Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Интервју со академик Цветан Грозданов

СКРОМНА ПОЧИТ КОН ДЕЛОТО НА СВ. НАУМ

(Преземено од МИМ)

Академик Грозданов, оваа година му е посветена на св. Наум, поточно на 1.100- годишнината од неговото успокојување. Дали како држава сме подготвени достоинствено да му се оддолжиме?
Почнавте со тешко прашање, бидејќи можам само да кажам во кои институции се подготвуваат академии или свечени собири по повод ова одбележување.
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во почетокот на септември ќе организира научен собир посветен на сите аспекти на дејствувањето на св. Наум, а потоа веќе на 1 октомври МПЦ, поточно Дебарско-кичевската епархија во Охрид, ќе биде домаќин на меѓународен научен собир на кој свои трудови пријавија истакнати проучувачи од нашата земја и од соседството.
Со жалење можам да кажам дека Македонската академија на науките и уметностите минува низ тешка финансиска криза и две наши одделенија, пред се’, за литература и јазик и за општествени науки, не беа во состојба соодветно да пријдат кон ова значајно одбележување. Да потсетам дека собирот беше планиран лани, меѓутоа излезе дека МАНУ не може да ги покрие ниту трошоците за ноќевање и бензин. Затоа направивме една свечена седница во Охрид, првпат официјално влеговме во Куќата на Уранија и таму за делото на св. Наум зборувавме акад. Илиевски и јас, се разбира, секој во својот домен. Тоа беше многу скромно, но во тоа имаше внатрешен порив и во вакви услови да му се оддолжиме на светителот за темелите на нашата култура, јазикот и идентитетот.

Во сите држави кога годината му се посветува на некој великан, како што беше онаа на Моцарт, на пример, таа поминува во негов знак и за таа цел се изготвува пригодна марка или најразлични други обележја. Кај нас изостана сето тоа. Зошто?
Да, за подготовка на обележја, на визуелен и ликовен план, не е ништо сторено и факт е дека немаме ниту еден портрет, скулптура или споменик во градот на неговата дејност. Слушнавме дека нешто се споменува во Охрид, дека ќе се подигне споменик на св. Наум, но се’ уште ни местото не е прецизирано – не се знае дали ќе биде на плоштадот или на потегот меѓу Љубаништа и манастирот „Св. Наум“.

Можно ли е во време кога без никаков критериум се подигаат споменици на секој чекор и се форсира проектот „Скопје 2014“, за одбележување на толку значаен јубилеј на св. Наум, наводно, да се нема пари?
Тоа прашање и самиот себеси си го поставувам. Знам дека е формиран некаков одбор кај претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, но без финансиско покритие.

Зарем ова не е бегање од сопствените корени?
За мене е факт дека св. Наум е втемелувач на монаштвото на Охридската архиепископија и продолжувач на делото на светите Кирил и Методиј во зачувување на словенската писменост, култура и литература. Се разбира, заедно со св. Климент и тоа го знае целата светска наука. За жал, освен ревитализацијата на Плаошник, не ми е познат некој искажан интерес во поглед на инвестиции кон средновековна Македонија, поточно кон нејзиниот христијански период од 9 до 15 век.

Голем дел од Вашиот научен ангажман му го посветивте на св. Наум. Што е она најзначајното во неговото дело и мисија за македонскиот народ?
Во едно драматично време, по смртта на св. Кирил и Методиј и прогонот на нивните ученици во Средна Европа и покрај номиналната поддршка на тогашниот папа Хадријан II, на самите темели на словенското писмо изградено врз основи на дијалекти од јужна Македонија, им се закануваше уништување. Неговите ученици беа прогласени за еретици по принципот дека Библијата може да се проповеда и чита само на три јазици – грчки, латински и хебрејски. Нивната благородна замисла беше спасена на брегот на Охридското Езеро.
Бидејќи средновековниот свет се именуваше само како варвари и божански луѓе, словенската популација беше третирана како варварска се’ до доаѓањето на Климент и Наум. Од Охрид поаѓаат никулците кои потоа се ширеа низ сите словенски земји. Благодарение на нормираниот книжевен јазик, кој сега се нарекува старомакедонски, сите придобивки на светската култура и цивилизација му станаа достапни на нашиот народ и на сите други. Уште во 11 и 12 век имаме зачувани преводи и коментари на наш јазик од светското културно наследство. Во Охридската архиепископија, во сите неволји и амплитуди што ги доживеа во овие илјада години, се употребувал и нашиот јазик во богослужба и кореспонденција. На тој јазик се испишани натписите во голем број наши храмови - фрески, икони, илуминации, а подоцна и графики.
Своевидно сведоштво за големината и значењето на св. Наум е и фактот дека во Москополе, кое било културна престолнина на Балканот, во печатницата која го носела неговото име биле печатени ракописите на житијата на сите светии кои се слават во Охридската архиепископија.
Да, самиот факт што Москополе, град со над 50 илјади жители, на 30 километри западно од Охридското Езеро, во 18 век имал своја печатница „Св. Наум“ и свој лицеј говори многу. Така било се’ до пустошењата на Али-паша Јанински - во Москополе се негувал највисок култ кон св. Наум, особено кај влашкото население. Печатницата успеала да ги собере ракописите на охридските архиепископи и на учените луѓе на Охридската школа и да ги објави во посебни книги со амблем на св. Наум, што потврдува колку бил значаен. Секако, тука е и огромната улога на св. Климент со кого го правел пробивот во сите балкански краеви, а особено во Средна Европа.
Ликот на св. Наум е овековечен во голем број храмови, но кога и каде првпат се јавуваат неговите портрети?
Многу долго сум ги барал првите зачувани портрети на св. Наум, но тие сигурно се исчезнати при уривањата на овој храм. Затоа, пак, имаме драгоцени сведоштва на фреските во Охрид на кои неговиот лик редовно е присутен, почнувајќи од 14 век. Би сакал да го истакнам фактот дека во охридскиот живопис се формира посебна тематска целост на фигури на охридските поглавари и мисионери, како и на личности поврзани со мисиите на Климент и Наум. Бидејќи св. Климент му ја посветил својата црква на Плаошник на св. Пантелејмон, Климент е насликан заедно со овој свет лекар. Потоа со нив се сликаат архиепископите Константин Кавасила, Теофилакт, Никола, а веќе во 12 век, во Курбиново се појавуваат ликовите на Кирил и Методиј, заедно. Како проучувачи, кога ќе откриеме лик на овие светци, ние знаеме дека станува збор за зографи кои се или од Охрид или таму минале една животна фаза.

Споменавте дека во црквите биле насликани поглаварите на Охридската архиепископија. Зарем тоа не е потврда дека Архиепископијата, пред се’, му припаѓала на македонскиот народ?
Да, на целиот македонски народ, но и на сите кои потпаѓале под јурисдикција на Охридската архиепископија во рамките на нејзината дијацеза, која во различни времиња се ширела до Сицилија, Далмација, а на исток до Дунав и Црно Море.

Дали и на друго место се забележани групирањата на светци како во кругот на Охридската архиепископија?
Има, но не во толкав голем број и така хомогено транспонирани. Големо изненадување за нас претставуваше откритието на една група охридски светци на Света Гора и тоа во административното седиште Протатон. Таму, јас и моите колеги констатиравме дека нарачател е еден монах, кој долги години престојувал во Охрид. Портретите беа скоро идентификувани и тие се’ уште предизвикуваат интерес меѓу професионалните проучувачи на Света Гора и на Балканот.

Кој од зографите најмногу го сликал св. Наум?
Најнапред, Михаил и Евтихиј уште во 13 век, а во време на нашата преродба, Дичо Зограф и неговиот син Аврам од Тресонче, како претставници на Мијачката школа. Во Средна Европа, централна личност бил Христофор Џефар (Џефарович) за кого се откриени документи дека потекнува од Дојран и својата дејност, главно, ја реализирал во Виена.
Џефарович е многустран автор, голем гравер во техника на бакрорезот, автор на светски познатата Стематографија издадена во 1741 година во Виена во соработка со Германецот Томас Месмер, чија граверска работилница ја користел. Беше долго време енигма дали Џефар престојувал во Охрид и во Москополе. Неспорно е дека нарачките што ги добивал во Виена оделе преку манастирот св. Наум, а донатори биле истакнати трговци кои работеле на почвата на Австрија и на Унгарија. Во светот е знаменита неговата гравира-бакрорез - 14 епизоди од Наумовиот живот, за чија изведба се користени објавени книги од Москополе, како и епизоди создадени во етнологијата на нашиот народ. Нејзин нарачател е токму манастирот „Св. Наум“, кој барал овие бакрорези да се направат во повеќе илјади примероци.

За името на св. Наум се врзува и исцелителската моќ на душевно болните. Дали и тие сцени се забележани во нашите храмови?
Секако, многу рано се појавуваат сцени во кои се гледа како св. Наум ги исцелува душевно болните. Познато е дека и денес постои посебен параклис во рамките на манастирската црква каде што биле „хоспитализирани“ нервно заболените. Заболените кои не нашле лек на друг начин им се сугерира ноќта да ја поминат покрај гробот на св. Наум. И ден-денес во црквата „Св. Наум“ се молат за здравје и исцелување од болести и претставници на муслиманската конфесија - Турци, Албанци, Роми и Помаци, бидејќи ценат дека во тешка неволја може да помогне само св. Наум.

Манастирската црква „Св. Наум“ и неговиот гроб во Охрид перманентно траат 1.100 години и се меѓу ретките кои успеале да им одолеат на вековните искушенија. Како?
Треба да му благодариме на фактот што овој храм не е во урбано средиште, туку е осамен и свртен кон Господа на патот меѓу Охрид, Корча, Берат и Драч на брегот на Јадранско Море.
Постојат ли нови научни сознанија што ќе се презентираат годинава?
Од мојата професија, драго ми е што можам да ја споменам идентификацијата на досега непознати портрети на св. Наум во Лерин, Костур, Корча, Берат, Воден и кај нас во Пелагонија, кои ќе бидат презентирани на научниот собир што го организира МПЦ. Во доменот на дејноста на св. Наум во јазикот и литературата, најмногу се дискутира за авторското дело на св. Наум – Канонот што му го посветил на апостол Андреј, со акростих во кој е откриено неговото име. Значајни се и проучувањата на колегите од Унгарија и од Нови Сад за Светинаумовите цркви и ликовни претстави на територијата на поранешната Австроунгарска монархија, порачувани од наши иселеници, пред се’, околу брегот на Охридското Езеро.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
ГОДИШЕН ДОКЛАД ЗА ПОЛОЖЕНИЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО В БЪЛГАРИЯ
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
БИТКАТА ТРЕБА ДА ЈА БИЈАТ ПОЛИТИЧАРИТЕ
Читај
„ЗА ОФИЦИАЛНИЯ ЕЗИК НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЯ“
Читај

1903 - 2010

107 години от избухването на славното македонско Илинденско востание
ИЛИНДЕНСКА

(Никола Вапцаров)

Вината не бе наша.
Вината беше чужда
и другиму тежи
стотонна отговорност.
Когато дойде ден,
когато стане нужда,
ний всичко ще разкажем
на майката история. –

Започнаха със мръсните ръце
да пипат във душите на народа.
Гневът бе толкоз много накипел,
че не съзряха вълчата порода,
муцуните под овчите им кожи,
престъпната и плитка лицемерност.
Но идат дни, когато ний ще можем
да хвърлим кал във мутрите им черни.

И бунта почна.
Нямаше защо
да вдигнеме ръце,
да изостанем.
Ала
с кръвта
на простия народ
в Илинден влехме
наше съдържание.

Какво ще кажете за тази новина,
ще търсите ли тука руски рубли? –
Във Крушево бе феодална власт
и що за скок –
градят сега република!

Те беха също като нас младежи.
Досущ каквито тук сме сбрани ние.
И биха се,
и мреха във метежи,
тъй както утре
ще умреме ние.

Не хленча аз, че буря ги обрули.
Израстват други в димните пожари.
Погледай тук – това е Питу Гули,
а ти, наверно си... Никола Карев.

И ако трябват лозунги – добре! –
ще вдигнеме плакати до луната! –
Свободна искаме,
не щем,
не щем протекторати!

Стихове

ПЪРВАТА ПЕПЕЛ

Илинденското въстание не получило никаква
политическа или военна подкрепа от България.
А е имало обещание за щедра военна помощ...


Макар че с кръв се ражда свободата
и първият й дълг е да руши,
големите въпроси към съдбата
празнуваха в човешките души.

Но има ли покруса под небето,
но има ли и ужас, и погром,
или едно страдание, което
не тръгна към възторга
плачешком?

Когато под илинденски камбани
се вдигна Македония на крак
и с мълния от черните си рани
прониза напластявания мрак. -

Не армия влетя като лавина,
а ярко озарена от пожар
по моста на илюзиите мина
измамата с усмивка на гробар.

Макар че вероломът предстоеше,
за първата му пепел кой тъжи -
в илинденските пламъци гореше
дивизия от български лъжи.

А кървавата истина над нея
крещеше с гняв на огнено море: -
Не чакайте добро от фарисея
и никога не вярвайте в царе!

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ


Македонија пее

ГОРДА МАКЕДОНКА

Вистина е мила мамо, вистина,
среќна сум мамо Македонка,
со душа и срце распеана,
на ден Илинден родена,
гоцева лична убавица.

Рефрен:

Да пеам, да играм, да горам, да бликам,
се` ќе сторам мајко да те имам,
во тага и солзи во радост и среќа.

Дали сум пиринка, егејка, вардарка,
јас сум, јас сум Македонка.

Вистина е мила мамо, вистина,
горда сум мамо Македонка
ко Пиринско цвеќе расцутена
со Егејско сонце огреана
од Вардарска вода полеана.

Дали сум, пиринка, егејка, вардарка,
Јас сум, јас сум Македонка.

СЛУШАЈТЕ МАКЕДОНЦИ

Оган да го гори
на тој што ќе ми збори,
да те оставам Македонијо,
да те заборавам Македонијо,
еее-еееј жива да си Македонијо.

Слушајте Македонци:
чувајте го името
македонско, наше име
не давајте да загине.
Македонијо, (2)
еее-еееј жива да си
Македонијо. (2)

Каде да сум таков сум
не се давам никому
да ме крсти, прекрстува
нека тепа отепува,
Македонијо (2)
еее- еееј жива да си Македонијо.




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting