Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Симпатии и антипатии во америчкиот врв

ТУРСКО-МАКЕДОНСКА КОАЛИЦИЈА ВО САД

(Преземено од МИМ)

Македонците и Турците, кои живеат во Соединетите Американски Држави, веќе неколку години настапуваат заеднички во настојување да ги обезбедат целите од заеднички интерес - за Македонците зачленување на земјава во НАТО и зачувување на уставното име, за Турците - поширока поддршка.
Заедничкиот настап е во областа на човековите права, зашто, како што вели Мето Колоски, првиот човек на Обединетата македонска дијаспора, проблемот ни е ист - во Грција не се признаени ниту македонското, ниту турското малцинство.
Соработката со турската заедница во САД е почната уште во 2004 година, кога новоформираната Обединета македонска дијаспора ги направила првите контакти со претставници на Собранието на турско-американската асоцијација во САД, кое е обединувачко тело на Турците во Америка. Конкретната соработка потоа продолжува со Турската коалиција во САД, организација што лобира за зачленување на Македонија во НАТО и за зачувување на името, со чија финансиска поддршка беше остварена и посетата на петнаесетина американски конгресмени на Македонија.
- Тие ни ги отвораат вратите кај некои конгресмени каде што не можеме едноставно да одиме и да го кажеме македонскиот став. Но и ние им помагаме да остварат средби со конгресмени, кои не се наклонети на турската заедница, а со кои ние веќе сме оствариле соработка - вели Колоски.
На македонско-турската соработка во САД очигледно и парира грчко-турската.
Математиката од американскиот конгрес, кој има 435 конгресмени, изгледа приближно вака: 120 конгресмени ги поддржуваат турските ставови, 148 грчките, 170 ерменските, а македонските годинава 30-40 конгресмени. Во случај на заеднички настап, ставовите на Македонија имаат поддршка од околу сто и педесет конгресмени. Тоа е поддршка што ретко се преточува во конкретни иницијативи, но која не е за занемарување.
Во 2004 година го резимира Колоски процесот на придобивање поддршка, во Конгресот имало само двајца конгресмени што го поддржувале македонскиот став.
- Минатата година стануваше збор за петнаесет конгресмени, а годинава веќе може да зборуваме за 30-40 конгресмени што застануваат зад македонскиот став и јасно го искажуваат, лобирајќи за земјава. Меѓу нив е и конгресменот Бил Паскрел, кој, пак, е во турското лоби. Во 2009 година петнаесет конгресмени предводени од него испратија писмо до американската државна секретарка Хилари Клинтон, во кое истакнаа дека Македонија е еден од најверните и доверливи партнери на САД. Тие ја повикаа американската администрација да го преразгледа придонесот на Македонија за стабилноста во Јужен Балкан и придонесот на земјава во исполнувањето на целите на американската надворешна политика во Авганистан, Косово и на Блискиот Исток - вели Коловски.
Во ова писмо, меѓу другото, се укажува на неколку важни аспекти.
„Како што знаете, Македонија прогласи независност од поранешна Југославија во 1991 година. Оттогаш Македонија поминува низ мирна транзиција од комунистичка држава во стабилна мултиетничка демократија. Земјата претрпе неочекувани тешкотии во процесот за признавање на нејзиното име од страна на еден сосед. Во врска со името на Македонија, Грција тврди дека терминот Македонија имплицира територијални претензии кон грчка територија. Владата на Грција останува на својот став и покрај неколку јавни изјави од македонската влада, вклучувајќи и амандман во македонскиот устав во кој се вели дека Република Македонија нема територијални претензија кон ниту една соседна држава“, се вели во писмото.
Првата конкретна турско-македонска активност во САД е остварена во почетокот на 2008 година (кога земјава требаше да ја добие поканата од Алијансата), кога турската дијаспора преку писмо до тогашниот американски претседател Џорџ Буш и неколку конгресмени укажува дека Македонија треба да се вклучи во НАТО. Поканата таа година изостана, поради спорот со Грција за името.
Активностите продолжуваат, а особено се активираат оваа година, во пресрет на ноемврискиот самит на НАТО, кој есенва ќе се одржува во Лисабон. Двете организации, освен во политичкиот дел, соработуваат и во други области. Им се доделуваат стипендии на Македонци што живеат во Америка за школување во Турција, се организираат редовни средби за ширење на мрежата и сл.

ГЕНЕТСКИ ВРСКИ

Многумина од првите луѓе во организациите на турската заедница во САД имаат потекло од Македонија. Првиот човек на Собранието на турско-американската асоцијација во Соединетите Американски Држави е со македонско потекло, а претседавачот на Турската коалиција, Јелчин Ајасли, по мајка е Македонец, односно има потекло од Битола.

ПРЕСМЕТКА ПРЕКУ ПЛЕЌИТЕ НА “ВУДРОУ ВИЛСОН“

За соработката на грчко-ерменската дијаспора во САД зборува фактот што таа заеднички лобира во иднина да не се доделува наградата на центарот „Вудроу Вилсон“. Причина е одлуката на центарот оваа година наградата да ја добие турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу.
- Грчко-ерменското лоби врши притисок врз оваа реномирана институција, укажувајќи дека не смее да се додели награда на турски министер, чија земја вршела геноцид врз Ерменците, односно дека тој е министер на земја што не го признава геноцидот што го извршила. Од друга страна, истата оваа награда ја има добиено и вселенскиот патријарх Вартоломеј, човекот што за време на посетата на Грција јавно велеше дека нема македонски народ и дека Македонија е грчка - вели Колоски.

###

Математиката од американскиот конгрес, кој има 435 конгресмени, изгледа приближно вака: 120 конгресмени ги поддржуваат турските ставови, 148 грчките, 170 ерменските, а македонските годинава 30-40 конгресмени. Во случај на заеднички настап, ставовите на Македонија имаат поддршка од околу сто и педесет конгресмени. Тоа е поддршка што ретко се преточува во конкретни иницијативи, но која не е за занемарување.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај

Ден на геноцида!

86 ГОДИНИ ОТ ВАРТОЛОМЕЕВИТЕ НОЩИ В БЪЛГАРИЯ
На 12 септември се навършват 86 години от вартоломеевите нощи, в Пиринска Македония и България, в които около 180 македонски революционери и публицисти загубиха живота си в акция, организирана от хората на Иван Михайлов и ръководена от него и българските власти. Нека на този ден всички сведем глави и се помолим за душите на загиналите и за да дойде краят на антимакедонската политика в България!

Важно! Важно! Важно!

Дружеството на репресираните македонци в България припомня на всички репресирани през комунистическия период заради македонските си убеждения и съзнание, както и на техните потомци, че срокът за подаване на молби за компенсации и обезщетения е удължен до края на 2011 г. Молбите се внасят в областните управи, и пак там можете да научите и какви точно документи ви са необходими. Отварянето на тези досиета е от голямо значение за македонското малцинство в България.

Поезија
БЕЗДНАТА ГИ МНОЖИ ИМИЊАТА

МАЈА АПОСТОЛОСКА е родена на 7 декември 1976 година. Дипломирала општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” – Скопје, каде моментално е магистрантка по македонски јазик и лингвистика. Уредничка е во списанието за книжевност, уметност и култура „Книжевно житие”. Авторка е на книгите: „Зајграј, веќе, мастилаво!” (поезија, 2000), „Прекин на комуникацијата” (поезија, 2004) и „Зад текстовите” (книжевни критики, есеи и студии, 2007). Заедно со Јовица Тасевски – Етернијан го има составено изборот од современата македонска поезија со библиски, религиозни и апокрифни мотиви што излезе како специјален број на списанието „Стремеж” (11/12. 2000). Врз основа на нејзината поезија во Центарот за култура „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” – Велес беше изведена претставата „Прекин на комуникацијата” (2006) во режија на Весна Димитровска. Во периодиката има објавено голем број поетски, критички и есеистички прилози. Нејзината поезија е застапена во неколку антологии и препеана е на англиски, српски и хрватски јазик.

НА ПОЧЕТОКОТ

Според протоколот, конкретниов стих требаше да седне при крајот (или вообшто да не пристигне), со тих разговор да извести дека нема сили да го зграпчи мигот конструктивен исполнет со разбирање и компромис.
Вака сместен, погледот пробивен го сече вниманието, иницира завист или зависност (не знам, бидејќи не сум во средината). Неговото присуство тука станува метафора со умисла. Тоа со ум се постигнува, но загорчен... од наука.



ПЕСНА. ИМЕНУВАЊЕ

Именувањето е долго и напорно со инспирации зајадливи.
Иако е сосема неспорно дека јас сум господарот, невидливи јазици упорно ме успоруваат.
Се поткопува довербата во центарот, бездната ги множи имињата и лити и неволни за спорот мегу мене и племињата чии јазици ме условуваат.


Македонија пее

АЈ, ДА БЕГАМЕ, МОРИ ВАСЕ

Ај, да бегаме, мори Васе,
ај, да бегаме,
ај, да бегаме в града Солуна. (2)

Там ќе најдеме, мори Васе,
там ќе најдеме,
там ќе најдеме, мома Спасија,
мома Спасија, болна легнала.

Ми повикала, мори Васе,
ми повикала,
ми повикала, до три доктора. (2)

Први й вели, мори Васе,
први й вели,
први й вели – не се лекува,
втори й вели – од мерак лежи.

Трети й вели, мори Васе,
трети й вели,
трети й вели – јас ќе ја лекувам,
јас ќе ја лекувам и ќе ја земам.

АМАНЕТ ПРАДЕДОВ

Слушнете мои поколенија
тирани земја би попленија
запрете еднаш извикнете не
доста е веќе доста од се (2)

Рефрен:
Овa е наша земја Македонска
ова е наша грутка прадедовска
овде со крстот сме ставале
овде за живот живот даваме (2)
за Македонија живот даваме

Се што е наше да прославиме
и клетва врс крстот да си ставиме
станете браќа да се заколнеме
аманет прадедов да исполнеме. (2)


Сатира

ОДА ЗА МАЩЕХА БЪЛГАРИЯ

Вест антените обходи
и възторзите отключи,
че в страна на октоподи
всичко може да се случи.

Всичко – значи и престъпно,
всичко – значи и безбожно,
но за бедни – недостъпно,
и за гладни – невъзможно.

Всичко – значи за едните
да са винаги трохите,
а препълнените чаши –
за гърлата на търгаши!

Значи всичко нечестиво
там е сито и щастливо
и богува или бейства,
или истински злодейства.

Но над всичко и над всички
сънчогледови душички
свойта власт е извисило
тодорживковско гъмжило.

Тази напаст несломима
въжделения си има,
но от всичко най-обича
на Бай Ганьо да прилича.

То какво ли не направи
с неовърховистка гадост,
та нелепост да прибави
към предишната си радост.

Тази напаст още жали,
че при тройната подялба
мироносците й дали
утешителна печалба.

Тази напаст от върхушки
и абдалски философи
от барутните вихрушки
припечели катастрофи.

А сърцето й ридало
по мечта неизпълнима:
Македония изцяло
под камшика си да има!

Ама на – не се получи,
при това – и там, където
всичко може да се случи
или става под небето.

И разкъсвана от мъка,
че не стана пазарлъка,
тя опита с тъмни сили
мерзостта си да подсили.

Та се юрна страховито
вечен порив да оспори
с тези ужаси, които
Адолф щеше да повтори.

И почти до изнемога
тя нагоре се катери
и сред вълчата бърлога
пръв съюзник си намери.

И пред брата си тевтонски,
мерзостта ще си прослави,
че от Юди Македонски
може българи да прави.

На гигантските злодеи
с раболепие изпрати
депортирани евреи
за перилни препарати.

След трагични преметушки
на партийните върхушки
вероломничи епоха
на позорна суматоха.

И безкрайно ни е ясно –
че отляво и отдясно
македонските злодеи
се превръщат в корифеи.

Всеки факт се преоблече,
за да вика тъпотата: -
„Окупаторът е вече
синоним на свободата!

Македонецът тъгува,
но беда ли е голяма? –
Там, където съществува,
по-добре е да го няма.

Бих могла да се похваля,
че съм истински щастлива,
ако етносът се каля
и душата си убива.”

Всяка грачеща гугутка
с бесен пристъп на омраза
като дърта проститутка
нищетата си доказа.

И навред ще я прочуе
подсъдимата скамейка,
че по истината плюе,
за да стане европейка!

Ах, не всеки ще посмее
от сърце да се посмее,
ако – за беда голяма –
подла мащеха си няма!

Александър Македонски





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting