Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Жива историја

СВЕДОШТВА НА ПРОТЕРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈОТ

(Продолжува од минатиот број)

Така, правдата конечно беше задоволена.
Овој соговорник чува и еден интересен документ, со печат на Црвениот крст на Хрватска, во Домот за грчки деца, Црквеница, со кој се докажува дека таму се изведувала настава на македонски јазик, во 1949 година.

СЕ ПРЕПОЗНАА СО ДЕЦАТА ОД ПОЛСКИ ДОМОВИ

Ѓорѓиев вели дека еден настан од 1949 година никогаш нема да го заборави.
-Не посетија деца од детските домови од Полска, предводени од една учителка. Се случи нешто непредвидено: меѓу нашите и децата од Полска се пронајдоа братчиња и сестричиња и други блиски роднини.
Посетителите останаа осум дена. Само што се надмина растревоженоста и се смирија чувствата, учителката почна да ги подготвува за враќање во Полска. Но, децата не сакаа да се вратат. Сакаа да останат со своите браќа и сестри. Но, учителката беше непопустлива, инсистираше да се врати со толку деца со колку што дошла. “Зарем повторно ќе има делење на Македончињата”, ги прашувавме претпоставените. Тешко им беше да ни одговорат, но ни ветија (за да не смират) дека и ние ќе одиме кај нив во посета, во Полска. Но, подоцна се јави сомневање дека децата од Црквеница ќе ги преместуваат во Полска. Брзо се организиравме и ги известивме родителите за тоа, а тие од југословенските власти побараа да не се дозволи преместувањето. Освен тоа, родителите бараа да си ги повлечат децата. Татко ми Алексо тогаш живееше во Тетово. Тој организираше да бидат повлечени седумте деца од Ранци, кои беа во Црквеница и да ги испратат за Белград, каде не прифатија нашите родители.
Мајка ми ми ја ставаше раката на уста, за да ме замолчи

Вангелија Јованова (Козаровска) е родена во 1945 година, во селото Попадија, Леринско. За време на Граѓанската војна била многу мала, но нејзината мајка и ја раскажала судбината на нивното прогонство, а исто така, и зборувала и за смртта на нејзиниот татко, кој загинал во Граѓанската војна. Вангелија со мајка и побегнала преку грчката граница. За време на Граѓанската војна Попадија било слободна територија, откако претходно ги истерале Грците од селото. По судирот со одредот на ДАГ, кралската грчка војска и полицијата ги напуштиле Сетина и Попадија. Но, иако тие биле слободна територија, сепак монархофашистите често пати ги напаѓале овие села, вршеле пустош, колеж, малтретирање на народот, осебно врз жените чии мажи биле во партизани и родителите на кои синовите, исто така, се бореле во партизанските редови.
НЕ ЗБОРУВАЈ И НЕ ПЛАЧИ

-Во 1947 година, во темни зори, со мајка ми Јана го напуштивме селото, минувајќи низ густата шума, која се нарекуваше Рогаш. Таа ми велеше да не зборувам и да не плачам за да не не слушнат грчките граничари, зашто ќе не фатат, ќе не затворат и ќе не тепаат. Но, бев мала, често зборував и плачев, а таа ми ја ставаше раката на устата за да ме замолчи. Ми кажуваше дека брзо ќе се вратиме дома. Кога ја поминавме грчката граница не пресретнаа југословенските граничари, кои ја чуваа македонската граница. Тие не однесоа во караулата каде подолго време ја испрашуваа мајка ми за да дознаат да не е некој грчки шпион. Таа им ја раскажа нашата судбина и им кажа за тоа дека мојот татко е во партизани, во редовите на ДАГ и се бори за човекови права на Македонците. Потоа, во придружба на еден граничар не однесоа до касарната во село Живојно - Битолско, од каде не префрлија во битолската полиција. Од Битола не однесоа во село Слепче, Демирхисарско, каде бевме до април 1948 г. Оттаму, нашиот животен пат продолжи во село Ѓаково, Војводина. Таму имаше многу Македонци, протерани од Егејскиот дел на Македонија. Во 1949 г. со поголем број Македонци се вративме во Македонија. Со мајка ми и сестра ми Лена бевме во с. Драчевол - Скопско. Во Скопје, од Министерството за одбрана дознаваме дека есента 1948 година татко ми загинал во борбата кај местото Малимади - Леринско.

ТАЈНО ПРЕФРЛАЊЕ ПРЕКУ ГРАНИЦАТА

Ставре Аврамовски е роден на 26 јули 1943 г. во село Забрдени, Леринско, како прво од трите деца на Илија и Лефтерија.
Тој се потсетува на прогонот на неговата мајка.

“На 8 јули 1947 година, во вечерните часови, мајка ми тајно била информирана за нејзиното апсење. Тоа бил втор пат, но сега требало да биде затворена на некој грчки остров. Таа вечер мајка ми набрзина зела дел од облеката и неколку черги, ги натоварила на магарето. Требало тајно да се префрлиме преку границата, во месноста Живојно. Но, тука се случила уште една трагедија, дедо ми Ѓорѓи бил запрен од југословенските граничари и спроведен. Долги години ништо не знаевме за него. Многу подоцна, преку Црвениот крст, ни се јави со писмо, во кое ни напиша дека прво бил префрлен во Албанија, а потоа го транспортирале во Чехословачка, од каде во Скопје се врати во 1953 година.

Мајка ми, баба ми и ние трите деца, со уште неколку семејства бевме прифатени од властите на тогашната Влада на Народна Република Македонија и сите не сместија во центарот за бегалци во манастирот “Св. Арангел” во селото Слепче, Демир Хисар. Подоцна заедно со воз од битолската станица заминавме во селото Крушевјле, Војводина. Таму останавме до мај 1953 година, кога се преселивме во Скопје и тука имавме постојан престој”.

ДЕЦАТА ЗАПИШУВАНИ НА СПИСОК ЗА ЕВАКУАЦИЈА

Аргирула Санева е родена во 1941 г. во село Сетина, Леринско, како четврто дете од вкупно шесте деца во семејството Талови.

Таа раскажува дека поради учеството на мажите од ова село во Граѓанската војна, тоа често пати било бомбардирано од страна на монархофашистите. При секое бомбардирање жените и децата бегале во најблиските шуми.

“Тоа го правевме и ние. Со цел децата да бидат спасени, привремената демократска Влада на Грција донесе одлука тие да се евакуираат. Политичките активисти на НОБ, ДАГ и на АФЖ тргнаа по селата да ги убедуваат родителите да ги запишат децата на списокот за евакуација.

Така и јас бев запишана на тие списоци, заедно со моите две сестри и уште 220 деца од селото Сетина. Беше студен мартовски ден, 1948 година. Мајка ми не разбуди рано, не облече во топли алишта и не однесе во училишниот двор. Откако ги прочитаа имињата на децата и ги составија групите, сите тргнавме кон југословенската граница. Никој од нас не знаеше каде одиме. По долго патување, пеш, пристигнавме до границата.

Токму тука се случуваше најболната разделба, исполнета со плачот на децата и на родителите. Тој плач уште долги години потоа ми одѕвонуваше во ушите. Во придружба на војници пристигнавме во селото Живојно. Од таму со камиони не префрлија до Битола, каде не сместија во едно училиште. Таму ги чекавме и другите деца од Леринско и од Воденско.

По некое време не качија во товарни вагони и тргнавме во за нас непозната насока. По долго патување пристигнавме во Будимпешта, главниот град на Унгарија. Владата на Унгарија не прими со топло срце и со раширени раце. За нас беа обезбедени убаво уредени детски домови, кои порано биле стари дворци или летни резиденции на унгарската аристократија. Во овие домови го поминав детството и се здобив со основно образование, кое се одвиваше на унгарски, грчки и на македонски јазик. Во текот на осумте години, колку што бев одделена од моите родители, ме преместуваа во неколку дома. Во прво време бев сместена во домот Шолт, потоа во Иска-Сент-Ѓурѓ, Балатон Кенеше и Балатон Алмади. Еден период бев во едно унгарско семејство, кое ми ја заменуваше изгубената родителска љубов. Кај нив престојував во текот на летните и на зимските распусти. Иако во домовите ни беше дадена сета љубов, грижа, воспитание и образование од целиот воспитен кадар, кој беше посебно избран, сепак тагата по родителите и по родното место постојано беа присутни.

Легнувавме и се будевме со иста желба - повторно да ги видиме своите родители. По осум години, благодарение на југословенската Влада и на Меѓународниот црвен крст, почна репатријацијата на децата. Во првата група бев јас, моите две сестри и уште 150 деца. Унгарската Влада свечено не испрати и во придружба на Меѓународниот црвен крст дојдовме во Скопје. Таму, на железничката станица не пречека многу народ. Тоа се се случи пред Нова година, на 18.12.1955 година. Средбата и спојувањето на децата со нивните родители и семејства се правеше по списоци, во големата сала на монополот. Бакнежи, извици, плач, солзи радосници... Од тој ден станав жител на Република Македонија”, се потсетува Санева.

СВЕДОШТВА НА ПРОТЕРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (14)
Околу 28.000 деца откорнати од родните огништа

Скопје 11 јуни 2009 (МИМ)
Професорот Сократ Пановски е роден на 15 март 1936 година, во селото Вмбел, Костурско, Егејска Македонија. Во Грчко-италијанската војна (октомври 1940 година) до темел им бил опожарен семејниот дом, откако претходно семејството пребегнало во селото Дреновени.

Тој зборува за “најголемото и најнемилосрдното прогонство на деца во поновата историја на Европа”.

-За помалку од 30 дена, од родните огништа биле откорнати околу 28.000 деца, на возраст од 2 до 14 години, сите Македонци и неколку стотици Грци од пограничните области на Епир и Еврос. Педантните планери се погрижиле децата да бидат протерани со возен билет во една насока, на кои подоцна грчките влади им забранија доживотно враќање на родните огништа.

Костурските и леринските шуми и козјите патеки кои воделе кон албанската и југословенската граница вриеле како во пчеларска кошница. Ноќе патеките биле исполнети со детски колони, а дење децата ги криеле во шумите за да не ги открие владината борбена авијација, објаснува Пановски.

ДЕЦАТА ГИ РАЗДЕЛИЈА ОД МАЈКИТЕ

“Од селото Вмбел - додава Пановски - беа собрани 150 деца. Зборното место беше закажано на излезот од селото, кај црквичето “Свети Танас”. На 5 април 1948 година, во раните утрински часови, беа собрани сите жители на селото за да ги испратат своите најмили, на “спасување” од бомбардирањата.

Местото ечеше од плачот на децата и од редењето на бабите. Тука се разделуваа бабите и дедовците од своите внуци, а мајките останаа со децата за да ги придружуваат до селото Желево. Баба ми Ристана се наведна до површината на земјата, се прекрсти, зеде грст почва, ја врза во крпче и ми ја подаде со зборовите: “Носи ја таму каде што ќе ве однесат, да ја носиш со себе и секој ден да ја галиш за да не го заборавиш нашето родно огниште”. Подоцна, цел живот, оваа реченица на баба ми Ристана стана филозофија на моето опстојување. Вториот ден, водени од нашите мајки и партизанските водачи, околу 23 часот пристигнавме во селото Желево. Не распоредија за спиење по селските куќи. Само што не обзеде сонот, во мугрите, не разбудија и се упативме кон една шума. Пред оваа шума не разделија од мајките. Глетката беше потресна. Плачот на децата кои не сакаа да се одделат од мајчините прегратки и лелекот на мајките кои не ги пуштаа своите рожби беше нарушен од бучавата на два авиона. Одговорните жени од селото за придружување на децата до последната дестинација и грижата за нив таму, односно новите “мајки” ги повлекоа децата кон шумата, а родителите се вратија во селото. При таа брза разделба мајка ми ме замоли: “Немој да плачеш, сега си голем”. И одговорив: “Нема да плачам!”. Го исполнив ветувањето, за цел живот секнаа солзите во моите очи. Тие солзат само при настинки и ветрови. Денот го преседовме во шумата, а кога се стемни почна да се формира непрегледна детска колона. Дента во шумата пристигна голем број деца и од други костурски и лерински села. Ноќта делови од колоната се губеа, долго се чекаше, имаше довикувања, плач од најмалите, кои не можеа да пешачат, па ние поголемите ги носевме на грб. Ноќта беше врнежлива и студена. Пред зори дојдовме до една пошумена планина. Ни запалија оган за да се стоплиме и да се исушиме. Пред да се стемни дојде еден одред партизани од соседните села, кои меѓу децата си ги препознаа браќата, сестрите, синовите и ќерките.

ЛЕГНАТИ ПО ПАТОТ И ВО ЕНДЕЦИТЕ

Една дождлива ноќ со студ кој влегуваше во коските, со темнината како црно перде, колоните од децата пристигнаа во Преспа и почнаа да ја газат езерската вода. Избезумени одговорните жени на групите деца, новите “мајки”, во паника викаа: “Не, мили дечиња, тоа е голема вода, езерото, вратете се назад!”.

Многу не ја гледавме, туку ја чувствувавме студената вода како ни навлегува во обувките и во облеката. Пристигнаа некои партизани и ја поведоа колоната кон границата. На неколку километри пред границата партизаните ја напуштија колоната, покажувајќи во која насока треба да се движиме. Пристигнавме до една рекичка и кога се подготвувавме да ја прегазиме, од другата страна се запалија џепни батерии, не осветлија и се слушнаа гласови. Нешто разбравме, нешто не. Меѓутоа, кога ги видовме војниците во убави сиви униформи не фати паника и некои деца почнаа да бегаат мислејќи дека тоа се монархофашистички војници од грчките владини сили. Мирниот глас на војниците делуваше смирувачки. Војниците креваа по едно до две деца в раце и ги префрлуваа на другиот брег, во Народна Република Македонија. Војниците ја предводеа колоната до рано во зората, кога пристигнавме пред селото Долно Дупени. Тука застанавме и ни рекоа да седнеме да се одмориме.

Пред моите очи, како на филмска лента, ги гледам децата и по некоја “мајка”, обземени од умор, студ и глад, легнати по патот, повеќето во ендеците. Како покосени сите заспавме. Кога со големи маки не разбудија, поголемите деца не однесоа во селското училиште. Во една училница на катот, неколку десетици деца легнавме и продолживме да спиеме, греејќи се од една стара ламаринена печка и од нашите тела збиени како во конзерва. Помалите деца беа распоредени по селските домови. Неколку дена се одморивме, ги исушивме алиштата, но стомаците ни беа празни и со нетрпение го очекувавме денот кога ќе легнеме сити. Еден ден повторно се формираа колони од деца. Напред, на воловски коли, беа натоварени малите деца, а поголемите пешачеа до соседното село Љубојно. Тука не пречекаа со парче топол, пченкарен леб. Сега не се двоумевме. Набрзина го изедовме лебот, колку малку да се најадемее.

ЗА ПРВ ПАТ ВИДЕЛЕ ВОЗ, РАДИО, ЛАМБИ...

Во Љубојно, како што раскажува Пановски, ги ставиле во војнички камиони покриени со церади, по што го продолжиле патот за Битола. Таму ги сместиле во неколку училишта. Биле нагостени со тврд пченкарен леб и џем. Невидливи, одговорни луѓе, ги поделиле во групи, без да водат сметка за тоа дали ќе бидат поделени браќата и сестрите или на кое село им припаѓаат и кај која “мајка”. Ги сместиле во воз, нешто што прв пат во животот го виделе. И не само тоа, тука прв пат во животот се соочиле и со други цивилизациски достигнување: електрична енергија, нови кандила и ламби, радиоапарати и друго. Покрај гладот и болката за најмилите кои ги оставиле во глуви и онемени села, тие биле и сосема збунети од тоа што го гледале околу себе. Композициите од возови, долги, со многу вагони од трета класа, патувале кон север.

СВЕДОШТВА НА ПРОТЕРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (15)
Ја оставила шестмесечната ќерка во планина

Скопје 12 јуни 2009 (МИМ)
Марика Кокочева е родена во Сакулево, на неколку километри од Битола, на патот за Солун. Таа се сеќава како го мачеле татко и.

-Едно време на влезот во селото доселија просвиги, сиромашни Грци, од југот на државата или од други места (Турција). Веднаш им направија куќа. Татко ми, кој бил чауш во селото, не ги поднесувал и еден од нив го зел и го однел на мостот на реката Елешка кој бил на пругата (Битола - Солун). Му пукнал во воздух го уплашил а тој паднал и се повредил. После овој настан татко ми го зеле во Рамалија, го мачеле да признае, го претепале, му ставале шпици, долго време имаше засирена крв на прстите. Кога го прашав, тој за да не се потресувам ми рече дека прстите му се посинети оти го фатила вратата кога ја затворал.

Јас бев мала, брат ми Трендафил знаеше, знаеја и другите што се случило. По немилиот настан татко ми со помалиот брат Михаил кој беше женет и остави две деца, заминаа на Грамос. Од таму не се вратија никогаш, во војната загинаа двајцата. Ги баравме неколку години и преку Црвен крст и со писма до власта, брат ми бараше да дознае што се случило со татко ми и помалиот брат. Грчките власти официјално и одговорија на тетка ми дека загинале на Грамос. Само тоа успеавме да го дознаеме. И други мажи од нашата голема фамилија загинаа. Во Граѓанската војна од 32 фамилии Дафовци во Сакулево, останаа 18 вдовици со дечињата”, вели Марика.

НА БЕГАЊЕ ПАДНА ВО БУНАР

-Еве како започна прогонот: На 17 јуни 1947 го сардисаа селото, а од селото Грците почнаа да пукаат од подрумите во училиштето, таму беа скриени имаа и митралези. Луѓето од селото почнаа да викаат “Ајде да бегаме”, се собравме, на запрежни воловски коли се качивме, по една фамилија со децата на една запрежна кола, прибравме набрзина што можеше. Ние имавме дуќан во селото, зедовме чоколади - јадевме. Мене ми рекоа, ај ти си голема, оди одзади терај ги овците. Ги терав и така одеднаш паднав во еден сув бунар. Викав, плачев, пиштев, тие напред не можеа да слушнат од ѕвонците на овците. Кога се повлекуваа партизаните дојдоа коњаници кои ме пронајдоја. Еден ми вели: “А бре дете што бараш тука”, “кај се твоите?”. “Ги терав овците и паднав, тие заминаа, не знам кај отидоа”, реков. “Дај ми ја раката” ми рече, ме извади од бунарот и ме донесе кај моите, во Сетина.

НА ДЕСЕТ ГОДИНИ СПАСИ ДЕТЕ

- Снаа ми Олга, од брат ми Михаил, носеше пет деца и некрстената ќерка која имаше само 6 месеци, Џурка, ја носеше в раце. Патот беше тежок, козји патеки, се одеше високо преку ридовите. Испотена, преплашена од страв, од пукањето, жива вода беше. Туку некое време, гледам ја нема Џурка. “Дадо, каде е Џурка?”, прашав. “Ја оставив во ридот крај реката, не можев сите да ги носам”.

- Се вратив, ја најдов, Џурка беше многу повиена, ја расповив, имаше една маичка, ја гушнав, таа плаче, јас плачам - пиштам, одам нагоре по ридот, се ми се чини ќе паднам во реката, во провалијата, а патчето тесно, со дупки и ја донесов пред да стигнеме до границата. За Сетина зборувам. Ме гледаат, го носам бебето и викаат: “Еј гледајте, дете спасува дете”. Јас имав само 10 години, а снаа ми почна да плаче: “Леле, мори, ја зеде”? “Ја зедов ма, а ти ја остави”. “А што да правам, сама ги носам другите. Морав да ги спасувам овие пет душички кои се дојдени први на свет”. Долго време немаше име, а кога дојдовме во манастирот Слепче, во прилепската околија, мене ми дадоа да ја крстам. Така станав кума.

Многупати во животот со Џурка се гледавме, кога и беше тешко ќе ми рече: “Тогаш ме спаси, а сега”.

И ВО ВОЈВОДИНА УЧЕВМЕ ГРЧКИ

Кога стигнавме тука, прво не сместија во манастирот во Слепче, после во Прибилци, па Демирхисарско. Во Прибилци просевме, ни даваа луѓето гравче и лепче. После бевме во Жван, Мургашево... Неколку дена не зеде во Гевгелија кумот Алеко кој работеше на пругата. Одевме по дрва кај реката кога не видоа и свикаа: “Овие да не избегаат за Грција”.

Не вратија повторно во Слепче. Дојде наредба да одиме во Војводина. Не однесоа со товарен воз, ни дадоа куќи од швабите во Гаково и Крушевље. Во куќата имавме четири одделенија, во собите калиеви печки, а во бунарите ја најдовме целата покуќнина што ја оставиле Германците што живееја во Војводина пред да заминат. Можеби верувале дека ќе се вратат. За да учиме ни донесоа учители од Грција, од Булкес. И весници донесоа “Фонитис Булкес” (Глас на Булкес). Таму научив грчки. И сега ја знам таблицата на грчки, ако сакаш да ти ја речам, на македонски можеби нема да ја погодам од одма. Во Војводина ни српски не учевме, ни македонски. Само грчки. Таму имаше и улици со грчки имиња, а и нашите ги претопуваа. А имаше и случај еден брат да е Македонец, другиот да се кажува Грк.

“Пак ли и тука грчки ќе учиме”, се бунеа нашите во Војводина. Ако ја сакате Македонија, треба назад да се вратите, да се борите, а тие над 18 години да служат војска.

Пред да избегаме од Сакулево по пругата со децата одевме на училиште во Битола, а таму учевме на бугарски, немаше никаква граница а беше воено време. Кога бев многу мала во Сакулево, одевме в црква на секој голем празник - за Божик, за Водици, за Велигден. Поповите пееја на грчки. Знам и псалми на грчки јазик. Надвор од црквата поповите со народот зборуваа македонски. Тие беа наши, само претходно беа пратени на школо, за да пеат и да проповедаат на грчки. По осумнаесет месеци не вратија и ни рекоа дека ќе сме ја ослободувале Македонија. Ништо од тоа. Се вративме во село Славеј, прилепско. Таму се отвори задруга. Ние, Егејците направивме штали, се купија крави, телиња, коњи. Збиравме и тутун. Ако не нанижеш 13 низи не се следуваше детски додаток. Така за детскиот додаток макотрпно работевме. После таа работа ми ја запишаа како стаж за пензија.

Брат ми Трендафил беше добар бербер па се преселивме во Скопје. Ни овде не ни беше лесно. Бараа да земеме државјанство. Синот на Трендафил, Никола, го бараа да оди војска. Ако не одиш војска ти го земаа станот. Два пати стан ни дадоа, два пати ни го зедоа. Го молевме, главниот да не го зема внукот во војска за да помага како машка глава во Мичурин, каде живеевме во една стара зграда. Ја викавме Чеганската зграда. Во кујната спиевме 14 души и тоа ни го зедоја. Не дозволуваа, ние, Егејците да бидеме на едно место. Поради тоа многу од нашите заминаа во Австралија и во Канада. Да не беа тие притисоци, тука ќе бевме сите, поблиску до границата со родниот крај.

 
 
С БАСНИ СРЕЩУ ИСТИНАТА, СЪС СТРАХ СРЕЩУ ПРАВОТО
Читај
„НИЕ НОЩЕС СЪЗДАДОХМЕ МАКЕДОНСКА ОРГАНИЗАЦИЯ”
Читај
ЧЛЕНСТВОТО НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО МИРОТ
Читај
МАЛТА, РИМ И ВАКСЈО, НОВИ ДЕСТИНАЦИИ НА ВИЗ ЕР ОД СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ
Читај
ДЕВЕТА НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЯ НА ОМО „ИЛИНДЕН” - ПИРИН
Читај

Ден на геноцида!

86 ГОДИНИ ОТ ВАРТОЛОМЕЕВИТЕ НОЩИ В БЪЛГАРИЯ
На 12 септември се навършват 86 години от вартоломеевите нощи, в Пиринска Македония и България, в които около 180 македонски революционери и публицисти загубиха живота си в акция, организирана от хората на Иван Михайлов и ръководена от него и българските власти. Нека на този ден всички сведем глави и се помолим за душите на загиналите и за да дойде краят на антимакедонската политика в България!

Важно! Важно! Важно!

Дружеството на репресираните македонци в България припомня на всички репресирани през комунистическия период заради македонските си убеждения и съзнание, както и на техните потомци, че срокът за подаване на молби за компенсации и обезщетения е удължен до края на 2011 г. Молбите се внасят в областните управи, и пак там можете да научите и какви точно документи ви са необходими. Отварянето на тези досиета е от голямо значение за македонското малцинство в България.

Поезија
БЕЗДНАТА ГИ МНОЖИ ИМИЊАТА

МАЈА АПОСТОЛОСКА е родена на 7 декември 1976 година. Дипломирала општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” – Скопје, каде моментално е магистрантка по македонски јазик и лингвистика. Уредничка е во списанието за книжевност, уметност и култура „Книжевно житие”. Авторка е на книгите: „Зајграј, веќе, мастилаво!” (поезија, 2000), „Прекин на комуникацијата” (поезија, 2004) и „Зад текстовите” (книжевни критики, есеи и студии, 2007). Заедно со Јовица Тасевски – Етернијан го има составено изборот од современата македонска поезија со библиски, религиозни и апокрифни мотиви што излезе како специјален број на списанието „Стремеж” (11/12. 2000). Врз основа на нејзината поезија во Центарот за култура „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” – Велес беше изведена претставата „Прекин на комуникацијата” (2006) во режија на Весна Димитровска. Во периодиката има објавено голем број поетски, критички и есеистички прилози. Нејзината поезија е застапена во неколку антологии и препеана е на англиски, српски и хрватски јазик.

НА ПОЧЕТОКОТ

Според протоколот, конкретниов стих требаше да седне при крајот (или вообшто да не пристигне), со тих разговор да извести дека нема сили да го зграпчи мигот конструктивен исполнет со разбирање и компромис.
Вака сместен, погледот пробивен го сече вниманието, иницира завист или зависност (не знам, бидејќи не сум во средината). Неговото присуство тука станува метафора со умисла. Тоа со ум се постигнува, но загорчен... од наука.



ПЕСНА. ИМЕНУВАЊЕ

Именувањето е долго и напорно со инспирации зајадливи.
Иако е сосема неспорно дека јас сум господарот, невидливи јазици упорно ме успоруваат.
Се поткопува довербата во центарот, бездната ги множи имињата и лити и неволни за спорот мегу мене и племињата чии јазици ме условуваат.


Македонија пее

АЈ, ДА БЕГАМЕ, МОРИ ВАСЕ

Ај, да бегаме, мори Васе,
ај, да бегаме,
ај, да бегаме в града Солуна. (2)

Там ќе најдеме, мори Васе,
там ќе најдеме,
там ќе најдеме, мома Спасија,
мома Спасија, болна легнала.

Ми повикала, мори Васе,
ми повикала,
ми повикала, до три доктора. (2)

Први й вели, мори Васе,
први й вели,
први й вели – не се лекува,
втори й вели – од мерак лежи.

Трети й вели, мори Васе,
трети й вели,
трети й вели – јас ќе ја лекувам,
јас ќе ја лекувам и ќе ја земам.

АМАНЕТ ПРАДЕДОВ

Слушнете мои поколенија
тирани земја би попленија
запрете еднаш извикнете не
доста е веќе доста од се (2)

Рефрен:
Овa е наша земја Македонска
ова е наша грутка прадедовска
овде со крстот сме ставале
овде за живот живот даваме (2)
за Македонија живот даваме

Се што е наше да прославиме
и клетва врс крстот да си ставиме
станете браќа да се заколнеме
аманет прадедов да исполнеме. (2)


Сатира

ОДА ЗА МАЩЕХА БЪЛГАРИЯ

Вест антените обходи
и възторзите отключи,
че в страна на октоподи
всичко може да се случи.

Всичко – значи и престъпно,
всичко – значи и безбожно,
но за бедни – недостъпно,
и за гладни – невъзможно.

Всичко – значи за едните
да са винаги трохите,
а препълнените чаши –
за гърлата на търгаши!

Значи всичко нечестиво
там е сито и щастливо
и богува или бейства,
или истински злодейства.

Но над всичко и над всички
сънчогледови душички
свойта власт е извисило
тодорживковско гъмжило.

Тази напаст несломима
въжделения си има,
но от всичко най-обича
на Бай Ганьо да прилича.

То какво ли не направи
с неовърховистка гадост,
та нелепост да прибави
към предишната си радост.

Тази напаст още жали,
че при тройната подялба
мироносците й дали
утешителна печалба.

Тази напаст от върхушки
и абдалски философи
от барутните вихрушки
припечели катастрофи.

А сърцето й ридало
по мечта неизпълнима:
Македония изцяло
под камшика си да има!

Ама на – не се получи,
при това – и там, където
всичко може да се случи
или става под небето.

И разкъсвана от мъка,
че не стана пазарлъка,
тя опита с тъмни сили
мерзостта си да подсили.

Та се юрна страховито
вечен порив да оспори
с тези ужаси, които
Адолф щеше да повтори.

И почти до изнемога
тя нагоре се катери
и сред вълчата бърлога
пръв съюзник си намери.

И пред брата си тевтонски,
мерзостта ще си прослави,
че от Юди Македонски
може българи да прави.

На гигантските злодеи
с раболепие изпрати
депортирани евреи
за перилни препарати.

След трагични преметушки
на партийните върхушки
вероломничи епоха
на позорна суматоха.

И безкрайно ни е ясно –
че отляво и отдясно
македонските злодеи
се превръщат в корифеи.

Всеки факт се преоблече,
за да вика тъпотата: -
„Окупаторът е вече
синоним на свободата!

Македонецът тъгува,
но беда ли е голяма? –
Там, където съществува,
по-добре е да го няма.

Бих могла да се похваля,
че съм истински щастлива,
ако етносът се каля
и душата си убива.”

Всяка грачеща гугутка
с бесен пристъп на омраза
като дърта проститутка
нищетата си доказа.

И навред ще я прочуе
подсъдимата скамейка,
че по истината плюе,
за да стане европейка!

Ах, не всеки ще посмее
от сърце да се посмее,
ако – за беда голяма –
подла мащеха си няма!

Александър Македонски




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2017 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting