Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Репортажа

СЕЛОТО КАДЕ ЗАГИНА ЃОРГИ СУГАРЕВ

(Преземено од МИМ)

НЕСРЕЌА ЗА ПОСЛЕДНИОТ

Некои од иселените параловци што ги затекнавме кај селскиот манастир за Ѓурговден ни раскажуваа дека постои суеверие оти оној кој последен ќе го напушти местото, ќе го следи несреќа. Случајно или не, последните жители иако растргани меѓу градот и селото, се’ уште го одржуваат имотот во Паралово. Последните селани Ленка (63) и Трајко Миленковски (69) не веруваат во ова суеверие, но сметаат дека нивниот опстанок во овој напуштен крај има мисија да не се избриши селото од географската карта.
- Легендите велат дека до една куќа ќе дојде селото и после ќе се направи до сто. Убо ни е тука. Тука се омажив од Суводол, село кое го испустија со рудникот, а сега и тука сме последни жители. Фамилијата на маж ми тука била од почеток, стари параловци. Дур се крепиме, ќе ја чуваме сермијата. Аманет ни остана трлото да не се запусти, гојдарникот да не се огрди - раскажува Ленка.
Преку зима, наместо со луѓе, деновите им минуваат со стоката. Иако Трајко е кревок со здравјето, се’ уште напасува стотина крави и уште толку овци. Налето монотонијата им ја ублажуваат иселениците кои доаѓаат влечени од носталгијата по стариот крај.
Семејството Најдовски секоја година патува по 600 километри од Белград во Паралово да ја мине пролетта. Велјан (83) е пензионирано воено лице од бившата ЈНА, на времето бил и во Титовата гарда, инаку роден параловец, кој доаѓа заедно со ќерката Роза, хемичар во Републичкиот институт за материјали во Белград. За свои потреби ја подзакрпиле старата семејна куќа, ѕидана од камен, која има бурна историја. Таа прво била партизански штаб, а потоа училиште.
- Тука ги негувам перуниките останати од баба ми. Ова беше нејзина бавча. Ги размноживме. Тука сум најсреќна. Владее една безгрижност, спокој. Владо Малевски велеше - рај на светот е Охрид, а јас велам прво Охрид, па моето село. Некои имаат деца, а јас го имам моето село - ни рече со нагласена емотивност Роза Најдовска.
Во перуники е обвиткан и гробот на славниот војвода Ѓорѓи Сугарев, над село Паралово. Тука флората е толку богата што местото наликува како на рајско катче зачувано меѓу рудникот за јаглен „Суводол“ и вештачкото Суводолско Езеро. Но, до гробот на војводата и до овој рај се доаѓа исклучиво по земјен пат. Можеби токму поради лошата сообраќајна врска ретки се посетителите, па свеќа на гробот гори најчесто само за Ѓурговден.

БРЕМЕ ЗА ПРЕДАВСТВОТО

Таму над манастирот, кај местото викано Чукарите, во нерамна борба со турскиот аскер во 1906 година загинале битолскиот војвода Сугарев (на сликата во десно) и неговата чета (горе) со 22 комита. Во народната песна и во легендите се велеше дека војводата беше предаден од параловци. По повеќе од сто години од неговата смрт (1906), историчари, хроничари и стари параловци истражувајќи го настанот, го отфрлија ова тешко бреме што еден век го носеле селаните.
- Уште во осмолетка кога ќе ме прашаа од каде си, а јас ќе речев од Паралово, ми велеа „а вие предавниците“. И почнав да истражувам. Зборував со преживеаниот човек од четата на Ѓорги Сугарев, зборував со Аким од Бабино што го носеше војводата до Могила и други постари луѓе. Ѓорѓи не беше предаден од параловци - вели Живко Најдовски, истражувач од Паралово.
И во поновите книги објавени за смртта на Сугарев од битолски хроничари се вели дека бил предаден од Петар Лигушо, секретарот на битолскиот окружен комитет. Според едни, тоа било направено под влијание на врховистите, а според други - зашто водел строга контрола за парите на организацијата. Како и да е, во книгите се вели дека тој испратил писмо до Сугарев барајќи помош против андартските чети во Мариово. Сугарев со својата чета дошол кај Чукарите, каде што имало заседа. Сите комити загинале, а тој на крај самиот крвта си ја пролеа.
- Недостојно денес се одбележува. На 5 април немаше човек овде да оддаде почит. Само споменикот остана и не се чествува - вели Најдовски.

ПРСТОТ НА СВЕТИ ЃОРЃИ

Дел од загинатите борци биле закопани во близина на манастирот, а по 37 години од битката, на местото беше изграден споменик на кој е напишано името на војводата. За жал, се смета дека гробовите на седуммина комити биле уништени при поставувањето на патната траса за манастирот, а досега коските од запретаните гробови не се извадени и пренесени во заедничката гробница.
Манастирот „Свети Ѓорги“, кој се подига над гробовите на комитите, е еден од најстарите во државата. Се верува дека во него се наоѓаат мошти од свети Ѓоргија - и тоа еден прст од неговата рака.
- Кога дојдов да го одржувам манастирот имаше две икони, од кои едната за Петар и Павле. Тука имаше едно свештено лице, кое поседа две-три години. На заминување иконите си ги зеде и најверојатно ги однесе во Србија. Имаше нешто просрпско во него. Иконите беа стари 700 години. Досега не ги најдовме и не се вратени - вели Стефан Гелевски, домар на манастирот.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај

Важно
Агенција за иселеништво на Република Македонија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЛЕТНАТА ШКОЛА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Почитувани!

Ве известуваме дека Летната Школа по Македонски јазик наменета за деца потомци на иселениците од Македонија, со цел изучување на македонскиот јазик која Агенцијата за иселеништво годинава ќе ја организира по трети пат, ќе се одржи во периодот од 25-30 јули 2010 година.
Сместувањето на учениците и одржувањето на настава ќе биде во хотелот „Конгресен Центар Охрид“ и ќе чини 29 евра дневно за двокреветна соба со цел пансион.
На „Летната Школа“ учество можат да земат сите заинтересирани, без претходна селекција и без ограничување во возраста.
Ве молиме присуството да го пријавите на интернет адресата на Агенцијата за иселеништво:
info@minisel.gov.mk

Благодариме за соработката!

Македонија пее

ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ

Покрај Егеј Македонци
покрај Вардар Македонци (2)
и под Пирин Македонци
славно име непокорно

Рефрен: ...
Едно име имаме
во душата го носиме
за тебе живот даваме
О, Македонијо. (2)

Като килим долина
а до небо планини
реките златоносни
за езера бисерни.

Рефрен: ...

Мајко, Македонијо
Балканска убавице
кој се родил во тебе (2)
живот дава за тебе. (2)

Рефрен: ...

КАЖИ РАЈНЕ, КАЖИ ДУШО

Кажи Рајне, кажи душо,
кој ти нишан стори,
кој ти нишан стори Рајне,
на белото лице.

Штом ме прашаш стара мајко,
право ќе ти кажам,
право ќе ти кажам мајко,
тебе не те лажам.

Сношти беа стара мајко,
момци Македонци,
се на бели коњи, мајко,
и со жолти узди.

Главатар им беше, мајко,
мојто прво либе,
тој ми нишан стори, мајко,
на белото лице.


Поезия

РЕКВИЕМ

Поляга уморено слънцето край Тумба
и бавно,
някак гузен,
се прокрадва здрача.
По билото високо светлините лумват:
заплаха и сигнал –
натам да не прекрача.

Къде?
Нали оттам избягали сме тука,
нали със огън ни прокудиха в тринайста,
нали от век там гръцка кукувица кука
и в нашите гнезда
яйца тя свои снася.

Натрапници се ширят в нашата Родина,
а слънцето за нас във чужди край изгрява.
Освен дома ни
и звездата от Вергина
със наглост византийска те си присвояват.

Остана само сън светликът на Егея,
бащите ни изтляха с отворени зеници,
че наш’те ниви
грък сега оре и сее,
грък жъне хлебна едрозърнеста пшеница,

гъркиня чака вечер съпруг да се завърне
и с грейнало лице посреща го по залез,
а нашите гробове –
във бурени и тръни
и никой на мъртвем свещица там не пали.

1998 г.
ПЕТЪР МИЦКОВ


ВЕЛИКА СИ ОСТАВА

Пред мен росата клепка. Светка.
На моя стих зелен семафор.
Очи влагнеят в своя спектър.
Лондон е на Европа фара.

По него крача днес захласнат...
Загърлен в македонска слава.
От корените родовете раснат
и Македония велика си остава.

И днес, и утре - И сега!



ЧУДО

Весела сълза звезди в окото.
Чудо осветява ми сърцето.
Бяга тъмнината, бяга злото
от човека весел под небето.



ВИЕНСКО КОЛЕЛО

Светлина сигнална се разля.
И усмивки никнат пред окото.
Пратера с вълшебен блясък
за късмет завърта колелото.

И умът ми се върти
около оста на хляба.
И докрай надеждата си кърти –
залъка от питата изгряла.

И кръвта ми македонска –
буен ручей на сърцето.
Светлина гореща пръска
по челото мрачно под небето.

И Виена будна ми в гърдите
дух ми дава на душата.
От Пирина до звездите,
от звездите до земята.
Колелото...



СРЕЩУ МЕН

Често оня вятър коментира,
дето здрасти с мене прави.
Пие с мене мойта бира –
всеки срещнат с думи хвали.

Виждам бузите му зреят,
и на тиква той прилича.
Птичките над него пеят –
срещу мен соколи тичат.

Тежко, тежко, мили брате,
дните в скука ми минават.
Но кажете що да правя
съвестта си щом продават.



ОТ ПИРИНА

Остров Тасос

От Пирина до морето
аз пристигам с топъл вятър.
И за първи път сърцето
литна с вдъхновено ято.

А в простора чайки бели
затрептяха пред очите –
с тях и моите мисли смели
волно плуват над вълните.

О, море, море безбрежно,
твоите вълни пенливи
бият в мен, в сърцето верно,
с топла обич, с бяла нежност!

ПЕТЪР ХРИСТОВ





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting