ќе најдеме, мома Спасија,
мома Спасија, болна легнала.

Ми повикала, мори Васе,
ми повикала,
ми повикала, до три доктора. (2)

Први й вели, мори Васе,
први й вели,
први й вели – не се лекува,
втори й вели – од мерак лежи.

Трети й вели, мори Васе,
трети й вели,
трети й вели – јас ќе ја лекувам,
јас ќе ја лекувам и ќе ја земам.

АМАНЕТ ПРАДЕДОВ

Слушнете мои поколенија
тирани земја би попленија
запрете еднаш извикнете не
доста е веќе доста од се (2)

Рефрен:
Овa е наша земја Македонска
ова е наша грутка прадедовска
овде со крстот сме ставале
овде за живот живот даваме (2)
за Македонија живот даваме

Се што е наше да прославиме
и клетва врс крстот да си ставиме
станете браќа да се заколнеме
аманет прадедов да исполнеме. (2)


Сатира

ОДА ЗА МАЩЕХА БЪЛГАРИЯ

Вест антените обходи
и възторзите отключи,
че в страна на октоподи
всичко може да се случи.

Всичко – значи и престъпно,
всичко – значи и безбожно,
но за бедни – недостъпно,
и за гладни – невъзможно.

Всичко – значи за едните
да са винаги трохите,
а препълнените чаши –
за гърлата на търгаши!

Значи всичко нечестиво
там е сито и щастливо
и богува или бейства,
или истински злодейства.

Но над всичко и над всички
сънчогледови душички
свойта власт е извисило
тодорживковско гъмжило.

Тази напаст несломима
въжделения си има,
но от всичко най-обича
на Бай Ганьо да прилича.

То какво ли не направи
с неовърховистка гадост,
та нелепост да прибави
към предишната си радост.

Тази напаст още жали,
че при тройната подялба
мироносците й дали
утешителна печалба.

Тази напаст от върхушки
и абдалски философи
от барутните вихрушки
припечели катастрофи.

А сърцето й ридало
по мечта неизпълнима:
Македония изцяло
под камшика си да има!

Ама на – не се получи,
при това – и там, където
всичко може да се случи
или става под небето.

И разкъсвана от мъка,
че не стана пазарлъка,
тя опита с тъмни сили
мерзостта си да подсили.

Та се юрна страховито
вечен порив да оспори
с тези ужаси, които
Адолф щеше да повтори.

И почти до изнемога
тя нагоре се катери
и сред вълчата бърлога
пръв съюзник си намери.

И пред брата си тевтонски,
мерзостта ще си прослави,
че от Юди Македонски
може българи да прави.

На гигантските злодеи
с раболепие изпрати
депортирани евреи
за перилни препарати.

След трагични преметушки
на партийните върхушки
вероломничи епоха
на позорна суматоха.

И безкрайно ни е ясно –
че отляво и отдясно
македонските злодеи
се превръщат в корифеи.

Всеки факт се преоблече,
за да вика тъпотата: -
„Окупаторът е вече
синоним на свободата!

Македонецът тъгува,
но беда ли е голяма? –
Там, където съществува,
по-добре е да го няма.

Бих могла да се похваля,
че съм истински щастлива,
ако етносът се каля
и душата си убива.”

Всяка грачеща гугутка
с бесен пристъп на омраза
като дърта проститутка
нищетата си доказа.

И навред ще я прочуе
подсъдимата скамейка,
че по истината плюе,
за да стане европейка!

Ах, не всеки ще посмее
от сърце да се посмее,
ако – за беда голяма –
подла мащеха си няма!

Александър Македонски




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2017 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting