Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Анализа

ДОГОВОР СО АТИНА ЗА СИТЕ ПРАШАЊА

(Преземено од МИМ)

Една од основните дипломатски доктрини е проблемите меѓу државите да се решаваат сеопфатно, со сите нивни аспекти, бидејќи само така се постигнува траен мир. Поинаку се постапува само во комплицирани ситуации, кога решенијата се бараат етапно. Така е, на пример, при воени судири, кога е најважно прво да се запре крвопролевањето. Привремените решенија, речиси по правило, формулирани се на начин што ќе има значајно влијание врз финалните договори. Нив ги диктираат силните, водејќи сметка (пред сé) за своите долгорочни интереси. Обично, помалите и послабите земји тие замки не можат ни да ги согледаат, а камоли спречат.
За жал, има и голем број случаи кога проблемите намерно не се решаваат целосно, иако е можно тоа. Во прашање се повторно игрите на големите, кои со тоа си оставаат простор да можат (и понатаму) да – манипулираат. Дипломатијата е сепак оружје на моќните, и тие максимално ја користат. Черчил објаснил дека дипломатите се луѓе што ги решаваат меѓународните проблеми, кои, без нив, би ги немало.
Примерите за горните варијанти се многубројни и вековни. Не мора да одиме ниту далеку, ниту да се враќаме во историјата за да согледаме школски примери на нецелосни решенија, со прикриени намери за следните чекори. Тоа се и БиХ (Дејтон), и Косово (Кумановскиот договор), и Македонија (приемот во ООН, Привремената спогодба...)... Кога, пак, привремените решенија ќе се покажат лимитирачки за реализација на нивните интереси, моќните без проблем или ги „забораваат“, или ги толкуваат по свое. Сетете се на членот 11 од Привремената спогодба дека Грција нема да нé блокира во НАТО и во ЕУ.
Во процесот на решавање на проблемот на Грција со нашето име, секако мораат да се имаат предвид и овие димензии на дипломатијата. Едноставно, тоа значи дека мора да се оди на сеопфатно решение, кое ќе ги регулира сите отворени прашања меѓу двете земји. Аргументирани причини да не биде така – нема. Во спротивно, дури и ако прифатиме капитулација околу името, нашата трагедија нема да заврши. Ќе следуваат нови понижувања.
Наша голема грешка е што проблемите на Македонците во Грција (како ни во Бугарија) не ги интернационализиравме уште во времето на СФРЈ. Исто како што направи Грција со нашето име.
И денес, наместо секојдневно да зборуваме, информираме, апелираме... (во рамките на меѓународните механизми, се разбира, директно или преку други), кај сите релевантни светски фактори, дека во ЕУ има членка што не признава национални малцинства, газејќи ги универзалните човекови права, дека таму има неодржливи дискриминирачки закони што не го дозволуваат враќањето на Македонците, бегалци од Граѓанската војна и враќањето на нивните имоти... доколку не ја сменат својата националност и не се декларираат Грци по род, ние молчиме.
Затоа, не случајно, и кај нас има дилеми дали треба да се оди на целосно регулирање на односите со Грција, или да се задоволат само нејзините интереси и, во последно време, евроамериканските ултиматуми. Пред некое време, во јавноста се создаде атмосфера дека договорот со Атина мора да биде сеопфатен. Нормално, логично и прагматично, јабанџиите (меѓународниот фактор) тоа веднаш го дочекаа на нож. Тие се, нели, заинтересирани да ги решат грчките проблеми со нас, не нашите со нив! Во најмала рака, тоа би им го комплицирало животот: во моментите кога сметаа дека бргу ќе нé кутнат некој се обиде да го проширува фронтот!
Сепак, (каква случајност!?!) најгласни заговорници за парцијално решение се - ‘рбетовиткачите. Вистинските причини само тие ги знаат, ама многу нешта немаат прифатливо објаснување: зарем е можно да не им е јасна генезата на проблемот со името? Зарем не сфаќаат дека тој е генериран речиси исклучиво од отворените прашања меѓу двете земји, кои тие жестоко се спротивставуваат да се стават на маса? Зарем, според нив, може да се лекува некоја болест ако се игнорира дијагнозата? Зарем не знаат дека третирањето на последиците, заборавајќи ги причините на проблемот, никогаш не довело до траен успех? Ако е така, а така е, зошто, како кукавички јајца, ги подметнуваат краткорочните интереси како клучни и најважни, свесно жртвувајќи ги долгорочните, кои се иднината и на народот, и на државата?
Ваквиот нивни став може да значи само залагање да не се попречува реализирањето на максималните грчки барања за наше прекрстување. Поточно, за бришење на Македонците од листата на светски прифатени народи.
Мора веќе секој да е свесен, бидејќи доказите се многубројни и евидентни, дека само Македонците се проблем за Атина. Кофос и други сега тоа отворено го кажуваат. Сé друго, од античка Македонија до божемната безбедносна опасност од север, е или извадени од ракав или, поточно, измислени „аргументи“. Доколку Атина признаваше постоење на македонско малцинство, или ако прифаќаше дека ние сме етнички Македонци, проблем немаше да има. Името на државата, само по себе не е пречка.
Дипломатијата има решенија и кога едната страна е пречувствителна за нешто и и е потребно време тоа да си дојде на свое место. Тоа се реални ситуации кои мора да се почитуваат. Во такви ситуации се оди и на тајни анекс-аранжмани, кои не се објавуваат веднаш. Така може да се постапи и во дадениов случај. Атина може да се обврзе одредени работи да исполни во рок од две, три, пет... години.
При тоа, меѓутоа, мораме да бидеме крајно внимателни за да не бидеме изиграни. Да не ни се повторат клучното непочитување на Привремената спогодба или Букварот за Македонците, од 1920-тите, кој Атина, под меѓународен притисок, го отпечати ама никогаш не го употреби.

(Авторот е поранешен амбасадор)

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај

Ден на геноцида!

86 ГОДИНИ ОТ ВАРТОЛОМЕЕВИТЕ НОЩИ В БЪЛГАРИЯ
На 12 септември се навършват 86 години от вартоломеевите нощи, в Пиринска Македония и България, в които около 180 македонски революционери и публицисти загубиха живота си в акция, организирана от хората на Иван Михайлов и ръководена от него и българските власти. Нека на този ден всички сведем глави и се помолим за душите на загиналите и за да дойде краят на антимакедонската политика в България!

Важно! Важно! Важно!

Дружеството на репресираните македонци в България припомня на всички репресирани през комунистическия период заради македонските си убеждения и съзнание, както и на техните потомци, че срокът за подаване на молби за компенсации и обезщетения е удължен до края на 2011 г. Молбите се внасят в областните управи, и пак там можете да научите и какви точно документи ви са необходими. Отварянето на тези досиета е от голямо значение за македонското малцинство в България.

Поезија
БЕЗДНАТА ГИ МНОЖИ ИМИЊАТА

МАЈА АПОСТОЛОСКА е родена на 7 декември 1976 година. Дипломирала општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” – Скопје, каде моментално е магистрантка по македонски јазик и лингвистика. Уредничка е во списанието за книжевност, уметност и култура „Книжевно житие”. Авторка е на книгите: „Зајграј, веќе, мастилаво!” (поезија, 2000), „Прекин на комуникацијата” (поезија, 2004) и „Зад текстовите” (книжевни критики, есеи и студии, 2007). Заедно со Јовица Тасевски – Етернијан го има составено изборот од современата македонска поезија со библиски, религиозни и апокрифни мотиви што излезе како специјален број на списанието „Стремеж” (11/12. 2000). Врз основа на нејзината поезија во Центарот за култура „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” – Велес беше изведена претставата „Прекин на комуникацијата” (2006) во режија на Весна Димитровска. Во периодиката има објавено голем број поетски, критички и есеистички прилози. Нејзината поезија е застапена во неколку антологии и препеана е на англиски, српски и хрватски јазик.

НА ПОЧЕТОКОТ

Според протоколот, конкретниов стих требаше да седне при крајот (или вообшто да не пристигне), со тих разговор да извести дека нема сили да го зграпчи мигот конструктивен исполнет со разбирање и компромис.
Вака сместен, погледот пробивен го сече вниманието, иницира завист или зависност (не знам, бидејќи не сум во средината). Неговото присуство тука станува метафора со умисла. Тоа со ум се постигнува, но загорчен... од наука.



ПЕСНА. ИМЕНУВАЊЕ

Именувањето е долго и напорно со инспирации зајадливи.
Иако е сосема неспорно дека јас сум господарот, невидливи јазици упорно ме успоруваат.
Се поткопува довербата во центарот, бездната ги множи имињата и лити и неволни за спорот мегу мене и племињата чии јазици ме условуваат.


Македонија пее

АЈ, ДА БЕГАМЕ, МОРИ ВАСЕ

Ај, да бегаме, мори Васе,
ај, да бегаме,
ај, да бегаме в града Солуна. (2)

Там ќе најдеме, мори Васе,
там ќе најдеме,
там ќе најдеме, мома Спасија,
мома Спасија, болна легнала.

Ми повикала, мори Васе,
ми повикала,
ми повикала, до три доктора. (2)

Први й вели, мори Васе,
први й вели,
први й вели – не се лекува,
втори й вели – од мерак лежи.

Трети й вели, мори Васе,
трети й вели,
трети й вели – јас ќе ја лекувам,
јас ќе ја лекувам и ќе ја земам.

АМАНЕТ ПРАДЕДОВ

Слушнете мои поколенија
тирани земја би попленија
запрете еднаш извикнете не
доста е веќе доста од се (2)

Рефрен:
Овa е наша земја Македонска
ова е наша грутка прадедовска
овде со крстот сме ставале
овде за живот живот даваме (2)
за Македонија живот даваме

Се што е наше да прославиме
и клетва врс крстот да си ставиме
станете браќа да се заколнеме
аманет прадедов да исполнеме. (2)


Сатира

ОДА ЗА МАЩЕХА БЪЛГАРИЯ

Вест антените обходи
и възторзите отключи,
че в страна на октоподи
всичко може да се случи.

Всичко – значи и престъпно,
всичко – значи и безбожно,
но за бедни – недостъпно,
и за гладни – невъзможно.

Всичко – значи за едните
да са винаги трохите,
а препълнените чаши –
за гърлата на търгаши!

Значи всичко нечестиво
там е сито и щастливо
и богува или бейства,
или истински злодейства.

Но над всичко и над всички
сънчогледови душички
свойта власт е извисило
тодорживковско гъмжило.

Тази напаст несломима
въжделения си има,
но от всичко най-обича
на Бай Ганьо да прилича.

То какво ли не направи
с неовърховистка гадост,
та нелепост да прибави
към предишната си радост.

Тази напаст още жали,
че при тройната подялба
мироносците й дали
утешителна печалба.

Тази напаст от върхушки
и абдалски философи
от барутните вихрушки
припечели катастрофи.

А сърцето й ридало
по мечта неизпълнима:
Македония изцяло
под камшика си да има!

Ама на – не се получи,
при това – и там, където
всичко може да се случи
или става под небето.

И разкъсвана от мъка,
че не стана пазарлъка,
тя опита с тъмни сили
мерзостта си да подсили.

Та се юрна страховито
вечен порив да оспори
с тези ужаси, които
Адолф щеше да повтори.

И почти до изнемога
тя нагоре се катери
и сред вълчата бърлога
пръв съюзник си намери.

И пред брата си тевтонски,
мерзостта ще си прослави,
че от Юди Македонски
може българи да прави.

На гигантските злодеи
с раболепие изпрати
депортирани евреи
за перилни препарати.

След трагични преметушки
на партийните върхушки
вероломничи епоха
на позорна суматоха.

И безкрайно ни е ясно –
че отляво и отдясно
македонските злодеи
се превръщат в корифеи.

Всеки факт се преоблече,
за да вика тъпотата: -
„Окупаторът е вече
синоним на свободата!

Македонецът тъгува,
но беда ли е голяма? –
Там, където съществува,
по-добре е да го няма.

Бих могла да се похваля,
че съм истински щастлива,
ако етносът се каля
и душата си убива.”

Всяка грачеща гугутка
с бесен пристъп на омраза
като дърта проститутка
нищетата си доказа.

И навред ще я прочуе
подсъдимата скамейка,
че по истината плюе,
за да стане европейка!

Ах, не всеки ще посмее
от сърце да се посмее,
ако – за беда голяма –
подла мащеха си няма!

Александър Македонски





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting