Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Позиција

ОТРЕЗНУВАЊЕ ИЛИ НОВА ФАРСА?

Стефан Влахов-Мицов

Прличевата поема „Сердарот“ е идеен, уметнички, етички и естетски експеримент, кој и денес - еден и пол век по неговото создавање - не ја загубил својата вредност. Има автори што имаат потреба од многу патувања во светот за да напишат епски творби. Други успеваат иако не излегле од родното место. Некои создаваат епски творби врз основа на големи историски настани. На пример, Толстој во „Војна и мир“ или Хомер во „Илијада“. Други, како Прличев, успеваат на едно локално сиже да му придадат епска длабочина. Тоа означува дека не е потребно да користиш епска визуализација за да ја откриеш и пресоздадеш целината зашто целината е сегде - и во единичноста и во регионалноста. Доволно е да имаш сетила да ја почувствуваш и дарба да ја покажеш на читателите.
Макар и 30-годишен кога ја пишува својата прва поема, Прличев ја знаел или најмалку ја чувствувал таа вистина, денес потврдена од физиката и астрономијата. Поетот е посебно чувствителен во однос на родното место и личното достоинство. Токму овие два знака ја одредуваат неговата животна и творечка судбина. Трет елемент, кој е важен за него, е јазикот. Може поради тоа што лесно ги учи странските јазици (уште четиригодишен ја учи грчката азбука) и станува полиглот што владеел девет јазици. Но, изненадувачко е што откажувал да го научи странскиот јазик или да зборува на истиот доколку го знаел, затоа што престанал да го почитува. До крајот на својот живот Прличев останува верен на „татковината“ и со неа ги поврзува сите земјини вредности. Затоа, својата творечка мисија ја гледал во тоа за „татковината“ да најде соодветна литературна и јазична средина, во која ќе се чувствува достоинствено. Пред да ја напише поемата „О Арматолос“ („Сердарот“), освен родното место, Прличев ги запознавал и македонските соседи. Една година бил учител во Тирана (Албанија), а во 1849 година накратко бил во Атина. До своето повторно враќање во грчкиот главен град бил учител во село Белица, во Битола, во Прилеп, во родниот Охрид.
До средината на 19 век, во Охрид богослужението се вршело на локалниот македонски говор, а Евангелието се читало на охридски во превод од грчкото Евангелие. Зошто тогаш Прличев ја пишува својата поема на грчки јазик? Како што самиот тој објаснува во своите мемоари, голем впечаток му оставила свеченоста на која грчкиот крал Отон врачил „Лавров венец“ на добитникот во поетскиот конкурс во 1850 година. Но, тоа била само формална причина. Вистинската е што, според Прличев, Хомеровиот епски стил најдобро одговарал на неговите идејни и естетски пораки. Прототип на „О Арматолос“ е Македонецот Кузман Капидан, сердар на Џелаледин-беј, кој во почетокот на 19 век го управувал Охрид и околините како владар, независен од султанот. Во претставите на Прличев, личното достоинство е поврзано со независноста и слободата. Затоа, и тука и во другата поема „Скендербег“ поетот ја лансира идејата за можноста малата територија (родното место или државата) да ја победи големата империја, да стане еманципирана и независна од неа.
Прличев секогаш ја идентификува личноста со нејзиното родно место и затоа во неговите поеми личноста е носител не само на индивидуални, туку и на јавни драми, кои стануваат симболи на цели епохи од историјата. Од таа причина, поетот се огледува на Хомер и на неговиот стил. Уште нешто. Прличев не гледа на Хомер како на посебна личност. Според него, автори на „Илијада“ и на „Одисеја“ се плејада поети, затоа што делото на Хомер го сфаќа не како уметнички преседан, како генијалност на индивидуата, туку како историска тенденција. За својот експеримент, Прличев преработува 1.142 стихови на македонската народна песна за Кузман Капидан во класичен грчки епос, базирајќи се на Хомеровата поетика. Во новата верзија од 912 стихови Хомеровото влијание се балансира со народната традиција (на пример, во користените епитети). Имињата на хероите, со исклучок на Кузман, кој е претставен како Космас, се словенски. Според Новак Калибарда, за портретот на „сердарот“ поетот го користел митот за Крали Марко, а во својата автобиографија си признава дека прототип на Неда, мајката на Кузман, е неговата мајка Марија.
Но, поемата е со елинска лушпа (обвивка) . Друг изненадувачки момент е дека хероите во „О Арматолос“ се претставени како Албанци, иако се со словенски имиња. Предвидувајќи ја збунетоста и прашањата, кои ќе ги предизвика тоа, во три белешки кон поемата авторот се обидува да го објасни својот приод. Според неговите зборови, „под името Река (каде главно се одвива - з. м. Ст. Вл. -М.) се разбираат околу дваесет села на североисток од Дебар, населени со горди Албанци, кои речиси единствени ја сочувале чиста и недопрена источноправославна вера, наследена од дедовци“. Тие биле обиколени од отстапници од православието, кои го прифатиле исламот и кои Прличев ги нарекувал Турци, уточнувајќи дека станале Турци / муслимани / поради економска корист. Според третата белешка на поетот, „Сите жители на Албанија, по мисла, изглед, облека, нарави и обичаи личат јасно дека не се ништо друго освен Елини; воопшто, сите се обдарени со голема великодушност (односно гордост), остроумност и благородство. Гостопримливи се и верни како никој друг народ. За свештена клетва ја имаат туѓата сол; чесни се, крајно слободољубиви и бестрашни во битките“. Всушност, самите објаснувања што ги дава Прличев, имаат потреба од објаснување и просветлување. Клучот за компликуваниот приод на поетот се содржи во последната реченица од третата белешка: „Пожелно е зналците на албанскиот јазик да се позанимаваат со темелното филолошко прашање за родството на албанскиот со староелинскиот за да се покаже и на тој начин братството на Албанците со Елините, чијашто погибел ја оплакува Елада како древната Ниобе, лишена од своите деца“. Во времето, кога го пишува „О Арматолос“, Прличев е страстен елинофил, дури се смета за Грк. Не е случајно тоа што кога ја поминува турската граница, ја бакнува грчката земја. Во тој случај, би било логично хероите во својата поема да ги нарекува Грци, а не да прибегнува кон трансформации. Само антитезата во Прличевата поема не е народносна, туку е на верска основа. Апозицијата не е меѓу Грци-Турци, ами меѓу христијани и муслимани.
Од друга страна, односот спрема хероите како кон Албанци му дава можност на Прличев да го користи познатото од историјата албанско јунаштво. Не е случајно што неговата наредна поема е посветена на Скендербег. Во лицето на Кузман Капидан поетот ги отелотворува и македонскиот и албанскиот хероизам, а тезата за врска меѓу албанскиот и староелинскиот јазик и придава легитимност на поемата, напишана во Хомеров стил. Затоа што за Прличев било важно не само да напише епска поема, но и да ја аргументира историски и јазично. Тоа го прави успешно, макар и по цена на етничката мистификација, споредувајќи ги Македонците еднаш со Албанците, а вторпат - едните и другите со Елините. Кузман истовремено е заштитник и на народот и на православната вера. И едното и другото се белег за автентичноста на хероите. Во Прличевата градација на вредности, содржината е со приоритет врз формата, па затоа во своите творби тој често ја жртвува менувајќи ги нивните лушпи. Во 19 век, овој метод станува тенденција. Авторите ја чуваат македонската народносна јатка и ги прифаќаат сугестиите, кои се однесуваат само на политичката лушпа. Во творештвото на Прличев, лушпата во едниот случај („О Арматолос“) е албанска и грчка, потоа (во „Сердарот“) е бугарска, но главното е содржината. Лицата и, пред се, функциите на главните херои во поемата, Кузман и Неда, се одлично балансирани. Кузман е носител на дејството како физички заштитник на родното огниште против бандитите.
Неда е духовен чувар, кој морално го поткрепува односот на Кузман. Подвигот на овој херој е толку неспорен што предизвикува восхит дури кај неговите непријатели и убијци, кои жалат за него. Во поемата „Хаџи Димитар“ на бугарскиот поет Ботев има сличен мотив: „него го жалат земја и небо, ѕвер и природа и пејачи песни за него пеат“. Ботев ја пишува својата поема многу време по Прличев (дури по нејзиниот превод на „бугарски јазик“), можно е да е имало влијание. Кузман е не само „татковински“, туку многу повеќе балкански, а пред се универзален, вселенски херој. Таква е Прличевата цел, да создаде непреоден херој, кој ги надминува формалните одлики - Албанци, Турци, Грци и се трансформира во општочовечка вредносна мера. Уште поважно е што Прличев успева да ја издигне „татковината“ и јазично, а љубовта кон слободата и готовноста за жртвување на хероите - до Хомерова епопеја. Во поемата „Скендербег“ стремежот на Прличев веќе е друг - да рамнопостави еден толку познат херој како Скендер-бег со хероите на Хомер. Поемата е четири-петпати поголема од „О Арматолос“, а влијанието на Хомер уште посилно користејќи парафрази и фрагменти од „Илијада“. Оваа поема е апотеоза на Прличевиот елинизам. Разочорувањето на поетот од грцизмот го претвора во негов жесток критичар. До толкав степен што Прличев води тврдоглава полемика со британскиот елинист Голдсмит и врз неговата „Историја“ прави 17 забелешки, три од кои се за Филип Македонски, а девет за неговиот син Александар Македонски.
Целта му била да докаже дека античките Македонци не се Грци. Уривањето на грчкиот идеал е на секое ниво - и јазично, и естетско, и морално. Затоа, во 1866 година Прличев повторно ја преработува „О Арматолос“, која веќе се нарекува „Сердарот“. Поетот ја враќа македонската народна ритмика во неговата творба и ја преведува на охридски јазик, кој го нарекува бугарски. Конфликтот меѓу хероите веќе не е на верска, туку на национална основа, односно алтернативата е Албанци-Бугари. Од оваа причина отпаѓаат и трите белешки на авторот од грчката варијанта. Со отстранување на грчката лушпа на поемата, Прличев демонстрира дека грцизмот не ја заслужува добродетелта на хероите. Бидејќи Хомер е Грк, авторот е многу критичен и кон неговото творештво. „Ме разгневува повременото заспивање на Хомер“. Откако цариградското бугарско списание „Читалиште“ му порачува да ја преведе „Илијада“, поетот си ја дозволува дрскоста да ги крати стиховите на Хомер. Јазикот на Прличевиот превод е мешавина од македонско-бугарско-руска лексика, макар што и во овој случај поетот тврди дека преведува на бугарски јазик. Бугарската лушпа кај Прличев ја има истата формална смисла како грчката. Нешто повеќе. Таа е само една гола одлика, додека грчката е јазично поставена. Во тоа време, ниту бил формиран бугарскиот литературен јазик, ниту Прличев имал желба да го научи кога подоцна тој станал факт. Плусот на охридската варијанта на „Сердарот“ е дека „татковината“ и хероите на Прличев се ставени во средина и амбиент адекватни на нивниот дух. Минусот е дека се ограничува општобалканската проекција, а алтернативата е националистичка. Прличев ја оттргнува својата поема од елинизмот затоа што сфаќа дека грцизмот од 19 век не одговара на духот во „О Арматолос“. Современиот грцизам е дребен и шовинистички. Надгледувањето на грцизмот, го прави чувствителен и критичен и кон древните Елини. Анализирајќи го законодавството во Атина и Спарта, тој одбележува: „Каква ќе биде таа справедливост, правен систем, кој предвидува слобода на половата перверзија - таа историска срамота... Тоа се коси со најосновните природни закони...“ Затоа Прличев бара јазик и средина којашто одговара на духот на поемата. Смета дека го открил во „бугарското“, но резултатот е како во поговорката „од трн, па на глог“, односно од лошо полошо. Критиките кон Прличев од страна на бугарските ренесансни просветители во лицето на Нешо Бончев, Љубен Каравелов и уништувачкиот сатиричен епиграм на Христо Ботев му ги отвора слухот и очите на поетот за ограниченоста и шовинизмот и на „бугарското“.
Прличев се решава на нов потег, да ја преведе својата поема на општословенски јазик. Бидејќи таков јазик не постоел, тој се обидува да го конструира, пишувајќи и граматика за него. Тоа словенско есперанто е Прличевиот одговор на меѓуетничките и балкански национализми, но истовремено е и илустрација на неговата почит кон историјата и вистината. Затоа што, според него, „една е словенската граматика и ќе настане време кога едно општо наречие... ќе ги сврзува сите словенски племиња“, а во основата на словенските „првобитни форми“ е наречието на „многустрадалните Македонци“. Прличевиот подвиг не е само уметничко-поетски, туку и граѓански. Пример е не само како се создава големо творештво, туку и како се брани од насилствата на историската и на политичката конјунктура. Во основа на се е моќниот и бескомпромисен дух на Прличев.

(Авторот е универзитетски професор)

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај

1903 - 2010

107 години от избухването на славното македонско Илинденско востание
ИЛИНДЕНСКА

(Никола Вапцаров)

Вината не бе наша.
Вината беше чужда
и другиму тежи
стотонна отговорност.
Когато дойде ден,
когато стане нужда,
ний всичко ще разкажем
на майката история. –

Започнаха със мръсните ръце
да пипат във душите на народа.
Гневът бе толкоз много накипел,
че не съзряха вълчата порода,
муцуните под овчите им кожи,
престъпната и плитка лицемерност.
Но идат дни, когато ний ще можем
да хвърлим кал във мутрите им черни.

И бунта почна.
Нямаше защо
да вдигнеме ръце,
да изостанем.
Ала
с кръвта
на простия народ
в Илинден влехме
наше съдържание.

Какво ще кажете за тази новина,
ще търсите ли тука руски рубли? –
Във Крушево бе феодална власт
и що за скок –
градят сега република!

Те беха също като нас младежи.
Досущ каквито тук сме сбрани ние.
И биха се,
и мреха във метежи,
тъй както утре
ще умреме ние.

Не хленча аз, че буря ги обрули.
Израстват други в димните пожари.
Погледай тук – това е Питу Гули,
а ти, наверно си... Никола Карев.

И ако трябват лозунги – добре! –
ще вдигнеме плакати до луната! –
Свободна искаме,
не щем,
не щем протекторати!

Стихове

ПЪРВАТА ПЕПЕЛ

Илинденското въстание не получило никаква
политическа или военна подкрепа от България.
А е имало обещание за щедра военна помощ...


Макар че с кръв се ражда свободата
и първият й дълг е да руши,
големите въпроси към съдбата
празнуваха в човешките души.

Но има ли покруса под небето,
но има ли и ужас, и погром,
или едно страдание, което
не тръгна към възторга
плачешком?

Когато под илинденски камбани
се вдигна Македония на крак
и с мълния от черните си рани
прониза напластявания мрак. -

Не армия влетя като лавина,
а ярко озарена от пожар
по моста на илюзиите мина
измамата с усмивка на гробар.

Макар че вероломът предстоеше,
за първата му пепел кой тъжи -
в илинденските пламъци гореше
дивизия от български лъжи.

А кървавата истина над нея
крещеше с гняв на огнено море: -
Не чакайте добро от фарисея
и никога не вярвайте в царе!

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ


Македонија пее

ГОРДА МАКЕДОНКА

Вистина е мила мамо, вистина,
среќна сум мамо Македонка,
со душа и срце распеана,
на ден Илинден родена,
гоцева лична убавица.

Рефрен:

Да пеам, да играм, да горам, да бликам,
се` ќе сторам мајко да те имам,
во тага и солзи во радост и среќа.

Дали сум пиринка, егејка, вардарка,
јас сум, јас сум Македонка.

Вистина е мила мамо, вистина,
горда сум мамо Македонка
ко Пиринско цвеќе расцутена
со Егејско сонце огреана
од Вардарска вода полеана.

Дали сум, пиринка, егејка, вардарка,
Јас сум, јас сум Македонка.

СЛУШАЈТЕ МАКЕДОНЦИ

Оган да го гори
на тој што ќе ми збори,
да те оставам Македонијо,
да те заборавам Македонијо,
еее-еееј жива да си Македонијо.

Слушајте Македонци:
чувајте го името
македонско, наше име
не давајте да загине.
Македонијо, (2)
еее-еееј жива да си
Македонијо. (2)

Каде да сум таков сум
не се давам никому
да ме крсти, прекрстува
нека тепа отепува,
Македонијо (2)
еее- еееј жива да си Македонијо.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting