Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Жива историја

СВЕДОШТВА НА ПРОТЕРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈОТ

(Продолжува од минатиот број)

Водевме битки на Каракамен, Негуш, Воден... Како одевме, така паѓавме во заседи, но дојдовме до Кардица... По долги перипетии нашата единица мораше да се повлече. Бев во единицата на тешки митралезии.
Поповски раскажува за тоа како по повлекувањето останале само двајца и тие се упатиле во партизанската област Вргана. На патот до таа област им се придружиле уште тројца партизани. Во оваа област Поповски нашол соборци од своето село. “Гледам - се потсетува нашиот соговорник - деца зборуваат македонски и ми дојде душата. Имаше борци од Русилово и од Острово. Се сместив во таа единица додека се снајдам. Со штитот од италијанските пушки ги продупчив свинските кожи, кои цело време ги носев на нозете, и направив опинци”.
Ѓорѓи Ѓорѓиев е роден во Ранци, село распослано во подножјето на Каракамен. И тоа ја доживеало истата судбина како и други села во Беломорјето - опустошени, разнебитени, без своите жители Македонци, кои биле прогонети за време на Граѓанската војна во 1948 г. само затоа што биле Македонци.
Тој се сеќава на тешките доживувања како дете.
- Втората светска војна зад себе остави пустош. Но, и Граѓанската војна во Грција. Имав само седум години кога заминав заедно со други селани. Се сокривме во една пештера на пет-шест километри над Ранци. Дури вечерта, на полноќ, ме пронајдоа постарите браќа Љубен и Вангел. Патот потоа не одведе во едно грчко село, мислам дека се викаше Инеливо, чии жители беа поврзани со Грчката комунистичка партија. Се сместивме во домот на газда Тодор, од каде заминавме по два дена. Станува збор за 1944 година, кога се уште можевме да влеземе на територијата на НРМ. Преку Меџитлија пристигнавме во Битола, каде окупатори беа Бугарите. За среќа, токму кога се повлекуваа им се придруживме како “слепи патници”. Дојдовме во селото Неохор, кај Серез. Како што се повлекуваа Бугарите (по капитулацијата на фашистичка Бугарија) и од Грција, така и ние се упативме кон Северна Бугарија, кон Плевен, а оттаму, на 9 мај, кога капитулира и фашистичка Германија, се обидовме да се вратиме во Македонија.

“ЕГЕЈЦИТЕ” ДА СЕ ПРЕСЕЛАТ ВО ВОЈВОДИНА

-Се вративме во Плевен, а потоа продолживме кон Симитли, Кулата, Струмица, од каде тогашната власт не префрли во Прилеп. Бидејќи бевме повеќемина не сместија во куќите по селата. Јас бев во Горно Село, од каде по неколку дена заминавме во селото Алинци. Тука дури добивме и земја за обработување. Уште во Горно Село завршив прво одделение, а второ одделение учев во Алинци. Многу сакав да учам. По извесно време се населивме во Прилеп каде го продолжив школувањето и завршив трето одделение, се потсетува Ѓорѓиев.
-Се изненадивме - потенцира тој - кога ни беше кажано дека по наредба на тогашната власт во НРМ “Егејците” морало да бидат преселени во Војводина. Моравме да заминеме. Таму, во селото Гаково, во близина на Сомбор, го продолжив школувањето. Децата кои беа без родители ги прифатија во детскиот дом. Од Гаково, нас 250 сирачиња не испратија во детскиот дом во Загреб. Вечерта кога пристигнавме на железничката станица во Загреб не прифатија луѓето од Црвениот крст, се дискутираше дали да останеме во Загреб или не. По долги преговори моравме да го продолжиме патот кон островот Света Катарина кај Ровињ, каде не сместија во истоимениот манастир.

ШКОЛО НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Таму останавме извесно време, а потоа беше наредено да се фузираат двата детски дома: нашиот, во кој беа сместени исклучително Македончиња, и детскиот дом во Црквеница, каде имаше околу 750 Македончиња и Грчиња. Утредента, околу четири часот наутро, со брод не пренесоа до Црквеница. Се сместивме по осум деца во соба и тука останавме до 19.9.1949 година. За нас се грижеа калуѓерките. Но, нам в очи ни беа учителите. Тие беа Македонци по род, доселени од Булкес, од Егејскиот дел на Македонија, кои Грците ги обучиле и тие не учеа на грчки јазик! Јас не се согласив да учам на грчки и не присуствував на наставата. Се обидуваа, но не можеа да ме вразумат и кренаа раце од мене. Тогаш бев командир на 12. чета, а заменик ми беше Ѓорѓи Димовски. Дури и на приредбите не прифаќавме да пееме грчки, туку само македонски песни. Ние баравме наставата да се изведува на македонски јазик. Управникот ни го прифати барањето и веднаш од Македонија ни испратија тројца професори (колку што се сеќавам: Ристо и Перо од Битола и уште еден од Струмица, кому не му го паметам името).
Така, правдата конечно беше задоволена.
Овој соговорник чува и еден интересен документ, со печат на Црвениот крст на Хрватска, во Домот за грчки деца, Цриквеница, со кој се докажува дека таму се изведувала настава на македонски јазик, во 1949 година.

СЕ ПРЕПОЗНАА СО ДЕЦАТА ОД ПОЛСКИ ДОМОВИ

Ѓорѓиев вели дека еден настан од 1949 година никогаш нема да го заборави.
-Не посетија деца од детските домови од Полска, предводени од една учителка. Се случи нешто непредвидено: меѓу нашите и децата од Полска се пронајдоа братчиња и сестричиња и други блиски роднини.
Посетителите останаа осум дена. Само што се надмина растревоженоста и се смирија чувствата, учителката почна да ги подготвува за враќање во Полска. Но, децата не сакаа да се вратат. Сакаа да останат со своите браќа и сестри. Но, учителката беше непопустлива, инсистираше да се врати со толку деца со колку што дошла. “Зарем повторно ќе има делење на Македончињата”, ги прашувавме претпоставените. Тешко им беше да ни одговорат, но ни ветија (за да не смират) дека и ние ќе одиме кај нив во посета, во Полска. Но, подоцна се јави сомневање дека децата од Црквеница ќе ги преместуваат во Полска. Брзо се организиравме и ги известивме родителите за тоа, а тие од југословенските власти побараа да не се дозволи преместувањето. Освен тоа, родителите бараа да си ги повлечат децата. Татко ми Алексо тогаш живееше во Тетово. Тој организираше да бидат повлечени седумте деца од Ранци, кои беа во Црквеница и да ги испратат за Белград, каде не прифатија нашите родители.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај

1903 - 2010

107 години от избухването на славното македонско Илинденско востание
ИЛИНДЕНСКА

(Никола Вапцаров)

Вината не бе наша.
Вината беше чужда
и другиму тежи
стотонна отговорност.
Когато дойде ден,
когато стане нужда,
ний всичко ще разкажем
на майката история. –

Започнаха със мръсните ръце
да пипат във душите на народа.
Гневът бе толкоз много накипел,
че не съзряха вълчата порода,
муцуните под овчите им кожи,
престъпната и плитка лицемерност.
Но идат дни, когато ний ще можем
да хвърлим кал във мутрите им черни.

И бунта почна.
Нямаше защо
да вдигнеме ръце,
да изостанем.
Ала
с кръвта
на простия народ
в Илинден влехме
наше съдържание.

Какво ще кажете за тази новина,
ще търсите ли тука руски рубли? –
Във Крушево бе феодална власт
и що за скок –
градят сега република!

Те беха също като нас младежи.
Досущ каквито тук сме сбрани ние.
И биха се,
и мреха във метежи,
тъй както утре
ще умреме ние.

Не хленча аз, че буря ги обрули.
Израстват други в димните пожари.
Погледай тук – това е Питу Гули,
а ти, наверно си... Никола Карев.

И ако трябват лозунги – добре! –
ще вдигнеме плакати до луната! –
Свободна искаме,
не щем,
не щем протекторати!

Стихове

ПЪРВАТА ПЕПЕЛ

Илинденското въстание не получило никаква
политическа или военна подкрепа от България.
А е имало обещание за щедра военна помощ...


Макар че с кръв се ражда свободата
и първият й дълг е да руши,
големите въпроси към съдбата
празнуваха в човешките души.

Но има ли покруса под небето,
но има ли и ужас, и погром,
или едно страдание, което
не тръгна към възторга
плачешком?

Когато под илинденски камбани
се вдигна Македония на крак
и с мълния от черните си рани
прониза напластявания мрак. -

Не армия влетя като лавина,
а ярко озарена от пожар
по моста на илюзиите мина
измамата с усмивка на гробар.

Макар че вероломът предстоеше,
за първата му пепел кой тъжи -
в илинденските пламъци гореше
дивизия от български лъжи.

А кървавата истина над нея
крещеше с гняв на огнено море: -
Не чакайте добро от фарисея
и никога не вярвайте в царе!

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ


Македонија пее

ГОРДА МАКЕДОНКА

Вистина е мила мамо, вистина,
среќна сум мамо Македонка,
со душа и срце распеана,
на ден Илинден родена,
гоцева лична убавица.

Рефрен:

Да пеам, да играм, да горам, да бликам,
се` ќе сторам мајко да те имам,
во тага и солзи во радост и среќа.

Дали сум пиринка, егејка, вардарка,
јас сум, јас сум Македонка.

Вистина е мила мамо, вистина,
горда сум мамо Македонка
ко Пиринско цвеќе расцутена
со Егејско сонце огреана
од Вардарска вода полеана.

Дали сум, пиринка, егејка, вардарка,
Јас сум, јас сум Македонка.

СЛУШАЈТЕ МАКЕДОНЦИ

Оган да го гори
на тој што ќе ми збори,
да те оставам Македонијо,
да те заборавам Македонијо,
еее-еееј жива да си Македонијо.

Слушајте Македонци:
чувајте го името
македонско, наше име
не давајте да загине.
Македонијо, (2)
еее-еееј жива да си
Македонијо. (2)

Каде да сум таков сум
не се давам никому
да ме крсти, прекрстува
нека тепа отепува,
Македонијо (2)
еее- еееј жива да си Македонијо.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting