Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Македонската емиграција активно се вклучува во политиката во Македонија

ПОЛИТИЧКИ ПОРАКИ ОД ДИАСПОРАТА

(По македонскиот печат)

Австралиско – македонскиот комитет за човекови права почна кампања со која ја повикува македонската Влада да ги прекине преговорите со Грција за името под покровителство на Обединетите нации. Во кампањата австралискиот комитет е подржан од сродната организација на Македонците во Канада.

Ѓорѓи Влахов од Австралиско – македонскиот комитет ги повика не само до иселениците, туку и сите Македонци од матичната земја. Иницијативата ќе ја упатат до македонската Влада:
„Сите жители на Република Македонија да и кажат на Владата дека дојде крај, доста беше, трошиме време и пари сосема за ништо. Ако ги земеме во предвид законите на Обединетите нации и принципот на самоопределување, време е да и се каже на Грција преку ОН и ЕУ дека нема право Грција да бара Република Македонија да си го смени името.”
Оваа иницијатива бара прекин на преговорите за името при општо познат став на Владата – дека останува фокусирана на разговорите со Грција. Тогаш каков е ефектот од оваа активност на македонските иселеници? Директорот на Агенцијата за иселеништво Васил Наумов се повика на правото секој да си го каже своето мислење:
„Вие ставот на Владата го знаете – посветена е на преговорите и кога иницијативата ќе стигне Владата ќе си заземе свој став.”
БиБиСи: Залудна работа на нашите иселеници?
„Па не би рекол дека е залудна работа, затоа што мислењето на граѓаните, независно дали се државјани на Република Македонија или се иселеници од Македонија е респектирано посебно од оваа Влада.”
Група иселеници кои го минува работниот век во европските земји ќе формира своја партија во Македонија. По 40 години работа во Минхен, Германија, пензионерот Насто Палиоски е овластен да ја формира “Третата опција за Македонија 2003”. Вели дека им е доста од политиката на тукашните политичари:
Идејата, според Палиоски, е да создадат силна Македонија со парите од иселениците.
Се разбранува македонската дијаспора откако се направија законски измени со кои им се овозможи правото на глас на иселениците. Директорот на Агенцијата за иселеништво Наумов потврдува дека измените се по барање на нашите во странство:
„Ако тие, впрочем и не беа заинтересирани, немаше да има таква иницијатива и немаше да се пристапи кон промената на Изборниот законик. Од друга страна пак, и Република Македонија има обврска на сите свои граѓани и државјани на Република Македонија да им овозможи да го остварат своето право на глас.”
Неодамна министрите за правда и за внатрешни работи Михајло Маневски и Гордана Јанкуловска соопштија дека Владата побарала дипломатските претставништва да се ангажираат околу избирачкиот список во дијаспората.

Никој во државава не знае колкав е бројот на иселеници. Неофицијално се споменува бројката од 550.000 иселеници во прекуокеанските земји, додека во Европа околу 300.000. Но, приближната бројка ќе се знае на следните парламентарни избори, кога иселениците ќе гласаат за три пратенички места.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај

1903 - 2010

107 години от избухването на славното македонско Илинденско востание
ИЛИНДЕНСКА

(Никола Вапцаров)

Вината не бе наша.
Вината беше чужда
и другиму тежи
стотонна отговорност.
Когато дойде ден,
когато стане нужда,
ний всичко ще разкажем
на майката история. –

Започнаха със мръсните ръце
да пипат във душите на народа.
Гневът бе толкоз много накипел,
че не съзряха вълчата порода,
муцуните под овчите им кожи,
престъпната и плитка лицемерност.
Но идат дни, когато ний ще можем
да хвърлим кал във мутрите им черни.

И бунта почна.
Нямаше защо
да вдигнеме ръце,
да изостанем.
Ала
с кръвта
на простия народ
в Илинден влехме
наше съдържание.

Какво ще кажете за тази новина,
ще търсите ли тука руски рубли? –
Във Крушево бе феодална власт
и що за скок –
градят сега република!

Те беха също като нас младежи.
Досущ каквито тук сме сбрани ние.
И биха се,
и мреха във метежи,
тъй както утре
ще умреме ние.

Не хленча аз, че буря ги обрули.
Израстват други в димните пожари.
Погледай тук – това е Питу Гули,
а ти, наверно си... Никола Карев.

И ако трябват лозунги – добре! –
ще вдигнеме плакати до луната! –
Свободна искаме,
не щем,
не щем протекторати!

Стихове

ПЪРВАТА ПЕПЕЛ

Илинденското въстание не получило никаква
политическа или военна подкрепа от България.
А е имало обещание за щедра военна помощ...


Макар че с кръв се ражда свободата
и първият й дълг е да руши,
големите въпроси към съдбата
празнуваха в човешките души.

Но има ли покруса под небето,
но има ли и ужас, и погром,
или едно страдание, което
не тръгна към възторга
плачешком?

Когато под илинденски камбани
се вдигна Македония на крак
и с мълния от черните си рани
прониза напластявания мрак. -

Не армия влетя като лавина,
а ярко озарена от пожар
по моста на илюзиите мина
измамата с усмивка на гробар.

Макар че вероломът предстоеше,
за първата му пепел кой тъжи -
в илинденските пламъци гореше
дивизия от български лъжи.

А кървавата истина над нея
крещеше с гняв на огнено море: -
Не чакайте добро от фарисея
и никога не вярвайте в царе!

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ


Македонија пее

ГОРДА МАКЕДОНКА

Вистина е мила мамо, вистина,
среќна сум мамо Македонка,
со душа и срце распеана,
на ден Илинден родена,
гоцева лична убавица.

Рефрен:

Да пеам, да играм, да горам, да бликам,
се` ќе сторам мајко да те имам,
во тага и солзи во радост и среќа.

Дали сум пиринка, егејка, вардарка,
јас сум, јас сум Македонка.

Вистина е мила мамо, вистина,
горда сум мамо Македонка
ко Пиринско цвеќе расцутена
со Егејско сонце огреана
од Вардарска вода полеана.

Дали сум, пиринка, егејка, вардарка,
Јас сум, јас сум Македонка.

СЛУШАЈТЕ МАКЕДОНЦИ

Оган да го гори
на тој што ќе ми збори,
да те оставам Македонијо,
да те заборавам Македонијо,
еее-еееј жива да си Македонијо.

Слушајте Македонци:
чувајте го името
македонско, наше име
не давајте да загине.
Македонијо, (2)
еее-еееј жива да си
Македонијо. (2)

Каде да сум таков сум
не се давам никому
да ме крсти, прекрстува
нека тепа отепува,
Македонијо (2)
еее- еееј жива да си Македонијо.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting