Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Хроника

СПОРОТ ЗА ИМЕТО ВО МЕСЕЦ ЈУЛИ

(Преземено од МИМ)

ОН да дадат препорака за договореното име

Преку Обединетите нации да се даде препорака земјите-членки да го користат договореното име меѓу Скопје и Атина, а државите да можат сами да одлучат дали ќе ја прифатат таквата препорака, или пак ќе го употребуваат нашето уставно име. Дипломатски извори брифираат дека ова е крајната отстапка за опсегот на употреба што Грција е подготвена да ја направи за да се реши долгогодишниот спор.
Според нив, таквата препорака нема да биде задолжителна за државите што нé признале под уставното име, туку самите земји ќе имаат право да решат дали нашата земја ќе ја нарекуваат со евентуалното ново име, или пак во билатералната комуникација ќе продолжат да го користат уставното име.
Познавачите на меѓународното право објаснуваат дека е точно дека државите-членки нема да имаат обврска по секоја цена да ја применат ваквата евентуална препорака што би ја донеле Обединетите нации. Сепак, според нив, опасно е Македонија да прифати вакво нешто затоа што мнозинството држави што веќе нé признале под уставното име би ја почитувале препораката и би го прифатиле новото име.
- Препораката нема да дојде од надвор, туку од нас и од Грција. Кога ние самите би го прифатиле тоа, тогаш што им преостанува на другите земји - оценува Тони Десковски, професор од Правниот факултет.
Според Игор Јанев, професор по меѓународно право од Институтот за политички науки во Белград, ваквата препорака по правило би требало да ја донесе Генералното собрание на Обединетите нации и иако таа како акт нема да биде обврзувачка, сепак, сите би ја почитувале.
- Деведесет отсто од државите-членки на Обединетите нации би ја почитувале ваквата препорака. Нивното размислување ќе биде дека доколку Македонија сама се согласила за тоа, тогаш зошто и ние да не се согласиме. Така, сите што нé викале Република Македонија ќе почнат да нé викаат Северна или Вардарска Македонија - вели Јанев.
Дали Скопје и Атина ја разгледуваат ваквата опција за опсегот на употреба, засега нема официјална потврда. Сепак, не се исклучува ова да биде дел од новиот пакет што треба да го стави на маса преговарачот Метју Нимиц.
Професорот Димитар Мирчев, кој е член на неформалниот совет за надворешна политика на претседателот Ѓорге Иванов, изрази надеж дека Нимиц ќе излезе со такви предлози што би значеле и извесно флексибилизирање на грчките ставови.
- Доколку се создаде поволна основа, која би била прифатлива за двете страни, тоа би бил голем чекор напред. Тоа би можело да ни ги отвори вратите и за преговорите со ЕУ и за влегување во НАТО - оцени Мирчев.

ГРУЕВСКИ ВО БРИСЕЛ. Белгија сака да посредува за името

Белгија на 6 јули се промовираше како можен посредник во спорот за името, заедно со медијаторот од ОН, Метју Нимиц. Белгискиот премиер во заминување, Ив Летерм, по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски, кој се наоѓа во посета на Брисел, изјави дека „Белгија како претседавач со ЕУ, во координација со Нимиц, ќе се обиде да посредува за решавање на спорот за името“.
„Во претстојните недели и месеци ќе се обидеме да реагираме како посредник во соработка со медијаторот Нимиц и се надеваме дека со искрени иницијативи и од белгиска страна ќе успееме да промовираме решение“, рече Летерм.
Белгискиот премиер порача дека неговата земја има големо искуство во решавањето на ваквите чувствителни досиеја и оти притоа ќе се однесува со почит кон двете позиции, како кон онаа на нашата земја, така и кон грчката влада.
„Длабоко сум уверен дека ќе најдеме решение, мислам дека народот го заслужува тоа и Европа го заслужува тоа“, изјави Летерм, надополнувајќи дека иднината на нашата земја е во Европа, но и оти ЕУ нема да биде целосна без Македонија.
Македонскиот премиер по средбата со Летерм изјави дека Македонија дава максимум за да се најде решение, но дека, сепак, тоа не зависи само од македонската страна.
„Сепак, ова прашање не зависи само од нас и само од Нимиц, туку можеби во голема или најголема мера зависи и од напорите што ќе ги презема во иднина грчката влада“, изјави Груевски. Според него, со тоа македонската Влада не сака да каже дека е ниту оптимист ниту песимист, туку дека сака да продолжи преку процесот на посредникот Нимиц да се бара решение кое ќе ги нормализира односите со Грција и кое ќе ја деблокира земјата. Како што порача македонскиот премиер, нашата страна сака тоа да биде решение што би било прифатливо за двете страни и особено за граѓаните на Македонија.
Пред само две недели медиумите ја пренесоа изјавата на белгискиот шеф на дипломатијата, Стивен Ванекере, дека белгиското претседателство со ЕУ има сигурни информации оти спорот за името ќе се реши за неколку недели. Ванекере тогаш изјави дека имал контакти со важни луѓе од областа на надворешните работи и дека на сите им е јасно дека дискретните преговори меѓу Македонија и Грција можат да доведат до решение на спорот.
„Но, треба да бидеме дискретни, ова е нешто што би требало да се реши во следниве седмици, нема да давам изјави кои би можеле да му наштетат на процесот, но мислам дека ќе се изнајде решение“, изјави тогаш белгискиот министер за надворешни работи.
Посетата на Груевски на Белгија, која е возвратна на онаа на Летерм на Македонија пред неколку месеци, според двајцата премиери ги потврдила одличните билатерални односи, што резултираше вчера и со заемно потпишување Договор за избегнување двојно оданочување.
Летерм и Груевски разговарале и за прашања поврзани со економската соработка, при што двајцата премиери искажале, пред се’, подготвеност за засилена економска соработка во иднина и белгиски инвестиции и во Македонија.
Летерм разговарал со Груевски и за реформскиот процес во земјава на патот кон ЕУ, при што, како што пренесува МИА, тој му честитал на Груевски и на Владата за „импресивната работа што ја направија“. За него особено импресивни биле реформите од областа на правосудството, економијата и образованието.
„Во однос на реформите во правосудството, Владата на Груевски работи многу поефикасно од многу земји во Западна Европа, а особено од белгиската влада“, изјави премиерот на Белгија.

ЖБОГАР И КЛИНТОН ЗА МАКЕДОНИЈА: Сега е вистински момент да се пронајде решение за името

Македонија, Србија, Косово и Босна и Херцеговина беа меѓу темите за кои на 14-ти јули во Вашингтон разговараа американскиот државен секретар Хилари Клинтон и словенечкиот министер за надворешни работи Самуел Жбогар.
Словенечкиот министер рече дека тој и Клинтон, која после средбата не даваше изјави за новинари, се согласиле дека сега е моментот да биде постигнат договор за решение на спорот околу името меѓу властите во Скопје и Атина.
На тој начин на Македонија би и бил упатен повик за членство во НАТО во ноември, а во декември би ги почнала пристапните преговори со Европската унија.
Пред новинарите во словенечката амбасада во Вашингтон, Жбогар рече дека со Клинтон разговарале и за заедничко дејствување после општите избори во БиХ во октомври, со цел да бидат исполнети простанатите услови на Акциониот план за нејзино членство во НАТО, како и за подготовките за уставните измени во таа земја.
Жбогар и Клинтон разговарале и за заедничките напори на САД и ЕУ кои ќе бидат потребни после соопштувањето на одлуката за легитимноста на прогласувањето независност на Косово, која треба да ја донесе Меѓународниот суд за правда.
- Од една страна, постојат очекувањата на Србија во однос на статусот на Косово, додека од друга, Косово очекува да биде признато од што е можно повеќе земји, и САД и ЕУ се тука да го покажат патот напред, истакна Жбогар.
Тој уште дополни дека со американскиот државен секретар разговарале и за арбитражниот договор меѓу Словенија и Хрватска, но не и за односите меѓу двете земји и претстојната средба на двајцата премиери посветена на Љубљанска банка.
На средбата било покренато и прашањето за нов американски амбасадор во Словенија, кое е празно веќе година и половина. Жбогар наведе дека Словенија веќе дала агреман за нов амбасадор и оти името ќе биде објавено после сослушувањето во американскиот Сенат.

ЕСИ: Членство во ЕУ, па промена на името

Промена на името откако Македонија ќе стане членка на Европската унија, е предлогот на Иницијативата за европска стабилност (ЕСИ) за ставање крај на дведеценискиот грчко-македонски спор за името и блокадата на македонската евро и евроатлантска интеграција. Предлогот на ЕСИ објавен на порталот „Еуроактив“, кој го пренесуваат и „Катимерини“ и други грчки медиуми предвидува промена на Уставот веднаш што ќе и овозможи на Атина да го поддржи стартот на преговорите годинава, но промената на името да влезе во сила и да стане ефективна на денот кога Македонија ќе се приклучи кон ЕУ. Воедно со предлогот се предвидува дека ако поради некоја причина Скопје никогаш не се приклучи кон ЕУ тогаш никогаш нема да го смени своето име.
Според претседателот на ЕСИ Гералд Кнаус, она што го прави овој предлог уште поатрактивен, а што може да помогне и за успешност на референдумот што ќе биде распишан во Македонија, е Грција да вети дека ќе се согласи северниот сосед да влезе во НАТО под привремената референца.
- Ваквиот предлог ќе им овозможи на лидерите на двете земји да прогласат победа. Грција ќе стане дел од решението во регионот, а не извор на проблеми. Македонија би можела уште еднаш да стане пионер лидер помагајќи му на останатиот дел од регионот како што го направи тоа со процесот на визната либерализација и прва која ќе ги почне пристапните преговори пред Хрватска да и се придружи на Унијата, се наведува во анализата на ЕСИ.
Сепак, ЕСИ признава дека реализацијата на овој предлог во моментов изгледа тешка и за двете страни, но ако биде прифатен ќе стави крај на една долгогодишна, според оценките на многумина, безизлезна состојба, а ќе биде и многу важен сигнал за целиот Балкан.
- Политичарите во Скопје сфаќаат дека за членство на земјата во ЕУ е неопходен компромис за името. Сосема е сигурно дека ќе биде организиран референдум, а за неговата успешност е неопходна широка поддршка. Дури и оние кои сега се подготвени да направат концесии околу името ќе се согласат на тоа само под услов да се добијат цврсти гаранции дека земјата ќе стане дел од ЕУ. Промена на името само со ветување дека ќе почнат преговорите за членство во ЕУ во овој момент изгледаат нереално, уште повеќе ако се знае дека Грција има уште 70 можности за вето на преговорите откако тие ќе почнат, смета ЕСИ.
Проблем за реализацијата на предлогот ЕСИ гледа и во ограничената доверба на европските партнери во грчките власти, како и обидите на некои членки на ЕУ за маргинализирање на процесот на проширување.
- Иако претставници на ЕУ, како и некои во Скопје веруваат дека сегашната грчка Влада на Јоргос Папандреу сака решение за прашањето за името, и интензивираните билатерални контакти, довербата во грчкиот политички естаблишмент надвор од Грција останува ограничена. Нереални се и надежите во Скопје дека ЕУ ќе изврши притисок врз Атина да ги смени позициите и покрај тоа што за повеќето европејци тие се ирационални. Грчката блокада на Македонија дури им е добродојдена на некои членки на ЕУ кои преферираат забавување на процесот на проширување, оценува ЕСИ.
Иницијативата за европска стабилност (ЕСИ) е непрофитен политички институт кој прави анализи и дава сугестии за конкретни политички проблеми со акцент на Југоисточна Европа.

Рикер: Време е да се забрза процесот за решавање на спорот за името

Време е да се забрза процесот за решавање на спорот за името и земјата да тргне напред, порача американскиот амбасадор Филип Рикер.
Вашингтон, посочи, не игра улога на посредник во грчко-македонскиот спор, а ставот на САД за спорот за името е познат - дека проблемот треба да се реши.
- Веруваме дека и Македонија и Грција се способни тоа да го направат и постои можност тоа да се постигне брзо. Како што имам кажано повеќепати досега, за тоа се потребни волја, напор, креативност и храброст, рече амбасадорот Рикер по посетата на компанијата за производство на електронски плочи „Хај тек“ во Орешани, крај Скопје.
Укажувајќи на примерот на компаниите со високи технологии и нивната способност брзо да реагираат на потребите на пазарот и да создаваат нови работни места, Рикер посочи дека тоа е суштината и на НАТО и ЕУ.
- Станува збор за безбедност, просперитет. Сега е 21 век и крајно време е да одиме напред, рече американскиот амбасадор.
Запрашан дали во Македонија постои вистинска волја да се реши проблемот со името, тој е со став дека е тоа желба на мнозинството граѓани.
- Постојано слушам од луѓето дека сакаат проблемот да биде решен, да се оди напред, земјата да стане членка на НАТО и ЕУ поради поволностите што тоа ќе им го донесе ним, на нивните семејства, на следните генерации и на земјата. Верувам дека тоа може да се случи годинава, и секако дека е тоа нешто на кое ние работиме заедно, што САД го поддржуваат и што е нашата цел за Македонија, рече амбасадорот Рикер.

Лелуш: Франција сака да ја види Македонија во ЕУ, името треба ДА го решат Скопје и Атина

Франција ја поддржува Македонија на патот на евроинтеграциите и посакува таа да си го заземе местото што и припаѓа во Европската унија. Спорот за името со Грција е прашање што треба да го решат двете суверени држави, порача на 23 јули во Скопје францускиот министер за европски прашања Пјер Лелуш на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски.
- Овде сум да ја поддржам македонската Влада да го одржи, а не да го забави ритамот на реформите и посакувам спорот што го имате со вашиот сосед да не ја закочи модернизацијата на вашата земја, рече Лелуш.
Запрашан за каква поддршка станува збор кога францускиот претседател Саркози отворено го поддржува грчкиот премиер Папандреу во спорот за името, Лелуш посочи на примерот со Словенија и Хрватска кои успеаја заеднички да го решат меѓуграничниот спор, подвлекувајќи дека и спорот за името е работа која треба да ја завршат Македонија и Грција како две суверени држави.
- Тоа не е улога ниту на Франција, ниту на кој било друг да се меша во тоа прашање на ист начин како што се спротивставивме да се мешаме во изнаоѓање решение во меѓуграничниот спор меѓу Словенија и Хрватска, рече францускиот министер.
- Знаеме дека постои спорот со вашиот грчки сосед. Но, ние сме овде затоа што Европа значи мобилизација на сите. Тоа е впрочем во ваш и во интерес на Европа. Ние Французите ве сакаме во европското семејство, ве сакаме подготвени. Топката е на ваша страна и обидете се подобро да играте од француската фудбалска репрезентација, рече Лелуш.
Вицепремиерот Васко Наумовски изјави дека средбата со Лелуш ја искористил за да го запознае со реформите кои се прават во земјата за исполнување на критериумите за членство во ЕУ и за подобрување на стандардот на македонските граѓани. Тој притоа се заблагодари за, како што рече, долгогодишната и континуирана поддршка на Македонија во процесот на евроинтеграциите, како и во реформите, особено во јавната администрација.
Министерот Пјер Лелуш попладнево се сретна и со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај

1903 - 2010

107 години от избухването на славното македонско Илинденско востание
ИЛИНДЕНСКА

(Никола Вапцаров)

Вината не бе наша.
Вината беше чужда
и другиму тежи
стотонна отговорност.
Когато дойде ден,
когато стане нужда,
ний всичко ще разкажем
на майката история. –

Започнаха със мръсните ръце
да пипат във душите на народа.
Гневът бе толкоз много накипел,
че не съзряха вълчата порода,
муцуните под овчите им кожи,
престъпната и плитка лицемерност.
Но идат дни, когато ний ще можем
да хвърлим кал във мутрите им черни.

И бунта почна.
Нямаше защо
да вдигнеме ръце,
да изостанем.
Ала
с кръвта
на простия народ
в Илинден влехме
наше съдържание.

Какво ще кажете за тази новина,
ще търсите ли тука руски рубли? –
Във Крушево бе феодална власт
и що за скок –
градят сега република!

Те беха също като нас младежи.
Досущ каквито тук сме сбрани ние.
И биха се,
и мреха във метежи,
тъй както утре
ще умреме ние.

Не хленча аз, че буря ги обрули.
Израстват други в димните пожари.
Погледай тук – това е Питу Гули,
а ти, наверно си... Никола Карев.

И ако трябват лозунги – добре! –
ще вдигнеме плакати до луната! –
Свободна искаме,
не щем,
не щем протекторати!

Стихове

ПЪРВАТА ПЕПЕЛ

Илинденското въстание не получило никаква
политическа или военна подкрепа от България.
А е имало обещание за щедра военна помощ...


Макар че с кръв се ражда свободата
и първият й дълг е да руши,
големите въпроси към съдбата
празнуваха в човешките души.

Но има ли покруса под небето,
но има ли и ужас, и погром,
или едно страдание, което
не тръгна към възторга
плачешком?

Когато под илинденски камбани
се вдигна Македония на крак
и с мълния от черните си рани
прониза напластявания мрак. -

Не армия влетя като лавина,
а ярко озарена от пожар
по моста на илюзиите мина
измамата с усмивка на гробар.

Макар че вероломът предстоеше,
за първата му пепел кой тъжи -
в илинденските пламъци гореше
дивизия от български лъжи.

А кървавата истина над нея
крещеше с гняв на огнено море: -
Не чакайте добро от фарисея
и никога не вярвайте в царе!

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ


Македонија пее

ГОРДА МАКЕДОНКА

Вистина е мила мамо, вистина,
среќна сум мамо Македонка,
со душа и срце распеана,
на ден Илинден родена,
гоцева лична убавица.

Рефрен:

Да пеам, да играм, да горам, да бликам,
се` ќе сторам мајко да те имам,
во тага и солзи во радост и среќа.

Дали сум пиринка, егејка, вардарка,
јас сум, јас сум Македонка.

Вистина е мила мамо, вистина,
горда сум мамо Македонка
ко Пиринско цвеќе расцутена
со Егејско сонце огреана
од Вардарска вода полеана.

Дали сум, пиринка, егејка, вардарка,
Јас сум, јас сум Македонка.

СЛУШАЈТЕ МАКЕДОНЦИ

Оган да го гори
на тој што ќе ми збори,
да те оставам Македонијо,
да те заборавам Македонијо,
еее-еееј жива да си Македонијо.

Слушајте Македонци:
чувајте го името
македонско, наше име
не давајте да загине.
Македонијо, (2)
еее-еееј жива да си
Македонијо. (2)

Каде да сум таков сум
не се давам никому
да ме крсти, прекрстува
нека тепа отепува,
Македонијо (2)
еее- еееј жива да си Македонијо.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting