Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Позиција

ДОСТА СЕ ДВЕ ИЛЈАДИ ГОДИНИ

Стефан Влахов-Мицов

Тврдењата за „македонски национализам“ во минатото и денес, а уште повеќе - за „опасен национализам“, колку што се смешни, толку се и тажни. Смешни, зашто доколку кај Македонците имаше национализам од тип што го знаеме по светот, вклучително и по нашите соседи, немаше повеќе од две илјадалетија (со неколку исклучоци) да бидеме лишени од држава. Тажни се тие тврдења зашто откриваат една од причините да немаме држава, а да имаме националниот нихилизам.
Македонскиот космополитизам е богатство, чијашто вредност ќе се признае во иднина. Во досегашните општества тој е проклетство. Македонците секогаш работеле и се жртвувале заради туѓо богатство, откако го изедначувале своето со туѓото. Светот го восприемале како поле за соработка, а не за кавги и за конфронтации. Во одговор на тоа, наместо да ги пофали, светот ги сметаше Македонците за глупави и нивната толерантност ја превртуваше во нивна штета.
Освен тоа, границата меѓу космополитизмот и нихилизмот е многу тенка. Космополитот не го загубил националното чувство, а нихилистот е рамнодушен кон тоа. Космополитот не е прагматичен, а нихилистот, кој е рамнодушен кон својата националност, често ја посребрува својата „рамнодушност“ во полза на туѓи држави и етноси. Доколку Александар Македонски беше ортодоксен националист, ќе ја исчистеше сета политичка елита на Персија и неговите потомци спокојно ќе ги управуваа завојуваните територии. Таква била практиката и пред, и по Александар. Но, македонскиот владетел знаел дека вистинското бесмртие не е во завојувањето географски територии, туку на духовните територии. Зашто границите се променливи, а остануваат само идеите и пораките кон иднината.
Што прават наследниците на Александар? Проектот за културна, етничка и политичка синтеза меѓу Исток и Запад го трансформираат во неколку локални, целосно политички проекти. И тие се повеќе се маргинализираат, како што етничката припадност на македонската владетелска врхушка се повеќе се разлева. Таков процес се гледа и во самата македонска држава на Балканот, по паѓањето под власта на Рим. Во последниот случај, голема улога имаат и завојувачите кои ја разделуваат Македонија на неколку провинции, со забрана меѓусебно да контактираат. Ете го патот за распаѓање на националното чувство во правец на локалното и регионалното. Гледате ли зошто Грците денес сакаат „географска одредница“ на македонската држава. Пред две илјади години, за разлика од Македонците, Тракијците, Илирите и самите Грци немале чувство за национално единство. Затоа Римјаните правеле се што е можно и Македонците да го загубат, за полесно да може да бидат владеани.
По разделувањето на Римската Империја, во рановизантискиот период, императорите се главно од тракиско и од илирско потекло. Во 518 година императорот Јустинијан Први застанува на чело на македонската династија, со која Византија владеела речиси цел еден век. Нејзиниот најпознат император Јустинијан, е роден во село Таврисион, блиску до Скупи (денешно Скопје). Неговиот македонски космополитизам се пројавува во стремежот да се обедини Римската Империја (т. е. да дојде до синтеза меѓу Исток и Запад) и истовремено со тоа да се надмине конфликтот меѓу западната и источната црква. Јустинијан не е рамнодушен и спрема родната Македонија. Во близина на местото каде што се родил, тој подига нов град, наречен Јустинијана Прима и него, наместо Солун, го први центар на префектурата Илирик. Освен тоа, наредил да се затвори Атинскиот универзитет заради опструкциите на тамошните професори, кои биле против единство на христијанството.
Во 867 година во Византија повторно на власт доаѓа македонска династија, чиј основач е Василиј Први Македонецот. Всушност, семејството на Василиј Први било од ерменско потекло, но бидејќи долго време живеело во Македонија било прифатено како македонско. Таа династија се одликува со цртата на македонскиот космополитизам, затоа и нејзините највидни претставници имаат амбиции слични на императорот Јустинијан - за заедништво меѓу Исток и Запад. Во историјата на Византија имало императори и од сириско, исавриско, пафлагонско и друго потекло, зашто како и секоја империја, и таа имала мултиетнички и мултикултурен карактер. Затоа било и нормално императорите да произлегуваат од различни етнички средини, кои ги населувале. Од таа причина смешни се денешните грчки претензии кои, од една страна го идентификуваат античкиот елинизам, а од друга - византизмот, со Грција и со Грците.
Впрочем, уште во античноста, грчкиот политичар Есхин правел разлика меѓу класичниот елинизам и древниот македонизам, а историчарот Теопомп тврдел дека владеењето на Филип Втори Македонски е почеток на нова цивилизација, дотогаш непозната. За успехот на грчките фалсификати со присвојувањето на античкото и на византиското наследство виновни се, како западните историчари од 18 и 19 век, така и самите Македонци. На прво место, со доброволното откажување од античкото и од средновековното македонско наследство. Со исклучок на нивното словенско наследство. На второ место, со отсуството на целосен поглед кон историјата, на една филозофија на историјата, како продолжение на некогашниот македонски космополитизам. На трето место (тоа е најважното, зашто од него тргнува се) - со отсуството на елементарна мисла и логика кај луѓето со претензии. Меѓу нас кажано, кога ги слушам како ја пцујат „антиквизацијата“, си ги претставувам како тикви на плот. Многу тикви имаме во Македонија, кризата не треба да не плаши. Кога една држава завладува друга, таа не го уништува нејзиното население, ами го владее. Тоа во уште поголем степен се однесува на империите. Ние механички зборуваме за римски градби, за византиски конструкции, за османлиски тврдини по територијата што ја владееле тие империи. Всушност, станува збор за градби создавани од соодветните етноси и на Балканот, и во Западна Европа, и на Исток. Заповедите можеле да доаѓаат од Рим, Константинопол и потоа од Истанбул, но и проектантите, и мајсторите се локални жители. Значи, колку што историското наследство им припаѓа на завојувачите, исто толку и уште во поголем степен, тоа е дело на покорените народи. Ниту Римската Империја може да се поистовети со денешните Италијанци, ниту Византиската со денешните Грци, ниту Османлиската со денешните Турци. Впрочем, со исклучок на Грците, никој не пројавува такви претензии. Византиец не е етничко потекло, ниту, пак, Османлија значи тоа. Или, пак, доскорешните Југословени или Советите. Турскиот министер за надворешни работи Давутоглу, кој е историчар, е автор на концепција која што комплексирани балкански историчари ја објавија како „неоосманлизам“. Т. е, како обид за преродба на Османлиската Империја. Следствено, Давутоглу го дава не само клучот за пишување заедничка балканска историја, туку за создавање една нова филозофија на историјата. Притоа, во заеднички интерес на сите. Возможно ли е тоа?
По распаѓањето на Османлиската Империја се формираат 22 држави. Тие се со националности кои живееле во неа и кои биле покорени од неа. Се разбира, секој сака да биде независен и тие воделе борби за ослободување. Тоа е дел од нивната историја. На Балканот кренале востанија Бугари, Македонци, Грци, Срби, Власи итн. Но, како дел од Османлиската Империја, тие не само што се бореле против неа, туку и соработувале со неа, и придонесувале за нејзиниот развој со знаењето на нивните мајстори, занаетчии, инженери, трговци. Исто и со учество на нивни претставници во владеењето на Империјата. За разлика од грчките историчари во однос на Византија, турските историчари го признаваат придонесот на народите во Османлиската Империја. Во 1999 година Турција покрена иницијатива за одбележување на 700-годишнината на Империјата. По тој повод бугарските шовинисти кренаа глас, божем некој сака да им ја одземе борбата за ослободување. Станува збор за други работи. И Римската Империја, и Византија, и Османлиската Империја се факт, што никој не може да го избрише од историјата. Ако доброволно се откажеш од своето наследство во нив (уште повеќе, кога ти го предлагаш тоа), напросто си глупак. Според логиката на бугарските комплексари, не може да се чествува непријателот. Само што со тој непријател Бугарите живееле пет века и преродбенските споменици, со кои денес се фалат, се од тоа време. Империите имале долг живот токму заради мултиетничкиот карактер. Приоритет имала економијата, а не етничките чистки и религиозниот фундаментализам типичен за локалните држави. Тие вистини од минатото денес треба да се искористат во името на добрососедството. Македонското наследство од Османлиската Империја не создава проблеми, а многу противречно изгледа наследството од времето на Византија. Причината е во вештачката спротивставеност меѓу старите Македонци и македонските Словени, што и денес го прават луѓе кои не ја познаваат историјата. Според нивната помешана логика, старите Македонци биле Грци, византијците исто биле Грци, т. е Грците во лицето на Византија војувале со македонските Словени. Навистина, шокирачки се чини фактот дека императорот Василиј Втори, претставник на македонската династија, го уништува независното царство на Самуил. Возможно ли е Македонци да војуваат со Македонци? Спомнете си само како во време на Балканските и на Првата светска војна Македонци се бореа еден против друг заради грчки, бугарски и српски интереси. Тажни факти, кои воопшто не треба да ги криеме, туку да ги објаснуваме. Старите Македонци и македонските Словени сожителствуваат на Балканот неколку века пред Василиј Втори. Сожителствуваат во динамични услови, заради обидите на Византија да си ги поврати балканските територии. Самуиловиот род има ерменско потекло, но живее во Македонија и се впишал во македонските традиции. Исто како македонската династија на Василиј Втори. Од формална гледна точка, Ерменец војува против Ерменец. Многу поважна е смислата на војната што се води. Таа смисла станува јасна од ослепувањето на 15 илјади Самуилови војници. Во чинот на ослепувањето, Василиј Втори внесува тројна симболика. Од една страна, односот на Самуил тој го третира како предавство на заедничкиот ерменски корен. Од друга страна, предавството го засега прашањето на државноста. Василиј, освен Ерменец, е и претставник на македонската династија, сиреч Македонец. Во Византија старите и новите Македонци се дел од Империјата. Друг дел од нив (во Македонија) се објект на завојувањето. Со активностите за независно царство, Самуил можел да ги оддели не само земјите на Македонија, туку и грчка територија со месно македонско население. Од трета страна, Самуиловото предавство било поврзано со политичката и со духовната ориентација на неговата држава кон Запад. При што, Византија би била пренебрегната. Затоа, одмаздата на Василиј Втори е жестока. Освен тоа, со громогласниот прекар „Бугароубиец“ тој се одмаздува за штетите што завладеаната Бугарија од неговиот претходник ги направила на неговата династија во продолжение од два века. Императорот не бил луд, та да се нарече „Ерменоубиец“ или „Македоноубиец“. Прво, за да не ги навреди Ерменците и Македонците во Византија; второ, за да го отфрли гревот со Самуиловите војници. Во стапицата на Василиј паѓаат бугарските историчари, кои нарекувајќи го мазохистички неговиот чин, веруваат дека ќе докажат бугарско потекло на Самуил. Во таа стапица паѓа и фалсификаторот на таканаречениот битолски натпис, кој водејќи се според прекарот „Бугароубиец“, пишува дека Самуил бил „Бугар по род“. Мајката Рипсимија, браќата Давид, Мојсеј, Арон, Самуил - Бугари? Мала шега. По пропаѓањето на Самуиловото Царство, неговите роднини се одведени во Константинопол, каде направиле забележителни кариери. Уште еден доказ дека немале ништо заедничко ниту со Бугарија, ниту со Бугарите. Византиски императорки станале Екатерина - најголемата ќерка на царот Иван Владислав и Ирина - правнука на споменатиот цар. Прифаќајќи го Самуиловиот род, македонската императорска династија сакала да сугерира дека македонството има шанса само во границите на Византија. Независните македонски владетели во текот на 13 и 14 век го побиле тоа сфаќање.

(Авторот е универзитетски професор)

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај

Ден на геноцида!

86 ГОДИНИ ОТ ВАРТОЛОМЕЕВИТЕ НОЩИ В БЪЛГАРИЯ
На 12 септември се навършват 86 години от вартоломеевите нощи, в Пиринска Македония и България, в които около 180 македонски революционери и публицисти загубиха живота си в акция, организирана от хората на Иван Михайлов и ръководена от него и българските власти. Нека на този ден всички сведем глави и се помолим за душите на загиналите и за да дойде краят на антимакедонската политика в България!

Важно! Важно! Важно!

Дружеството на репресираните македонци в България припомня на всички репресирани през комунистическия период заради македонските си убеждения и съзнание, както и на техните потомци, че срокът за подаване на молби за компенсации и обезщетения е удължен до края на 2011 г. Молбите се внасят в областните управи, и пак там можете да научите и какви точно документи ви са необходими. Отварянето на тези досиета е от голямо значение за македонското малцинство в България.

Поезија
БЕЗДНАТА ГИ МНОЖИ ИМИЊАТА

МАЈА АПОСТОЛОСКА е родена на 7 декември 1976 година. Дипломирала општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” – Скопје, каде моментално е магистрантка по македонски јазик и лингвистика. Уредничка е во списанието за книжевност, уметност и култура „Книжевно житие”. Авторка е на книгите: „Зајграј, веќе, мастилаво!” (поезија, 2000), „Прекин на комуникацијата” (поезија, 2004) и „Зад текстовите” (книжевни критики, есеи и студии, 2007). Заедно со Јовица Тасевски – Етернијан го има составено изборот од современата македонска поезија со библиски, религиозни и апокрифни мотиви што излезе како специјален број на списанието „Стремеж” (11/12. 2000). Врз основа на нејзината поезија во Центарот за култура „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” – Велес беше изведена претставата „Прекин на комуникацијата” (2006) во режија на Весна Димитровска. Во периодиката има објавено голем број поетски, критички и есеистички прилози. Нејзината поезија е застапена во неколку антологии и препеана е на англиски, српски и хрватски јазик.

НА ПОЧЕТОКОТ

Според протоколот, конкретниов стих требаше да седне при крајот (или вообшто да не пристигне), со тих разговор да извести дека нема сили да го зграпчи мигот конструктивен исполнет со разбирање и компромис.
Вака сместен, погледот пробивен го сече вниманието, иницира завист или зависност (не знам, бидејќи не сум во средината). Неговото присуство тука станува метафора со умисла. Тоа со ум се постигнува, но загорчен... од наука.



ПЕСНА. ИМЕНУВАЊЕ

Именувањето е долго и напорно со инспирации зајадливи.
Иако е сосема неспорно дека јас сум господарот, невидливи јазици упорно ме успоруваат.
Се поткопува довербата во центарот, бездната ги множи имињата и лити и неволни за спорот мегу мене и племињата чии јазици ме условуваат.


Македонија пее

АЈ, ДА БЕГАМЕ, МОРИ ВАСЕ

Ај, да бегаме, мори Васе,
ај, да бегаме,
ај, да бегаме в града Солуна. (2)

Там ќе најдеме, мори Васе,
там ќе најдеме,
там ќе најдеме, мома Спасија,
мома Спасија, болна легнала.

Ми повикала, мори Васе,
ми повикала,
ми повикала, до три доктора. (2)

Први й вели, мори Васе,
први й вели,
први й вели – не се лекува,
втори й вели – од мерак лежи.

Трети й вели, мори Васе,
трети й вели,
трети й вели – јас ќе ја лекувам,
јас ќе ја лекувам и ќе ја земам.

АМАНЕТ ПРАДЕДОВ

Слушнете мои поколенија
тирани земја би попленија
запрете еднаш извикнете не
доста е веќе доста од се (2)

Рефрен:
Овa е наша земја Македонска
ова е наша грутка прадедовска
овде со крстот сме ставале
овде за живот живот даваме (2)
за Македонија живот даваме

Се што е наше да прославиме
и клетва врс крстот да си ставиме
станете браќа да се заколнеме
аманет прадедов да исполнеме. (2)


Сатира

ОДА ЗА МАЩЕХА БЪЛГАРИЯ

Вест антените обходи
и възторзите отключи,
че в страна на октоподи
всичко може да се случи.

Всичко – значи и престъпно,
всичко – значи и безбожно,
но за бедни – недостъпно,
и за гладни – невъзможно.

Всичко – значи за едните
да са винаги трохите,
а препълнените чаши –
за гърлата на търгаши!

Значи всичко нечестиво
там е сито и щастливо
и богува или бейства,
или истински злодейства.

Но над всичко и над всички
сънчогледови душички
свойта власт е извисило
тодорживковско гъмжило.

Тази напаст несломима
въжделения си има,
но от всичко най-обича
на Бай Ганьо да прилича.

То какво ли не направи
с неовърховистка гадост,
та нелепост да прибави
към предишната си радост.

Тази напаст още жали,
че при тройната подялба
мироносците й дали
утешителна печалба.

Тази напаст от върхушки
и абдалски философи
от барутните вихрушки
припечели катастрофи.

А сърцето й ридало
по мечта неизпълнима:
Македония изцяло
под камшика си да има!

Ама на – не се получи,
при това – и там, където
всичко може да се случи
или става под небето.

И разкъсвана от мъка,
че не стана пазарлъка,
тя опита с тъмни сили
мерзостта си да подсили.

Та се юрна страховито
вечен порив да оспори
с тези ужаси, които
Адолф щеше да повтори.

И почти до изнемога
тя нагоре се катери
и сред вълчата бърлога
пръв съюзник си намери.

И пред брата си тевтонски,
мерзостта ще си прослави,
че от Юди Македонски
може българи да прави.

На гигантските злодеи
с раболепие изпрати
депортирани евреи
за перилни препарати.

След трагични преметушки
на партийните върхушки
вероломничи епоха
на позорна суматоха.

И безкрайно ни е ясно –
че отляво и отдясно
македонските злодеи
се превръщат в корифеи.

Всеки факт се преоблече,
за да вика тъпотата: -
„Окупаторът е вече
синоним на свободата!

Македонецът тъгува,
но беда ли е голяма? –
Там, където съществува,
по-добре е да го няма.

Бих могла да се похваля,
че съм истински щастлива,
ако етносът се каля
и душата си убива.”

Всяка грачеща гугутка
с бесен пристъп на омраза
като дърта проститутка
нищетата си доказа.

И навред ще я прочуе
подсъдимата скамейка,
че по истината плюе,
за да стане европейка!

Ах, не всеки ще посмее
от сърце да се посмее,
ако – за беда голяма –
подла мащеха си няма!

Александър Македонски





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting