Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Добрососетство

ПРВАНОВ ЈА ПОСЕТИ МАКЕДОНИЈА

(Преземено од МИМ)

Македонија и Бугарија споделуваат заедничка визија за иднината, во која сите земји од регионот ќе бидат интегрирани во европските и евроатлантските структури, како најважен предуслов за трајна стабилност, демократски и економски просперитет за целиот регион, оценија македонскиот и бугарскиот претседател Ѓорге Иванов и Георги Прванов на 23 август во Охрид.
Средбата на претседателите на Македонија и на Бугарија, како што е наведено во заедничкото соопштение на Иванов и Прванов, е продолжение на активниот политички дијалог на највисоко ниво и потврдување на добрите односи меѓу двете земји.
На средбата, беше подвлечена важноста на меѓусебната соработка и поддршката на Бугарија за интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, врз основа на целосното исполнување на неопходните критериуми и услови за тоа.
Одбележана беше неопходноста од активирање на заедничка работа за усогласување на општо прифатлив текст на двостраниот договор, кој што дополнително ќе ги развие и збогати принципите и насоките на односите меѓу двете земји врз основа на европските вредности.
Претседателите на Македонија и на Бугарија се согласија дека двете земји треба да ги искористат реалните потенцијали за јакнење на економските односи и дека ќе ги интензивираат заедничките настапи и соработка во проекти од взаемен интерес за градење и подобрување на патната, железничката, енергетската инфраструктура. Овие проекти двајцата претседатели ги оценуваат и како проекти од регионален и европски интерес.
На средбата беше истакната заедничката визија дека продлабочувањето на соработката во областа на културата, науката и образованието претставува дополнителен поттик за подобрување на билатералните односи.
Иванов и Прванов разменија мислења и ставови и за други актуелни регионални и меѓународни прашања.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај

Ден на геноцида!

86 ГОДИНИ ОТ ВАРТОЛОМЕЕВИТЕ НОЩИ В БЪЛГАРИЯ
На 12 септември се навършват 86 години от вартоломеевите нощи, в Пиринска Македония и България, в които около 180 македонски революционери и публицисти загубиха живота си в акция, организирана от хората на Иван Михайлов и ръководена от него и българските власти. Нека на този ден всички сведем глави и се помолим за душите на загиналите и за да дойде краят на антимакедонската политика в България!

Важно! Важно! Важно!

Дружеството на репресираните македонци в България припомня на всички репресирани през комунистическия период заради македонските си убеждения и съзнание, както и на техните потомци, че срокът за подаване на молби за компенсации и обезщетения е удължен до края на 2011 г. Молбите се внасят в областните управи, и пак там можете да научите и какви точно документи ви са необходими. Отварянето на тези досиета е от голямо значение за македонското малцинство в България.

Поезија
БЕЗДНАТА ГИ МНОЖИ ИМИЊАТА

МАЈА АПОСТОЛОСКА е родена на 7 декември 1976 година. Дипломирала општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” – Скопје, каде моментално е магистрантка по македонски јазик и лингвистика. Уредничка е во списанието за книжевност, уметност и култура „Книжевно житие”. Авторка е на книгите: „Зајграј, веќе, мастилаво!” (поезија, 2000), „Прекин на комуникацијата” (поезија, 2004) и „Зад текстовите” (книжевни критики, есеи и студии, 2007). Заедно со Јовица Тасевски – Етернијан го има составено изборот од современата македонска поезија со библиски, религиозни и апокрифни мотиви што излезе како специјален број на списанието „Стремеж” (11/12. 2000). Врз основа на нејзината поезија во Центарот за култура „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” – Велес беше изведена претставата „Прекин на комуникацијата” (2006) во режија на Весна Димитровска. Во периодиката има објавено голем број поетски, критички и есеистички прилози. Нејзината поезија е застапена во неколку антологии и препеана е на англиски, српски и хрватски јазик.

НА ПОЧЕТОКОТ

Според протоколот, конкретниов стих требаше да седне при крајот (или вообшто да не пристигне), со тих разговор да извести дека нема сили да го зграпчи мигот конструктивен исполнет со разбирање и компромис.
Вака сместен, погледот пробивен го сече вниманието, иницира завист или зависност (не знам, бидејќи не сум во средината). Неговото присуство тука станува метафора со умисла. Тоа со ум се постигнува, но загорчен... од наука.



ПЕСНА. ИМЕНУВАЊЕ

Именувањето е долго и напорно со инспирации зајадливи.
Иако е сосема неспорно дека јас сум господарот, невидливи јазици упорно ме успоруваат.
Се поткопува довербата во центарот, бездната ги множи имињата и лити и неволни за спорот мегу мене и племињата чии јазици ме условуваат.


Македонија пее

АЈ, ДА БЕГАМЕ, МОРИ ВАСЕ

Ај, да бегаме, мори Васе,
ај, да бегаме,
ај, да бегаме в града Солуна. (2)

Там ќе најдеме, мори Васе,
там ќе најдеме,
там ќе најдеме, мома Спасија,
мома Спасија, болна легнала.

Ми повикала, мори Васе,
ми повикала,
ми повикала, до три доктора. (2)

Први й вели, мори Васе,
први й вели,
први й вели – не се лекува,
втори й вели – од мерак лежи.

Трети й вели, мори Васе,
трети й вели,
трети й вели – јас ќе ја лекувам,
јас ќе ја лекувам и ќе ја земам.

АМАНЕТ ПРАДЕДОВ

Слушнете мои поколенија
тирани земја би попленија
запрете еднаш извикнете не
доста е веќе доста од се (2)

Рефрен:
Овa е наша земја Македонска
ова е наша грутка прадедовска
овде со крстот сме ставале
овде за живот живот даваме (2)
за Македонија живот даваме

Се што е наше да прославиме
и клетва врс крстот да си ставиме
станете браќа да се заколнеме
аманет прадедов да исполнеме. (2)


Сатира

ОДА ЗА МАЩЕХА БЪЛГАРИЯ

Вест антените обходи
и възторзите отключи,
че в страна на октоподи
всичко може да се случи.

Всичко – значи и престъпно,
всичко – значи и безбожно,
но за бедни – недостъпно,
и за гладни – невъзможно.

Всичко – значи за едните
да са винаги трохите,
а препълнените чаши –
за гърлата на търгаши!

Значи всичко нечестиво
там е сито и щастливо
и богува или бейства,
или истински злодейства.

Но над всичко и над всички
сънчогледови душички
свойта власт е извисило
тодорживковско гъмжило.

Тази напаст несломима
въжделения си има,
но от всичко най-обича
на Бай Ганьо да прилича.

То какво ли не направи
с неовърховистка гадост,
та нелепост да прибави
към предишната си радост.

Тази напаст още жали,
че при тройната подялба
мироносците й дали
утешителна печалба.

Тази напаст от върхушки
и абдалски философи
от барутните вихрушки
припечели катастрофи.

А сърцето й ридало
по мечта неизпълнима:
Македония изцяло
под камшика си да има!

Ама на – не се получи,
при това – и там, където
всичко може да се случи
или става под небето.

И разкъсвана от мъка,
че не стана пазарлъка,
тя опита с тъмни сили
мерзостта си да подсили.

Та се юрна страховито
вечен порив да оспори
с тези ужаси, които
Адолф щеше да повтори.

И почти до изнемога
тя нагоре се катери
и сред вълчата бърлога
пръв съюзник си намери.

И пред брата си тевтонски,
мерзостта ще си прослави,
че от Юди Македонски
може българи да прави.

На гигантските злодеи
с раболепие изпрати
депортирани евреи
за перилни препарати.

След трагични преметушки
на партийните върхушки
вероломничи епоха
на позорна суматоха.

И безкрайно ни е ясно –
че отляво и отдясно
македонските злодеи
се превръщат в корифеи.

Всеки факт се преоблече,
за да вика тъпотата: -
„Окупаторът е вече
синоним на свободата!

Македонецът тъгува,
но беда ли е голяма? –
Там, където съществува,
по-добре е да го няма.

Бих могла да се похваля,
че съм истински щастлива,
ако етносът се каля
и душата си убива.”

Всяка грачеща гугутка
с бесен пристъп на омраза
като дърта проститутка
нищетата си доказа.

И навред ще я прочуе
подсъдимата скамейка,
че по истината плюе,
за да стане европейка!

Ах, не всеки ще посмее
от сърце да се посмее,
ако – за беда голяма –
подла мащеха си няма!

Александър Македонски





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting